Грижа на совест за што ве ремети? Никогаш не е касно за да се постават граници, најдобро е мт да ја седни и да и кажи нема што да ве замара и да иди кај вас секој ден. Најубавиот период место да се зближуваш со бебето, ти се полниш со нервози. Дали вреди?
Седната е не разбира ко на дрво да збораш, не вреди навистина не вреди кај проблеми со бебето уште таа ми фалеше на се шо поможи на крајо низ нос ми изваде ама ај да не кажвам пред време како ќе биди еднаш бебе да се врати ама знам така првио пат беше така ќе биди и сега.
абе шо се замараш не потребно со свекрвата Гледај детето да си го земеш од болница што му е на бебето
Клуч на врата само и нема што да се објаснуваш зошто не си отворила, кај си била и сл. Остај а што сака нека збори, гледај си бебето и не се замарај.
Ете да си кажам оти дебата има за мене. Условите не ми ги обезбедија родителите туку со мм си ги обезбедивме, кујна, спална, греење, се во врска со детето креветче, алишта, количка... се сами... прозори и врати и горе и доле ние сменивме, кровот исто ние. Е сеа немавме пари за нов стан, ама и да имавме пак не планираме овде да останеме, во државава, значи за еднаш годишно кога ќе доаѓаме не мора да имам посебен стан. А ако некои нема основни потреби за детето, ако нема финансии сам да го гледа, ако мајката или таткото не е спремен за дете... не треба на овие работи да се мисли пред да се створи тоа дете?
Треба на се' да се мисли, ама некои едноставно имаат само две опции: Ќе си ја жртвуваат приватноста, или ќе ја жртвуваат љубовта. И тоа е тешка одлука... Претешка за некому да речиш: Не требало да раѓаш, ако немаш услови. Дај Боже сите да имаат, да преимаат, па да не морат да го прават ваквиот очајнички 'избор'
Се си е тоа во ред, ама кога веќе имаш бебе не мислиш дека ајде ако не од финансиски аспект туку емоционално ти и мт не треб да се грижите за бебето, вие да го воспитувате, да му се посветите маскимално...? Или ајде јас го родив сеа нека ми го чуваат други, јас тоа не можам да го сфатам и не ми иде во глава, ако сум го родила јас треба да сум мајката. Имам пример во околината бебето е една ндела помало од ќерка ми. Штом ќе се разбуди бебето, мајката им го симнува доле на свекорот и свекрвата, таа си иде по кафиња, шета натаму наваму, се враќа дома кога ќе и ѕвонат да и кажат дека плаче за јадење...
Се разбира дека на дете највеќе му треба внимание и грижа од родителите. Но не ги знаеме сечии услови, потреби и внатрешни борби... Не сакам да коментирам случаи за кои не знам се'.
@DonaBella Дали јас сум ти или ти си јас ?? Скоро истите работи се вртат , посебно тоа со мт. Ама има една клучна разлика , јас сум во заедница со жената- колку се каам , па не е тема на муабет. Прво грижата на совест воопшто не треба да ја имаме , ја сеќаваат и ја рачунаат за наша ахилова пета. Мора ама мора да се поработи да изчезне. Еве мието избувнување ја откачи дури три дена . После три дена пак истото. Тебе би ти советувала заклучена врата и исклучен телефон. Кога ќе праша што те немало ќе кажеш спиевме. Нема да има ама кај го носиш и други дрнала. Секако не можеш секогаш ама тогаш кога може терај така. Исто еве последнава недела имам некој период во кој на се враќам иронично па малку избегнуваат да ме рчкаат. Пример дала нешто на детево што не требало , мислела дека е друго и викам еднаш да прашаше , уствари што има да прашуваш ти се си знаеш јас глупава ,па остај што го родив може и тоа немаше да знам како. Или за кого го правиш тоа јас за комшиите и велам Одма некако бега...
Лелее полошо со то се тешам, тешко нас кај мене на почетоко мед и млеко и течеше од уста дури не се породив после се се види и уште неможам да се свестам.
Исто бе златна ,имам пишувано. Соба бараше со купатило и кујничка мала за да не ни влегувала кај нас. Во нецели 50 квадрати две купатила. Викам камо да е до купатилото тројца ако не можиме да се организираме кој кога да мо** тешко нас. Е сега некни ко се скаравме ми вика јас ќе ја гледам како сакам кога е со мене и ти ќе ќутиш ,тоа требало сега. Пошто јас глупата прво дете од кај знам таа паметната 4 то ќе било што ќе гледала ауу. Ептен немам друго чаре инаку знам како ...
Исто прворотка сум била од кај сум знаела јас абе тешко нас... Исто првортка сум била од кај сум знаела јас таја стара мајка била абе тешко нас децата нејзини раце кренале од неа на игнор ја имат клаено јас сњга дека ќе ја сменам нема шанси.
Баш така. Најдобро е што подалеку. Ни да ги гледаш ни да ги слушаш. Јас живеам со свекор и свекрва плус двајца браќа женети има маж ми на спратови посебни се тие сами, ама сепак не е тоа тоа. Излегуваш во двор сите тука, ако се кара некој слушаш, се нервираш. Одиш негде сите знаат, купуваш нешто сите знаат. Едноставно нема никаква приватност. Е сега имаме опција со маж ми стара куќа да реновираме и да си сме скроз сами, но во ист двор пак, или да си градиме на ново и да сме скроз делени. Се разбира дека за првава опција ќе ни требаат помалку пари и би се завршило се за многу кратко време, ама знаејќи со какви луѓе живеам некако не ми се прави ќеф и не ми се инвестира во нешто во кое пак би била опкружена со сите нив, а за вторава ем повеќе пари, ем ако почнеме сега не сум баш сигурна за колку време би ја завршиле, ама пак ќе имаме мир. Што мислите вие? Што би ме советувале?
Тоа што го кажа е точно. Се забележува кога си влегол и кога излегуваш, што правиш, се забележува се. Потоа или тебе ќе ти искоментираат или пак ќе зборуваат кај други.
Мене па воопшто не ме интерисира дали некој знае кај и кога сум излезела, кој ми дошол и што сум купила. И комшиите гледаат па голема работа. Глејте си го животот
Ок тоа. Се обидуваме. Ама некогаш свеки моја заслужува да добие "по муцка" ама во име на бонтонот добива учтиви одговори. Пред некој ден вика абе кога си дојде не те видов. Ама кога ме праша имаше и други луѓе. И викам преѓеска. Е како прегеска? Не те видов! Пешки си идеше? Или со кола? Не, со син ти! - и викам. Ме нервира тоа откако сум тука нити сум ја прашала кога оди, нити кога се враќа, нити каде оди, нити ме интересира што купила. А таа е чиста спротивност.