Па земете им го клучот. Што им треба клуч од вашата спална не ми е јасно. И како тоа золвата спие во неа. Кој и дозволил?
Леле што прочитав не ми се верува, среќа сте се иселиле од таму. А за клучот не знам зошто не им го земеш, ако треба и испокарај се, како смеат да влегуваат така по туѓи соби ич не разбирам, па дури и да претураат по плакари и фиоки, Ццц.
Они не признаваат дека имаат клуч. А јас сум сигурна затоа што сите внатрешни врати се заклучуваат со ист клуч. Еден одамна имаше снемато. А на золвата не треба никој да и дозволи, таа не прашува за дозвола, си мисли дека има право да користи се што е во таа куќа.
Кога се случи тоа првпат тие ни кажаа в лице како да е нешто најнормално. Јас ништо не реков, само излегов и ја треснав вратата. Мм многу пати им има кажано да не влегуваат кога ние не сме дома. Од тогаш свекрвица се прави светица и цело време кажува дека не се качувале горе. Значи они сега ни прават се зад грб а нам ни кажуваат дека не се качуваат ама јас секогаш ги откривам по работите што јас намерно ги оставам. Точно знам што како сум оставила но тие се до толку прости што секогаш паѓаат во стапица и оставаат траг дека биле таму. Со мм немам проблем од таа страна, тој е на моја страна секогаш, бидејќи ги знае и тој самиот какви се.
Штом не живеете таму не им се замарај. Нареден пат смените брава од спалната па нека влезат ако можат.
Jas da sum na tvoe mesto ke gi izvadam stvarite od tamu,ke smenam kluc ili ke izvadam skali od nadvor i ke go izdavam spratot.(normalno ako e na vase ime spratot). So nerazbrani lugje samo taka mozes da se razberes.
Како што ако влегуваат? Не гледам никаква причина, ниту потреба да се влага во туѓи куќи или спратови додека домаќините не се дома. Едноставно непристојно е, некултурно како сакаш наречи го тоа. Човечката љубопитност некогаш нема граници па ретко кој не би паднал во искушение да не чепне во фиока или шкаф. Ниту сакам да влегувам во туѓи куќу кога домакините не се домА, ниту сум оставала клуч кога ние не сме биле дома. Секогаш ден унапред сме проверувале, заклучувале се и немало никакви проблеми, без разлика дали не немало неколку часа или неколку дена. Не мислам дека би ме краделе свекор ми и свекрва ми, (живеат неколку метри од нас) но сум сигурна дека ако им се остави клуч ќе влагаат, а мене би ми било шубе да сум ба одмор а некој да ми се вртка дома. Како што сум си оставила, така сакам да си најдам.
Не живеевме заедно со нив, ама кога патувавме некаде, обавезно им остававме клуч, во случај нешто да има проблем. И доаѓаа девер ми со девојката во станот. Одеше свекрва ми да провери дали се' е во ред... Исто ми е ко мајка ми и брат ми да ми влегуваат во станот. Мојата дома, е нивна дома.
o Тебе можеби не ти пречи ама на мене а верувам и многу други такви работи ни пречат. Познавајќи ја свекрва ми нема шанси да остане рамнодушна а да не ми пребрка на секаде. Исто од кога се омажив клучот од дома му го вратив на татко ми. Прво не сакаше да го земе, но отпосле го оставив. Јас сум гостинка таму кога одам, а одам ретко и само кога се дома на 1 саат на кафе, нема потреба зошто да одам и седам кога татко ми и брат ми не се таму.
Не ми смета и да буричка. Првиот пат кога патувавме и им го оставивме клучот, баш тоа беше муабетот. Свекрва ми искоментира: “Не се секирај, не ви буричкам по плакарите.“ Мојот одговор беше: “Буричкај слободно, ама ако најдеш нешто што не ти се допаѓа, јас не сум крива.“ - и си се насмеав. Баш заради тоа и ја 'предупредив'. Имам(в)е секс играчки, лубриканти, порнографски списанија, порно филмови на ДВД...
Па не може и клуч да не се остави кога не живеат таму.Доволно е една цевка да пукне и да им поплави и на нив доле,или недај боже пожар,било што.
Баш заради вакви работи. Еден од патите кога бевме на море, вертикалата за довод ја менуваа во зградата, а процедурата за собирање пари и организирање мајстори беше почната уште пред да тргнеме. свекрва ми одеше да им отвори на мајсторите и да заклучи откако ќе заминат.
Еве уште една ситуација,на пример ако има опрема за интернет во собата.Во лето грми и тоа често јако грми. Ако удри гром,а никој не може да го исклучи рутерот затоа што нема клуч,рутерот ќе цркне.Некој уред ќе цркне.Не дај Боже,може и до пожар да дојде.И ете беља.Или да влезат глувци и бубашваби. А,тоа може да се спречи доколку некој има клуч и може да влезе. Ако влегуваат,земаат ствари и не ги враќаат на место,тоа не е во ред.Ама,ако земат нешто и го вратат на место,не треба да смета тоа.Па,и не е да оставиш соба така.Има прашина што треба да се брише. Најдобро е да си стават камера во собата за да гледаат што земаат.
И ние сме оставале клуч на комшии и не влегуваа оти не е пристојно. Ама татко ми, Бог да го прости, ако се качел кај брат ми да гледа телевизија, додека овој со семејството е на одмор, нема да го гледам како инвазија на приватноста на брат ми, туку едноставно како можност да гледа телевизија на поголем телевизор. Нема ништо злокобно во таква постапка. Според мене де...