Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Тессие, тоа дека не си го осетила се` уште стресот од немањето пари за основни намирници за своето дете. Во тој момент баш и не знам дали ќе останеш 100% доследна на својот став дека вашиот мир (ако воопшто може да се каже дека ќе имате „мир“) е поважен од подмирувањето на основните желби на твоето дете...
    Чувствителни ситуации се овие...како и да е, секој нека направи баланс и нека си ја најде златната средина, зошто ни на овој ни на тој начин не може да се живее - и во двата случаеви страда некој, најчесто детето, зошто тоа го чувствува негативизмот, без разлика од што е предизвикан.
     
    На Annath, AIT, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Moira тоа и го пишав. Затоа и се'уште не се чувствувам спремна за дете, затоа што жена сум и гледам околу мене како по тој момент приоритетите се менуваат, а jас се'уште не сум подготвена да се соочам со тоа. Затоа што јас и мм пример за ручек може како било, вака/така да поминеме, а детето е друга приказна. И затоа и решивме релативно рано да ги преземеме тие ризици и покрај тоа што почнавме со тоа кога не бевме при пари. За да утре детето не трпи фрустрации ниту од материјален ниту од емотивен карактер. Искрено не сакам детето да чувствува фрустрации од мене дека трпам нешто заради него, а колку и да го сакам и да сум нежна кон него, сигурно ќе ги чувствува и ќе си развие вина и грижа на совест за нешто за кое не е виновно.
     
    На Annath, Nati.P, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    Многу коментари се изначитав ама со некои не се сгласувам
    Лепадама убаво е што свекрвати ви овозможиле покрив над глава , биди благодарна за тоа ,уште не си мајка ...ке дојде и тоа време па ке се соочиш и ти со тие секјдневни проблеми, со неспиење на бебето ,грчеви итн и те како ке ти биде секоја помош добредојдена дали од мајка дали од свекрва .па макар да седат и да го гледаат бебето на пола час да имаш време да се средиш .
    И никој не рече дека тие се должни да го гледаат детето :| јас сум го родила јас ке го исчувам
    друго е овде веќе муабетот
    Ако веке сте во заедница би можела барем на пола саат да го погледа детето додека мајката се среди или и тоа е многу |(

    Со свекрвата живеевме краток период , додека да најдевме асално станче. Си заминавме кога бев 9 месец , две недели пред да се породам
    Од нив не очекувам парична помош , не сум ни чекала :!:
    Мм доволно заработува да може да не издржува мене и детето ,да имаме за јадење пиење , сметки на време подмирени , можам да си дозвоам да детето што сакам да му купувам ..

    друго да не се сватиме погрешно , пишав дека свекрвами не доаѓа често кај нас ,немора да доаѓа мене да ме гледа, ама детево кое е единствено внуче во семејството ..ни за него нема време
    Ама нејина работа , додуша и овде е таков менталитетот
    Мене ме чуди таа ладнокрвност :| Па побогу нема да сме вечни

    Секој сам за себе , себичноста влдее пред се . А и кажав дека исто свекрвами работела и чувала деца во исто време , па и мајками морала да почне со работа од ми 13 месеци и морала да не прати во јасли мене и братми
    Сепак не се живее од дома седење само , мора и да се работи
    Ама јас не го реков тоа туку така дека ги исчувала децата , па мене сопругот ми има раскажувано што трауми имал како мал доживеано од мајкаму , кога го заклучувала во подрум од што бил немирен :^)
    А и сама свекрвами ми се фали како работела држела 3 салона од 8 до 18 , па потоа средувала сметководсвото ...
    А време за да децата само за викенди
    Ај тоа времето поминало , децата и пораснаа а ни едно нема онаа мајчинска љубов или она поврзаност помегу браќа и сестри :|
     
    На Annath, DeMelo, AIT и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Сочувствувам стварно со сите проблеми,прелетав скоро низ сите постови и потврдувам стварно дека има секакви свекрви кои тоа им е душевна храна и мислат дека треба да доминираат со животите на синовите и ке режираат тие како сакаат!!!
    Општо сакам едно мое мислење да дадам,гледајте што помалце да си ставате на душа,проблемите сведете ги на минимум и гледајте повеќе со мажот да комуницирате за секаков проблем и тој да се вметнува и да и дава ангажмани директно тој на мајка му за да се избегнат било какви коментари помегу вас и свекрвата директно........
    И јас сум со вас,долга приказна мојата пак свекрва ниту помага,душа и извадив на мајка ми секој ден иако ќерќа ми има 9 години,буквално ја растргнав жената.....викав,се нервирав5-6 год,си губев здравје.....абе не вреди-потоа најдов некое си решение да не влегувам во било каков дуел туку само со маж ми,тој организира,тој средува,комуницира а јас сум поштедена од било какви комуникации......
    ДЕВОЈКИ НЕ СЕ НЕРВИРАЈТЕ-не вредат едноставно таквите особи кои им е душевна храна немирот кои ви го нанесуваат.
     
  5. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Не воопшто не ми е страм. А ако те интересира каква свекрва ке бидам уште одма ке ти кажам дека многу мали се шансите да живееме во заедница АМА во никој случај нема да ме боли глава ако снаа ми решила да спие до 10 саат и потоа седи некапена зашто не и го чувам детето. А после тоа да разберам како плука по мене по форуми ке лета од МОЈАТА кука со се син ми.
    Јас разбирам помош да се има колку значи и колку можам би помагала ама некој да глуми лудила неможам дете да однесам на училиште, да се искапам, да зготвам ?!?!? и јас сум пресрекна ако мм можи да го однеси син ми на училиште или да ги чува децата додека да зготвам или било како и знам дека така е мноооогу полесно ама кога тој е на работа нормално тоа е моја обврска ма врнело грмело јас бебето враце и го носам син ми на училиште. А така ке беше и во заедница да живеев затоа што тоа е моја обврска а не на мајка ми или свекрвами ако понудат супер ама ако не можат здравје. А тука сега напагате кога ке се прикажи реална слика а од другата страна на приказната стои активен член. И пак ке повторам како што кажав претходно Ако не си способен да гледаш деца и кука не се мажи и не рагај зашто децата се твоја одговорност а не на свекрвати или мајка ти.
     
    На Nati.P, Orthophill и lepadama им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Г-ѓо, ај прво убаво прочитај па после коментирај.
    Значи г-ѓа Лолита си лежи и не се бања и не тропа за да спие г-ѓа Свеки, за да не прави галама бидејќи г-ѓа Лолита не е себична и без осет па ако таа станала треба цела куќа да е на нога.
    Што не е случај кога јас спијам. Тогаш свеки урла и се дере по ќерка ми ко да и` е најголем душман со такви погрдни зборови што не се кажуваат никому, а камо ли на единственото внуче. Намерно вика само за јас да станам, да не заспијам случајно.
    Дури еден период и` имавме и забрането на малата да оди кај нив затоа што им сметала и досаѓала, па после плачеа да им ја пуштаме.

    Кога бев бремена со второто дете после ручек обавезно ми се спиеше. И ќе се потпрев да дремнам, а на малата и` пуштав цртани да гледа до мене легната.
    Еднаш сонот ме совладал и не сум ја слушнала кога станала и дете ме буди и ми вика-мамо ај запали ми светло да одам во купатило, и` реков на баба дека спиеш, а таа ми рече- и јас спијам, не можам сега да ти станувам, разбуди си ја мајка ти.
    Трудна жена заспала, ете се случило и таа не можела до толку да стане да и` запали светло.
    Не и` било жал за мене затоа не станала, јас не сум и` ќерка па да ме жали.
    И да според ова јас сметам дека таа е себична и бездушна и безосет, ја сум и` единствена снаа на син единец.
    Ај сега и на ова дај коментар. |(
    Не сум ја изнела цела историја и немало причина за тоа, сега се најдов повикана, па ај малку да разглибиме некои работи.

    Втора работа-мое искуство и правило е дека бебе додека спие не се влегува во купатило да се бања. Може да се разбуди, да се откорне од плачење, а јас да не го слушнам.

    Трето-стариот сам се понуди да ја носи малата на училиште, ако не сакаше тој самиот секогаш ќе се најде начин детето да се однесе на школо. ;)

    Всушност и претходно имам пишано дека при двајца возасни дома јас се потпирав на 6 год. дете т.е. на ќерка ми. Кога имав некоја обврска, ќе го заспиев малиот и ја оставав неа да го надгледува, се` додека еден ден свекор ми не ми рече дека ако нешто ми треба нив да им се обратам, затоа се тие тука, да помогнат колку можат.
    Значи јас не побарав помош, сами се понудија.
    И сега работава излезе-ти нудам помош, ама ти не ја барај...или ќе ти помогнам јас кога ќе сакам, а не ти.

    Самата викаш дека знаеш колку тешко се гледа куќа без помош, а од друга страна и викаш дека ептен си била пресреќна кога ти се понудиле за помош. Што не е во ред тука... :^)

    И она најважното, не е човечки да му речеш некому одма доаѓам (на помош нели, која се состои од надгледување бебе додека тоа спие), а потоа да се иживуваш со него.
    Тоа не е хумано, тоа е безобразлук.

    И последно ко за крај, јас напишав дека ќе си каснам од г*ов што и` се обратив за помош, ми иде да си пукам во лево колено затоа што дозволив да се изнервирам за таква глупост. :fubar:
    Значи јас се нервирам зашто се изнервирав и дозволив да ме мафта и да ме нервира намерно.

    И да додадам, некоја феминка имаше пишано дека ги вртиме синовите против нивните мајки.
    Не мила моја, тие сами си ги вртат синовите против себе со тоа што не им ја сакаат и не ја почитуваат нивната избраничка.

    Јас нигде не пишав дека направив скандал што не сум се избањала, не се јавив на мм да му плачам и да кукумијавкам, туку кога дојде човекот дома јасно му беше зошто јас не сум избањата.
    Јас не треба ништо да му кажувам, самиот си гледа. ;)

    И сега ќе речеш-требаше да се избањаш,со тоа што не си се избањала си направила скандал....а јас на ова ќе речам-е па имам и јас ЕГО и гордост и тоа расте се` повеќе од ден на ден.

    Еве и ова ќе го кажам, додека јас по свеки викав мајка, мајка, таа по мене викаше жено , не по име, туку жено ко да сум некоја од улица, а не снаа...или пак ме викаше Светле, име кое нема никаква допирна точка со моето вистонско име....сум и` личела на Светле. :?:
    И не, немал мм девојка по име Светле, па демек намерно да ме прави љубоморна.

    И на прашањето-зошто седам уште тука имам одговор.
    Имаме две опции
    1. уште утре да си одиме и да се заглавиме со уште некој кредит за кој искрено не знам до кога и како би го исплаќале или
    2. да се стрпам уште 2-3 год. и од тука да излеземе како луѓе, без кредити и без заглавувања.

    Е сега да бидам ли јас себична и да ја изберам првата опција или да си терам како досега...игнор, игнор и само игнор и да си го повторам она што си го кажав одамна-сама си Лолитке, помири се со тоа, стискај заби уште малку, ќе успееш, ти си јака жена...еве ти два шамара освести се.
    Јас ја бирам втората, затоа што знам дека сум силна жена и нема да дозволам да се рападнам и скршам поготово не за вакви работи.

    И за да нема забуни, пак по кој знае кој пат ќе пишам-никогаш не сме имале никаква финансиска помош од никого. И во најголема криза, кога сум имала само 100 ден. во новчаник не сме се обратиле за пари, а никој не ни се понудил да ни даде.
    Сами се храниме, сами пазариеме, сами плаќаме сметки, градинки, училишта итн.итн. дури и во ова живеалиште во кое сме сега и од кое имаме намера да си одиме имаме инвестирано и вложувано за да нас ни биде поубаво местото на живеење.

    И не, не сум им благодарна што ми дале покрив над глава, затоа што всушност не ни сакаа да се вратиме дома после 2 год. седење под кирија, влеговме тука без алал и безблагослов...еве некој не прочитал па пак да си кажам, дури 2-3 месеци не ни правеа муабет зашто сме се преселиле. Ни прозбореа зашто се ближеше роденденот на малата, па ај за да ги викнеме и нив на род. за да не не` зборат комшиите.

    И мојата судбина е таква што ние всушност не ни требаше да живееме тука, така излезе работата. Кого не го мрзи нека чепка по мои мислења, немам намера на секому поединечно да објаснувам.
    Тука сум 4 год., здравје уште 2-3 и ќе се преродам.

    И мајка не онаа која молчи и се сити додека таткото му вика на синот-имаш 30 дена да си ги собереш работите, жената, детето и да си одиш, само затоа што синот ја одбранил жената, не дозволил да ја третираат како крпа, кафекуварка и слугинка.
    Мајка станува и се бори како лавица за своите чеда, мене така мм да ми рече, да ми го брка детето од дома има очите да му ги ископам.

    Не брзајте со заклучоци, животот и те како знае од нас урбани жени на 21 век. да направи огорчени снаи.
    Толку од мене, и ова беше премногу. :hai:
     
    На Anyshka, Annath, NoellePage и 13 други им се допаѓа ова.
  7. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Значи сепак Лолита велиш дека не си се избањала затоа што свекрва ти не го гледала бебето.
    Па можеби и ти неубаво си се претставила пред неа,па затоа има ваков однос кон тебе.
    Стварно јас не можам другачије да размислувам ако со некоја жена се немам скарано,пр. свекрва ми тогаш зошто таа би се однесувала така спрема мене?
    Значи за се си постои причина,никој не може туку така да почне со кавги и навреди.
    Ами еве јас мажот ми кога ќе биде на работа,а јас сама тогаш на кој да му го оставам бебето додека се бањам?
    Значи на никој.Свесно одлучив дека сум способна за да бидам сопруга и мајка и со тоа превземам илјада обврски кои се само мои,но не и на свекрва ми.
    А за тоа што ги вртите мажите спрема нивните мајки тоа е факт и тоа голем,зашто не верувам дека претходно дека вашите мажи воопшто не си ги сакале и почитувале своите мајки.
    Всишност и сами си кажавте дека еден ден кога вие ќе бидете свекрви нема да бидете лоѓо настроени спрема снаата.
    А што ако снаата ваша почне да глуми некое си лудило,па филува приказни,а синот ваш нема да сака ни да ве погледне?
    И каде тоа пиши дека родителите се обврзани на своите деца да им создадат посебни услови за живеење,се со цел снаата да не се чувствува загрозена,само заради тоа што свекрвата и е крајно антипатична.

    Па мажот ми во случајот наследи стан од неговите,но и да немаше сигурно дека кога веќе бил доволно маж да се обврзи на институција брак,би бил исто толку маж да ми создаде и мене место за живеење,а притоа не по секоја цена да напаѓам трети виновници и да кукам зошто свекрва ми не му купила стан на мажот ми.Можеби немале доволно финансиски средства,па сега што треба бунт и прекин на врските,заради мене?

    Јас истото му го кажувам и на мажот ми да биди презадоволен што неговите родители му купија стан,но и да не му купеја да има огромно почитување спрема неговите родители.
    Така само сами ги вртите мажите и контра вас.
    Леле значи стварно небулозно не можам да се начудам колку очекувања имате од вашите свекрви.
    Значи тешко вас кога вие ќе станете свекрви,ќе треба да дежурате по цели ноќи додека снаата ви го тутнала детето,додека она си шета и пие кафе. :emo:
     
    На MrsH му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    О боже Господе, на некои и да им нацрташ не разбираат. :x


    Еј стан му купиле, ви го решиле проблемот, најбитниот, станбениот...па зошто и воопшто би била неблагодарна. :^)
    Живееш посебно и со самото тоа немаш непријатности, но и немаш очекувања.
    Свесна си дека си сама на себе пропуштена. :!:

    А за бањање и остали ствари ај прво породи се, па после ќе причаме. ;)
     
    На Annath, NoellePage, anule88 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Како прво другите проблеми што ги имаш со неа не ги знам само коментирав на тој одреден пост. Во заедница имам живеено мноооогу кратко ама и од тоа кратко имам видено како би изгледало. Мислам дека имам пишувано на оваа тема и не сакам да се навракам на тој период од мојот живот. И секако дека е нечовечки да се изживува таа со снаата и кога веќе се сложила да зивее во заедница треба да ги почитува сите членови во таа заедница. А за помош како и што реков претходно, знам колку вреди да ти помогни некој, па макар било и пола саат неделно да ги земи децата да одиш во вц на раат.И навистина не можам да коментирам за тоа изживување пошто не сум ни сама свесна што би направила во таква ситуација. Само накратко ке кажам кога бев во заедница ( нецела недела) свекрвами тогашна ме пречека со цвекиња на аеродром. Јас пристигнувам на другата страна на светот и наредниот ден (понеделник)повракам не можам да се соземам. Во вторник бев низ продавници да си купам гаќи зашто ми ги загинаа куферите. Во среда спиев до 10 саатот (голема разлика во времето) па јас недомакинка нисто не факам. Во четврток станав во 5 саатот сабајле и суредив све пред таа да стани а таа стана кај 8,е па не сум ја оставила да поспие. Во петок ја оставив да поспие кога стана таа суредив све во 10 саатот бев готова со сите работи зашто без деца и две жени дома не се валка многу и кај 10 саатот си ги лакирав ноктите и си запалив цигара. Жената полуде кога ме виде седам се лакирам со кафе и цигара и фати све почна да фрла надвор и се дери како ненормална. Во мегувреме дојде син и (бившиот) и ја виде па кога почна да зборва глупости боже јас сум била во шорц и сум била курва :x А мислиш јас кутев ? Не :rock: И кажав фино лепо ако јас во шорц сум курва Што е таа што шета секаде по танко маиче без прслук па цицките и се гледаат. Жената зеде порцеланско кученце ( украсно) фрли по мене да мава. Е па не ме погоди ама јас кога го фрлив назад по неа ја здоболи (па ногата цела и потече кученцето големко) Ете накратко мојот живот во заедница па затоа велам доколку помагаат супер ама ако не помагаат не помагаат барем да не се изживуваат со снаите.
    А само еден совет добронамерен туширај си се додека ти спие бебенцето и да се разбуди и да плаче ништо нема да му биде за 5 минути. Или пак незнам колкаво е бебенцето ама земај си го со тебе под туш. Јас вака правам зашто немам друга опција па супер испага двете суредени понекогаш тројцата ако го земам и син ми. Сите срекни и задоволни :rock:
     
  10. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Лолита Нели прочита дека и да не ни купеа немаше да имам никакви очекувања од никого?
    Јас сум таков тип што мислам дека сама сум способна за предизвиците кои ми ги носи животот,а све остало околу бебе и обврски е само моја ствар и на мојот маж.
    Ни мајка замарам ни свекрва.Сите си имаат свој личен живот и на никој нема да му реметам мир,само поради тоа дека јас ќе родам бебе.

    Пријатно.
     
    На anggell и MrsH им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Lepadama,
    И не се лупај многу во гради, не дај Боже да осетиш како е кога ќе ти се срушат плановите или тотално ќе се изменат.
    Ај пријатно и со лесно.
    Се читаме во бебешките теми. :)

    Edit.
    Свесна сум дека е ова форум и дека секој има свое размислување и дека мојот пост ќе наиде на секакви реакции и затоа и избегнувам да коментирам на оваа тема.
    Не секој се соживува со мене и не секој ме подржува и мене и моите размислувања.
    Јас никого не замарам и не оптеретувам дополнително, ниту пак молам за помош и шетам по кафиња, а свеки ми дежура и чува деца :o :tmi: ...тоа е апсурдно и глупо, затоа што тоа бебе има потреба од мене, т.е. од храната која јас му ја давам, од мојата близина, мирис итн. итн. од она што јас сум му мајка.
    А сигурно има потреба и од мајка која убаво и чисто мириса, а не на кисело, така нели ;)

    Едноставно имав потреба да си ја издувам душичката и да си го излуфтирам паметот.

    А зошто не ме сака свеки она си знае, зошто уствари и не ме вика по име а? :?: ...не сум и` згрешила ништо, ниту направила нешто со кое би ја повредила директно освен кога сум си се заштитила себе си и моите права. :)

    И порано имам пишано, ама ај ќе се повторам...со мм работиме на случајот еден ден син ми да има избор-дали ќе живее со нас во зедница или ќе си го добие станот/куќата во кој ќе си биде сам со семејството, ама јас никогаш нема да му речам-оди и снаоѓај се самиот, твој проблем.
     
    На Annath и MacenceEna им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Лепа Дама јас те сваќам.
    И јас се водам од истиот став дека ќе имам деца кога ќе бидам целосно способна и подготвена да се грижам за нив, само јас, без ничија помош.

    Затоа сеуште немам деца.
    Не е поради финансиската неспособност и отсуството на простор во сопствениот дом. Едноставно сеуште не сме се почуствувале дека ние имаме доволно изживеано и створено за да донесам дете на овој свет.

    За некој себичност, за мене искреност и премисленост.
    Сакам кога ќе се случи тоа ние да бидеме целосно подготвени и да одбегнам многу несакани проблеми. И јас ќе бидам нешто слично како Маченце Ена, си знам што ме чека па сакаммногу нешта да ми се на број.

    И јас не можам да замислам бракови помеѓу лица кои немаат стабилни работи, место на живеење, или донесување деца на овој свет без да се размисли за потребитите на детето и својата немоќ за нивно подмирување.
    :!: НО, треба да подзабавиме со осудувањата.
    Никој не му знае на другиот како му е у кожата и во домот.
    Никој не му ги знае околностите и животната приказна на другиот.
    Ја знае само својата, и нека си се смета за среќен што може да си го дозволи луксузот да го реализира својот став.

    Знаеш колку од овие снашки воопшто немаше да се појават во темава доколку некој на готово им купел стан?

    Таа љубов на далечина лесно е да се пропагира и одржува. Строга дипломатија и чест од време на време и волкот сит и овците на број.
    И во однос на тоа дека родителот не е должен да му створи нешто на своето дете целосно се согласувам. Но малку дволично е вртењето на дискусијата во тој правец од твоја страна кога вие не колачот туку цела торта сте го лапнале од свекрвата. Оти нели бе била должна, ама убаво ви дошло кога ви дале.
    А во однос на тоа дека ако не би купеле уште би била со ист став, ај првен живеј со свекрва и соочи се со истиве проблеми па после ќе знаеш дали ќе било исто, а не вака на ветер.
    Или оди по кирии, манкај се секој месец со отплаќање кредити...мир да немаш ни во сон.

    Не е исто, ништо не е. Удобноста во која се наоѓаш е луксуз кој не си сработила ниту ти, ниту мажот ти.
    Свекрва ти и свекорот рмбале работеле.

    Животот во заедница бара жртви и мали услуги секојдневно.
    Доколку снаата прави такви секојдневно, нормално е дека очекува фер однос и од свекрвата.
    Нема врска со однос сверкрва снаа, повеќе со човештилог.
     
    На Annath, midnight.flower, AIT и 6 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.515
    Допаѓања:
    115.070
    Пол:
    Женски
    Лолита те читам и ти се чудам, зашто толку си обзирна према тоа дали она спие а да можеш да си се средиш или да си го почнеш денот како што сакаш? Која е бре она, Кралица Елизабета па ако се разбуди после ќе и падне ттулата? Ич да не ја рецкаш, терај си како сакаш. Дали тропаш или не тоа ич да не ти чуе. Тоа е заедница, ни вас ни неа не ви е сјајно ама не може само еден да ја трпи цела ситуација.
     
    На Annath, midnight.flower и anule88 им се допаѓа ова.
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Помошта која ја побарала и очекува Лолита е сосем нормална, она не планирала да и го остави детето и да оди да шета, туку за да се избања. Зошто да го остава само мало бебе и да не може да се избања на раат кога свекрвата е тука и може да го припази на саат време.
    Лепадама ти сама си одлучила така, ете си снашла, но немој да ги потценуваш другите, еве Лолита конкретно на пример да живеат сами со сопругот сигурно ќе се снајдат, и нема да молат за помош, но кога веќе се тука човечки е да се помогне.

    Мене на пример ужасно ме нервира снаа ми, значи живеат со мајка ми, мајка ми иако пензионер оди и работи и саботи и недели за некој денар плус. Снаа ми по цел е ден е дома, и затворена во соба, ни да зготви, исчисти, испере. Мајка ми откако ќе се врати од работа наместо да одмори, се ги тера сите работи со ред по дома, додека снаа ми спие кога и малото спие, си лежи, дреме на фб и сл. И ко да е малце тоа откако се ќе среди мајка ми го чува внучето, за да снаа ми се одмори, од што одмара незнам. За излегување, прослави, одења по гости никогаш не им направила проблем, го чувала будна до 1 навечер иако сабајлето во 4 станува за на работа. Малецкото има веќе година и три месеци снаа ми сама незнае да го избања зошто од прв ден мајка ми го бања, колку пати јас го бањам она само ми полева вода а обратно би требало, иако е мажена од 2009 пред некој месец јас на телефон и објаснував како се пушта машина, есенва снаа ми ко што реков со седеше во соба а мајка ми и спремаше сокови и компоти за зимава ( ова само за внук ми) настрана ајвари и други зимници кои такоџе сама ги правеше. Е ова на снаа ми е срамота не она од Лолита.
    Но што е тука е, на мајка ми и имам неколку пати укажано дека ја искористуваат, што искрено и жал ми е, ама она тврди дека се за внучето прави и да немаат кавги брат ми и снаа ми. Не планирам да им се мешам, нивно си е, но не е убаво ни вака.

    Немам јас проблем со ова, но ете чисто за илустрација пишав каква разлика има од помош до помош, и дека помошта која Лолита ја побара е сосема нормална и верувам дека на секоја мајка со мало дете би и била потребна и добредојдена.
     
    На midnight.flower и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  15. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Потребна и добредојдена ДА ама ако нема помош нема и тоа е тоа , а не одма по форуми не ми помага. Кога знам какви луге се па не ни очекувам помош а и да ми нудат не прифакам ако знам дека тоа или не е со срце сторено или ке ми биди преречено. А да можи Лолита сака да им угоди да не прави врева кога таа спие ама и за тоа има начин да се среди, кога бебето спие кога мм е дома или пак заедно под туш и не ја ни прашувам со оглед како се понашала со поголемото дете. И таа мојата вештерка колнеше камен да сум родела додека бев бремена по лугето ама пак затоа и ден денес не го има ниту оддалеку видено син ми, а камо ли да ја молам да го почува.
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Е па Нена очигледно е дека јас не сум лошата снаа, нели ;).

    Пишав дека имам осет, дека сум толерантна и дека не сум себична па да си го гледам само моето добро и мојот ќеиф. Ова е заедница и како таква треба и да почитувам нечиј мир и желба да се наспие и не сакам утре задутре да се збори колку сум јас без осет, тропам, лупам и не знам таму што. Иако мојот мир и сон не секогаш е почитуван и имало и сукоб околу тоа јас пак сум тивка и не ги реметам останатите.

    Мене не ми е проблем да почекам да се раздвижат за да и јас си ги бркам моите работи. Еден саат порано или подоцна мене ништо не ми менува.
    Јас сум мирољубив човек (како Трендафил Каранфилов сум:lol:), сакам мир и хармонија, затоа и си трпам и си ќутам и се смешкам без разлика што од време на време ми стојат кнедли во грлово и ми доаѓа да вриснам.

    Јас доброволно прифатив за доброто на моите деца и нивната иднина да живеам тука.
    Проголтав многу случки и интриги и несогласувања затоа што мислам дека сум добар човек, имам прекрасен и пожтвуван сопруг кој искрено не ни сакам да го замарам со вакви работи, сакам кога ќе дојде од работа да осети дека доаѓа во топол дом, полн со љубов и топлина и затоа тука си се испуцав.

    Ама очигледно моето 20 мин. бањање и сушење коса претставува гоооолем проблем вреден за дикусија. :^)
     
  17. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Помошта која ја побарала Лолита и ја очекувала не е нормална(како што напишала Најубава) затоа што после сите тие работи што ги напиша во претходниот пост(бркање од дома,па пак прибирање па со месеци не правење муабет зошто се вратиле итн) не би требало да очекуваш помош од такви луѓе како што се тие и со кои таа си има работа.Искрено јас не би им се опулила во очи а пак не да им барам помош за нешто и ако тие во случајот и се понудиле,ама секој си има свое мислење и различни ставови за одредени работи па така и со овај случај.И ако не можам да се согласам со тоа дека не се туширала за да не ја разбуди свекрва е,не знам колку треба да биде тоа туширање бучно за некој да го разбудиш од сон.
    И секоја чест на тебе Лолита :bow: што ги трпиш овие работи, искрено и јас мислам дека и помизерно да живееш е подобро од колку да бидеш со некои како во твојот случај.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    По мое тоа дали таа ќе си пише за маката на форум или не е работа на Лолита. И анонимен форум е, не е никаков грев, мора и таа некаде да се искаже, сигурно не е полошо од тоа нервозата да ја истура на мажот и на децата, или пак отворено да ја збори по комшиите.

    Свекор и' и свекрва и' си се типични примероци и не дај Боже некој со такви да си има работа. Ова шо и' го прават не е не-помагање, туку водење инает и жонглирање со нејзините нерви. И во право е нена, не треба да ги предизвикуваш, ама дади си малце поголема слобода, таа ќе ти одредувала кога да се бањаш...бре. Тоа е и твој дом, не си некое измеќарче таму.

    Зар не е греота снашка толку години таму, две деца на син им му родила уште мора да си го чека сопругот да си дојде за таа без страв дека некого ќе навреди ќе може да се избања? Бањај си се кога ти одговара, а ако ти списка, одговори и' „Добро, извини, нема више.“ собери ги децата во соба, затвори врата и пак терај си по свое. Толку тресење, па ти утре допрва ќе им требаш на тие деца.

    Tреба да го одржуваш мирот и да балансираш во една заедница, но не да се лишиш од удобство за еден толку основен процес како бањање за да не нервираш некого, особено кога хигиената ти е поважна ради некој друг-бебево што цица, отколку за самата себе.
     
    На Annath, midnight.flower, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.515
    Допаѓања:
    115.070
    Пол:
    Женски
    јас се уште не сум мајка ,ниту снаа, но знам од другарки и од мои братучетки колку е битно да имаш кому на минутка да го оставиш малото, до ВЦ да можеш да одиш што се вели. Од искуство на моја блиска другарка ќе ви кажам дека она иако живее со свекрва, свекврата не сака ни минута да и помогне, па другарка ми кога се бања или оди во ВЦ го зема со неа малото. Да да, еднаш отидов кај неа и ми вика свеквра и. Се бања седни тука почекај ја. И јас одам да видам малото што прави, кога слушам збори она со некој во купатило. А свекрва и гледаше турска серија и си грицкаше семки. Притисок ми се крена. Тропнав влегов ја земав малата и ја заиграв да се среди женава на раат. А можам да замислам што се не поминува кога јас не сум била таму. Страшно!! Во моментот ја замрзив свекрва и, која пред мене е лизни мазни. Така да сега јас сум дежурна дадилка на малото ( другарка ми нема мајка) секогаш кога можам да помогнам.
     
    На Annath, midnight.flower, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Две минутки-две, тоа е мало дете. Неколку секунди требаат да направи беља, а не па 2 минути. Ќе лапне некоја играчка или лошо ќе падне. И после? А кога ќе помислиш сето тоа можело да се спречи со две минутки надгледување на детето место жмиење у престилката.
     
    На Annath и lolyta777 им се допаѓа ова.