Во денешно време мислам дека и свекрвите олабавија малку не се како порано, посовремени се и не се мешаат толку (сега добро мора да има и исклучоци). Порано ко ќе почнеја да се натпреваруваат сваќите од бовчи за свадбата па кавги за тортите (со закон треба да се забранат сите нервози се за нив) па ко ќе дојдеше бебе леле која побаба.
Ретко каде го нема тоа и денес. Цело време е борбата тоа да се докаже кој е поважен и поглавен. За жал.
Кај мене од мајка ми и татко ми немам таков проблем, ама свекрва ми а види дека нешто некој му купил на син ми, особено нешто да е од моите, оди и купува и таа, и демек поскапо, па носи цени, и кесата од каде била да видам дека е марка, глупости. Или ако во моментот не купила одма се правда, како му купила минатата сабота Смешки невидени, никој подобро од неа демек не може, она знае да му погоди, она само марка.. абе страшна работа.
Нека му купуваат де смешкајсисе порано можи и јас сум се нервирала сега со овај памет камо да му купат нешто, ама мојте се големи не поминуваат така лесно имаат поголеми желби ама сега нигде ги нема. Сега да ги видам да се натпреваруваат.
Јас оддамна не се замарам со неа, се што си збори ми е смешка, и така само си збори а никаде не дејствува. И знам дека ќе биде така и кај нас, кога ќе порасне и ќе има барања детето, нема да му се купува што сака, туку сега еве се прави најбаба, демек само таа и никој друг. Се прави како кој знае што да прави за детето, а поише од 15 мин го нема држено у денот, а не па нешто друго.
Ќе ја заболат рацете ако го подрже подолго. Чека да заоди, па ќе го зема под рака тогаш, сега кичмата ќе и се фати.
Уф, највозбудени се тогаш Мојата му купи патики (кои беа спротивни од препораките на ортопедот) и ми држеше лекции како да прооди побрзо, како да го паткам дури му викаше Ајде баба пат, пат, пат Ова ми е пресмешно. И кажав на крај дека нема детето да патка туку ќе се научи сам да оди макар и на 20 месеци. Како помал само се сликаше со него, сега кога е прооден и сака да си игра, таа го граба во раце, го поти, го гњави, а тој сирот прета и со раце и со нозе да се одбрани. Вчера заспа во количка, го земав да го преместам во спална и се подразбуди малку. Влечам јас, не можам да го извадам од количка. Кога се вртам, гледам таа го фатила за нога го гали и прави Шшшшш, бабичко нанај, нанај Го повлеков со праење фаца, отидов во спална, издишав длабоко и си викам Фала и на таа виша сила што не скара првите 7-8 месеци од пораѓајот да не морам да ја трпам зашто сега смртно скарани ќе бевме сигурно.
Мајка на бившиот викаше дека се знаело која баба сакала внуче повеќе и имала повеќе право да го гледа. Снаите од маало не оделе а ни она често кај мајките, оделе еднаш месечно. Не оделе на кафиња со другарките. Е затоа не ми е свекрва. Си зема снаа од друг град, вероватно ради истиве причини.. И така.. Се си има по светот.
@Цвет88 Мојата рече дека син ми имал многу тетки ама само ќерка и била оригинал (дека нели од машка страна)
^Мојата била главна баба,оти дома ни била Ама ниедна од ќеркиве не и стојат. Чудни деца,се по мајка му плачат,да не се стоело и спиело со баба
^какви деца сме родиле ич неќат кај бабичка, бабичка ќе плаче.. Кај нас остана само проблем околу смарање на детево. За друго гледам си легнува на брашно. Ама опсесијата си остана. Неа да ја сака, само со неа да игра, и дете да има другарче она им се пика па само ја гушка бацува, гњави стиска. Последно поседовме 15 мин и дете посака дома, не знам зошто, ама ја нудела кифла да јаде и мислам ради тоа е. Си има дете родители, ако треба да јаде ќе ти кажат. Ама бабичка, она како што е никој не е, мајка дете гладно ќе остави.
И мојве само им пикаат нешто во уста,отвараат,маливе се ќе отворат,видат и ги фрлаат. Никогаш гладни не ги слегувам.Ако треба 3 саати ќе седат дома нема надвор додека не јадат. Слегуваме и почнуваат,деде сакаш да касниш нешто? И се носат стрвулинки.Кога се ќе исфрлат,згмечат се лутат. Епа нека се лутат.
^абе дај му на дете нешто асално. Глупост е да гледаш на тоа, ама зошто пример и купува сок од портокал коа знае дека не пие таков, па после и вика зошто не го сакаш сокот што бабичка ти го купи. Зошто и набива вина? И 100 пати и е кажано не го сака тој. Не треба да купуваш ништо, ако после му префлаш на детето