Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Кога требаше првиот аптамил да се купи, ради сплет на околности она дозна, и се потепаа со свекорот они да купат, да го почастеле внучето нивно. Неколку месечно бебе се части?? Ем аптамил за нив е скап, знам како им стојат финансиите. Им викам јас и мм сме одговорни за детево, за неговата основна исхрана ( си имав плус момент кај што се чувствував виновно дека цицето не е веќе доволно и она тоа го знаеше). На тој муабет ми вика, е што, утре нежа да ми дозволиш чоколадо да и купам!?

    Јас зборам основна исхрана, она ми збори чоколади, како јас сонтаа жена да продолжам муабет на темата (facepalm)

    Ај од тогаш зборевме за кашички како спремам ово, оно. И раскажував за случаи од форумов што сум читала, вика неее, во тоа нема шанси да ви се мешам. Ако треба да ја почувам, ќе ми кажеш што треба како треба, да не ви го кршам редот. Ај ќе видиме, се надевам нема да ги фатат лудите :lol:
     
    На CurlyBlossomGirl, A.n.g.e.l.a.V, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.789
    Допаѓања:
    145.332
    И што толку лошо ако сакат да купат кутија Аптамил?
    Стварно се оптеретувате и си правите нервози за глупости.
    Ако не купат , ништо немат купено и така во круг.
    И моите и неговите купувале. Ни страшно, ни трагично. Фала им. Се случуваше и девер ми да дојде и да му донесе. Оти така сакаа.
     
    На oblace1, Leat, januari19 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    3.336
    Пол:
    Женски
    Ваљда затоа што ќе се фалат после по комшии дека они го ранеле детето. Претпоставувам таков профил на луѓе се.
     
    На januari19, CurlyBlossomGirl и A.n.g.e.l.a.V им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум размислувала зошто најчесто се проблемите од на мажот страната.Ајде една снашка крива,друга,ама неможе секоја што ќе дојде во куќа да е крива.Мислам дека тоа е така поколенија наназад.Во главата на децата им се всадува дека машкото е глава на куќата,дека жената си оди од дома и веќе нема контакт со нејзините(ова кажувам за многу многу одамна,кога на жената се гледало како плус аргат за на нива).И тогаш одела кај мајка и еднаш годишно.Нејзини родители станувале свекорот и свекрвата(па од таму и она со мамо и тато).Од свекорот и свекрвата се очекува да се главни во се,да ги пазат децата,да ги насочуваат на прав пат.А и биле деца се мажеле,женеле на 16 год.И тоа со тек на време се менувало,малку по малку,ама дур се искорени скроз има време.Така им е всадено во главата,за нив е нормално такво мешање,донесување одлуки место младите.
    На нас младите е да се бориме да се сменат некои работи,да си правиме како на нас ни одговара.Да им докажеме дека самите можеме да се грижиме за својата фамилија.
     
    На Angelalala08, januari19, GolemaMala и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Искрена да бидам без љутиш, ама пва звучи какп да си ја навредила. Моето е само на ад свекрва ми еднаш ни купи после тоа само чоколади имаше пратено ( секако ја си ги јадев) не и се замарам. Сакала купела сакала не. Ама вака да се потепуваа да ми купуваат ад бар уште 2 3 пати ехеее супер финансиски ќе ни дојдеше.

    Зборот ми е затоа ти го кажала чоколадото не дека баш тоа ќе го купи, туку во стилот дека ќе и забраниш и тоа да не смее да купува. Моите баби со ќеси храна доаѓаа кога бев мала
     
    На Leat, Bezimenka90, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  6. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.082
    Моите свекор и свекрва 1 год немаат ништо купено за бебето,ниту пак прашале
     
  7. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Па може така делувало, не викам не. И далеку од тоа дека нема да дадам утре да купат и чоколадо и смоки и сладолед и киндер јајце, нормално е тоа. Ама основната исхрана на бебето, во првите месеци е моја грижа. А сме правеле муабет порано, колку нејзе и било тешко кога и за двете деца снемала млеко после 3 месеци. Ми беше и мене, се чувствував и виновно некое време, мислев како жени ќе се разбереме. Ама очигледно се заборава тоа кога ќе дојде внуче - ова не само она, и мајка ми не ме разбра во тие моменти а и она истото го поминала со мене.

    А за финансиите кажав, тој еден аптамил нив им е голем финансиски товар, мене не ми е до толку. Не мораше да го форсираат толку. Се осетив приклештена затоа што не ми дадоа шанса јас да излезам да купам а они да ја погледаат малата. Додека се спремав у ВЦ, свекор ми излегол.

    Ама ајде помина, можда ако имам второ и се најдам во истата ситуација, нема да размислувам така, не знам.

    Инаку вака, ретко купуваат нешто за малата, еднаш у два месеци и ич немам забелешка за истото. Башка чекаат второ внуче деновиве, сакам да се во можност и за него да изнакупат тон облека како што направија пред јас да се породам.

    Не се воопшто такви, и не верувам дека таков муабет излегол од нивна уста. Други ми беа причините..

    Не знам, ете ми смета. Далеку од тоа дека друго не купиле, на почетокот и претераа со првите подароци за бебето и што го даруваа. И сега кога ќе купи играчка, комплетче, глодалка не ми смета. Напротив, го сликам бебето во новата облека, го снимам со новата играчка и им праќам, им го правам меракот. Ама за млеко, пелени, it's a NO :|
     
    Последна измена од модератор: 27 јуни 2021
    На cresa-jagoda, MeowMeow, princess5 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.724
    Допаѓања:
    40.109
    Пол:
    Женски
    Камо мене сега некој да ми купи ад за малово или памперс. :wasntme:
     
    На Harper, CurlyBlossomGirl, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Ти сега чекај температурите да паднат за да им текне на овие од ФЗО да кликнат исплата
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.789
    Допаѓања:
    145.332
    Јас не гледам проблем, ама ти си знаеш. Да си правам нервози и проблеми од ова, никогаш.
     
    На baby-star, mal.ecka, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.828
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетов погоре - не дека мајка ми е па ај ќе ја фалам, ама секој месец (по нејзин ќејф купуваше по едно ад, барем, знаеше да рече нати 500 ден. купи му пакетче пелени) а свеки моја, све она незнаела што треба, не дека некој и побарал, ама ете незнаела шо требало, кога ќе ја видеше мајка ми со ќесите. Барем не глуми. И мајка ми незнае, ама прашува. И мајка ми незнае ама вика нати 1000 ден, купи му на детето што треба.
    Да не се разбереме погрешно, немам потреба никој ништо да купува и не очекувам, ама барем кога ќе видиш дека некој друг нешто купил, ќути, не одма удри на правдање ти зошто не си купила, секако никој не те праша.
    Да не спомнам дека ни едно маиче му нема купено од кога е роден, ама цвеќе на баба, све ќе ти купиме со дедо ти. Аха се утепавте од купување. Пред некој ден му се скрши една играчка, ја му викам мама ќе ти купи, оваа му вика баба ќе му рече на дедо да ти купи. :^) да почекам баш да видам, ама ќе порасне детето дур чекам
     
    На Anyshka, CurlyBlossomGirl, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.724
    Допаѓања:
    40.109
    Пол:
    Женски
    За првата ќерка, свекор ми и свекрва ми даваа по 500 ден за памперси секој месец. На мене ми многу значеа тие пари, иако реално и не се многу. И моите често пати купуваа памперси, овошје, даваа пари.
    Ќејф им е. Сега за малото чат пат купат некое парче облека. Никогаш не сум ставила на вага кој колку дал или дали дал.Свекор ми и свекрва ми се со кредити и двајцата, како да се лутам ако не можат да дадат? Има некои што ем старите им плаќат сметки, ем зборат дека ништо не им купуваат на внуците. Мизерија

    Не ме нервирај сега, арно се помирив јас со тоа.
     
    Последна измена од модератор: 28 јуни 2021
    На Harper, Leat, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.379
    Допаѓања:
    37.517
    Пол:
    Женски
    Требало со бебето да отидеш да купиш. Да си отишла ти да купиш, а тие да го чувале, може во меѓувреме да им текнело тетрапак да му дадат додека да се вратиш ти со аптамилот и пак немаше да чинат.

    Муабетов кој колку купил и дали рекол ќе купи, па што купил, се надевам тука ќе застане. (facepalm)
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    :x:hug:
     
    На hello-kitty.90 и forumce им се допаѓа ова.
  15. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    11.382
    Пол:
    Женски
    Не сум пишувала во оваа тема,ама ете сега некако како да имам потреба.:)
    Со свекрвата имавме 13години ептен коректен однос.Живевме на различни спрата.,тие доле ние горе.Не се мешаше во ништо,а и бебка кога се роди,немаше некои нервозни ситуации.Но пред 2 месеци почина,како последица на ова срањето од вирусот,немаше време да се изнарадува на женско внуче кое го толку време чекаше.И ете за чудо мене ми е криво што ја нема,без разлика што е свекрва нели,мене ми фали.Но живот е тоа.Одиме напред.:f:
     
    На Ivan4e04, senza.parole, Ygritte и 28 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Вас бабите не ви даваа да јадете? Колку вицови има дека за баба никад бебе/дете не е доволно најадено :) Јас кај баба ми секогаш сум имала по 100 прашања дали сум гладна и нема не си гладен.
    На мајка ми мајка секогаш мекици ми правеше. Многу ми фалат. Поубави нема, нит сум пробала. Сукано секогаш имала, чајче на ќумбе со едно кило шеќер :)
    Другат баба ни беше упороште на сите братучеди. После школо, факс секогаш бевме таму. Со мајка ми не се сакаа, ама секогаш тука беше за нас. 24х7. Баш ми фалат ;(
     
    Последна измена: 27 јуни 2021
    На Harper, oblace1, Leat и 29 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Двете вечни прашања од детството со баба:
    -Да не си гладен/а?
    -Да не ти студи?

    :D
     
    На Harper, oblace1, CurlyBlossomGirl и 24 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Најточно :) Затоа им се чудам што погоре развиле дискусија дека бабите ги ранат децата.
     
    На oblace1, Leat, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Ден денес кога одам на гости ми тутнуваат чоколадо и обавезно храна, мораш се да изедеш ако кажеш дека си најаден обавезно ќе рече "ајде така без леб" :D
     
    На Angelalala08, senza.parole, Inana123 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    1.022
    И јас тоа се чудев навистина.
    Уште ме прашува тоа баба ми, колку и да велам не сакам таа вади се што има на маса.
     
    На oblace1, Bezimenka90, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.