Леле ова е најинтересно, 1000 прекалорични работи, мрсничко вакво такво и ќе ти каже ајде ајде без леб. А лебот испаѓа најздрав од сѐ на масата Баби и дедовци се за размазување, ама сфаќам дека и родителите сакаат некој ред во исхраната. Да не е пречесто и секојдневно, мислам е ок
Ама не е прашање... Да праша никој не брани. Не прашува туку зима и бута у уста Вие сакате да ви бутнат така храна у уста? Никогаш не ми правела баба ми така. Туку ја прашувала мајка ми дали сум јадена или дали треба нешто да ми даде.
Кај се сеќаваш дека не ти бутала кога си имала 2 3 години може скришно ти бутала храна. Они сите прашуваат после а те нема одма редење шведска маса
Не ми бутала, јас сум тип на човек што ако нешто на сила бутнам, макар и една семка ќе повраќам. Не верувам дека сакала да повраќам. Нека редат колку сакаат маси тањири. Нека не бута излижани прсти у уста на дете.
Мајка ми е типичен пример за баби од овие сатирични илустрации што прават. Само што таа е поборник за здрава исхрана.Веднаш носи смути ,во секое време има,сакал неќел да го испиеш,ако треба и од на врата ќе ти го тутне. .Прво прашање е дали сте јаделе?Само знам да премолчам ,,што,,зошто после следува монолог,зошто децата да јаделе се индустриско,па види што пишува во весникот,на утринска што кажувал докторот.Јес да е во право ама децава ... Баш додека пишувам ,ми пише ќерката студентка.Мамо, баба ми се јави праша дали сум јадела.Баби бе,сепак среќа е да ги имаш.
Добро може конкретно не ти бутала тебе, за моиве баби познавајќи ги се кладам дека ми бутале храна. Еве бабата на мм се дрзна лепче да му бутне подавал рачиња према лебот. Знае бебе од 8 леб што е. Среќа не заврши кај него во уста. Ми се крена притисок. Пред тоа го ранеше кучето со истите рачишта Да ја задавам, ама си викам без мајка дете ќе ми расте.
Секогаш ми нуделе. Од како паметам за себе до возрасна. Нема не си гладна. Наполитанки и чајни колачиња, ванилици имало секогаш на маса. ни јас не бранам на ќерка ми да јаде сешто кај бабиве. Јас ја учам да одбива кога и нудат глупости. Тоа прави кариес Тоа можам да го контролирам. Баба ко баба - мора да даде на внуче
Не знаат како, а можат ама не знаат. Ако сеоднесуваат како што треба и ќе чуваат и ќе хранат и ќе шетаат. Ама не знаат. Не само за храната, дете плаче сака дома, она ја влече ама ај бабичка на лулашки ќе одиме, зошто неќеш, остај ја мајка ти .. И после дете неќе да оди кај бабичка па пак плачки зошто не сакала внуката кај неа да оди. Епа да и кажеш добро бабичка, оди сега дома па кога ќе сакаш пак дојди, дете ќе сака да оди.
Не е проблем што даваат,него што не знаат што даваат,и даваат веднаш што јаделе децава,им отвараат се,па тие нормално ќе расфрлат пошто најадени се.После се лутат оти фрлале или отвориле па оставиле така ќе се расипеле.
нивни проблем јас пак не гледам проблем. Ако не јадеш глупости кај баба и дедо, каде? мојава е опседната со кариес и слично. Тоа дека и зборуваме и и покажуваме на тв како бактериите работат во устата. Знае и да каже ова не јадам, прави кариес Се чудат луѓе Толку можам. Не им кратам задоволство на старите да нудат.
Пред ху години додека баба беше жива, моитр на одмор, јас веќе мажена, брат ми дома сам ( веќе 20 и кусур год). И се јавила баба, греота сине дојди кај баба на ручек. Брат ми ( 2м и 100кг ) прашал што ќе има за ручек, она му рекла, компирче и мевце. И он, лаком гас, отишол, баба ми му направила компир манџа едино јадење што братми не го јаде. Е ама кај баба нема несакам, се најал и си отишол. Обавезно кога и да отидев, имаше Јадро наполитанки и газоза ги криеше од братучедиве од вујко ми што живееја со неа, за да имало за нас, којзнае вујна ми што ќе пишуваше тука за неа, срам да и е, крие од децата наши за на ќерка и да дава. Мене двеве на ад ми пораснаа, камо да ми купувашр некој Аптамил, поише ќе му се израдував него на алиштенца или играчки.
Какви снаи сме ние денеска децава нема спомени да имаат ама ај оди најди ни нзс нас или на свекрвите. Читам и цело време ми текнува на една баба, сестра од дедо ми, кога одев на поседок по цели денови јадев коцки шеќер, повкусно нешто немаше за мене. Еве јас нема шанси да оставам деца без мене во друга куќа, а јас кај цела фамилија сум одела на поседок, којзнае што ми давале да јадам, појма немам ама огромна радост беше на поседок кога одев.
Па затоа не ги носам гладни,проблем е ако место главен оброк нудат чоколадо или чипс. Инаку ништо не им е забрането.
Си идам еден ден од работа и право кај свекрва ми да си ја земам малата. И од врата ме пречекуваат и свекрва ми цела среќна: -Денес шо убо си јадеше, цело пакетче ресани изеде! Ми се стемна пред очи. Се расправав и расправав и расправав и ништо не сменав. Секогаш кога ќе беше со нејзе јадеше само глупости.
Свеки кога ги носи кај тетка им така вика,леле шо убо се најадиа сите,смоки,соленки.На внучето нивно главен оброк му е смоки со к.млеко.И праќам овошје,или кифли мафини,пошто внучето нивно не јадело ги враќа назад. Нема разбирачка. Ај нека прават спомени
Мори сливо! Ако чувам туѓо дете, ја прашвам мајката шо да го ранам. Прекрасна свекрва би била Под услов да живеат што подалеку од мене
Изгледа сите ова го сакаат Иначе..немам дете СЕУШТЕ (знаете веќе) ама ич не би се потресувала ако детето денес за ручек "убаво" се најало пакетче ресани со баба му .. или смоки со јогурт. Или лепче и кремче.. или пржени компири .. Јбг не е еден ден. Кога ќе си го земам од гости ќе јаде здрав оброк и тоа е тоа. Ниту детето ќе умре, ниту светот ќе пропадне. Бабите ќе си останат баби.. спомените ќе си останат спомени. Ама да не го пуштам детето кај баба му затоа што му давала тој ден да јаде глупости...епа нема да му ги ускратам тие спомени макар и нутрела ручале. И не гледам зошто би си правела проблем со свекрвата/ бабата за глупости..
Болдираното кажува се, роди па после наврати се на мислењево, мали деца многу лесно се навлекуваат на некои навики, па после одбива главни здрави оброци. Од одличен јадач, па чуван со баба и дедо ранет со грицки и медени срца, сега одбива оброци, е зошто? Аммм сакашее… е од кај знае едногодишно дете за тие намирници ако не му дадеш и не го навлечеш, на крај нервозите ги трпи мајката.