Само затоа што немам дете, не значи дека немам став. Ставот е став ели, или го имаш или го немаш. Го менуваш во текот на животот поради доживеани работи ама основните семејни вредности треба да ти останат исти. Или дека тука сите супер мајки која од која ќе се потепа да каже дека денес детето ручкало брокула на грил тава со потаж од тиква, едно резанче авокадо со не знам што а за десерт полна чаша овошје со агаве сируп или лажиче манука мед со 20+ UMF... Или пак сокче од диви малини што кравата стојка и бикот стојко ги мочале на Солунска глава, изработен без шеќер мешан со позлатено лажиче послужен во кристална чаша поклопена со стаклено ѕвоно.. Бре сите идеални мајки се собрале на форумов Ни за 1000 години нема да сменам мислење дека семејните вредности ми се поважни од едно пакетче ресана. Дека ми е поважно да ја види баба му отколку јас очи да си вадам со неа за една ресана или нутела. Дека ми е поважно да има спомени од бабите, отколку да има трауми од кавгите со нив.. Јбг..не се сите исти да се трескаат од земја за глупости
Баш дека се менува ставот, сите сни рекле кога ќе бидам, ќе сум, вака и вака ќе направам па испаднало сосема спротивно. Ресани, грицки, и триста глупости и шеќери не прават спомени, спомени прават игри, смеа, песнички, лулашки, природа, прошетки, приказни. Не вади од контекст пост, очи не се вадат за храна тоа е крајно невоспитано, ниту пак забрана за посета кај баба и дедо такво нешто не пишав ниту одобрувам, свекрвата ако сака да биде почитувана треба и таа самата да го почитува зборот на снаата, а за најмајка не знам кој го измисли тој збор, стварно грдо звучи. Делот со потаж, агаве сируп….прв пат ги среќавам поимите и баш ме заинтересира ако може линк или да ме упатиш каде е дискусијата
Можеби не би се нервирала толку да сум сега... Ама пак нема да ми е сеедно чоек. Рачунај, со свекрва ми имаше два оброци во денот, нема ваљда вечерта пред легнување да ја натискам манџа и да ја заспијам
Да си кажам една случка од вчера: Ручавме и си појдовме во соба, и по 5 минути иди свекор ми со чинија полна со круша. Ајде деде да јадиш, синко кога го виде со чинијата во раце, одма почна да плачи и да му вика ама не сум гладен, немам место во мешето. Тој пак ајде деде малку круша, синко избега надвор со плачење само да не го гњави.
Да си кажам и јас нешто.Секој ден да живеам со нив и мене би ми било голем проблем.Ама како добро би ми дошло сега еднаш неделно да ми ги земат децата и да ги чуваат цел ден,па макар и цел ден биле на крем.
Свеки деца не ми чувала ама мајка ми да. Знам дека не е исто, ама ужасно ме нервираше што бебево нонстоп ми беше најадено со лук, корнеше од него цела спална. Значи секој ден манџа со лук и тоа не сварен туку свеж. Абе детево не ми замириса на бебе од тој лук. Ја кажувам, она по свое си тера, лукот бил антибиотик итн итн. Е ама не ми се праќаше во градинка на 9м пошто и така беше малово падни стани со здравјето, па си легнав на брашното, т.е. на лукот де.
Ела да се гушнеме еднаш Ајде моиве од септември одат во градинка,па полесно ќе биде.Карантинот ми трае пет години
Не е лесно да си сам со децата.Ама некако си ставив во глава дека јас избрав да имам две деца со мала разлика меѓу нив,дека од никој немам помош,и да гледам да си се организирам сама со нив.Си ги воспитувам како знам и умеам без да ми се мешаат.Ама кај тебе е скроз друга приказната,мислам дека си во заедница.
Не знам зошто мора да постои тензија помеѓу снаа и свекрва, па и кавги и уцени и навреди по секоја цена за секаква небитна глупост? Факт е дека ни таа ја сака снаата како свое дете, ни оваа ја сака неа како мајка, ама мора и едната и другата да имаат едно просто обично почитување и малце поголем праг на толеранција зошто најголеми кавги и омрази гледам започнуваат од глупости, зошто свекрвата рекла детето треба да не цица или мајката рекла нема благо да јаде а оваа му купила киндер. Има жени што навистина имаат маки знам и познавам, никаква поддршка немаат од никаде, угнетувани се и газени во семејството на мажот, а немаат можност за сами да се тргнат, има и такви кои имаат можност ама не решаваат тие, друг им го планира животот и тие се вистински проблеми на кои треба да се поработи и да се обрне внимание, ако рекла свекрвата подај ми ја солта и вие се навредувате џабе само се нервирате и греота е за оние со вистински проблеми....
Во исти двор сме,различни куќи. Точно,сама сум се одлучила за две,никогаш не сум побарала помош,од никого.Ни од моите кои ми се на 5 мин. Ако неможеш да помогнеш не одмагај.
Јас да сакам цел ден ќе лежам. Свекрва ми е расположена За помош во секое време. Цел ден сум сама си бебе од 2 месеци и ќерка ми од скоро 4 год. Свекрва ми се нуди за помош, ама ако нема потреба јас одбивам. Причина, не сакам да ми се плетка горе без потреба. Изморена сум, ама мирот нема цена. Како со мајка ми, така и со неа ме нервира да се објаснувам што и како околу бебето посебно, да ми преместува по дома и сл. Колку поголема помош, толку помалку приватност и мир. Сум го сфатила тоа и ако не е нужно, помош, не фала.
Е тоа ! Сакало. Денес се враќам од работа и свекрвата ми кажува дека биле гости и му донеле 10 чоколатца животинско царство. Малиот изел цело и бил многу среќен. Ја прашав зошто? Ми рече оти сакал. Ја прашав како и кажал дека сака? Кога не знае што е тоа не може да бара, мислам fuck logic.. Е ништо немало да му биде од едно чоколадо. Ок велам ај не вреди да се расправам оти утре за инает пак ќе даде. Само и кажав пример дека и баба ми го чува син ми, завчера ми се јави да праша дали може монте пудинг да даде, кога реков НЕ не даде. Оти за свекрва ми тоа правило важи, демек ако ми го причува има право и слобода да одлучува за сѐ. Веќе 4 часа сум дома малиот нема јадено. Му давам постојано и одбива. Ја прашувам што има јадено цел ден, па ништо немал јадено, тук грицки, чоколадо и две лажички кисело млеко. Ебате убавите спомени на дете од 13 месеци што ниту разбира ниту ќе памти. Единствено лошата навика ќе остане.
Е сега ако го чува еднаш неделата и да поддаде нешто ајде ама да го чува секој ден и така да го храни ич нее во ред. Свекрвами ги чуваше ама таа е поборник за здрава храна и се беше дадено со ред овошје, зеленчук манџа. Моите беа интересни малиот викаше мамо ручан сум можи да каснам сега чоколадо пример. Е откако порастија цел труд околу здрава исхрана појде вовода сега ми е помачно отколку ко беа мали.Секој ден лупам дробам миксам ама џабе.
Не е проблем да даде чоколадо, затоа што и јас давам. Не е проблем ни да ја праша сакаш ли тоа и тоа. Мразам терање со сила. На ми ти, на.. види ммм колку е вкусно дете: не сакам наведнува глава и гледа у мене.. Јас: добро мама не мораш Она зошто бе бабичка не сакаш, види каква супа напраила бабичка најубава... Не сакам не ми е убава... Еее ништо не знаеш баш е убава... И нормално навредена дека на дете не и е вкусно нејзиното зготвено. Не коментирам како е зготвено ама ете ни мене не ми е нејзиното вкусно, тоа е навика, јас на мајка ми, на ќере моето јадење, на маж ми на мајка му највкусно. Не треба да се лути на дете од 3 години. Еднаш нагон за повраќање доби, што значи едноставно нема веќе каде да стави храна во тој мал желудник. Поентата е дека не е најбаба ако го натрупа детето со храна макар и била најздрава..
Дасти,не е едно пакетче ресана. На дете со низок хемоглобин и те како е важно здраво да јади. Никогаш не претерувам со органско,брокули на путер итн. Ама за инат са нудиш ресана а имаш јаболко не ми е ок. Нека дади јаболко па нека даде и ресана. Моите цело време се надвор,нели заедно сме во двор,секое слегување се нуди стрвулинки.А јас мака мачам со појачување на крвната слика.
Синкир ние пораснавме со смути, здрава храна, био - органско.... Ете не живи здрави. Па ќе се лутам на едното пакетче ресани, кавги расправии .... дали сте вие нормални !
Гледам еве пукаме од здравје.На секој чекор луѓе се лечат од ракови,стерилитет,висок притисок,шеќер,мозочни удари фрчат на деца од 20 год.Ама нее супер сте си вие ништо не ви фали