Ама не значи и дека децата што се хранат поздраво во иднина нема да заболат од некоја ваква болест. Свекор ми е пушач, дневно по 2 пакли цигари пуше, благо јаде, овошје и зеленчук никако. Крвна слика топ. Свекрвата сѐ е со салати, смутиња, чаеви, поздрава храна, хемоглобин 94,имунитет крш. Споредбава и не е многу на место, ама ете се чудеме и ние како е можно.
Ќерка ми до 10 месеци ја чував јас и гледав да ја хранам здраво. Јадеше се што ќе зготвев, количински не многу, никогаш не јадела многу, ама битно јадеше. На сабајле житарки со овошје, за ручек манџа обавезно. Не дека не сум дала и животинско или смоки. Давав и тоа, ама не како главен оброк. После тргнав на работа и се отиде во вода. Кога и да прашав дали јадела ќе ми речеше слабо, или аа да си се најаде цело пакетче смоки, едно чоколатче, сокче си пиеше а и оставав се спремно зготвено. Па и јас да изедам едно пакетче смоки нема да ручам после, не пак мало дете. После тоа ќерка ми никогаш веќе не касна манџа, само на сува исхрана е. Мака мачев едно време со запек зошто ни супа не јадеше, едвај ја навикнав пак барем супа да јаде и јадеше само еднолична исхрана. После некое време ја доведов во ред, јаде овошје, зеленчук, јаткасти, ама пак ограничена сум со јадења кои можам да и ги дадам, а си јадеше се дур беше со мене. Да не ме сфатите погрешно, можеби и не е свекрва ми крива за тоа. Можеби не и јадела и си мислела подобро смоки и чоколадо отколку ништо, ама каква навика ќе створиш со детето така и ќе си тера самото дете.
^точно,ама што им смета да го почитуваат зборот на мајката. Моите имаат 3 главни оброци,друго смеат да јадат се.Навистина ништо не им бранам. Ама зошто место главно јадење нуди чипс? Нека го изеде јадењето па нека јаде чипс. Или зошто отвара 5 видови грицки и се лути оти детето не ги изедило сите?
Мене ми се чини повеќе од инат спрема нас мајките. Па не знаеш дека свекрвите знаат најдобро, ние ништо не знаеме
Кај нас свекорми е втора свекрва Со две сум Му викам не ми правиш мене лошо,на детето.Ама не,оди па докажи му.
Зошто воопшто им објаснувате? Мое дете не јади такво и нема да проба па ти на глава застани ако сакаш. И да можеш да се лутиш до утре. Јас лично немам проблем почитуваат сите збор и знаат дека не смее глупости да јаде. Интересна работа е шо повеке од страна добивам коментари дека ништо не и е од една коцка чоколадо сериозно?? Обично игнорирам и кажувам фино детето е мое, е има будали настојуваат е тука знам да бидам незгодна. Сите баби и дедовци си ги сакаат внуците ама родителите одлучуваат за детето не значи ако бабата не го рани детето со чоколади нема да има спомени со неа.
Верувам дека е така.За подолг животен век и здрав човек не влијае само здравата исхрана.Влијае и начинот на живот,стрес,без стрес.Исто верувам дека загадениот воздух климатските промени се си влијае врз нас.Ама неможе манџата со запршка да ни донесе ништо позитивно.И давање грав на бебе од три месеци.Појди од себе колку тебе ти треба дур да се свари гравот во желудник.Се радувам што мајките се свестуваат околу исхраната на детето во последно време.Ќе видиме како им влијаела на нашите деца.
И јас можам да те прашам дали си нормална ако детето ти пораснало со ресани Да, израсната сум со купишта овошје во двор, голема бавча со секаков зеленчук, највкусните манџи на баба ми, не со чипс. Ден денеска ми праќа торби во сред зима со замрзнати малини, вишни, спанаќ, секакви компоти без шеќер пошо пази, на 80 години знае колку е штетен шеќерот. Не ви го разбирам ова размислување 'што ни фалело'. Зошто би му дала на детето смоки или ресани кога се дави во лубеница и ананас, шумско овошје и сл? Зошто на свекрва ми да и биде помило да изеде едно пакетче ресани кога готви прекрасно и може да му спреми било каков друг ручек? Живееме на балкан каде што имаме преубаво сезонско овошје и зеленчук и наместо фрижидерот да биде полн со здрава храна, ние ќе купуваме триста глупости со празни калории. Fuck logic.
Цело пакетче е многу и за возрасен,па камо ли за дете... Парче-две парчиња,доста се.Не треба повеќе и не треба секој ден. Ако е за благо,има благо што е за бебиња и мали деца. Мајкиве имаат право да се лутат ако на децата им е дадена поголема количина од таа што е соодветна за нивната возраст. И ради опасност од алергии треба да се внимава.
Мајка ми никогаш не купила чипс. Секој ден имаше манџа, иако работеше на две места и три деца. Ако не она, баба ми. Стрикно манџи. Знаеја и двете дека дете треба здраво да расте. Од благо, домашно. Баба ми јаболка ни печеше за благо. Навиката е таа. И јас така ранам дете. Татко и јаде чипс и има дозвола еднаш неделно да делат. Смоки проба на 3 год. Не јаде. Оти не купувам. Свекрва ми дава здрава храна оти јаснои е кажано. Плус сама сака здраво внуче.
А па синки нашите мајки пиеле метилирани фолни,оделе на скрининг,раѓале со епидурали па пак здрави бебиња раѓале .Споредбата така му иде де..Ако за мене гледам се топ да е за детето ли ке дозволам некој да си игра играчки?Џабе сега бремена внимавам на секој детал се да е ок ако утре дозволам некој свесно да му гради нездрави навики.
Ова! Од квалитетна козметика до квалитетна храна ама свекрвата нека даде ресани битно спомени ќе има детето од кај баба. Кај другата баба во село кога идев доручек ми беше леб од фурна, патлиџан и овчо сирење. Преубави спомени имам и без ресаната. Има и луѓе во полоша финансиска ситуација ама еден чипс кошта колку кило цреши на пример.
Абе каков спомен е храна бе... Да речат леле се сеќавам каква игра игравме.. ќе се сеќава вауу на ресани чипсови дека баба давала... Еве јас го памтам дедо ми по неговите партизански приказни, по тоа што секогаш правеше да ни е забавно. Никако по храна и надмудрување кој прави нешто најдобро и најубаво. И шо викаат погоре, ако веќе дава, е домашно направено прсти да излижеш не тулумба купена на пазар!
Па не дека баш храната е спомен. Ама ете јас ќе се сеќавам секогаш на домашното лепче печено во фурна и козјото кисело млеко што го јадев кај едните баба и дедо. И кај другите боденикот или лепчето, сирењето и патлиџанот набран дирекно од бавча. Нас со чипсови и благи работи не нѐ хранеа, дури и немаше дома такви. Единствено крем од благо имавме. Сега скоро во секоја куќа има благи работи, чипсови, смоки и слично и секогаш е тоа прв избор, наместо лубеница пример. Некогаш ме чуди кога одам на гости и ми принесат овошје наместо ресани. Оти многу се ретки таквите луѓе. Кога одам на гости во Берово едната снаа пренесе секакво овошје, компоти, домашни сокови. Ние таа навика ја немаме, искрена да бидам.
Малку ги измешавте работите. Дискусијата почна од нудење блашко кога детето оди на гости. Вие ја отеравте на дневно чување. Е па ако ја чува секој ден, се знае што треба да јаде. Ама за на гости од 1-2ч ако се понуди нешто блашко и те како не е проблем. вие имате подлабок проблем ако оставените деца на чување дур сте на работа ви ги ранат со глупости. темата почна од гостинско ранење, не секојдневно.
Проблем е значи кажано е детето нема потреба од благо. Еве мене никакогаш не ми работеле позади грб ама има мајки кои се жалат. Ако според тебе е ок да јаде блого моето нема ни пробано и проблем ми е ако и се даде ресана.
На гости ако понудат, голема работа. Не би дозволила да ми го хранат со смоки, чипсови и ресани на дневна основа. Ама кога одиме на гости, не гледам проблем. Јас ја учам дека шеќери и чоколадо се лоши за забите и дека така се фаќа кариес. Пуштам цртани, гледаме бактерии и слично работи. Тоа е моја обврска и гледам дека одбива да се бута со глупости. Некогаш сака да си касне, како и сите ние.
Ама многу е едноставно ако за тебе е ок за мене не е. Ти одлучуваш за твоето јас за моето. На повеќето мајки им смета. Според мене дете нема потреба од благо. Плус дете шо има три убави оброци и за ужинка бара лубеница, брокула, краставичка јас да му дадам благо зошто?? Како шо сме задолжени како родители за навиките и воспитувањето на детето така сме задолжени и за храната. На долг план и те како има одраз како се храни детето.
И да разграничиме уште еднаш... Едно е да понуди, друго е да го набута со сила. Едно е бабино сакаш? Не фала. Ок. А друго е, ајде на земи, земи бе зошто неќеш. Ако кажам една ресана е една не цело пакетче.. Од тоа не е страшно ако ксне, дете ми се задави со пуканки, изгуби здив едвај ја повратив.