Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.698
    Допаѓања:
    14.165
    Mногу членки се контардикторни. Една иста феминка на едно место пишуваше дека има свој стан земен на кредит, дека штедела за да го купи, а сега тука пишува под кирија била. Ако читаш по темиве, се ќе се изначиташ. Ем се се може, ем ништо не се може.

    Ејј, абе нели беше успех да се работи за минималец? Од кај сега не стига?
     
    Последна измена од модератор: 2 јули 2021
    На elimkd и Meckicja им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Не знам за такво нешто. Немам време да пратам кој што пишал.
     
    На Leat, Skorpija25 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.527
    Пол:
    Женски
    Правилно си постапила. Така треба, подобро отказ да се даде отколку детето секој ден за ручек да јади смоки и благо, џабе платата ако треба еден ден по болници да се дава.

    Можеби ти си грешка, можеби купиле, ни мора уште малку да поживее во тој под кирија додека досредат за новиот стан.
    Јас така ако приметам нешто прашувам, подобро да прашаш отколку да шириш невистини по форумов. Еве јас сега не ти верувам тебе, го прескокам ова мислење како рекла казала, а верувам дека ако ја прашаш ќе добиеш соодветен одговор. Немам забележано која е инаку би ја прашала.

    Да повториме дека децата најдобро е да ги чуваат мајката и таткото (исклучоци има кај што мора друг). Секогаш, за било што, мислете дека не постои никој на светов освен вие и таткото. И за работа подобро е на пола работно време, додека е во градинка или кога таткото не е на работа, ама имате загарантирано целосен мир и контрола врз се.
     
    На Осе, A.n.g.e.l.a.V, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.920
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e Немам дадено отказ. И не планирам. Се снаоѓам до септември ќе мора да се снајдам и ќе оди во градинка. Не можам отказ да дадам, ама можам неплатен одмор да земам ако ми се качи на глава уште малку. Опасна е, мислеше дека зависам од неа и немам избор па ќе ми кине живци, а уствари не сакав да го носам на баба ми и сестра ми за да не излезе сум ја прескокнала или дека не сакам таа да го чува. Јас воопшто доверба немав да и го оставам уште од сам почеток, ама ајде во иста куќа сме. Сега виде дека сепак има кој да го чува и пак не е погодено. Ако и го оставам цело време се жали дека грбот ја боли, ако не го оставам зошто не? Зошто на градинка, прави сцени дома по цел ден, а не може да го чува таа. Не е должен никој дете да чува освен родителите, јас не го тупнувам, прашувам дали може исто како што ги прашувам и моите. И не се лутам ич ако не може, ама ме нервира и ме лути тоа што се меша, буцка, сугерира на мм да не го праќаме на градинка итн.

    И да се доискажам за хранатa, сум изоставила некои работи. Јас имам во фамилија такви кои биле галени како деца и им се давало благо и грицки, сега се гојазни и со куп здравствени проблеми. И јас сум со лоша исхрана и иако крвната слика ми е супер не сум идеална здравствено. Јас не сум компетентна да зборувам за здрава храна бидејќи не ја јадам ни јас, но мислам дека добро знам што треба да се избегнува и не би сакала моето дете да има нездрави навики како чипс,смоки и чоколади. Од тоа корист нема, а штета има. Не е страшно некогаш да проба и да касне, но секој ден нема потреба. И не сакам да морам тоа да го објаснувам, очигледно си знае и таа, ама инатот е поважен. Па и му зборува на малиот демек мајка му да ја видел колку е лоша, ништо не давала мама, ама затоа баба давала и затоа ќе си ја сакал. Од ваквите лоши навики се поголем број деца се дијабетичари уште од многу мали.
     
    Последна измена од модератор: 2 јули 2021
    На cresa-jagoda, Bicka77, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Во ред е да се даде благо али после оброк, а како главен оброк не треба. Не постои дете, човек што не јаде чипс, смоки, благо. Ако тргнеме искрено од нас кој има време 5 пати да јаде од кој еден оброк 30минути да му е за да може желудникот да ја свари храната и дасе осети дека е сит? Само тие што се такмичат ете тие јадат правилно само. Ние ги пазиме сега колку можеме ама кога ќе појдат во школо само нездрава храна ќе јадат.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Ако детето е јадач, нема потреба да се запознава со благо и чипсови. Има вкусни здрави закуски.
     
    На AlicaInWonderland, cresa-jagoda, Bicka77 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право, правете си вас како што ви одговара а тој што сака да бара закачки и во јајцето влакно ќе најде. Проблемот нејзин не е со детето него многу очигледно со тебе. Си тера инает. Голем непочит спрема мајката е да земе некој да дава благо а јасно си нагласила дека не сакаш детето тоа да јаде. Демек што знаеш ти за чување деца.. На крајот од денот детето е мое и ќе јаде тоа јас што мислам дека треба, нема тука потреба никој да се меша.
    Искрено, градинката според мене е најдоброто нешто што постои доколку се има услови. Ем мирна ти е главата, никој нема да ти се качува на глава и да ти го трие од нос пример “ее паметиш јас кога ти ги пораснав децата сега ти ова или она не сакаш да го направиш за мене“. Ем од друга страна детето ствара здрави навики не само за храна него и за ред други работи. Се социјализира, учи како да се однесува со луѓе итн. Познавам родители чии што деца не јаделе ништо друго освен нездрава храна (се согласувам дека е навика јадењето, како што си го научил детето) па во градинка низ игра и гледајќи ги другите дечиња се навикнале на манџи и такви јадења.
    И не ги разбирам таквите баби што се муртат кога внуците им одат во градинка. Значи и да имам време, и да сакам, не би го зела детето да го чувам од проста причина што не сакам да го осакатам , да не знае како да се социјализира и да контактира со други врсници. Едно е баба и дедо како другар друго е дете врсник како другар. Карактер и навики се градат кога детето е мало.
     
    На cresa-jagoda, Bicka77, MilaSs12 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.920
    Пол:
    Женски
    Точно. Се ќе почнат да јадат, не можеш да ги спречиш, ама сеа дури се мали нека биде како мајката мисли дека е најдобро. Нема да можеме да им забраниме, ама барем да не им ствараме лоши навики.
    Ете јас гледајќи ја дека упорно дава смоки, купив лино смоки, за да не дава чоколади купив од оние од ДМ како енергетски барови за деца. Не бе, така си стојат, не му биле вкусни.
    Јас купив Авент чашка со клунче за вода, не пиел од таа му дава од нејзината чаша да пие вода. И земав се изнервирав и кажав дека како мене ми пие може и на неа, јас само од тоа шише давам, и смоки јаде од Лино. Ништо не ми одговори.
    И за други работи е исто. И оставам долу крема за газе на Чико со цинк, гледам неотворена, ми вика не ставала од таа, не била убава, му ставала од нејзината павловичева, она со таа си мачкала пети, и навечер на друго место се мачкала оти од пораѓај лошо сошиена била и стално и пукало местото. Се запрепастив. Ајде купив уште 3-4 креми да си избере каква сака да му мачка, не бее никаква, пак од нејзината.
    Ја гледам го храни плазма со млеко, и викам да не му дава, она пред мене уште повеќе ја полни лажицата. Одам купувам кекс со крупник ако веќе сака да го храни глупости. Исто, кексот си стои, плазмата му ја дава.

    Очигледно нешто сака да ми докажува..
     
    На Bicka77 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    А зошто и го оставаш да го чува? Немаш градинка на работа си?
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.397
    Пол:
    Женски
    Знам дека уживаш вака да подбуцнуваш, затоа што едноставно ти си таква личност што сегде го пика носот, и ја интересира се за секого.

    Еве ќе ти одговорам, јас никаде не реков дека е успех да се работи за минималец, туку дека ако некој е среќен и задоволен со тоа нема што тебе да те засега тоа, а можеби за некого и тоа е успех да работи за минималец.
    Башка многу зависи и од околностите, се работи за две различни теми што немаат никаква допирна точка една со друга, и не знам зошто сакаш да ја начнеш таа тема и тука. Дискутабилно е да се разговара за тоа дали стигаат или не.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.920
    Пол:
    Женски
    На работа одам, а на градинка ќе тргне од септември, сега нема место, однесов документи уште во мај месец.
     
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Wait a minute ...
    Дали добро читам ??
    На дете 2,5 г. АЛЕРГИЧНО НА МЕД ,му давала мед зејтин и РАКИЈА ???
    ИИИ си се ВОЗДРЖАЛА од кавга ?
    значи јас стварно не сум нормална за што се карам ?! (facepalm)
    Жено алергијата не знам дали ти знаеш колку може да биде опасна ?
    А па алкохолот...
    А маж ти ??? Кај е ? Знае што работи женава ?
    Да еве јас :D
    Пример станувам 20 минути порано за да и сварам гриз со јаболко и слива.
    Доаѓам малку само каснато ,викам што јадеше ?
    -аа па комшивката вишни ми донесе (вишни уште не ми се воведени) па и блендирав со малку банана...
     
    Последна измена: 1 јули 2021
    На cresa-jagoda, IRBBB, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Мене стварно не ми е јасно како ги трпите... да му полни лажица пред мене и да му дава. Ќе си најдеш решение за градинка. Не знам дали си од скопје ама биди упорна и летово може да се најде место ако се сака. Да сум на твое место под ниедна околност не би и го оставила.
    Не знам дали имаш семејство ама сите ако земат по 10 дена и го чуваат ќе се исчува до септември на крајот од денот.
    Испаѓа работава Ја ти го чувам ја како сакам.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB, haruki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.527
    Пол:
    Женски
    Мислам женава до сега сто пати пиша дека го чувале баба и и сестра и, исто како што сто пати пиша дека работи и од септември ќе оди во градинка, и мислам дека јас сум единствена што чита од збор до збор. :lol:
     
    На cresa-jagoda, andrejko82, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Ништо не те разбрав.
    Горе пишала нејќела баба 'и и сестра и да го чуваат за свекрвата да не се налутела. Значи има опции и пак се остава бебе на некој што си тера ќеифови. Пошто сме родиле за свекрвата да не ја навредиме
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.527
    Пол:
    Женски
    Сепак не си прочитала се, пред тоа кажува дека го носела еден ден кај сестра и еден ден кај баба и, а после тоа кажува дека на почетокот не го носела кај нив туку го оставала со свекрвата за да не испадне дека ете има човек во куќа кој да го чува, а таа да го носи по други места, други луѓе. Ама кога испаднало вака со свекрвата како што испаднало почнала да го носи еден ден кај баба и еден кај сестра и.
    Ајде ене го септември за два месеци.
     
    На cresa-jagoda, Brpbrp, DarkStormm и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Значи ем се жали, ем има опција некој друг освен свекрва и да го чува додека она работи, ем и го остава пошто било срамота и плус ги буцка да не го пуштаат во градинка ем таа си дава храна што и текне.
    Луд ј*бе збуњеног...

    И што значи тоа " да не испадне дека друг го чува"?
     
    На Skorpija25 и haruki им се допаѓа ова.
  18. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Тоа да не излезе навредена свекрвата. Нели ако си во таа куќа и родиш дете, автоматски припаѓа детето на нив :D. Така мојата одоколу ми кажа дека на неа децата ( мм и золва ми ) не и ги чувале нејзините туку на свекор ми сестрите ( оти свекрва и била почината уште пред снаа да дојде). Значи тоа така иде, идеш снаа во таа куќа и забораваш на мајка/татко, брат/сестра таму припаѓаш и ти и твоите деца.
    П.с. по можност и мамо и тато да викаш свекорот и свекрвата, и уста да имаш, јазик да немаш, само да климаш со глава на нивните наредби и СЕ ќе идеално.
     
    На Anyshka, Ivan4e04, ma4e1311 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Ама сами ако не излеземе од тој зачарани круг мажите нема магично да не спасат. Ова мислев постои уште само во завеани села низ регионов.
     
    На Skorpija25, Luna91, haruki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.527
    Пол:
    Женски
    Ама не пишав така, обратно. Не ме мрзи пак ќе напишам.
    Значи кога дошло време да тргне на работа детето почнала да го чува свекрвата затоа што е свекрва, главна баба, во некои случаеви и мајка, баш како што објасни @A.n.g.e.l.a.V .
    Кога видела како го чува свекрвата почнала да го носи еден ден кај баба и еден ден кај сестра и.
    Не се жали, туку сподели.
    Значи хронологијата на настаните е вака како што напишав, а вие читате од доле па нагоре.
     
    На cresa-jagoda, andrejko82, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.