Да, убаво си разбрала. Не се жалев. Споделив само. Не сакав да ја навредам на почетокот и затоа не го носев кај моите, ама кога видов со кој си имам работа пресеков. Без карање, видов дека го храни со глупости, не ми слуша збор за ништо, сѐ прави обратно од кажаното и поднесов документи за градинка. Ми рекоа септември. ОК реков ај ќе се стрпам, ама свекрвата почна да злоупотребува и да си коментира како сака. Од околу кажуваше дека е захтевен, ишијас имала, реумата и работела, напорен бил. И без карање без ништо почнав да го носам кај баба ми, кај сестра ми. Она ко за инат почна тогаш да зборува на маж ми дека сакала таа да го чува, па јас договорена да го носам кај сестра ми, она се жалеше и неколку пати и го оставав. Го кажувам ова за да сфатите до кој степен оди жената, јас знам дека тој ден таа оди на село да работи на нивата, па се договарам да го носам кај сестра ми, свекрвата се буни, она да го чувала тој ден, ќе го земела на село со неа, и го земаше кај мајка и одеше со малиот само за да не го чува сестра ми и пак да се чука во гради дека она го чува најмногу. И така јас пак тактички ја средив, не кажувам дека ќе го носам, само сабајле го спремам и кога излегувам низ врата, ако праша каде одиме, кажувам на гости. Го оставам кај баба ми или сестра ми па си одам на работа. 2-3 пати неделно кога сум втора смена и го оставам и на свекрвата, ама ја прашувам, за ако каже дека не може да се снаоѓам. Поентата ми е дека од сам почеток имав каде да го носам, ама за да не ја навредам свекрвата и го оставав нејзе. Кога видов дека не ми го почитува зборот пресеков. Не сум целосно зависна од неа па да ме заебава на тој начин. Од кога е роден малиот ме заебава она, ама дека бев на породилно не се замарав, си го чував сама, и го давав 2-3 часа на ден ако морав негде да излезам. Кога тргнав на работа 1 месец не издржа, почна да се жали, да одлучува место мене и да соли памет уште повеќе. Освен сето ова, со неа имав многу проблеми, уште од прв ден, ама не би да раскажувам. И не е дека сум и молчела, сме се скарале неколку пати и отворено сум ѝ кажувала дека претерува. Не само за дете, и во брак ми се мешаше и сите граници ги премина. По природа сум искрена, не сум газолижач и не ѝ одговарам. Не се сложуваме и затоа не се ни трудам веќе. Пробував на почеток со арно, не одеше, со лошо ич па. Решив да ја ставам на игнор и многу е полесно.
Ја незнам и по тие 2/3 саати на ден како си и го оставала. Ја дур бев дома, зошто ги знам какви се, во мое отсуство или на мм, дете не гледаа/гледаат.
Морав. Манипулатор невиден. Го гледаше часовникот, точно во 15 часот почнуваше да плаче, во 15:10 се враќа мм од работа и она липа, јас не сум ја сакала нејзе, детето сум и го бранела, ако не ми замерувала, понатаму ќе пораснело детето сам ќе се симнувал кај неа.
Не ми е јасно зошто велите дека свекрвата манипулира со синот, мислам дека ако е така, ако мажот се клати те на едната те на другата страна (сопруга vs мајка), имате проблем со мажот, не со свекрвата, оти ние го бираме мажот, а не неговата мајка. Ако немате координиран став за нештата со сопругот, тогаш проблемот е во бракот, во ништо друго.
Тоа ми беше муабетот знам по мојата дури мажотми не и се развика рает не бевме имам пишано поназад...
A a mm sekako deka znae on i svekorot I ja odrzaa lekcijata mesto mene jas ne se karav drugi i ja odrzaa lekcijata
Мажот и ако има боолс нема да дозволува солзите на мамичка да допираат до него, да прави со дете шо сака и да се нервира жена му. Извини ама преку вакво ми е како воопшто дозволувате бре ваше дете е ке се налутела свекрвата па нека и стои исто би напишала и за мајка. Мозокот не ми ми вари вакви работи. Со ке речел вој шо ке речел тој,отиде животот во нервози
Епа едно е “манипулирала” друго е “измамипулирала” Не знам како така поинаку читате… Првово е дејство кога не знаеме како завршило Второво е завршено дејство
Океј е. И да напишев целосно пак ќе имаше мудрување, таква е политиката на форумот. Значи да. Го чека часот да дојде и почнува да плаче, да се жали. Не реков никаде дека мм после се расправа со мене. Порано се расправаше на почеток,и ѝ веруваше, нели мајка, арното му го мисли ама после ја научи дека сплеткари само и сега и газот да си го раздере џабе ѝ е. Јасно и гласно на сите им кажав еден ден дека си одам од оваа куќа ако продолжи да се меша. Бев спакувана и со дете во раце. Дури тогаш сериозно ме сфатија сите. И од тогаш она се смири еден период, сега пак е збесната, ама никој не ја перцепира. Пример: Завчера ми кажа дека се навредила зошто на нејзините роднини не сум пратила торта од роденденот на син ми. 2 месеци поминаа она уште со тоа се замара. И на мм му спомнала, со намера кавга да ни направи, демек жена ти за нејзините спакува торта, а за нашите роднини не ѝ текнува. Си доби одговор од мм дека тортата беше кај неа во замрзнувач, можела да прати на кој сака.
А зошто ти да пратиш за нејзини роднини, што не прати мажот ти! Си требала да и кажеш, а не да и се правдаш и од сега па натака ти ќе поставуваш услови за ваша фамилија, а не она. Ако сакаш ќе го симнеш детето да го види ако не нема ти си го родила, а не она. Па ако сака и мажот ти нека се преврти ќе си стоиш на кажаното.
Не бидете така отсечни. Мојот став околу однос свекрва, маж итн го знаете. Само не сфаќам ако веќе исекла и пратила торта за роднините од нејзина страна, зошто тоа не го направила и за роднините од другата страна? Нема право свекрвата да се лути ама дека и е криво разбирам. Во брак е со дете, па на тоа дете исто му е дали е тетка по мајка или татко. Секогаш замрзнувам торта за сите или праќам за сите, ако не за никој. Не е убаво така да се делат роднините, да беше обратно сигурно дека таа ќе му беше лута на мажот.
Ама јас на никој не пратив освен на татко ми. Кој дошол јадел. И моите тетки ми испратија подароци, а не дојдоа, и не пратив ништо, реков да дојдат ќе им чувам. Кога пратиле подарок нејзините роднини и реков слободно да дојдат, таман да го видат, а тортата кај неа беше во замрзнувач. Воопшто не сум делела никој, само не сум мукаетна ниту пак внимавам до толку на тие работи. Во право е, и мене би ми било криво, ама можеше со убаво да ме потсети, а не да чека после толку време па и да коментира и кавги да пробува да иницира. Мене ми е дупло повеќе криво што татко ми не дојде на роденденот на син ми заради свекрвата. Па не правев никакви сцени, стиснав заби издржав тој ден и никогаш не го спомнувам тоа.
Не знам како било затоа и реков нема право да се лути, јас напишав врз основа на тоа што го прочитав. Како било ти најдобро си знаеш. А уште да земе да ти пресече од тортата да даде на нејзини роднини дури тогаш ќе биде големата Зборот ми беше и тие се луѓе со чувства иако често забораваме, го гледаме само лошото.
Не ми пречи ако сече и ако даде. Одамна сум отрпната кој што ќе направел или помислил. Само сакам мир, не сакам тензија дома, а јас нема да стварам тензија сигурно за неколку парчиња торта.
Здраво ме интересира дали е нормално свекрва ти да оди по некои си тамо незнам ти какви ствари некои календари да ти определува што ќе ти биде детето кое се уште е рано да му се дознае плод да ти определи и датум кога ќе се породиш све знае а ја ништо незнам дури ни гинекологот ми нема сеуште определено датум?
Да бе и што ќе биде во хороскоп и каков карактер ќе има мене тоа ми прогнозираа Не обрнувај внимание само :"Аха, добро" ако сакаш да не се живцираш