Со аха добро им дава дозвола да продолжат. Веднаш пресечи ги дека не сакаш да слушаш такви коментари и да стават крај уште пред да почнат. Ако започнала вака тешко тебе кога ќе се роди бебето. Затоа пресечи уште сега па таа нека се нервира наместо ти.
Абе Ѓокерче секој различно си прај. Она е трудна не вреди да се напиња. Најдобро на мажот да пренесе и он да си каже дома. Особено ако одат по врачари и гатачи ако влезе во сукоб може да настане караница и она да се напне повеќе
Хаха леле исто ко мојава. Затуцана работа. Мојата по месечината, по датумот предвиде дека ќе е машко и кога ни кажаа дека ќе е машко, она одма рече "знаев јас". и за второто ми предвидоа дека ќе било машко, оти месечината кога се роди син ми била голема жолта, е единствено ако сум имала спонтан меѓу првото и второто ќе било женско. Значи здравје кога ќе сум трудна ако се погоди женско, свеќи ќе е убедена дека сум имала спонтан во меѓувреме и сме скриле од неа. тешко нас кои затуцани луѓенца ни се во потесна фамилија. Едноставно не се замарај, само напомени дека не те интересираат такви работи и да не ти зборат за такви глупости. Свеки и ден денес некогаш ако речам здравје второто ако е женско, она вика ти и 3 да родиш машки ќе се. Шо да и речам? Тоа ти е, толку дал господ.
Здраво феминки. Ме интетесира што би направиле вие ако свекрвата ве нарече "дебил"? Јас изреагирав само сакам да видам дали бев премногу мека
И јас не би изреагирала ама од моментот веќе не постои за мене. Е сега има некои што би ја запалиле и убиле, ќе се јават сами.
од мене беше и сакана и почитувана се додека не го слушнав тоа. Тоа е нејзиното мислење за мене и покрај се што сум направила за цело семејство. Некогаш велам ајде доста со тоа ама ми ја гори душава зборот не ми дава мир, неможам да заборавам. И незнам веке што чувствувам бес, разочарување....се...
Црвен картон за цел живот и би ги свела контактите на нула. Од мене нема збор да слушне па макар живееле во иста куќа. Кога ќе праша синот зошто ќе го упатам кај неанда му објасни.
Нормално е за свекрвите. За нас не е нормално. После здравје кога ќе се роди, ќе треба и бебе да носиш по баење, до 40 од дома да не излегуваш.... Кажи си отворено дека такви глупости не те интересираат.
Живеам во иста куќа (различни спратови) со свекорот и свекрвата, девер и јатрва, ист двор веќе 2 години. Не се чувствувам воопшто среќна, туку како во затвор. Излегувам од дома само кога морам бидејќи цело време се у двор. Свекрвата и јатрвата премногу се дружат. Развив одбивност и да ги сретнам неговите од што не можам да ги поднесам. Не се лоши луѓе, но сум тип кој премногу си сака мир и приватност, а куќава е без изолација, и цел ден да ги слушам сите што прават, да се срамам да излезам на балкон. Бев пресреќна што сум со него( заедно сме долги години), а откако сум тука не можам да се препознаам. Што да правам? Немаме никаков имот, така да опцијата ни е кредит. А ако си заминеме тие ќе сватат дека е заради нив. А дали е нормално при куќа на готовс да градам на ново само за душевен мир, а нашиот спрат таму да остане нивен? Дали со текот на времето ќе ми стане убаво? Дали сум јас крива бидејќи не се трудам доволно?
Првин викаш дека не можеш да ги поднесеш после дека едноставно сакаш приватност. Не гледам зошто би ти сметале кога си седат в двор луѓето. Најверојатно има други причини во приказнава. Како и да е, доколку не ти се свиѓа нормално дека секој би барал чаре да се пресели. Не гледам причини зошто тоа би било лошо. Секој си го бара мирот. Исто така таму си веќе 2 години што мислам дека е кратко време човек целосно да се прилагоди ама па тоа и од карактер зависи најмногу. Во однос на прашањето дали не се трудиш доволно не знам дс ти го одговорам зошто не знам кои се твоите начини на 'трудење' не си напишала.
Нормално е, мирот е најважен. Нема поубаво од сами, ако сакате и двајцата, ќе најдете начин. Тоа никако не значи дека ги мразите неговите, секој нормален ќе сфати дека на ново семејство му треба ново гнездо за да се развива во свој правец. Нормално е да се чувствуваш угушена, тебе и на маж ти ви треба да пробувате нови работи, да растете заедно како пар, да дозволите животот да ја тестира вашата љубов, вака сте се укотвиле на туѓа почва и живеете пензионерски (на некој начин). Живеењето со родителите од која и да се страна, носи ограничувања, според мене, вреди да се помачите за свој дом.
Зошто се срамиш да излезеш на балкон? Дали има друга причина за одбивноста која ја имаш кон нив? Еве и јас живеам на втори спрат а доле се свекор, свекрва, девер и јатрва, цел ден се во двор. Јас си направам кафе и си излезам на тараса, поздравам ги и си го пијам кафенцето. Некогаш се симнам кај нив па заедно пиеме кафе. Не гледам лошо во тоа. Велиш, ти треба приватност, а ја немаш оти куќата е без изолација и ги слушаш што прават надвор. А комшиите ги слушаш? Тие не ти сметаат? Мислам дека тука лежи друг проблем. Не може некој да ти смета само затоа што си седи во двор.
Можеби те нервира гужвата, ама размисли дали кредит е добро решение. Замисли 25 30 години секој месец да даваш пари? Ако имате пари и ако ке си посреќна излезете од таа куќа, не гледам проблем.