А бе ајде има секакви створења, само Лолита не треба да се става толку под нив. Крени си глава и ич да немаш гајле. Дали спиела или не. Ја па нарочно ќе и пеам кога она ќе спие, Како што сум инает уффф душа ќе и вадам
Тоа ми беше и мене муабетот,дека подобро е помош да не очекуваш од никого,а ако е добредојдена секако дека ќе биде и прифатена. Немам ништо против никоја членка тука,можеби и мојот пост беше малку дрзок,но како што напиша Најубава,има и ептен безобразни и безобзирни снаи,па ја користат добрината на свекрвата. Зашто па да користам добрина на некој и максимално да го искористувам,само поради фактот што сум мажена за син и/му и да се понашам како безобзирно створење.И тоа не е во ред. Искрено родителите на мажот ми и да не ни дадеа стан,немаше да правам перипетии од тоа,ок родителите сигурно не мислат лошо на своите деца,меѓутоа во контекст на муабетот ми е дека не треба по секоја цена виновник да наоѓаме на онаа другата страна пр.свекор/свекрва. И јас утре ако не сум способна или од икс причини не можам да му обезбедам стан/куќа на моите деца,мислам дека сепак не треба да се однесуваат спрема мене безобразно поради што не сум им спечалила. Јас сум за тоа дека секој сам си е способен за да си обезбеди место за живеее без да очекуваме туѓа помош и потпора,инаку тогаш зошто би стапувала во брак? Секако дека со максимални сили ќе се труам на своите деца да им обезбедам комфор и се што треба,но ако син ми на 35 години не сака да работи и чека од мене е тоа не е во ред. Ете тоа е се што сакав да кажам.
Се присетив на сето ова и јас го правев истото си идевме у вц двете со керка ми а вц на долен спрат и ме фати сега смеа тогаш ми се плачеше па затоа децата сега знаат уште од мали и влошки што се и брич што е и влакна што се хахаххаха малку да се насмееме
И јас сум ја земала мојата во ВЦ, и до пред некое време ја земав, ако нема никој дома. Лолитке, зашто ма ја молиш за да го чува? Во релаксатор, на машината за перење и удри на пеење, сигурна сум дека нема ни да трепни од што ќе му е интересно
E па Lepadamo ако си за тоа секој да спечали без туѓа помош инаку зошто би стапувал во брак, што не го напуштиш станот и не почнеш да печалиш. Лесно е да кудиш и да, дрска беше, за тоа си во право. Убаво е кога ќе ти се даде стан нели, ти на готово ќе си се сместиш, супер чиста петка, а ќе продаваш танте за кикирики секој сам да печали. ХА...Извини ама ќе ти се изнасмеам...чекај ...а да те видам да се соочуваш со кирии и преселби, со пресметки и да не околишам сега. ЦЦЦЦ колку имаме тука снаи со модерни сваќања...нема да барам помош од никого, а помошта веќе ја зграпчила...апсурдно.....И немала да прави перипетии...Пак ХА. Како бе само однапред знаеш како би се однесувала....чекај заборавив, доволно се познаваш себе си. Пф па сега и на мажот му викала да си ги сака и почитува родителите, а ние сме ги вртеле против. Ретко се контрам и не навлагам во конфликти, ама на ова не можев да се воздржам. Имам и јас право некогаш макар и виртуелно да се контрам. А тоа дека некој на 35 год. чека од мајка и татко не ни беше предмет на дискусија. И само да додадам, јас нема никогаш да оставам дете без надзор за да се избањам и не беше бањањето проблемот воопшто. Проблемот беше што ме мафташе жената цело сабајле и попладне и се иживљаваше со мене така од чиста мира. Така што сега ќе си се бањам како и досега , кога мм ќе биде дома, барем сигурна сум дека нема да ме погледне косо ако сум се задржала повеќе од 15 мин. на пример. И одамна престанав да бидам измеќарче, бев и тоа признавам , ама и тогаш не чинев. Таа Лолита ја погребав, умре Бог да ја прости. Амин.
Уф бре жени, едвај ве прочитав сите Лолита, арно ти велат, капата на страна, си имаш разбран сопруг, чекај го да си дојде од работа, па тогаш средувај се, друго чаре нема. Или викни си некоја другарка/братучетка што е слободна да помине пола час со бебето Јас имав еден период кога ептен ми беше незгодно да и речам на свекрвата да го почува малиот да се избањам, бидејќи еднаш ме беше одбила. До душа, не беше апла одбивање туку во стилот еве сега ова да го завршам па после. Арно ама јас чекав таа да се качи и да го земе, таа пак ме чекала мене. Ај да речеме беше тоа недоразбирање (повеќе ги имало такви ). И од тогаш ми беше многу срам. Ама ми помина и тоа, сега не прашувам, само го оставам и летам во купатило. Иако темава е за проблеми, и претходно имам пишано, еве и пак ќе пишам. Откако ја подобривме комуникацијата со свекрвата т.е отворено и кажувам ама буквално се, односот ни е далеку подобар од претходно. Можам дури и да кажам супер. Се надевам и таа истото го мисли Која свекрва спростира алишта на снаата дур е на работа, па плус и дете мало чува? Па и кога си доаѓам од работа каминот е разгорен, плус и ручек/вечера ме чека на маса? Сепак се се' сведува на тоа какви се луѓето со кои живееш. Иако лани овој период имав големи маки од неа, сфаќам дека сите проблеми се дојдени од недоволна комуникација. Можеби и јас почнав малку повеќе да го ценам тоа што таа го прави за мене и моето семејство Моира ма, ме изнасмеа со советот зошто и јас така сум правела. Сега чуди се зошто син ми не сака да стои над шолја и да моча, туку сака да седе
Не, сега чуди се зошто ќерка ми сака само со мене да се бања, сама не влегува И така, јас секој пат со неа внатре, се т`ткаме се врткаме, кога не` собира, кога не, ама ептен ни е интересно и смешно, и искрено - и да имам некој дома - не би ја оставила, си ја земам со мене за заедно да си уживаме, кој што сака нека прави. Кај нас обратно е - тато ужива и одмара кога ние се бањаме
Лепадама се изназборе за другите за бањањето и за нивните животи, ама ти тука не си предмет на дискусија, м? Епа не може така, кога веќе си почнала да дискутираш нормално ќе реплицираат. Лолита убаво ти кажа, па немаш што да вратиш и се симнуваш на најдолно ниво со навреди. Кој не знае да врати на издржан пост, навредува. За жал. А тоа не е дозволено на форумов, така што ако сакате да дискутирате правете го тоа без навредување на лична основа.
AИТ миличка не си видела екстремни случаеви затоа вака размислуваш. Затоа и напишав Таму каде што има простор за толеранција, најдобро е некои работи да се прекутуваат и човек да не се замара, кавги секогаш ке има, носогласувања имаме и со своите родители, но каде што има големи сплетки и немир најчесто значи крај на бракот. Многу млади подклекнале на ваквиот притисок, на форумот имам читано само 4-5 случаеви, а јас лично познавам 3. Пријателка која се разведе поради сплетките кои и ги правеше свекрвата. Братучет кој жената го молеше да се повлечат на раат под кирија и по неколку месеци не можејки да го издржи притисокот си замина во родниот град кај нејзините, сега братучет ми ја гледа малата еднаш во месецот и се би дал да го врати времето, сватил каква грешка направил - но веке е касно. И братот на мм - живееа едно 2 години во заедница, каков живот имале само они си знаат, кога веке дојде до точка на вриење споругата си замина кај нејзините и 6 месеци беа разделени, тие стресови детето што ги доживеа ниту едно чоколадо, ни играчка не можат да ги надокнат, срека му дојде паметот и сега се сами во кука од баба на сопругата. Секој родител сака што повеке да му обезбеди на детето и да не му фали ништо, но топлината, мирот и хармонијата во домот, ништо не можат да ги заменат, подобро поскромно без чоколади секој ден, со бројани пари од колку крај на бракот. Млади и здрави родители се во можност и двајцата да работат, колку толку во скромно станче можат да се соберат и да се прехранат,а се може и многу повеке живот под кирија незначи гладување, можеби ке има и периоди каде што ке се крпи, но секогаш духовниот мир е пред материјалното. И за крај само да се изјаснам, бидејки гледам овде луге со погрешна перцепција, не се расправам, напротив АИТ ми е многу мила, таму каде што гледам проста раја кажувам тоа што имам да кажам и се повлекувам, на таквите свесна сум дека со инка да им туриш за џабе е, таму каде што има простор за разумна дискусија, ја правам. Поради ваквите кометари се изјаснив така како што требаше да се изјаснам, те замолив да не ми се обракаш, свекрва ми ниту еден сат не ми го чувала дет ето,ниту сум побарала ниту ке побарам било што од неа, нити пак некој друг , од вториот ден сама го капам, го гледам, чувам и израснувам. Ако сум сакала некаква финансика помош од свекорот и свекрвата немало да стапам во брак каде што немаат да понудат ништо, ке сум барала маж чии родители би ми овозможиле нешто. Јас сум дете на разведени родители, мајка ми од сабајле до вечер одела на работа и научена сум се во животот сама да си правам, работам од 19 годишна возраст, а вакви плитки судии како тебе за жал на секој чекор гледам.. И тие што велат дека родителите не треба ништо да им дадат на своите деца, ајде вака да ја поставиме работата, дали вие утре други ден, би сакале вашиот син да се мачи под кирии или стега во заедница или повеке би ви било мило да направите некоја жртва во младоста, доколку има простор нормално и да му обезбедите еден дом..За тоа многу ги ценам баба ми и дедо ми, уште од млади години штеделе, правеле жртва, и му обезбедиле и на двете деца кука и стан..Да не ја направеле таа жртва мајка ми кога се развела од татко ми требало главата да не знае каде и е - самохрана мајка и под кирии.. А кога сме кај тоалетот, јас тактика си разработив, сега кога подопрасна малиот му ја ставам корпата за алишта помегу машината и вц шолата да не иде накај кадата и му ставам играчки, јас си ја мијам косата и си правиме муабет
Ама расправии излегоа од проста работа Ако некој едвај се грижел за сопственото дете како да се очекува да помага на снаата Зборувате како секој родител треба да помогне да подаде рака ,треба ама за жал не е така .. Некој така си смета дека неговата одговорност завршила и што сега ? Ќе се сменат ? - Не , и нервирање за тие работи ми е непотребно трошење на време за нервози и огорченост .. Не за џабе се вика помош , значи не е морално да се даде туку кој колку е човек , не разбирам како некој внучето не сака да си го чува ама тоа е . Битно е да не одмагаат и да не се плеткаат во бракот а ако не сакаат да пружат помош не гледам некој проблем , не сакаат не сакаат нивна работа , како многу мајки се снашле сами и сигурно им било тешко ама ете успеале .. И потполно ги разбирам паровите кои бракот им бил загрозен па се преселиле под кирија , нема ништо поважно од тоа сопружниците да живеат во слога и без мешања од страна .. Или едноставно сакале свој дом и мир во него
"Затоа се рекло ако можиш помогниму на чедото ако не не му ни одмагај" Скрос се соживувам со лолита затоа што до летото и јас си лежев и спиев до 11 сатот за да не ги разбудам свекорот и свекрвата мада што јас никогаш не сум спиела до толку касно ама ке си лежев покриена за да непуштам печка да нетрошам струја оти кај нив во собата се гореше и нормално чекав да станат за да запалат оган па да одам таму, а и плус немиена седев оти исто и таму се миеме, а јас дури не измијам заби ништо неклавам во уста и седев гладна дури да станат исто така. Нормално сето тоа за да нетропам ама затоа од ко се скаравме свеки тропа ли тропа па не и е гајле дали некој спие или одмара или сл. во врска со помош не намеравам да побарам не дека можам сама ама си имам своја гордост па искрено да ви кажам и се мислам како ке ме биде оти и вц и купатилото ми се долу во визба, а јас треба со страв и трепет да одам и да го оставам бебето само но не се предавам ке се снајдам ( и сакам да нагласам не дека свеки нема да можи да ги чува него таа се фалеше дека му ги изгледала на золвами децата ке ги изгледала и нашите ама самата си ја доведе ситуацијата што нашите нема да ги види иако сме во иста куќа и плус тоа е желба на мм, а она многу сакаше внуче ама еднаш не ме има прашано како ми е дали ми е добро или не, а притоа од мене крие работи за јадење што се ) а пишав и предходно не не имаат ни прашано дали ни треба нешто или не а и не ни очекувам ко ги слушам муабетите што ги изнаправила: од ко сум дошла јас и се смрдила куќата, а јас никогаш тајнир не и оставав немиен, алишта не спружени или не здиплени, исмукано, исчистено се, а она се обратно си кажала нека и служи само на чест тоа можам да го речам и да тие не се родители кои си го бркаат чедото од дома им дал госпот го родиле они незнаат да го гледаат, а некој кутри се борат за едно чедо да имат Затоа лепадамо ако можиш помогни му на твојот син во иднина ако не немој да му одмагаш и да го бркаш детето од дома. така нека им на правеле и нивните родители па да видам како ке се снајделе. Да и тоа да кажам дека вистина од мали знаат и брич и влошки и се, детето на мојата другарка ги викаше пелени за мајки и ке ја шеташе околу станот
се испокаравте за глупости.... секој со свој памет и своја среќа.секој си знае колку му е тешко или лесно во животот затоа од еден пост не треба да се суди.а и на крај краева па и што е битно дали ми помага или не колку можам толку, затоа и сум се решила да се мажам да ми е убаво а не да се мачам.најбитно ми е да не ми одмага и прави прблеми а за се друго си постои решение.не секој може да живее сам,ние живееме под кирија и некако се справуваме и мене ме фаќа паника како утре со малата сама душа ме боли што во јасли ќе треба да оди ама тоааа еее... не можам на никого да замерам,свекрва ми работи,мајка ми исто колку можат помагаат и ќе помагаат.тешко ми е некогаш и финансиски и се, ама сум се решила на таков живот и не смеам и не сакам на никого да му замерам дали ќе ми помага или не. и јас сакам да иам свој стан и да глумам дама ама немааа...затоа и не се жалам имам колку имам - можам колку можам фала му на господ и за толку.кога ке прочитам некои случки си викам скраја било можело и бетер.ете затоа сум си задоволна и си тераме како што кажав еднаш - свој живот. три денари да имаме ке ги поделиме ама знам наши си се...
Ja sfakam i ja poddrzuvam Lolita...iako se' uste ne sum majka,zdravje boze naskoro ke bidam i ke me ocekuva slicna situacija doma.No jas veke otrpnav i se naviknav da ne ocekuvam pomos i poddrska od nikogo Kako sum se snaogala do sega,taka i ponatamu,zivotot vrvi.trkalceto se vrti!
Ве слушам и се чудам море и на нас не ни се наоѓа крајот Да помош каква таква треба да се има од членовите со кого го делиш живеалиштето. Јас пак ќе кажам среќа што имам културна и фина свекрва живеема заедно, но да ви кажам и премногу не е на арно (е сега знам ќе има коментари од типот аман што сака оваа) но сакаш понекогаш да се чуствуваш како жена како снаа. Знаете како ме гледа како сопствено дете како ќерка. Абе се враќам од работа само што влагам трча да намести маса да јадам, готви, пере пегла, .... Е јас само чистам. Некогаш знам да вратам добро седи не сум дете ќе си направам ќе јадам Али пустата од што сака да удоволи. А јас си ќутам и траам е па ми одговара оваа ситуација него ли лоша свекрва
De Melo очигледно сме различни карактери со различни и спротивставени ставови на оваа тема.Сум живеела долго време во заедница и воопшто не ми цветале ружи ,но јас и мм верувала или не ниту еднаш не сме се скарале заради некои од тие сплетки.Мојот став е тој и се темели на искуство од заедница и самостојно живеење.Одење под кирија за мене не е решение прво затоа што тие пари се фрлени во празно и никакво фајде од нив,а со животот во заедница сепак може да се тргне некоја пара на страна со која утре може да се направи/купи нешто свое.Не мислам дека под кирија е подобро затоа што можеби се има мирот ,но за мене е поболен недостатокот на пари и неможноста да му се оствари секоја потреба или желба на детето/децата.Во моментов твоето дете е помало,а со тоа и трошоците околу него,но за една/две години ќе бара и ќе треба многу повеќе.
баш лото и стварно дај боже да ви е секогаш така. и мене ќе ми беше да не беше јатрва ми пред мене ама ете нема место за сите па ние под кирија ама ако не се жалам....
Исто и јас вака размислувам и токму од тие причини се согласив да живеам тука каде што сум сега. Значи и јас сметам дека е најдобро да си сам и дека таму ќе си имаш целосна слобода, комоција и мир и хармонија, но животот под кирија барем според мене не е исплатлив и јас пари во вода не фрлам. Не би да објаснувам за финансии, но имаме доволно за да одиме под кирија и да живееме удобен, комфорен живот, но тоа би значело да не успееме да тргнеме нешто на страна, да не купиме нешто наше и со тоа да не им ја обезбедиме иднината на нашите деца. Така што доколку треба да бирам меѓу иднината на нашите деца и мојата сегашност и комоција и сето она што би го имала доколку не сум во оваа заедница, јас ја бирам иднината на децата. И не сметам дека на овој начин се жртвувам и нема да барам орден за пожртвуваност, туку го правам она што секој нормален и разумен родител го прави, мислам на доброто на моите деца. Ако нас никој не ни дал ништо, не сакам и јас да бидам таков себичен родител и да си мислам само на мојот задник да му биде удобно. Кој ме сфаќа ОК, кој не пак ОК.
Аит го почитувам твојот став и твоето мислење. И не само за тебе - за секој тие пари се фрлени во вода, јас најдобро знам колку боли тоа, но не знам зошто мислиш дека не сум свесна дека како што растат децата трошковите се поголеми и зошто го спомнуваш моето дете и нашите трошоци околу него кога ако си ме читала добро ке си сватела дека ние немаме и некој избор. Јас зборувам за екстремни случаеви каде се нема мир и стабилноста на бракот се доведени во прашање. Дискутабилна е темава, но и ти земаш некои екстремни работи во предвид, зошто мислиш дека ако си под кирија не можеш основните потреби и мали задоволства на детето да му ги оставриш? Под кирија одат луге кои немаат избор и луге на кои животот им бил пекол од ист покрив со други луге, но нормално каде и двајцата се вработени, можеби некогаш ке се најдат во ситуација каде едниот би бил без работа и ке има тешки период, но тоа се месец - два, се издржува. Не знам како си го свакаш ти животот под кирија кои задовства не би можела да им ги овозможиш на децата - играчки, курсеви, чоколада?Нема да можеш преку лебот погача да му дадеш, ке го научиш на поскромни работи, но ке можеш и да му овозможиш основни работи и задоволства во границите на нормалата. Ако се повикуваш на тоа што реков дека имало период кога за леб сме немале, да имало, но тоа бил периодот кога сме чекле 6 месеци да ми исплатат прва исплата од ФЗО. И не можам да сватам како оставрувањето на секоја потреба на детето ја ставаш пред траумите кои би ги доживувало во заедница каде постојано има кавги и напната атмосфера. Како случајот што беше со жената чиј маж ја изневеруваше, ја тепаше пред децата, не го земаше сето тоа во предвид за среката и несреката на децата, криво и беше дека можеби татко им секој ден нема да им купува тоа што би посакале, да ги разгалува материјално поточно кажано. А, за идржување во заедница, како случајот на Лолита некоја година да се соберат пари за тргање на страна тоа да и јас се согласувам. Да не ме свати некој пак дека се расправам, дискутирам и си кажуваме свои ставови.
Ce сложувам со тебе ДеМело. Кажавме сите како е најубаво. Ете да ти купат стан, заедница со свекрва како на Карак, или дури и со некоја неразбрана...но некако да се крпи што би рекле. Но од лошотилок има и поголем лошотилок. И не може да се споредува една заедница помеѓу младите и старите и еден однос свекрва снаа со друг. Некаде последиците се огромни, дали по психичкото здравје на младите, дали по цена на нивниот брак. И какво штедење, за која иднина кога они до оставачка може ќе дојдат или до болница од тој таканаречен соживот. Случаевите тука не се кога од бес некоја си ги спакувала парталите и ќе си одам по кириите со мало дете. Луѓето стварно огромна мака си имаат. Не не прави тоа нас останатите позидржливи или попаметни оти ние не сме во таа ситуација па да знаеме дали тогаш сеуште ќе го имаме истиот став. Да се издржува некако и покрај сите проблеми би било фино. Но јас верувам дека кај ДеМело од тоа што го прочитав дека работата не била за издржување. Мирот има најголема вредност, но некои за нивна среќа го добиваат на поклон а некои плаќаат висока цена. На едно дете му треба здрава средина и смирени родители. Може да се намали и од облека (од постари братучеди, поефтини парчиња), да се намали од стрвос, да се сведат на минимум испаѓањата по пицерии или сл. Нема да биде лесно, ама ништо од горе наведените нема да биде причина за некакви трауми. Но доколку израсне во некаква нездрава средина со постојани расправии, префрлања и нервозни родители...џабе му е чоколадото.