Тип си што сака мир и приватност, а си отишла да живееш со свекор, свекрва, девер и јатрва Не знам што очекуваше!? Е сега мораш станеш тип што сака галама, луѓе и движење или да си одиш.
Ама она не е во заедница. Кај неа горе никој не ѝ се мота,никој не ѝ праве галама и гужва. И во стан да живее може да има галама од комшии. Ако сакате мир и тишина, направите си некоја куќа на некоја планина и ќе имате. Не знам како очекувате да имате тишина, а живеете во населено место. Пред некој ден, комшијта до нас нешто бучеше во 10 навечер, а детето ми спиеше. Ама морав да го истрпам. Истиот комшија во 7 сабајле цепе дрва. Позади имам комшии со кучиња кои цел ден лаат. Напред имам комшија кој 2 пати неделно ја косе тревата уште од сабајле. Што треба да им кажам? Не живејте вие, јас сакам тишина.
Не е ама како да е. Супер ако не и се мешаат, ама не е исто да делиш двор со родители на сопруг и со комшии кои не ги знаеш. Ние два месеци сме во зграда, само во ходник се сретнувам со комшиите и здраво кажуваш од култура.
И во зграда да си исто ти се фака Пак ке ги слушаш комшиите,ке ги сретнуваш по влез Ако имаш финасии кука за тебе е спасот
Ама никој не ја принудува да праве муабет со тие од доле. Ќе излезе на тараса Здраво, што правите и толку, ќе си пие кафе. И плус си има нејзин балкон. Не мора во двор да се симнува.
Како ви се збора секој ден на оваа тема? Не дека немам и јас проблеми, ама неќам ни да мислам на нив, не пак да ги зборам цел ден. Не ве нервира уште поќе?
Не знам дали прочита - Не сака да излезе од дома зошто надвор биле свекрва и и јатрва и. Излегува само кога морала
Знам ама не е исто чувството. Во двор се и фамилија ти се. Не се сите исти. Можеби се излажала дека ке може да живее така ама ете не може.
Мислам дека погрешно ја сфативте. Едно е комшија во зграда со кој си на здраво, а друго е фамилија. Кога ќе искочи ќе мора муабет, па зошто не се симнеш, ова она, а на луѓе што сакаат мир не им е до тоа.
Во 14:55 симни се и залепи и една. Да не е џабе плачењето. Мајка му на мојот бивш дечко тврдеше дека во нивна фамилија само машки деца се раѓале, она одела кај некоја жена уште она кога била трудна и така и рекла. Син и ( мојот бивш) сега има ќерка.
Реално 90% од проблемите помеѓу свекрвите и снаите се таму каде што се сите на куп. Во една куќа. Колку и да си живеете и да сте арни, ете ќе се случи нешто, некој ќе погреши, друг навреден ќе е. За да нема вакви недоразбирања, што е можно подалеку едни од други и мирна ви глава. И јас со душа чекам од тука да се иселам.
Опција еден да станеш како нив и да почнеш да се дружиш и да си муабетчика или опција два да си направите куќа на друго место. Тука е таков менталитетот "да мораш да застанеш ако се сретнеш па да разврзеш муабет до 10то колено". Ти очигледно не си тип што сака галама и се да се знае за него иста сум и јас и да си отидете на друго место ќе кажете дека сакате нешто свое да си направите и во иднина за детето/децата да има и толку крај на муабетот.
Направете муабет нека се продаде куќата поделете ги парите и секој настрана или друг случај нека ви го исплатат делот
Прво нема зошто да се срамиш на балкон да излезеш. Напрај си кафе земи книга и седи си,поздрави ги и толку. И да ти речат нешто насмеј се само. Второ нема зошто да бегаш, во зграда во стан нема да имаш двор сфати си го тоа така како да си во стан. Самата викаш не се лоши луѓе. Тоа што ги слушаш нив како зборат, еве викенди пред зграда до полноќ деца се пијанчат и урлаат, отсабајле кој комшија буши,кој разговара на тераса кај нас се се слуша. Во тоалет кога се бањам ја слушам комшиката што збори на телефон. Ако ти е само тоа проблемот решлив е, но сама треба да го решиш да не го сфаќаш толку субјективно. Батали само и гледај си ги како комшии
Не е исто како во зграда. Таму не мора никој да поздравуваш. Вака кога ќе ги поздрави ќе ја викнат и неа долу. А таа си сака раат и мир. И ќе ги одбие еднаш, двапати и ќе почнат префрлувања и коментари како дигната е, ,, од големото добро утро е", не сака со нив да седи т.е. не ги почитува, избегнува ги.... и ред други работи... Јас знам по мене што упорно ме викаа да седам долу сама да не сум била, или се качуваат да ме проверат оти сум сама, тоа да не излезам отфрлена од фамилијата, додека сфатија дека јас си сакам раат и така сама да си се опуштам. @jana.baby Вака додека нема караници на време гледај да се поделите, за после да нема недоразбирања и навредени страни.
Абе кој караници? Сама кажува дека ок се луѓето. Ако ми се седи седам, ако не си вадам кафе на тераса и мува не ме лази дали некој ќе се налути. (до душе терасата ми е далеку од видик на свекрва ми, плански ) Сум дала до знаење дека сакам мир и сама да сум и немам обврска да дремам по кафиња секој ден нит со свекрва нит со мајка. Колку што разбрав делени се на различен спрат. Јас од ваква Причина не би се преселила.Ама секој си знае за себе.
Па мислам дека основна култура е да ги поздравиш комшиите без разлика дали си во зграда или куќа. И да ја викнат може фино да одбие и тоа е тоа. И што ако почнат коментари? Неколку пати ќе ја викнат, ќе ги одбие, ќе прокоментираат и потоа ќе си сфатат дека едноставно си сака мир и раат. Секако дека најдобра опција е да се одделат, но нели ќе го направеле досега тоа да можеле? Многу лесно звучи на темава кога ќе кажете оддели се, ама ај оддели се.