Штом ти е е убаво таму не мора да се враќаш. Ако не сака тој да се откаже од идејата, тогаш поделете се и нека си живее тој сам со неговите. Ти ќе си тераш самостојно. Враќање дома ти е само како друга опција, ако првата не успее. Јас така би гледала.
Нека останат родителите во странство, само бидете во различни станови, ем дечко ти ќе е задоволен, ем ти нема да се нервираш, супер компромис.
И ја тоа го сакам ама он сака да му се во близина макар ние на 2ри они на 1рви ама пак оваа ке наоѓа мани за све
Објасни му убаво како ја замислуваш иднината со него, што ти е прифатливо, што не и не оставај тој да мисли дека ти се согласуваш со сите негови одлуки. Види како ти е за ова кратко време неподносливо дома, замисли цел живот ќе треба така да го поминеш.
Постави ултиматум, или ти, или родителите. На крајот на краиштата, ти не сакаш да го скараш, но мора да го сфати и твојот проблем. Кажи му вака: "јас не сакам тебе да ти недостигаат родителите и мило ми е што имате убав однос, но мене ми се ускратува слободата ако живееме заедно. Како што ти значи мислењето на мајка ти, треба да ти значи и моето и да направиш да е добро за сите." Ако нема разбирање тогаш постави ултиматум, или ти или родителите и не попуштај.
Нека си го истераат гостувањето кај вас, па штом заминат, спреми една вечера и разговарајте сериозно. Прашај го како замислува понатака да живеете и стави му до знаење дека сепак вие сте ПАР и треба одлуките заеднички да ги носите. Ако неговите планираат да дојдат во странство кај што сте вие, ете за почеток дури да се снајдат мислам дека е човечки да им помогнете, барем додека да си најдат работа и стан да бидат со вас (замисли твоите да доаѓаат, мислам дека се подразбира дека ќе им помогнете)... Во секоја врска мора да се вложи труд, толеранција меѓусебно разбирање и почит. Доколку неговите размислувања за иднината се косат со твоите и не успеете да најдете заеднички јазик, мислам дека е подобро да се разделите.
Каква работа..они одат таму за да се шлепаат на него.. Луѓето имаат сигурно над 60год.. Девојче..или разговарај со него со време или не се жали.. Ако не сака да сте сами, тогаш значи не сака ни да е со тебе .. Не си го троши животот за џабе. Ако раскинете не значи дека мора да се вратиш во МК.. ќе си изнајмиш соба и ќе продолжиш понатаму..
Да, па после цел живот да се "мразат". Доколку љубовта и намерата во истата се искрени, тогаш нема потреба од никакви ултиматуми. Нити таа треба да ги трпи нив за да остане со него, нити треба да му поставува ултиматуми. Не треба да бидат заедно по секоја цена. Ако навистина ја сака, ќе ја разбере и толку.
Јас реков прво да му објасни, а после ако не разбере со убаво, да постави ултиматум. Понекогаш треба да се настапи малку поостро за на некој да му се отворат очите. Ама да, се согласувам со тебе дека со глава ѕид не се турка и дека може ултиматумот не е паметна работа. Не знам, не е лесно да раскинеш ако сѐ друго е во ред, ама па ова е крупна работа пред која не можеш да замижеш.
Таман работа, секако дека не е лесно, поготово кога веќе се вериле, отишле настрана и почнале заедно да живеат, си створиле некоја своја оаза АМА ако немаат исти погледи на иднината мислам дека нема зошто да се мачи девојкава. Значи девојкава ќе треба да работи и за нив + ќе и се плеткаат низ дома во 2те собички - тоа е едната опција. Другата опција е дека девојкава пак ќе треба да работи и дополнително да плаќа уште еден стан за стариве, а храна и други трошоци се башка. Ами дај Боже ќе имаат и деца.... каде со паметов ?!
Сметам дека не е фер од негова страна, без да се консултира со тебе да донесе таква одлука. Мораш да разговараш за да знаеш јасно на што си. На крај сепак, ти одлучуваш. Живот во заедница е тежок, ако не сте го планирале тоа да живеат со вас, тоа заедничко живеење носи уште поголем притисок. Седни го, разговарајте, нека ти ги каже плановите. Ако ти одговара продолжи, ако не снајди се сама каде што си. На крај и сама кажа имаш фамилија тука која те чека.
А да не се расправаш за џабе, какви пасоши имаат неговите? Те прашувам зошто ако се со мк пасоши многуууу тешко дека ќе успее да добијат престој каде и да сте. Знам луѓе кој успеале ама се работи обично за еден родител со триста маки. Во секој случај треба да си кажеш дека не би прифатила живот во заедница, зошто тие работи се разговараат пред брак. Освен ете кратко додека се снајдат за свое.
Мене твојот пристап кон проблемот ми делува многу наивно. Не можам да разберам како може НЕГОВИОТ план да е нешто што воопшто не ти одговара, а да не седнеш за тоа да разговараш со него. Се работи за сериозна животна одлука и промена а ми делува како да оставаш на времето само по себе да ги реши проблемите наместо да седнеш и да му објасниш зошто не сакаш да живееш заедно со неговите. Тој очигледно веќе има планови за поголем стан со цел да ги земе а ти сеуште не си му кажала дека ти не се согласуваш со тоа. Разговарај. Не знам зошто се плашите да разговарате. Многу често го читам она "ќе се навреди, ќе се налути, ќе ме свати погрешно". Не може да живееш со некој а да ти е страв да му кажеш дека неговите ти сметаат или дека не сакаш заеднички живот со нив и да чекаш магично да се реши проблемот. Мене ова ми изгледа како да си се помирила со неговата одлука и сега кога се веќе кај вас, гледаш колку е тешко и сваќаш дека не можеш да живееш така, па бараш решение. Затоа пак ќе кажам, разговарај. И не попуштај под никоја цена. Ова не е нешто каде можеш да правиш компромис. Буквално животот ќе ви се смени. Ќе ја изгубите целата приватност и мир кои сте ги имале досега, а знаеш дека тоа носи големи проблеми.
so време разговарај и кажи си и ти како сакаш да живееш со него како ти е замислена иднината.. мене немаже кој да ме поучи или слепо му верував дека е добро во заедница да бидеш со свекрва но гадно се зафркнав..секогаш она е приоритет и жалче дека е сама и се гледа да не и фали ништо да не потфрли како син, а на мене као ти ме разбираш во каква кожа сум не ми прави притисок и ти и ке си чекаш ред за се...затоа пред да потпишеш било што разговор и поставување на граници.. јас сега се трудам нешто ама касно е кога почнувам да се бунам за неговиот однос со мајка му јас сум лошата така да навреме треба да гледаме и да проценуваме...
Еве вака да си ја искажам маката...ме интересира дали сум во право или не, не можам веќе да се докажувам. Со сегашниот маж, тогаш дечко си имавме голема љубов, си направивме бебенце, си се зедовме. Е сега, мајка му негова навидум многу фина, а многу себична жена, малку е психички дестабилизирана од некои ситуации, зборува глупости, некогаш и нешто што нема контакт со реалноста. Уште на времето се исклучи скроз и ми прати цела вреќа алишта стари за да сум одела на свадба, збеснав бидејќи беа испокинати, ама од култура ги зедов. Без старосватица кај другарка и требаше да одиме на свадба, баш тогаш му ја зедоа колата на дечко ми и се ,,шлепавме" со сите, па со такси, па малку пешки, збеснав ама не реков ништо. Ме провоцираше дека му се јавувале девојки, дека некоја многу го сака и трча по него, а испадна дека таа е мажена и има две деца. Најголемите проблеми почнаа откако останав бремена, 4 месеци бремена не се јави како мајка од машка страна, ниту дојдоа да се дог за свадбата, дојдоа недела дена пред закажаната свадба. Ќе ме скараше со кумата, мајка ми и свеки се дог тортата од кумата и старосватицата да ја поделат. Од кумата беше поголема и оваа ја зела таа а мени ми правеше филмови дека кумата и рекла таа торта да ја земе за да не ја земеме ние. Кумата не ни знаела за тоа. После свадбата отидовме кај нив, брат му женет со дете почна да зборува и да провоцира дека е многу тесно, гужва дури зема и апчиња да се труе, јас бремена 7ми месец со стрес во 22часот се вратив кај моите и секои 10 мин се проверував дали крварам. Кога ги купував количката и креветчето маж ми кажа да ги пишам на моја адреса дека таму ќе живееме, моите ја уредија собата за да има услови за нас двајца и бебето, дојдовме тука. Мајка ми предложи да не даваме пари за струја, вода, храна туку да штедиме и да собереме пари за учество за кредит за стан. Се согласивме навидум, ама маж ми дека има кредит за кола, со тешко срце одолговлекуваше и настанаа кавги. Моите решија да ги викнат неговите и да зборуваат за живеалиште за нас со овој предлог, ама тука свеки почна да се дере барате пари од син ми, знаев дека ќе барате пари, а работата беше заедно да одделуваме и јас и тој, ти ми рушиш рејтинг мори, едно кафе не си ми сварила, и викам јас таму доаѓам двапати во месецот и тоа на гости зашто да варам кафе син ти нека ни свари, ми вика аууу машко не вари кафе, Бог да чува. Повеќе ја почитувала другата снаа (дека му ги трпи коцкањата и швалерисувањата на другиот син), сум сакала само месо да јадам глупости живи. Ме набеди дека сме му правеле магии на син и, му биле исфлекани пижамите (татко ми чистел када со солна киселина и се направиле флеки и на допир со алишта се исфлекале, мајка ми покажуваше дека и наши алишта така сме ги уништиле несакајќи), додека бев бремена одам таму на еден ден, ме тераа сама лимони да си купам, пред некој ден маж ми и вика доаѓаме со бебето направи вечера таа му вика купете си од бурекџилница немам ништо и го пререков тоа и ми вика аууи па што ако си купуваш ако доаѓаш кај нас, а луѓе одам таму на два саати, ако отворев порано во фрижидер одма ми забрануваше се што е од другата снаа и пререков за тоа дека руска салата не сакаше да ни даде да поткаснеме, вика зашто да ти дадам тоа е на брат му, а од нас се земаа. За свадбата денар не потришија, дури и со кумовите на улица ги чекаа за да дојдат по нрвеста, цела свадба ја направија моите, ни фустан ни чевли ништо не купи, дури за фустан ме посоветува дека на Бит пазар имало по 2000 ден да не сум се трошела. Луѓе ова е лудило, со маж ми се сакаме и решивме да останеме заедно, ама преразочарана сум...не знам што да правам и кај да терам.....Пред свадбата имавме расправија со маж ми и напишав на лист дека свадбата се откажува, си решивме меѓу нас, ама оваа го нашла листот го чувала и зела пред мајка ми да го пафта пред очи види ја ќерка ти, и рекла ако е нервозна да оди на психијатар, срамота бремена жена на психијатар. Што да правам, одвратна е.