Да, таму си стоела опцијата кога ќе се отсели брат му да се вратиме ние за со старите, а кај нас се зборуваше за купување стан. Затоа за да разјасниме дека како млади луѓе ни треба самостојност, а не како што рече свеки да чекаме да се отсели брат му, да се вратиме, да ги дочуваме старите и да му доплатиме дел на брат му.
Ем да ги дочувате старите, ем да доплатите. А брат му оти не си седи да ги чува? Или на него не му е убаво со стари, ама на вас супер ќе ви е? Маж ти сака да се прави арен и пред двете страни, ама на крајот си се покажала неговата игра. И за што се одлучи? Или уште се труди да седи на две столици?
Не се труди веќе, јасно кажав и пред него и пред моите и пред неговите дека јас и детето во таа куќа не стапнуваме за живеење па по цена и на развод, за 2-3 саати гости колку да си го видат внукот може.
Епа тогаш, да баталиш што коментира свекрва ти и да уживаш. И наместо да ти е криво што не ви дала ништо кога одите, од сега и ако принесе нешто, да не се посегнуваш да каснеш или да се напиеш. Не ти треба.
Ама на твојава свеки малце и летаат гулабите Туку среди си со маж ти дефинитвно што сака и држи се до тоа дека не се враќаш во таа куќа. Убаво ти кажаа, ич ниту оди ,а ако отидеш биди ладна , глеј си детето или додека се породиш седи си на телефон и со кратки отсечни одговори биди си.
Здраво на сите. Јас немам некој проблем и недоразбирање со родителите на мојот сопруг, повеќе би кажала отсутност на комуникација помеѓу нив и мене. Имено со сопругот немаме деца поминуваат години ние имаме неуспешни обиди со ИВФ , а они никогаш не ме прашале како сме како сум... после трансфер лежам 2 недели дома никогаш не се понудила да дојде да ми помогне , не дека јас ќе и кажам дојди али нека се понуди ви треба ли нешто иако и самите знаат колку е скапо и колку пари сме дале по испитувања... Среќа имам живи здрави родители на кои можам секогаш да се потпрам. Чуствувам дека и мојот сопруг од мене почна да добива одбивност да контактира со нив последнава година само еднаш бевме да ги видиме (живееме во различни градови ). Искрено јас немам никакво мислење за тие луѓе имаат приходи не работат ништо и гледаат турски серии по цел ден , не ги чуствувам ни како блиски. Јас доаѓам од ситуирано семејство , заедно со мојот сопруг отворивме наш сопствен бизнис моите ни помогааат и се со нас и во добро и во лошо. Некогаш се мислам дали јас згрешив некаде , дали јас премногу им замерувам , дали моите родителот го гледат сопругот како свое дете ( никогаш не го двојат од мене и сестра ми ) па очекувам дека и тие треба да ме гледаат поинаку да бидат поблиски со нас ... Сме разговарале со мојот сопруг за нивниот однос , он е како не се замараат такви се.. Што мислите вие дали може да направам нешто да го подобрам односот со нив, ипак се родители на мојот сопруг. Да дополнам среќен роденден ми честитаат на ФБ, никогаш не ми се јавиле на телефон
Не очекувај свекрва дека ќе дојде сама да ти помогне. Ако стварно треба викни ја. Чиста сметка долга љубов. И они на страна и вие и нема да се скарате никогаш
Здраво и јас со мојот проблем и мене свекрва ми ме вреѓа секој ден како сум била расипничка ме бркаше од дома со бебе во стомак и со закани дека нема да добивам никаква помош од мм за бебето ми вреѓаше фамилија А тој само си трае и гледа
Мама е во право. Ти си дојдена не можеш поише да знаеш од мама. Многу ги има. Оди си на време. Барем и знаеш зошто си одиш.
Ова вистина го мислиш? Мажот нема да се смени, туку ти размисли дали сакаш детето да ти расти во таква средина?
Абе што за бебето трпиш него му треба здрава права мајка. Баш ми е жал за ваквите како тебе што трпите за бебе, зашто било срамота, за "што ќе кажат луѓето"...
Златна, на маж ти памет нема да му дојде биди сигурна. Тој штом дозволува жена да му се навредува и брка, а па и бремена... Бегај си , на тоа дете му треба здрава мајка .
Мене татко ми ни на фб не ми честита не пак да ми се јави на тел. Еј ќе речеш татко е. А од свекор па ич ништо не очекувам. Верувај, немаш проблеми чим не ти се мешаат.
Најлесно е да се каже остави го. Не е лабава врска па одма да го остави. Брак е плус и дете е во прашање. Не фрлајте од ракав вакви совети, ставете се на нивно место. Потребни се сериозни и долги разговори со мажот да се реши ситуација. Па ако не бива..