Ова не е здрав брак од кај да знае дека утре кога нема да спие кога бебе ќе плаќе насилнички да се однесува со нив? Лош брак тоа значи дека е токсична средина за едно бебе особено за мајката ако е под стрес. На бебе му треба мирнасредина исполнета со љубов. Што треба повеќе од тоа дека ја вреќа нејзе мајка му а он со прст не мрда? Значи се согласува дека е расипничка?
Маж и ја гледа целата ситуација и не превзема ништо, и она седи со надеж дека ке му дојде паметот. Стави се на нејзино место, бремена и да те брка свекрвата , а маж ти да не реагира и не превеме ништо на тој проблем. Ич нејзе не и треба свекрвата да и помага, ама подршката од маж и и те како е најбитна во бракот. Како ке расте тоа дете каде баба ја малтретира мама, а тато кулира.
Ако ова го трпиш уште неродено, утре кога ќе се роди што ќе биде? Разговор со маж на фин начин, смирено, без караници и подалеку од свекрвата. @januari19 и мене свекор ми не ми честита роденден еве неколку години, ама затоа знае на мм да му рече - има уште од тортата? Седи си мирна, раат си вака.
Не знам како да и кажам на свекрвами а да не ја навредам, да не ми ги префаќа стварите во спална соба. Во еден куфер ги имав спаковано сите алишта на бебче што му се смалија и реков куферот нека е така ко ќе се вратам од мк од на одмор,ќе ги средам кои се со тикета на страна а тие што ги има облечено на страна. (За жал има и со тикета не стигна бебче се да облече). Кога се вратив од мк жена ги средила и ги ставила под спална. Сеуште немам видено што има направено немам време, ама многу се нервирам, јас сакам по мое да си ги средувам што има таа да ми средува. Ако и речам нешто ќе се навреде и ќе се налути...
Просто едноставно ќе и кажеш "Ќе те замолам да не ги чепкаш моите ствари, не акам никој да ги чепка" и толку немаш потреба од карање. Ако има памет ќе ти се извини можеби и ќе ти каже дека немаа ги чепка повеќе. Или кажи и да не ти влегува во спална соба. А ако е ненормална за инат пак истото ќе го направи.
Кој сака снаа бе? Никој. Плус овде балкански менталитет. Со нивните конзервативни сфаќања. Нема мир. Само што подалеку толку поубаво. Толку.
Тоа што и кажав беше откако ме нарече така...како и да е не беше нешто толку лошо како нејзиното...ама џабе
@Brpbrp абе ти викам ќе се налути и ќе се навреди чудна жена некоја.. Утре ќе земам да видам што има направено и ќе фрлам со работите па нека се сети. @Milkiway ќејфови ќе е, снајката ми го сложи ормарот.
@BabyD0ll Ако решила да претура ќе го прави тоа дури и да и кажеш. Јас многупати имам кажано, немаше ефект, ја заклучивме спалната она си нашла клуч и пак влегува. Сепак зависи до карактерот на личноста. Ако се разбира од збор ок, ако не џабе е и 100 пати да кажеш.
Ама зошто да претура? Јас никогаш не можам да се замислам кај неа да претурам, ќе се усрамам од самата себе. Еднаш фати да бара тренерки за бебче и јас тамам што ги сложив таа ми ги растури. Е тогаш и реков остро, “ги сложи како што беа?” “Да да ги сложив” И ете не се разбира, многу сака од бебче работите да ги претура. Може ја интересираше што му остана на бебче со тикета, не знам искрено немам објаснување за ова, ама ич не ми се допадна што направи.
Ако знае дека згрешила ќе ти се извини, а ако не ќе се налути. Утре друго нешто ќе направи и пак ќе ќутиш зошто она може да се налути, не.
И јас сакам да го знам одговорот на тоа прашање. Сама се трудам да сфатам ама не можам. Според мене може да е од љубопитност, некултура, желба да докаже дека има право на тоа (ако живеете во иста/нивна куќа) или простоќа. Која и да е причината, едно е јасно, тоа го прават луѓе без капка срам и осет.
Земи еден вибратор остави на спална, 4-5 гаќи, 2-3 кондома ( напуни со млеко за тело) , некоја секси облека...може по грешка срам ќе ја фати
Гаќии, охоо таа ми имаше земено од корпа за алишта гаќи бели лом направени од менструација да ми ги пере. Јас планирав да ги фрлам ама таа ги изгланцала како нови. Требаше барем да прашам што користела од детергенти или пак којзнае колку пати ги има преперувано додека да ги светне .
Уште нешто не кажав, земала завесите ми ги променила со нови Ајде добри се па нека ги ми се допаѓаат, може сакаше да ме изненади ама не сакам јас никој да ми ја чепка собата аман како да и се објасни, приватност се нема.
Убаво уз кафе кажи и те молам не ми преместувај во собата си имам ред сакам сама да си средам/наместам. Кажи и исто дека да знам дека сакаш да помогнеш и ти благодарам за тоа ама те молам остави ми мене собата ако има потреба од помош ќе ти кажам. Ако е разбрана нема да ти чепка повеќе. Нема што да се навреди подобро на убав начин да и кажеш одколку да се искарате.
Хахаххаха барем ти ги испрала екстра Дај прашај како и што користела , еден домаќински совет нека пушти