Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.317
    Допаѓања:
    25.733
    Пол:
    Женски
    А да и влезеш ти кај неа во соба и земи преуреди се, спакувај некои алишта нејзини во кеси, извади завесата, па ако добиеш прашање, објасни и како ти кај мене така јас кај тебе.
    Можеби ама можеби ќе и текне малце да не пика нос сегде.
     
    На cresa-jagoda, Luna91 и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Таа земала во твоја спална да се понаша ко нејзина да е, вие ќе се се устручавате како да и кажете за да не се навреди. Боже пази дека ќе и се замарам. Кој се лути нека му стои. Па уште и ќутите. Ништо чудно утреден кога ќе се вратиш од работа да ја најдеш испружена кај тебе. Преќути си и тогаш.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    А, сопругот што вика за сето ова? Што не седне тој да разговара, ако ти е страв дека ќе ти се налути...
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    62.894
    Пол:
    Женски
    Мојата свекрва си беше (почината е) многу љубител на мојата спална соба..моите пред свадба уште ми ја купија и се си средив по мое, и кога ќе се растегнеше на кревет онака да го проба душекот (facepalm) а јас незнаев како да изреагирам и се ми викаше јас на ќерка ми поубава ќе и купам бојава на плакариве не ми се допаѓа (а ќерка и мажена веќе 5 години) па еднаш ја прашав дали сеуште размислува за боја и се сепна малку па ко од пушка ааа тоа сватовите мрзливи еден ламинат не ставија како спаланата да се крши...е така се тапосуваше пред да се роди синко..после веќе не смееше јас станав полоша... По некоја година имаше свадба во поблиско семејтво , прва братучетка на маж, и имаше гости од Србија и она како добра најдобра вика гости на спиење и нели нема кај да ги стави и ми вика, па да ги легнеме на спалната нема каде срамота е на стариве кревети...кога и писнав е од тогаш не влезе веќе...така да свекрвици мили такви се, љубопитни...
     
    Последна измена: 22 јули 2021
    На Anyshka, cresa-jagoda, Bicka77 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.913
    Допаѓања:
    14.521
    Немам свекрва и не сум компетентна да зборувам, ама ова што го читам е навистина измачување. Толку многу се придава важност на бракот во нашава средина, а толку малку има среќни бракови. Доказ за тоа ти е темава. Снаи и свекрви се натпреваруваат во кодошење, неодговорност, навредување, некултура. Од она што сум го видела во моја близина, сакаат да командуваат и едните и другите, и не се во право ни едните ни другите. Нема никаква почит. Свекрвата ако скрпила две соби, не е газда од нечиј живот. А снаата што ни тоа не го створила, нема потреба да глуми лудило. Нашиов народ не знае да живее спокојно, ќе створи проблем и таму кај што го нема.
     
    На azelea и Mikha4 им се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    А ти од кај знаеш која снаа односно свекрва колку створила? Јас многу повеќе имам створено од свекрва ми за пола од нејзиниот живот. И? Кој има право да се меша во туѓ простор без разлика дали го дал или некој сам го створил? Јас ставив соларно за цела куќа (и нејзините два спрата и еден мој) и шо треба сега да и гасам вода пошо е мое и она не створила колку мене?
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  7. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Нешто што најмногу мразам влегување во спална соба и претурање. Мојата еднаш не бев дома неколку дена земала чистела, под кревет зад кревет.. После ние се преселивме ама сега во мк пак сме заедно и погодете пак иста приказна, се влегува во соба без да се чукне и тоа не само свекрва и свекор и братучетка помлада е мајка и. Гледам ми се исправа во соба а јас разголена целата со бебче дека спиеше. Чуден народ..

    Инаку немав читано одамна и гледав пишевте за свекрви што давале не здрава храна. Јас немам проблем со свекрва разбрана личност е во тој поглед за бебе, што да и се каже прави. Ама што имам еден свекор луѓе свекрва на квадрат. Пред некој ден на бебе од 4 месеци даваше шербет и тоа со вилушка што јадел тој(јас МОЈА никогаш нема да давам). Јас и мијам и чистам се специјално за бебе тој со негова вилушка. :worried:
    Значи ми се крена косава. :@:@
    Не му викам што правиш бе му ја земав од раце му викам бебе нема пробано храна што е за неа а не шеќер на 4 месеци. До сега немаше направено ама откога го видов ова никогаш нема да го оставам со нив само без да го гледам.


    Да додадам дека не му имаше дадено ама ако не скокнев и не му го земав сигурно ќе и го ставеше во уста.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.913
    Допаѓања:
    14.521
    Што се притресуваш. Не прочитав ти што си пишала погоре, не знам. Општо зборувам. Со овој стандард се знае колку може да се створи, ама нема потреба за поделби и натпревар меѓу снаа и свекрва. Да створиле нема да живеат заедно, нели? Значи не створиле.

    Сум видела многу лоши примери. Свекрва ја замолува снаата да и направи кафе, таа и прави и потоа лом ја прави оти и наредила. А истата снаа чека оброци од свекрвата, леб, со леб, да и плати сметки. Обична смрдла, што да кажам за таква снаа.

    Друга ситуација. За празник роднина си ја вика мајка му на вечера, затоа што е сама, вдовица. По вечерата жената се кара со него, за ова, се тепаат и си оди кај мајка и. Потоа свекрвата се чувствува виновна што ја прифатила поканата да оди на вечера. Истата снаа не се буни кога свекрвата им дава по 1.000 денари за да го истуркаат месецот, а жената има мала пензија. Што да кажам, само интерес си гледаат.

    Мајките па претеруваат кога на синовите им се мешаат за избор на девојка, жена.
     
    Последна измена: 22 јули 2021
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.317
    Допаѓања:
    25.733
    Пол:
    Женски
    Темпирај на сред секс да ти улетаат па малце како незгодно да им падне :D:D:D:D:D
     
    На girl__20 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Хахахаха јас си помислив цела гола да чекам па може ќе се засрамат:rofl::rofl::rofl:
     
  11. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Абе не сакам да зборам многу ајде уште ова и да ме нема од тука.
    И гола да ме виде не ќе има срам.
    Мојата со отворена врата скроз кај неа во соба си менуваше прслуче, а син и во другата соба беше.
    Кога поминав ја видов гола и викам извини не знаев дека се преслекуваш.
    Се изнасмеа жена и пак истото, два пати ја имам фатено така.. :rofl:
     
    На Tanjamm и girl__20 им се допаѓа ова.
  12. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш кој нема осет нема. Што и да правиш нема да се сменат. :?:
     
    На Skorpija25 и Осе им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.317
    Допаѓања:
    25.733
    Пол:
    Женски
    Комшика моја по гаќи се шета низ дома до тогаш 19 годишен син и пред мене. И тоа за неа ОК.
    А јас доле глава незгодно, незнам кај да се свртам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Не знам што е позади психата, зошто ги привлекува собата на снаата?
    Замисли јас бев Мк три недели и кој знае каде ми има претурано, добро па имам сеф и некои работи си ги ставив таму, со код е и не може да отвори.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    18.977
    Пол:
    Женски
    Јас сум сакана снаа. Не дозволуваат влакно да ми фали. Од почит, до правење кеиф, подароци, се како треба.
    И ти не си поарна штом мислиш дека сите свекрви се злобни.
    Си има такви жени. И свекрва ми сака да ни се најде за се. Се одделивме ама пак сака да ни сработи нешто. Се понуди од одмор алиштата да ни ги испере да не сме се замарале ние. Ни готви ручек секој ден, слободна е па кај готви за нив и за нас готви (а некогаш и прави различни ручеци ако ни не јадеме нешто) а ние дете да сме гледале.
     
    На Skorpija25, Martka, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Абе супер за тебе што ти се погодила свекрвата баш ми е мило си имаш мирен живот.
    Ама од сите тука на форумот единствена си или една од ретките,што не се жали на свекрвата, ајде сега ти види ја разликата колку подобри свекрви има од полоши.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    18.977
    Пол:
    Женски
    Околу мене имам уште неколку жени со супер свекрви.
    Не дека ја не можам да и најдам маана на свекрва ми или она на мене како нејзина снаа, и маж ми си има маани и мајка ми. Некогаш е лошо а некогаш се преувеличува.
    Оние што се сами си немаат мака, а кога живееш во заедница ке се прилагодиш. Ако не си за живот со свекрва нема ни да прифатиш а после се да ти смета.
     
    На mal.ecka, Orchidea, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.317
    Допаѓања:
    25.733
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се пријавам до сега со добра свекрва. Има маани , ама и јас ги имам. Знае дека несакам никој да ми се качува на спрат кога не сум дома( она и самата вика што има да се качувам кога не сте дома). Може дека од сам старт сум ставила некоја граница за некои работи и океј си е. Од девер ми девојчето е малце радознало и сака се да фати и чепне, ама и на неа и објаснив и на свекрва и кажав кога доагааат да не ми се качуваат горе.
    Кога собирала алишта кај неа здиплени стојат и ќе ми каже еве здиплени се стај си кај тебе ( ова кога бевме период од 1 месец заедно), никад не влегле во соба пред да слушнат да слободно влези. Готви за сите, свекор ми вика само вие бидете здрави, живи и да работите а бабичка за сите ќе готви.
     
    На Anyshka, Skorpija25, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  19. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Знам дека има неразбрани свекрви ама да пробаш прво со убо да и кажиш.
    А за овие советите да остајш секси играчки и таквимити работи (читам често се советува) незнам шо да речам демек свекрвата ќе се запрепасти аман бе.
    Еве јас уште малку ќе бидам свекрва шо се вели а од кога имам вибратор ее и то мажотми ми го купи.:$
     
    На ALISA0000, Tanjamm и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    18.977
    Пол:
    Женски
    :rofl: И свекрвата била млада некогаш. ;)
     
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.