Да, ама ако е компромисот од двете страни. А не да те контолира и ти да немаш право на избор за сопствен живот. Имаат и такви како ќе ти свири така ќе играш.
Да си гледаат, чепкаат и средуваат во просториите кадешто живеат и да не се секираат дали на снаата гаките се испрани или не.
И кога не разбираат, што? Вие си се нервирате тие си тераат по нивно. Затоа ако не можете да терате таков живот имајте си ваш клуч од стан а не од соба.
Што ако не е соба туку цел спрат за којшто сме потрошиле еден куп пари од карабина да го средиме со се'? Што ако нема потреба (живееме во странство на пр.) или можност за стан? Што ако свекрвата дошла како снаа во таа куќа направена од свекор и? Золвите се откажале од нивниот дел и и оставиле се' . Автоматски таа е газдарица и може да прави што сака? Точно, најубаво е во посебен стан но не секогаш тоа е единствениот и најдобар избор во економска гледна точка. Ете, има синови кои не планираат да ја остават куќата за да може мајка му да се шири. Има и такви што сакаат да се грижат за родителите. Пред да осудите некој зошто не купил стан, па посебно во Македонија, сфатете дека има и други ситуации во животот. А дека свекрвата има право да и ровари на снаата по спална не може да се оправда со тоа дека не се разбира или дека и дошла во куќа па има право да чепка кадешто ќе посака.
Па изгледа свекрва и тера јаки политики. Читав кува таа, сигурно затоа што сака да ја има куњата под контрола и тн.. Тоа е мое мислење, не ми се верува дека од ќејф на снајката ќе и кува. Па исто и за алиштата, голема работа да се стават во машината, големо замарање е.. И ние како снајки не бараме многу, бар општа култура да се има. И јас не можам свекрвами како мајка да ја сакам ниту па таа мене ко ќерка.
Еве да се пожалам, бебуш 3 месеци, примаше вакцина и има реакција од истата со плачење и не може да се смири, ни на града не сака и единствен коментар и е требаше да биде научено на цуцла и одма ќе се смиреше, секое кенкање истото го вергла а бебуш не сака цуцла ни за жива глава. И само праи споредби со внук и од ќерка и. Дојдов само да се пожалам, да ми олесни.
Не ја разбра Мила, како што читнав не живеат заедно свекрва и и праќа зготвено за ручек... Ехеее камоли да ми праќаа и мене уште ако не и даваат пари за намирници ете ги плус 10.000ки на месец. Пуна капа
Има секакви случаи ама ако сакате мир решението е тоа. Треба да сте свесни дека во заедница се живее така. Има многу жени кои бегаат во старт, па ни свекрва лоша ни снаа. Одделно живееме, ни праќа ручек. И кува по кеиф, некогаш за мене специјален ручек ако не јадам од нивниот.
Речи, си ги погодила луѓето, не дека те сакаат. Претпоставувам дека се од оние ретки кои било која да е, штом син и ја одбрал, на нив им е арна. Ако не, ти можеш да си златна, ни ќе те сакаат, ни ќе те расправаат
Во случајот си се погодиле и снаата и свекрвата и браво за нив. Не малку имаме читано како несакаат снаите да им готват свекрвите или да им исперат алишта. Па имав и читано како и нејќат да одат на ручек кај свекрвите. По мое ако сакаше свекрами да ми готви ее ко шо одам на работа до 16ч. ќе ми беше многу мило, времето ќе го користев за децата (ама нејќеше иако во иста ќуќа и неоди на работа), ама нема проблем си се научив и така. Сакам да кажам дека мана секако можиме да најдиме работата е согласување да има. и покрај тоа што можиме забелешки да имаме да го извлечиме најдоброто прво за нас.
Бре да не може човек позитивно нешто да каже на темава. Кога вика некој се осеќа сакано, значи така е. Не мора убедувања спротивно.
Гајле ми е. Туку ти 100 пати повтори, па излезе ти овде најарна, другите се жалат, а они несакани биле.
Јас вчера мојава ја начекав како ми ги брои парите во новчаник. Кога ме виде од памет се извади, почна да се вади, ама немаш каде ко ќе те фатат со раката во теглата со медот Не и фаќам кусури, склеротична е мојава, ама од сега новчаникот под перница ќе си го чувам. Не за друго ќе ми погуби картички, лична карта, се живо имам таму, после ќе треба да ја утепам. А ја прашувам: жити мајка што правиш? Она: еве да видам уште колку пари имаш до крај на месец Викам: немам ич, дај некој динар Ко попарена си отиде
Ти знаеш дали се погодени луѓето или ја сакаат. Жената убаво си објасни. и јас разбирам многу добро @MilaSs12 ист случај сум со свекрвата, не живееме заедно, не се меша во ништо, помага колку може дури и повеќе од што може. Меѓусебна почит имаме, кога има спротивно мислење си го кажува и завршува со: вие си знаете, како ви е убаво така! Нема да те разберат многу луѓе, реткост е ова што го имаме ние. Едит: на почеток живеевме заедно една година пред да се преселиме и се скарав јас со комшијата и му се качи после мојава свекрва зошто ми се дерел, да не му се повтори…