Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски
    Од сабајле преку телефон успеа живци да ми искине. 100 пати кажав имаме порачано за бебе работи од алиекспрес ќе стасаат дома Македонија оти тука нема да можи оти ќе си одиме. Е добро кажавме на свекор ми да провери дали има нешто во поштата и таа ,,за пари прашај ги за пари" се е платено и викам само да стаса треба на име на свекор ми. Денес стасало пратка море да си ги отвори и ми се јавува стасаа чорапчиња за бебе. Косава ми се крена. Што ако сум порачала нешто друго што не треба да го види значи ни ми плаќаш ни ништо само на твое име стасува и онака ништо не порачува па да се мисли дали е нејзина пратка или не
     
    На Luna91, Осе, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    40.112
    Пол:
    Женски
    Што не си ѝ кажала дека долен веш за тебе си порачала, мош немало да го отвори
     
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    22.836
    Пол:
    Женски
    хахаха ти пушти некој динар ?
    Шала на страна, доколку жената е со дијагноза , повеќе страв да те фати што викаш за документите.
     
    На EuHenIa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    :rofl: Вака кога ке се фатите да се смее човек.
    Ни идеална ни најдобра сум. Ама додека живеевме 2 години заедно јас не фаќав кусури како што прават. Не ми се мешале воопшто во ништо.
    Да сум како некои ке се лутам што скоро се таа чистеше. И имам кажано ке поминам јас, таа слободна и ке исчисти самата. Вели гледај си дете. Или алишта ке испере се, наши на синко, мене не ми пречи ама непријатно ми е се да работи таа. Ама ни се жали, вели додека можам ке ви помагам колку можам.
    И на кафе одам кај неа и се допишувам секој ден.
    Ме нервираат простачки муабети дека свекрвата е лоша, а снаата цвеќенце. Има отров жени ама некогаш решението е да се одделат, не зашто некој ги мрази, туку затоа што имаат нереални очекувања од живот во заедница.
    Дете растеме по наше, кажуваат како правеле ама не наметнуваат. Цел стан средивме без никој ништо да каже. Ни вака ни онака.
    Ние две години, станот беше купен во градба а јас останав бремена непланирано.
    И кај мајка ми кога бев можам да кажам што се ми сметало, ехе.
     
    На Anturium, Ivan4e04, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски

    Ич не ми ни текна на тоа ај си реков нема до таму да замине да отвара ама не бе брате нема разбирачка уште му рекла на свекор ми ти стаса пратка ќе ја отворам па нека се лута ако сака. Да речам ќеф и е за бебе ама не неможам прати 2 комплетчиња и 2 хеланчиња за бебе комлетчињата по долги за во лето а хеланките за 2 години да не се смалеле
     
    На buba4e89, Ladybug98 и forumce им се допаѓа ова.
  6. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека немаше да го отвори? :rofl::rofl:
     
    На Осе и KittyCat:) им се допаѓа ова.
  7. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски

    Јас се си мислам дека ќе отвори и ќе речи ами да видам какви си порачала и овде има исти зошто да порачуваш ќе ти купев. За се што имам порачано така вика
     
    На Luna91, Осе и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Па ако знаеш дека така прави што нарачуваш до мк?
    Нека додека си на одмор не морало да нарачуваш или требаше комшиите да ги замолиш таму да ти ги приберат нарачките.
    Јас тука на една додека беше на одмор и ги собирав јас, кога се врати и ги дадов.

    Сега ќе те гледа колку си потрошила ова она. :D:D

    Абе сите се исти, како во една школа да оделе сите заедно...
    Не знам дали е мајка природа ова чудо ќе беше до толку сите да се исти во сѐ ама во сѐ..:drunk:
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски


    Не сум на одмор живеам Малта ама ќе се враќаме Македонија па за кога ќе стасаме да стасаат и пратките дека 3м се чека. Од сега кај баба ми ќе си порачувам таа барем знам нема да ми отвори
     
    На Martka, buba4e89 и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  10. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Знам дека живееш Малта не знаев дека ќе напушташ.
    Е така нарачувај некаде друго, ќе мрднеш од памет така се ќе ти погледува, љубопитна е. 8-|
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски

    Памет за друг пат ми е (facepalm):rofl:
     
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Со неа ќе живеете?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.202
    Пол:
    Женски
    Баш во друга тема пишував за безобразлукот, луѓе без осет и кои самите си даваат многу слобода па овде да продолжам. Никогаш нема да можам да ги сфатам затоа што тие 10 дена кога сум кај нив ако слушнам дека се бања некој не излегувам од соба да не го затекнам во бањарка низ ходник, таа насабајле ако не слушне дека сме будни и разговараме со мм ќе дојде ќе тропне првин на врата и ако и речеш Кажии, таа одма влегува (не со лоша намера туку од не култура) да те праша што сакаш за појадок(и одговараш со кажи, а не со влези). Алиштата ми стојат во куфер и сите што ми се за перење ги ставам во посебно ќесе па кога си одам назад си ги перам дома, отидов на 2 дена кај моите да спијам и во меѓувреме ми ги ставила сите алишта за перење и во сушара. Кај ми буричкала па и уште не знае да ја користи сушарата на мм сите маици му ги скуси. Ти молчи оти и да кажеш нема да те разберат зошто се лутиш, на нив им е тоа се нормално.
    Сега сум пред пораѓај тие решија дека ќе ни дојдат 3 недели на гости, без никој да ги повика. Врата отворена да, ама не во овој период. Јас работа прекинав дека ми е тешко и не можам да бидам активна цел ден за гости да пречекувам. Не те прашуваат ти што планови имаш, дали можеш/неможеш. Они одморот да го искористеле, иначе шо ќе прават цело лето дома. Јас наместо еднаш или ниеднаш да готвам за мене и мм, сега три пати. Не е еден ден за да можеш да си дозволам да нарачувам, и се разбира би ги пречекала и би готвела како и таа за нас ама во оваа ситуација не. Веќе не можам ни да се движам многу, а навечер пред тв сакам да лежам на жешково на гаќи. Сега неможеш ни да легнеш ни ништо, закован седејќи од незгодно, а ти трпи болки во грбот и нозете отечени дека незгодно ќе ти биде пред нив. Ми се плаче додека пишувам, искрено..
    Мм е на работа, јас со нив ќе бидам по цел ден. Па уште сега почнаа желбите за на гости да ги носиме кај внука им(не била далеку, провериле на 100км.била), потоа кај друга братучедка да отишле еден ден, па на море да сме ги носеле(150км). Тука веќе на мм му реков да им рече дека јас на крај на бременост да се шетам од сабајле до вечер и да возам по 300км. дневно, нема. Ако сакаат да одат на гости нека дојдат да ги земат, а за шетање треба да се свесни оти не можам да ги шетам овој период. Цело време ме прашуваат што да ми донеле и јас прво ништо, потоа ми текна на слатко од смокви викам донеси една тегла ако најдеш од негде и испадна дека они без куфери ќе идат и немале место. А сто пати ме праша претходно што да ми донесе.
    Како јагодка на шлагот откако се резервираа карти, се договори се на свекорот му текна и вика Леле сега и вас ќе ве ставаме во трошок, не требаше да идеме. Свеки: еее каков трошок, ние сами си купивме карти не ни ги купија тие па да имаат трошок. Не бе, уште карти да ти купам, не те викнав јас ти сама рече ќе дојдеме. Каков трошок, периодот кога ни се собраа давачки за мајстори по кола, бебе, нов стан и уредување, заболекари не ни пречи уште 1000ка и за вас да истрошам (ако некој ме праша воопшто дали ги имам). Битно им текна, само многу рано.
     
    На Anyshka, hello-kitty.90, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски

    Да добри 6месеци дури да заминеме Германија:@
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Ааааа да важи, за тоа ич не е склеротична :rofl:
    Нека е жива и здрава, ама некад од такт знае да ме извади
     
    На tina2018 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Едно куферче да зеле да донесат нешто од мкд, мн стиснати тие. Сами треба да им текне, сите што сме во странство сме носталгични за одредени работи што ги има во Мкд само. А па и кај бремена жена одат и немало место.

    Мојата свекрва си имаше план да иде кога ми беше терминот да се породам и поради карантините тоа не беше можно. Ама од денешен аспект среќа што не дојде, и моја и нејзина оти со оглед на околностите имаше да ја отерам.
    И пред пораѓај а и после комоција и приватност треба најмногу и фали уште свекор да ти се тупне.
    Јас како што шетав расцицлена, па се измолзував... Не можам да замислам да имав трета особа да ми се мота...

    Ама кој е компромисот во случајов жити се ? Немој со аргумент дека е нивна куќа... Кај и да си, дали си на гости за викенд кај некој, дали живеете заедно, постојат некои манири.
    Постои компромис за тоа кој ќе мие садови кој ќе усисава, ама кој компромис молим те за роварење низ туѓи соби и плакари??

    Точно е тоа за да имаш мир оддели се (иако и во овој случај може да го немаш) ама ако поради било кои причини живеат заедно се почитува туѓа приватност. А тоа значи да не ти влегува во спална, да не чепка твои работи без дозвола, кога идат твои гости да не ти се тупнува на маса ако не ја поканиш итн...Спротивното од ова е само простоќа, злоба и некултура, 200 пати нека е нејзина куќата.

    Те читав дека си во супер однос со твојата свекрва, има и такви случаеви, познавам и јас. Ама ќе се сложам со некои членки дека веќе станаа излишни твоите коментари, на сите ни е јасно дека може да има супер однос со свекрва но темава е за оние кои немаат.
     
    Последна измена од модератор: 23 јули 2021
    На Anyshka, cresa-jagoda, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  17. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Не можев да се воздржам да не ти реплицирам на постов. Која е поентата и логиката на напишаното. Тоа што е болдирано. Онака читам и не ми е јасно. Па која фаќа кусур за тоа?
    Не е некоја доблест твоја, никој нема да се жали кога ќе има разбрани свекор и свекрва.

    Жениве се жалат од конкретни проблеми ти упорно им пишуваш дека се они криви што не им се погодиле разумни луѓе.
    Или јас погрешно сфаќам или не знам што е:?:
     
    На Anyshka, Zumbulche, mKdevojce и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.202
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум барала ништо ни да ми праќаат ни да ми носат, сега сто пати ме прашаа и баш затоа што сум бремена и порачав.
    Незнам како да се помирам вистина. Ме следува тежок период наместо да си уживам во последните денови од бременоста. Се трудам да најдам нешто позитивно на ова ама нема, тек кога ќе дојдат може ќе сфатат дека грешка период избрале. Кога ќе замислам дека наутро наместо да појадувам лежејќи со серија треба да станам да спремам појадок, да седам со прибрани нозе и по цел ден со прслук и едвај да го чекам мм да си дојде оти цел ден со нив 3 недели ќе ми биде ептен забавно.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    40.112
    Пол:
    Женски
    Кажи му на маж ти да им пренесе дека нема да можеш да им готвиш секој ден три пати, нека се снаоѓат они или нека си готват сами. Што се секираш па ти. Мош па она на тебе ќе ти готви. Не си стварај пред време нервози
     
    На cresa-jagoda, Luminary, elenaklasik и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Штом не и смета свекрва и да и ги пере алиштата при тоа од односи што имала па вешот да и го пере што очекуваш повеќе? Ова ти е типичен човек кога ќе се понуди да сработи нешто е со мисла дај боже да ми кажат ништо да не пипам е затоа и одговара, а на повеќето не ни одговара. Не размислила дека не и дава да чисти и средува зошто можеби не и се свиѓало предходно како исчистила, а не од љубов да и каже да не пипа ништо. Од тоа што свекрвата ќе ја средува куќата и ќе влага сегде и ќе чепка и се ќе знае.
     
    На Anyshka, mKdevojce и Осе им се допаѓа ова.