1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    А зошто мора да спремаш појадок? Покажи им го фрижидерот, фурната и плотната, не се мали деца да не знаат да си направат за јадење. Ти пак пуштај си серии и лежи си. Во свој дом да се устручавам. Маж ти нека им спрема од вечер, ако до тоа е дојдена работата. Не мораш ни оправдување да си бараш, со оглед на твојата ситуација. Ем тупосани, непоканети, ем слуга да изиграваш. Башка, да се твои родители, па ајде, туку негови се, нека си се грижи маж ти.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    5.645
    Ако можел мажот нешто да направи, можел да каже дека не е погоден момент сега за гости. Ама мажите многу им е гајле, тој од јутра до сутра ќе биде надвор па жена му ќе ги пречека мама и тате нели.
    И не не можеш да ја имаш таа комоција дома кога си сам и со други луѓе, значи едноставно невозможно е ти да дигнеш нозе на кревет а они да седат до тебе на столче.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Дали сте се нашле во ситуација, свекрвата да ви прави проблем околу одењето кај роднини?
    Од кога замина мм за странство, јас престанав да се замарам толку со одење по роднини затоа што ем се големи жештини ем сум трудна ем немам кола дома.Така да кој како ке дојде ќе му отидам. Кај децата од братот на свеки не одам а одев не константно меѓутоа знаев да појдам,(женети/мажени се со мали деца) затоа што од кога сум дојдена во оваа куќа они се само 2пати дојдени. Е сега се поткачивме со свеки запнала да одиме па да одиме, реков оди јас не одам не знам како не сфаќаш, викам имаш и ти куќа нека дојдат а они,а свеки моја ја преправа цела приказна па уште ја слушам на золвето како и вика јас не можам вака да живеам ќе пукнам. што ќе пукнеш бе жено, кога несакам да одам негде неможеш со сила да ме натераш. Јас ќе трчам а некој нема ни да се свести да крене телефон да праша како си жива си. Па уште згора на тоа запнала треба да живеете треба да живеете, викам да јас ќе трчам а некој ладнокрвно ќе измислува причини за да не дојде.
    Јас и кажав тебе ти е отворен патот можеш да одиш, викам до вчера све и свешто збореше за снаата каква била ова она не идела нигде не примала луѓе многу,сега викам најдобри другарки сте. И реков,не ми смета затоа што не зависам од нив ниту пак они зависат од нас. Не разбира изгледа, мора јас сегде ко дара и мара да се водам со неа.
    Ја појди негде она по мене, ја појди кај кумата она по мене одма,ја до комшии она по мене.
    Не знам кај згрешив на господ.
    Ама така убаво и се извикав, тешко ми е затоа што никогаш на постар човек несакам да повишам тон,ама ова стана неподносливо од кога замина мм за странство.
    И само се шушка со ќеркаи, само нешто коваат зад грб. Ќе ми дојдат бубачките,ќе плеснам све у лице и ќе си заминам дефинитивно.
    А сакам да разговарам и со мм денес, се да му кажам. Само не знам како ќе ме разбере пошо нели мамичка е во прашање.
     
    На Anyshka, ALISA0000, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Оти се замараш со небитни работи како одење кај братот на свекрвата?
    И не се замарај ич што зборела зад грб, тотално небитно :)
    Нека си живее така ако сака, во 21ви век со некои 16ти братучеди на мажот баш и не морам да сум френдли.
     
    На cresa-jagoda, Martka, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Кај нив на гости, си кревам нозе ако ми се креваат, не па дома да сум. Имаш луѓе кои се устручуваат, имаш луѓе на кои им е гајле, епа ја сум од вторите. Не па да бидам во деликатна ситуација, каде треба да лежам и одмарам. Си патиме од ќутење и прилагодување на туѓи желби и барања, после друг ни е крив.
    Туку што викаш, тој маж и е за ќотек:)
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    1ви братучеди се на мм. Сакам да кажам наметнува многу работи а после ја преправа приказната, и она испаѓа жртва. Не сум дете не може да ме замајува до толку.
    А тоа шо само се јадат гомна дека све нешто се сменило во куќава золвето алудира цело време нешто на мене, допрва ќе ме дознае која сум и што сум.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Затоа што така сум учена и воспитана од дома. Да се моите родители нема да ми биде срам да и кажам оди спремај си ако ти се јаде и да се шетам со цицки до колена со брадавиците напред :) мада моите рекоа дури од кога ќе си фатиме ред со бебе они може да дојдат да не видат, сега да не сметаат ама тоа е друга тема. И од што ги знам какви се муабетот ќе биде, ех сега еве блиску сме да можевме таму да отидеме, тоа да правиме и јас или ќе си се полнам нервози и ќе си ќутам каква што сум или некој хормон ќе избие па голема ќе стане. Мм е среќен дека ќе дојдат неговите и не размислува од моја страна оти до вчера исто како да не бев бремена.
    Да не кажувам дека предложи и внук му да го земат со нив (9 години) дека на распуст е па да се прошетал. Во исто време и мајка му е бремена и тука ми пукна филмот и му реков не може неа да ја ослободиш од обврски и да си ужива, а јас на крај на бременоста да се расправам со син и. Она ќе го пуштеше, не се замара воопшто. Свеки се јави дека ќе извадат карта и за него и реков нека размислат малку оти една температура да качи јас сум единствената што може да го носи по болници заради јазик, а не ми е план тоа да правам, плус не е делен од дома и не се два дена за да може да ги издржи и после демек размислија да, во право си.
     
    На Anyshka, hello-kitty.90, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Ама она може да глуми жртва за се, не само за братучедите на мажот. Зошто и придаваш значење?
    Како воопшто ти влијае на животот што она збори со золвата и се жали?
    И брат да му е, не братучед, сигурно нема сама без маж да идам таму што барам.
    А тебе убаво ти рекоа, оди си кај твоите, зошто седиш кај свекрва кога маж ти не е тука?
     
    На cresa-jagoda, baby-star, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    18.977
    Пол:
    Женски
    Еве погоре една се жалеше свеквата завеси и сменила без да праша. Алишта од куфер и средила. На друга пратка и отворила.
    Врти наназад да видиш за што се се жалат.
    Отишле во заедница да живеат и мислат се ке е по нивно. Тоа е заедница, значи живееш заедно.
    :rofl: Гревче си жено.
    Јас во гаќи не свршувам, ни маж ми.
     
    На baby-star, mssuniquee и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  10. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.438
    Па мислам ова е релативна работа. Со многу особи со кои што сум зборела не им смета, како бонус си го сфаќаат. Мене да, не само за веш, општо не сакам да ми се префаќаат работи, во однос на приватност и уште повеќе да не треба да го барам после нештото.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    474

    При крајот на бременоста и на почетокот кога се роди бебче е неподносливо да живееш со свекор и свекрва. Беше мн топло а мене ми беше незгодно да одам разголена, после раѓањето крварење, доење, хормони а не можеш да се опуштиш. Поминав низ сето тоа, но сега веќе не живееме фала богу
     
    На Anyshka, Осе и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.406
    Бидејќи си, популарно кажано, already fucked, разговарај со маж ти и ова што го пишуваш на форумот, слободно во секоја црта и контекст да го пренесеш.
    Убаво што се радува на неговите родители, но кога таа радост не е обострана, тогаш сам нека си се сноси со обврските.
    Не е до воспитувањето, таа фина и културна страна што ја носиш во тебе, некој ден скапо ќе те чини. Говорам општо, во било кој сегмент во твојот живот. Штом они се дрзнуваат да доаѓаат, непоканети, па згора на се, уште внукот да ти го тупосаат, биди и ти безобразна. Како за тебе, така и ти за нив. Не за друго, нема да им текне повторно. Јас на твое место, би правела се, само да зборат по комшии, каква јадна снаа имаат:)
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.438
    И според тебе не треба да се жалат за ова? Ако ова не е причина да се пожалиш....
    Не ми се верува, мислеле дека ќе е по нивно. Па да за мој куфер по мое ќе биде, отварање туѓа пратка чија работа е? Па и завеси менување. Сите овие работи се пикање нос кај што не му е местото и пак ќе повторам некултура и простотија.
    Како да не ти е јасен поимот приватност.
    Да заедница е живееш заедно ама почитуваш личен простор и ствари!!!!
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Watermelon96 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Како воопшто дозволувате за вакви глупави работи да трпите нервоза.
    Маж ми не може да ми кажува и да ми се лути ако не сакам да одам некаде а не свекрва.
    Се додека се мажите за свекрвите и за цела цела фамилија а не за мажот ке си патите од вакви затуцани муабети.
     
    На cresa-jagoda, Skorpija25, bibiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Џабе е веќе се и да разговарам со него отворено тие пак ќе дојдат, тој пак ќе оди на работа по цел ден(па и смената му е погодена од 9 до 6). Ќе видиме што ќе се дешава ќе си имам забава деновиве, сигурно ќе ме читате овде пак :)
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Фала богу не сум се омажила за неа. Само сакав да слушнам мислење.
     
  17. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Па шознам не би се замарала за свекрвата вака, ако заслужила ке има почит од мене ако не ја ставам на игнор и нема ни да си дозволи да замара со вакви работи.
    Мајка не се осудила да ме замара за вакви работи ко божем дете сум а не па она.
    Поставување јасни граници на кој до каде му е место.
     
    На Luna91 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  18. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Јас те разбирам комплетно за ова што го пишуваш дека нема да си раат. И јас сум таква, ако дојде некој да отседи ден два, трчам што се вика вода да им носам насекое. Не можеш да се затвориш во соба и да им кажеш прајте вие што сакате сега, те сфаќам, ни мене не ми е комотно ич тоа. Башка што јас стварно сум навикната сама со маж ми и тие два дена ми се тешко да трпам друг.

    Само не знам како толку без осет се да идат да замараат кога си при крај со бременост, па и ептен долг период пази, цели три недели. Ај да било недела бар. И ти немало што да се мешаш, али маж ти требало да реагира и да не им дозволи да идат, зашто ајде тој да бил исто на одмор, али не е фер ти да ги чуваш нив по цел ден дур он оди на работа. Мислам дека требало да е свесен за тој дел.

    Поддршка само, лесна ти душа кога ќе дојдат, да ги издржиш побрзо тие цели 21 ден. :D
     
    На Luna91, Осе и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Да меѓутоа она не знае изгледа.
    Јас што и да направам сум крива.
    Едноставно кога живеам веќе овде, барем имај едно ако ништо др почитување како кон комшија немора како кон снаа а не да ми се прајш лизно мазно а позади да ми го копаш гробот. Пошо зидовиве се тенки и све се слуша. А јас сум таков човек што не трпи неправда, едноставно ме боли кога некој нешто ќе каже за мене погрешно а не се гледа себеси во огледало.
    Не знам просто е, таков човек сум . Почитувам покрај се,толерирам некогаш,допринесувам и ваму да ми го ебеш мозокот секој ден а да мислиш дека не знам или не слушам тоа е ... крајно безобразно да речам.
     
    На Skorpija25 и Осе им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    18.977
    Пол:
    Женски
    Затоа си има опција да живееш сам. Така ке скратиш многу нервози.
    Една кажа спрат дигнале над куќата на свекор и свекрва, тоа е исто како заедница.
    Само на жалење останува, како и да кажеш речеш, ако некој е терсене некултурен и си тера по свое, како мислиш да го смениш?
    Една кажа заклучила спална они нашле клуч и пак влегле. Како да се докажеш со такви луѓе?

    Тоа е менталитет и не се искоренува. Не можеш да смениш некого на 50 и кусур години.

    Пак ке речам, друг се што ке ми заврши мене ми е добредојдено. На некои им пречи.