Бремена си не дозволувај да се полниш нервози. Ке ти требаат нерви и те како од кога ке дојде бебе. Ке му кажеш на маж ти да си реши со неа оти него му е мајка не тебе. Добар ден, здраво, чао и си одиш во соба. Тоа шо она зборува со ќерка и е нејзин проблем не твој па макар да било и за тебе.
Ааааа и тоа што седам у соба почнало да им смета Имав пишано во др тема дека додека спиев под клима многу сум се научила под клима да спијам, наместо да се заштедело. Абе на луѓе со такво размислување, да не речам ептен селско не знам уште што ќе им текне да кажат.
Не де како ни добиеното што не ти тече на гаќи никогаш. Кажи си дека ти одговара да си мислиш дека свекрва ти те сака. Уствари можеби и се имаш направено за свекрва ти да работи а ти да легачиш. Има многу снаи како тебе што се упикуваат и само се смешкаат, а свекрвата преќутува и ти оди по газот. Ти треба да се засрамиш и да си ја чукнеш главата некоја иста ваква на мајка и да и се погоди снаа. Сигурна сум дека ќе ја оговараше во друга тема снаата
Ти нели некни золвата си ја оговараше во друга тема? Ај прочитај си го постот пак и размисли дали треба да си дозволуваш да му зборуваш на некој да се засрами? И тоа затоа што не кажа членката буквално ништо лошо за свекрвата? Тука некои сте само отрови да ширите, мака ви е што некој не зборувал како сте сакале?
Е ти па без осет. После можеш да ги замислиш кога ќе се вратат на работа со колешките како ќе се фалат која каде била, па свеки кога ќе рече дека кај снаа и дури во странство знаеш што ќе биде. Штета само што ќе неможам да ги носам и на море и на гости кај роднините. Некогаш вака да ги викав да дојдат, да ми требаа за нешто дали ќе дојдеа. Wish me luck
Кога ке истече на гаќи одма ги заперувам, многу логично. Ни дома сега сама кога сум не ги оставам да смрдат. Од тебе прочитавме доста на темата снаи золви и останати роднини. Оперирана си од срам.
Јас еве 4 години живеам во заедница, до пред некој месец и на ист спрат, па никој не се дрзна да ми отвори писмо или пратка. До луѓето е. Мојава денес дојде, застана на сред соба демек ме муабети, а врти со очињата разгледува наоколу што имам. А можеби гледала и прашината дали ми е избришана. Што требаше да направам, да и ги извадам?
Епа пак ти дојде на нашето. Јас прво споделив мислење дека за да има мир колку подалеку толку поубаво. Со тоа мислев близината си гоправи своето и колку и да се почитуваш ќе има кавги и префрлање. А колку подалеку толку поубаво и почитта ќе биде поголема. Но ти одма напиша нападенн коментар спрема мене дека ни ја не сум нешто поарна што така мислам. Значи сите ние членкиве не сме арни само ти испадна добра. Не ти требаше таков коментар бидејќи никого на форумов не познаваш и не можеш да проценуваш туку така луѓе. Сите ние знаеме што и како е кога си сам а кога си во заедница. Не зборуваме на памет. Толку од мене.
Е нема потреба ама како бе таа да не знае !? М ? Нема ноќи спиено. Порано ,снаата не смеела збор да каже ,и тие за се ќутеле па сега мислат дека и ние треба така. Ако убаво се сеќавам вие ја викавте да дојде за да ти помага со бебе ? Да.. и мене така "ме сакаше" ќе си седеше само кај неа ,немаше да се меша за ништо ,да готвела таа јас на работа сум одела секако цел ден уште кога се вратам да готвам. После останав дома два месеци и ќе направам нешто јас- не јаде ,може се плашеше да не ја отрујам . Видов дека така прави па не готвев. Јадевме од нејзиното за оп кога и се спротиставив околу бебето нешто да ми рече гостинка дека сум била. Кога кажав не готвам гледам не јадеш да ме направи ненормална. Моите јадења биле без сол и не лутеле. Кажи и цуцлата штети на забите ,а и бебето плаче дека сум нервозна. (И дај му малку парацетамол) Е уште ова не ми се десило... И мене се што е на мое име "поштарот го донел отворено" Ама овие од Али експрес безобразни како го пакуваат ептен ќе се знае дека отворила Ама затоа не се устручава да праша а што стигна од Кина?? Ќе си кажеш дека не си способна да ги гоштеваш ,запознај ги со кујната и нека си готват. Кога ти се спие ќе си легнеш и ич да не те боли. Возење со закон за времето дека ти е ,ако сакаат бусот и чао Значи ЗАЕДНО ,ама заедно и свекрвите живеат ,и ако јас можам да замижам на нешто на нешто треба и тие да замижат - тоа е компромис ,а ако само јас мижам тоа е попуштање
На име на свекор ми беше ама знаеа дека ќе стасауваат пратки на негово име му кажавме тие и онака не порачуваат нешто па да се чуди дали е нејзино или наше
Ако успееш да не обрнуваш внимание ќе си олесниш. Мајка ми со внукот ( на сестра ми детето) значи ме пууукна, а и свекрва свекор сите еве 10м скоро само споредби праат. По еднаш им спискав па ај уќуткаа ама стално мајками ме унедуваше како внук ми е растен во дубак и како сега син ми немало да научи да оди без дубак и паткање... зборот ми е ќе слушаш и допрва научи да не те тангира за да не се нервираш
[QUOTE="Осе, post: 5712350, Возење со закон за времето дека ти е ,ако сакаат бусот и чао [/QUOTE] Со закон забрането ,не за времето @Ladybug98
Те сфатив јас ,место Е ,и сум пишала . Ама не може неа на маса да и стои а таа да не знае што е ,нема да спие со месеци.
@Осе не бе живееме тука кај неа. Јас додека бев трудна си правев филмови дека ќе ми помага за бебче, ама кога се породив ме фукнаа хормоните во глава и 4 месеци едвај и го давав да го подржи малку. Бегав сама во соба се криев, ко ќе се сетам еј.. Сега олабавив малку на сите им го давам ама сепак е под моја контрола. Чудна мајка јас, еј некој се би дале да им го чуваат по цел ден..
Хаха барем не си била тука и на име на свекор ти. Замисли мене додека бев со нив пред мене ми ги отвораа работите на име на маж ми стигнати
Не си сама ,и јас таква бев (сум) само реалноста ми пукна шамар па одам на работа ,а таа ја чува. А јас трауми сум и правела ,плачела ќерка ми од мене Она повеќе ја сакала И требало да и ја оставам неа ,сосем да ја препуштам
Заедница не е спалната соба, заедница не е плакарот во спалната соба или куферот. Ниту поштата за друг не е заедница. Ако било заедница сите ќе спиеле во истата соба или алишта ќе ставале во плакарот. А да и поштата да била заедница ќе ги пишувало имињата на сите членови. Што не е твое не се чепка.
Па и јас ќе почнувам со работа за скоро па дедому ќе го чува, пошо свекрва ми работи. Кога се мора, мора. Да бе роди си го и фрли си го, што се чудни луѓево еј, како за други да раѓаме а не за себе. Помина нивниот воз, имаа и тие нека си ги гледаа.
Како издржуваш психички да останеш салам при вакви коментари?ја нервен слом ќе доживеам вака да ми зборат и ќе се исклукам диазапамчиња...нели те повредува вака да ти збори?