Фала богу дека ќе бидам зошто околу мене сум имала такви луѓе. Штом друг ти пере ти чисти ти готви и ред други работи не е од љубов или си усрала работа некоја и не и се свиѓа. Сигурно ако ти било убаво немало да се одселиш од кај нејзе. Тоа што не кажува е нејзино амо нека не труби дека е толку океј. За да биде океј треба една страна да попушти очигледно е дека свекрвата попушта. И да било толку фино убаво толкава љубов немало да си оди од таму напротив ако решила да си оди ќе си ја земела за дома. И да ќе ја оговарам золвата ако сакам впрочем форумот и за тоа е. Не ми е воопшто мака ама дека некоја ќе сака и дека е заљубена во снаата и ѕвезди дека и симнува очигледно дека се заебава некој и мајтап си игра.Полошо од тоа да бидеш реален за ситуацијата е да му се исмеваш на маката наместо да му помогнеш. Нема човек што ќути или ќе ти каже во лице дека му меташ или гробот ќе ти о копа од позади и ќе те колне.
А да ќе заборавев и уште нешто ако си ме прочитала добро за золвата кога имам зборено дека она на мајка и и на мене исто ни викаше не чепкајте ништо седете седете и после на мајка и и се дереше дека само седела и ништо не помагала. Фала богу дека јас си чистев кога беше на работа и не седев така, за да не ми го мавне еден ден по нос или пак да ме збори позади грб.
Ист случај и кај мене. Свекрва ми знаеше да рече ако си заморна седи јас ќе чистам. Но јас сепак чистев некогаш заедно, некогаш сама. И пак слушнав други муабети позади грб. А замисли да не чистев. Ко под исти калап да се сите правени.
Абе ако сакам цел ден ќе седам и никој-ништо не смеј да ми речи. Ако му смета на некој-нешто, нека стани сам нека си напрај.
Немам пиштол затоа Диазепам нит сум пиела ни ќе пијам ако не е Арна ете и нека пие ... Има денови сакам да и залепам една ѕвезди да брои- тогаш си се повлекувам во спална и ако треба цел ден нема да излезам (заради ова драмеше дека сум и ја забрануваат внука и ) И така ден по ден еве година скоро Ме повредува и тоа многу ,буквален нервен слом имав кога ми рече дека треба да и ја оставам неа и да ќутам што сака да и прави. .. со кршење со се. Дури два дена се повлече и пак исто...
Па затоа и викам дека толку голема љубов нема. Љубов ако има ниту позади грб ниту во фаца ќе ти каже, а сите добро знаеме како стојат работите нема потреба да се лажеме. Колку добро и да правиш пак нема да чиниш и маани ќе ти најдат.
Тоа е убавината на живеењето посебно. Во заедница се знае, се чисти, се готви, се прави се по договор. Плус едно е 3 члено семејство, друго е 5-7 члена. Ќе се чисти секој ден. Мене хаос ми е од едно дете, можам да замислам со уште 3-4 луѓе да живеам, ќе збеснам. Уште да ми лежи некој по цел ден.
Во право си и ти... Ама судејќи по тоа што и кај мајка бев иста, а и овде не сум баш по домаќинлукот, пак од мене зависи дали и кога ќе станам да исчистам нешто. Сите имаат раце и можат се' и сами.
Па тоа во заедница, малку потешко. Треба ептен некои мекотели да нагазиш, а такви, нема. Тогаш никако НЕ зависи ништо само од тебе.
Јас бев со помош после пораѓај и искрено повеќе нервоза имав. Со оглед на тоа дека ти влегла во соба и буричкала и кога ќе се породиш ќе ти ја гледа цицката и ќе ти кажува дека немаш млеко не влечело бебето и само нервози ќе имаш. Друга работа хормони до плафон треба да се грижиш за бебе ден ноќ да го научиш да разликува ќе се буди на 3 саата за јадење може грчеви ќе има итн немаш време да се замараш со нив а они ќе сакаат да го видат и ќе ти улетуваат. Најмал проблем се парите ќе се стиснеш ама таква нервозана почеток верувај не ти треба, разговарај со маж ти. Сама полесно ќе сватиш што му е на бебе и зошто плаче и поубаво ќе се поврзеш со него.
Не е за мекотели. Сите имаме различно мислење за тоа колку нешто треба да е чисто, колку често треба да се чисти итн.. Нема јас да чистам по туѓа желба, ако мене лично не ми смета.
Ама во заедница не се прашуваш САМО ТИ. Ако беше така, сите ќе сакаа заедници. И да, баш оти сите имаме различни мислења за сѐ, во заедница не се функционира така како што викаш ти.
Свекор ми многу ретко е дома, дали 4-5 дена во месецот и тој си умислува дека тие денови е на одмор. Обично тогаш одиме кај нив на ручек и се прави толкав хаос дека повеќе луѓе, што си викам фала и на таа виша сила што ме предомисли да живееме сами (имавме понуда да одиме кај нив кога се роди малиот). И тоа изгледа вака: Дај ми вода, стај ми салата, донеси уште една ракија, ова јадењето ти е многу солено, спремај ми алишта да се избањам... Од друга страна, мм ниеднаш ми нема кажано ништо, си станува и си врши работа. Свекор ми само посматра и знае да каже за другиот син дека е папучар, веројатно и за мм така збори пред други. И му реков пред сите на маса дека премногу наредби дава и свеки не може на маса да седне од него. Таа па го брани, жал и било, многу работел, нека одмори барем дома... И сето тоа го разбирам, и јас сакам да му угодувам на мм ама извини молим те, вода можеш сам да си земеш. Буквално слугинка. А после ми се жали брзала од работа ручек да направи, му перела алишта, па на крај и се развикал сила немала веќе. Ајде јас од жал бар садови после ручек ќе и измијам ама ако таа со маж и не може да се справи, како ли сите ние ќе се справувавме во заедница ако живеевме заедно? Ќе ме избркаа од втор ден. Дали е до годините веќе приметувам луѓето кога ќе поминат 30ка губат нерви. Јас во последно време ептен сум избувлива и немам трпение за ниедно ср*ње, си имам огромен ѕид околу мене и сум ладна со сите. Муабетите ми се општи, за времето, за пандемијата, за малиот општо, актуелни теми. Оговарања, кавги, доверување тајни одамна немам со никој освен маж ми и поубаво живеам. Ако ми фали нешто од тоа тука ми е форумот Од друга страна, имам блиска која скоро се породи, буквално само грижата за бебето е на нејзе, а се друго работи свекрвата. Не е воопшто среќна, ми се жали секој ден. Ниедна одлука не ја носи таа, секогаш зборот на свекор и свекрва се последни. И викам иселете се, не слушај, терај по свое ама не, платените сметки, храна, кров над глава се послатки. За ова некултурата ве читам, моментот кога ви отвориле писмо, пратка, ви дошле во соба без да тропнат итн. значи дека првиот пат кога се случило не сте изреагирале доволно бурно. Со такви нема со убаво, директ повишуваш тон. Тие ако разбираат со убаво, нема ни да ви чепнат во прво време. Срамота, каква некултура.
АМА АКО Е ЗАЕДНИЦА Јас сметам дека еднаш неделно е доволно усисавање, ако некој мисли дека треба секој ден да усисава, нема јас да го правам тоа оти таква му била желбата.
Ами и сега сум во заедница. Не сум сама. Маж ми и ќерка ми ако сакаат да чистат секој ден, нека чистат. Јас чистам ко шо знам јас.
Затоа особа како тебе (не мислам ништо лошо со ова, сите сме различни со различна перцепција за чисто/нечисто) не би преживеала во заедница Јас на пример така не можам да функционирам. Многу поедноставен ќе ми беше животот да можев и многу повеќе слободно време ќе имав.