Тешко на таа жена. Ама и сама си е виновна што така се поставила сите работат и сите се уморни што не и принесе он на нејзе да каже жено одмори се. Нервите не попуштаат после 30 мене и пред 30 ми попуштија живеејќи во заедница. И јас како тебе среќа што си отидов камо среќа да беше готов станот пред да се породам.
Јас ако сум сама, еднаш неделно ќе ми биде премногу чистење, оти никогаш не оставам расфрлани работи и со една шоља и едно лажиче и една виљушка, цел ден ќе го поминам. Пример... *За контраст, маж ми ко ќе се распостели да јади, вади по сто чинии и еден куп јутенсилс.
Оќе, вака од креветот и во НЕ ЗАЕДНИЦА, можеш да лапрдаш колку сакаш. Да ми го кажува ова некој што живее во ваков формат, ќе му верувам. На тебе, не.
Еве ти кажувам дека нема да исполнувам туѓи желби. Колкава сака нека е заедницата. Дали 3ца, дали 30мина.
Па сама си е крива и јас тоа и го кажувам кога се жали. Па и такви жени што трчаат по цел ден по маж и деца само за да се жалат колку се уморни И после доаѓа кај нас да лечи фрустрации, таму не смее да писне тука ќе ми кажува како треба да живееме.
Напорна си. НЕ Е ИСПОЛНУВАЊЕ ЖЕЛБИ. Едноставно, ДРУГ РАСПОРЕД има во стан со 3ца и во истиот тој стан со 5 луѓе. Ако разбираш... Ако не, не мораш.
Ти не разбираш. Дека јас метам еднаш неделно и кога метам можам и сама. Не мора никој да ми помага. Толку ќе добијат метење. Чинии се пушта машина, кога ќе прифали чинија, или лажица. Од прилика-на три дена. Толку ќе добијат миење садови.
Не, форумот не е за оговарање, претпоставки и предрасуди околу тоа кој како си го живее животот, уште помалку за омаловажување ако некој не ти одговорил тоа што ти посакуваш.
Ајде, ти обезбедиле живеалиште и сили се... Да не беше во таа ситуација којзнае која песна ќе ја пееше... Ама на форум јачење, најлесно е.
Е ова мене ми е студентско живеење ама битно е вие да функционирате. Инаку, не би рекла дека ова мислење е напишано од тебе, не очекував дека домаќинството зависи од тебе. Мене мајка ми секој ден листа со задачи ми оставаше на наткасната, ден денеска кога ќе видам ливче со нејзин ракопис ме потсеќа на тоа време, како казнета се осеќав. Кај нас организирано се чистеше барем 2 пати неделно ама 5 души бевме.
Сега за сега ни доаѓаат ако ги викнеме, и да, чистиме. Ама чисто е и без тоа, само средувам генерално.
Стварно не знам зошто ја трпиш. Зошто не си се спакуваш и не си заминеш. Ниедна мајка не заслужува ваков третман