1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Искрено на глава ми е качена се тоа да го вергла. Без осет.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Не знам ни јас ....
    Има од се по малку собрано во тоа да морам да седам...
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SecretName1

    SecretName1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Буквално ист однос имаат свекор ми и свекрва ми. Со разлика што таа им угодува уште и на јатрвата, деверот па и малите како што гледаат и тие наредби и даваат. Седи пример со столот до чешма, свекрвата на другиот крај, и бара чаша вода. Сите со обувки влегуваат дома, се жали не можела да доисчисти. Бевме на неколку дена, од таа причина синко не можев да го пуштам да лази, кичмата ме заболе од носење на раце. Додека беше помлада и бевме во врска со маж ми, секогаш кога ќе одев се беше чисто и на место, си викав јатрвата помага, 4 раце. Ама не било до тоа, сега постара и не може да постигне се па дома е жив хаос, ми се плаче кога треба да одиме кај нив од таа пуста нехигиена. Од грев и јас порано миев после ручек, ама сега со малово враце не можам ни тоа.
    А чим дојде кај мене одма наоѓа нешто да ми чистела, те прозорци, те фрижидер ќе ми средувала. Ми преместуваше украси, па кога виде дека ги враќам кај што биле, се откажа. Мислам дека лечат комплекси бидејќи немаат таква моќ дома. Ама немав нерви последно ко беше дојдена уште под хормони бев, немав сила да се расправам. За нареден пат знам како.
    Пред да доаѓа некој, макар што секојдневно се се чисти, се сакам да е на место, пак правам генералка. Макар тоа била сестра ми, мајка ми без разлика. Читав надолу дека си добивала задачи од мајка ти од секогаш. Исто и јас и сестра ми 2 пати неделно обавезно се бришеше, рибаше, метеше, а ние ги делевме обврските. Пропратно се пружеше облека, миење чинии се. Мислам дека тие навики од мали се прават.
    Е сега некој да ме врзе во иста куќа со свекорот и свекрвата, ќе избегам. Треба да си ист карактер да можеш да живееш така во хаос. Гледам по јатрвата, ич не и смета зошто е иста. Гледа само на готово да се најаде и толку. Единствено пружи облека од децата и тоа е, нема друга обврска. Епа на толку луѓе во една куќа, и наопаку да се превртиш, ако секој не пази и не помага, не можеш да постигнеш се да е чисто и средено.

    А за пратките гледам пишуваат погоре. И мене 2 пати ми се има случено, лични документи да ми отвори, кои стигнале кај нив, на стара адреса по лк се водевме таму, иако никогаш не сме живееле.

    Јас кога одам кај свекрвата не и се мешам, не сакам ни да ми се меша. Ама џабе со неразбрани луѓе, па не дај Боже да кажеш дека ти смета нешто, одма се лути.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    И јас метам и чистам подетално еднаш неделно, али двајца сме.
    Али ова со чиниите не можам да го разберам да миете на три дена. Па и сега во жешково да стојат така. Обавезно се мијат чиниите истиот ден, дали јас, дали маж ми, не е ова натпревар, али да ми стојат така несредени со денови, или кога ќе ми се истрошат лажиците, тоа несфатливо ми е.
     
    На cresa-jagoda и forumce им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Епа сите сме различни.
    То е...
     
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ми падна во очи ова со јатрва ти и свекрва ти..
    По ова дека и кај тебе дома така се понаша ,би заклучила дека уствари јатрва ти само се препуштиле ,како јас што се препуштив ,сеедно ми е дали ќе измие пример ,ако не измијам јас додека влегла во кујна ,иако претходно готвела или перела.
    Просто нема шанси да станам во 3 за да станам пред неа да укл машина. Или да го оставам бебето да плаче во креветчето за да измијам пред неа.

    Инаку @WildMk зависи кој доаѓа ,ако знам дека е некој што доаѓа мене да ме види сеедно ми е какво што е такво ќе најде. Ако знам дека доаѓа некој што го интересира само какво ми е средувам од корен ако треба ,чисто за инает :rofl::rofl:
     
    Последна измена: 24 јули 2021
    На WildMk и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  7. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Машина за миење садови не се полни кај нас од еден ручек, па чак и 3 оброци да се. Така да се случува да ги собирам и повеќе денови. Не гледам ништо лошо во ова :?:
    А да прашам вие што сте вработени и со 2 деца да речиме метите секој ден, бришите прашини, готвите и слично?
    Јас не. Не живеам со свекрва, чистам кога сакам и ако сакам. Тоа изгледа значи дека ни д од домаќинлук немам :doh:
     
    На azelea, WildMk и Осе им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.883
    Допаѓања:
    18.761
    Пол:
    Женски
    Можеби ке разбереш кога ке имаш дете.
    И јас ги собирам садовите во машина и на два три дена пуштам. Не правам планина од садови во садопер. На 60 степени ги пере машината.
     
    На WildMk, azelea и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Затоа и е темава, да се пожалиш, посоветуваш макар и онака само да си дискутираш за проблеми во однос снаа - свекрва. Секако дека никој од тука не може да реши нечиј проблем по ова прашање.

    Твоите постови имаа порака дека снаата не треба да се жали за ништо затоа што е во заедница. Макар и на глава да и се по****т. Заедница може да биде од различен тип и не секогаш значи дека е снаата дојдена на готово,но за да фунционира мора да има меѓусебно почитување и придонес на некаков начин. Исто и муабетот дека снаите не биле цвеќиња. Кога ќе се пожали некоја свекрва од снаата, тогаш ќе се дискутира за снаата како проблем. Боде очи тоа, јас сум добра и ме сакаат што индиректно значи дека членкиве не чинат а не ги знаеш лично. Или јас не се жалам за ништо и ме сакаат. Па сонот на секоја свекрва е покорна снашка секако.

    Да не ме сфатиш погрешно, немам ништо против тебе само сметам дека твоите постови се за во другата тема за задоволни снаа и свекрви. Нема потреба на сечиј пост оддели се, оддели се. Нека се издуваат жените барем, ако не можат друго да сменат.
     
    Последна измена: 24 јули 2021
    На Anyshka, elenaklasik, Moce19 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Има " плавење" т.е брза програма од 15мин што ги мие со вода и не мирисаат :)
     
  11. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Бравос, убаво ми кажа сега.

    Ќе се вратам да коментирам на форумов кога ќе ја остварам најбитната улога во животов.
     
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.883
    Допаѓања:
    18.761
    Пол:
    Женски
    Наместо да ги губат живците на битни и небитни работи, нека најдат решение.
    Човек не се менува на 50 и кусур години и во заедница никогаш нема да е идеално. Мене ми беше убаво, одличен соживот ама се одделивме за сите да дишеме слободно (иако никогаш не ни планиравме да живееме заедно).

    Најголем проблем кога снаата не е дојдена на готово е што ем пари дала ем си нема мир.

    Една членка кажуваше сака да е сама во двор со детето кога ке дојде од работа ама сите се спуштаав во двор кога ке е таму. Тоа е небитен проблем ама неа и смета. Кинеш живци ама нема да ги оправиш.
    Јас такво нешто не кажав. Твое е дали ке родиш, едно две три, ниедно. Ако не ти е најбитна улога мајка твое си е.
    Факт е дека со деца динмиката е друга. Ког ке видиш дека време никогаш не е доволно, ке разбереш дека немиени садови во машина не се крај на свет.
    Некои работат 8-4 додека да се вратат дома 5, а децата заспиваат во 9 просечно. Кога да се мази и игра со детето ако мие садови? И кога ке заспие што попрво да направи? Да одмори или да мие садови?
    Јас од дома почнав да работам и немам време за садови. Работам кога спие син ми и садовите ги редам во машина. Не знам како замислуваш дека изгледа кујна на една мајка.
     
    На DoubleK, azelea, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Дојде и на мене ред да пишам во темава. Имам свекрва од пеколот. Единствено нешто позитивно е што не ме замара со муабети ни пак ми се меша кога доаѓа некој. Амааа јас правам се. Од чистење до ручек до апсолутно се. Таа го фрла само ѓубрето. И често се дешава да побара јадење да направам ,јас ќе направам и потоа не јади ,измислува дека ја боли стомакот и ќе си направи нешто самата. Станува во 4 сабајле лупа треска значи се обратно прави. Дали за инает дали така и доаѓа не ми е ни гајле веќе. Маж ми е често на пат па јас се снаоѓам со се. Муабетот ми е , имала помош или не , не се замарам. Да ми бидат децата среќни и јас да сум одморена ми е побитно од тоа секој ден да е пуштена машината за садови или секој ден да собирам прашина и да метам/смукам.
     
    На tina2018, Brpbrp и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ти направи си јадење за да имаат децата да јадат, а она не е ни саката ни ништо, кога веќе не и го јаде јадењето, крај краева некогаш и надвор јадете ако имате опција па она нека се туфка низ дома. Роб да и бидеш на нејзе не може нека дојде син и да прави за јадење па нека оди на пат. Тоа со трескање врати нема осет не е од инат. Сестрата на мм така лупаше и трескаше врати т. е. до ден денес си е таква и кога оди се се тресе и лупа. :) Такви си се луѓето не можеш да ги смениш. И пак ќе и кажам гледај си ги децата на нив ништо да не им фали.
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.099
    Допаѓања:
    328.680
    Пол:
    Женски
    две имам и трето чекам :D
    шанси нема садови да оставам не измиени.5 мин раб е да наредам се во машина.После она сама си пере де :D
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, flower30 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Муабетиве ти се ту мач на темава. Едно е компромис, друго да лешинариш додека друг ти двори.

    за мене е незамисливо луѓе кои биле доволно возрасни да се одделат и да имаат дете, да чекаат јадење друг да им носи. Не е работата дали може и сака, туку дали е ок и до осет од наша страна. Чим имаш фамилија, ќе си се грижиш за неа.

    свекрвати знае колку и е ок :)
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.883
    Допаѓања:
    18.761
    Пол:
    Женски
    Тоа го зборам јас, ги редам во машина и ја пуштам на два три дена. Не стојат во садопер.

    Сме кажале многу пати, не сака, инсистира да прави. Не работи и сака да готви. Вели кај за нив и за нас ке прави.

    Не е дека лежев, сакав да делам се, ама таа инсистираше дека ког била млада имала куп обврски на нејзина глава и сака додека сме со неа да не размазува. Инсистирав ама таа кажа дека не и е проблем.
     
    Последна измена од модератор: 24 јули 2021
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    и мојава истото го збори, ама нема шанси да дозволам такво нешто. Здрави, прави, колку можеме ќе правиме. Ако треба јајца ќе јадеме секој ден.
    Бар пари за јадење им давате ли?
     
    На Anyshka, cresa-jagoda и Mnik им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.118
    Пол:
    Женски
    А што толку имаш ти очекувања пари за свадба да ти даде, да ти купува кога одиш кај неа, да ти прави јадење, да отвараш слободно фрижидер, а велиш идеш 2 пати месечно и затоа не сакаш ни кафе да свариш?
    Кога не нудиш ништо и не бараш ништо.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.132
    Не солам памет, искрено се прашувам. Што е толкав проблем ако сверквата, или свекорот или золвата, некој пат зготви ручек? Или пушти машина? Фамилија сте. За свои луѓе го прават тоа. Сè додека некој сам се нафати или понуди нешто да прави, go for it, зошто да не, нема да бидеш помалку или повеќе човек поради тоа. Само да не е наметнато или наредено.

    Туку нешто на што налетав деновиве...

    Screenshot_20210724-175032_Instagram.jpg
     
    На Skorpija25, Ivan4e04, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.