Морав да ти пишам за дубаков. Види шо направИја ееј, те учи да одиш. Ами замисли на скии да се качиме, одма ќе заскијаме. хаххахаахха Не верувај, дубакот е обична пластика за оставање на детето, мислам знаеш ама да повторам. Детето се учи спонтано да оди, тоа е процес. Како што со секојдневно зборување не учат одма, туку со текот на времето.
Тоа јасно ми е ама оди докажи им нив не им е јасно како ќе научело без дубак и уште се трудиш да им го објасниш процесот и после пак ми праќааѕ слики на вибер од дубаци " да не сме се премислиле, на станка малото само во дуба4е се возело"
Да ама јас правам јадење за мене и децата. Таа не јади мн раб. Не јади бибер,печурки,нз само какви зачини јадела и едно време додека правев тоа што јадиме,се јавила кај другиот син дека гладна била сме ја делеле. Патем има 74 години па можеш да замислиш. И сфаќам дека од навика лупа ама може соживот да покажи малце. Еднаш во нервоза реков си го земам бебево и си одам таа се изнасмеа и ми рече уште утре одете си. Живееме во мн голема куќа и буквално се е на мене. Не ми пречи тоа ама барем да не ми одмогнуваше...
Кога се породив со првото бебе бев сама, и многу крварев неможев да си правам јадење. А и син ми беше бебе што само плачи. Брв во мн голема депресија таа воопшто не ми помогна. Иако е постара мн е витална и одржана . Се што сака да прави е да шета. Значи нема да верубате ама ни еднаш не ми направи јадење. Нарачував и мајка ми ми носеше. И еве ме преживеав.
Хах не си инстистирала доволно. Неможе некој со сила да ти готви, а ти нејќеш. Па и уште посебни јадења правела зошто некои не си ги јадела. И мојава е ист случај, јас башка одам на работа во смени, ама несакам ручек да ни прави. Има разлика ние несакаме да ни прават свекрвите ручек, ти сакаш. И секој пат кога ќе понуди викам не. Крај, толку. Па нека направи ручек и нека го фрли. Ама кажи дека ти одговара да не даваш едно 5/6000 месечно за јадење, пс после кажувај колку е "лесно" да се одвоиш. Иначе да напоменам, не сум во заедница, пред да ти текне да ми го пишеш тоа.
Секако дека да. Таа инсистира дека не и е тешко туку дека сака. Долго време бевме во врска, таа е таква откако ја знам. Сака да ни е угодено се.
Даваме пари за јадење. Се разбира дека ми е мене полесно да готви друг. И сама би можела ама штом инсистира не ми пречи, добредојдено е.
Раатот надвор од таму, али да очекуваш и дека се тогаш ќе и се лоши нема да биде добро и ќе прави драми.
Не гледам проблем во односот на снаа и свекрва кај членката. Ама буквално никаков. Имаат одлична комуникација, функционираат подобро, него грото што пишува на темава. Си ја наредила. Уште згора се правда, ја не би. Толку.
Неразбирам зошто ви е чудно, еве јас ко ќе бидам свекрва дајбоже (ако ме држи овај ум) ќе им готвам зошто да не сигурно и занас ќе готвам па шо ќе ме кошта неразбирам е сега нормално ако сакаат а за пари или намирници боже сачувај тешки да имам . Јас ова од напара затоа што одам на работа по 10 саати и се сама помош никаква (па еве сите ми аплаудираат) и знам колку значи барем да неготвиш. И не снаата нема да биди готован кој чека од свекрвата тоа време би сакала да си го искористи за децата, за незе и мажот (за синми де) да си шетаат и уживаат.
Зошто луѓето треба да знаат да се осамосталат. Да знаат јадење даси зготват, да знаат финансиите да си и распоредат и да си имаат свој живот.
Бреее, ако ти зготви некој од твоја фамилија, па уште ако е за сите да ручате заедно, тоа значи не си осамостоен, не знаеш да готвиш, не знаеш со финансии... глупости. Ако имаш топ однос со родителите на твојот маж, зошто како на сила да се оддалечуваш со оправдание дека повеќе си осамостален.
Маж ми е на моја страна ,ми вика не се замарај што сака нека вели, не и прави ни муабет ми вели,знае и самиот дека е многу тежок човек. Ама џабе пак таа ќе најде некаков начин да прави ствари што ќе сметаат. Мислам дека џабе е се. Баш е она како свекрва од приказните хаха се прави обратно жената. Џаабе ќе е и да си одиме од тука Пр. Сакав да го чистам фрижидерот ама се премислов ми беше мака. А имаме од преголемите ,сат два како ништо одзема време. И ништо реков друг пат. Паметната дури бев да го шетам поголемиот иставила се од фрижидер ,сите полици и внатрешни и странични и од замрзнувачот. Кога дојдов ми се крена косата. И ми рече јас ќе го исчистам уживај. И после 5 мин доаѓа ми вика неможам ај дојди ти среди ги и акде што ќе правам ,џабе се што и реков ,пак јас на крај изгубив и време и сила.. ова е само еден пример од многуте што ги прави. Комплицира работи на секое..
Е добро значи ако неготвиш ручек не си осамостоен, тоа што одиш на работа деца гледаш, плаќаш сметки несеважи битно мусака да знајш да прајш. Оти тие шо живеат со свекрва и готват се осамостоени. Колку работи има за да си осамостоен најмалку е ручекот.
За тоа и се земаш. Бракот е за тоа да си основаш фамилија и да се одделиш. Која е целта да се земеш а истите работи друг да ти ги прави. Нема зошто ти на некого ручек да му правиш, готвиш, переш, чистиш итн. Еднаш да ручаш во ред ама нон стоп не. Зошто може едните сакаат месо да јадат секој ден, морски плодови, пршути и чуда. И кој треба да го плаќа тоа родителите на мажот? Не! Дали треба незгодно да им е за тоа дакажат дека така сакаат да јадат, НЕ. Во заедница секогаш едноте користат повеќе не може пола пола да е секогаш. Може свекрвата ќе гледа се на ефтина да пушта и да пази, а снаата не. Секој денар е битен и да и оа како е битно да се научи човек да штеди и да си ги знае финансиите и чергата колку може да си ја пружи. А не едните да не можат ни на одмор да отидат, а другите викенди и летувања да тераат.
Ќе кажеш извини немам време досреди ти треба децата да ги спремам и сабајле рано да станам. Чисто да видиш што ќе направи.
Во рок од 24 саати пуштив 3 машини за садови и 2 перални, толку од мене на таа тема Кога ќе бидам свекрва ќе ги викам на ручек еднаш месечно, кога ќе имам внучиња ќе се гледаме почесто, инаку нит ќе им готвам, нит ќе им чистам. Внучињата може да дојдат на викенд чисто колку младите да се видат раат, распуст, празник... Толку. Немам намера одново да поминувам низ хаоси, плачки, грчеви. Не знам колку деца ќе имаме ама ќе ги израснам и завршувам со таа тема. Имам зацртано да му заштедам поголема сума на пари кои ќе му ги дадам на 18год откако ќе одлучи кој правец ќе го фаќа, се надевам ќе успеам и толку од мене. После 50год ќе уживам само.
Абе да, планирај си ти уште од сега да му се мешаш на син ти. Не сакаат сите други да им готват, чистат и сл. Јас се породив царски, искочив од болница. Бев понудена и од мајка и од свекрва да ми готват, зачистат, помагаат со бебе. Не дозволив ништо од тоа. Првите 2 дена ми доаѓаа со јадење во раце, иако викав не. Третиот пат им покажав ручек што веќе се готви и дека некое од тие јадења ќе мора да се фрли од што не може да се дојаде. Тогаш прекинаа. Детето со маж ми си го средуваме. Од прво бањање до се. Кога искачам, го носам малиот со мене. Има разни карактери. Треба да се знаат граници. Ако некој нешто не сака, тогаш не се бутајте на сила. Едно е на ручек еднаш месечно да одиме кај нив, друго е по кујна или по дома да ми се врти било кој. Мене ми е потешко ама таква сум и таква ќе си останам. И не, не е пдвојување од фамилија тоа, туку е почитување на границите и на комфорна зона.
Ова се твои лични видувања врз основа на сопствено искуство. Кои се тие непишани правила што ги наброја?! Морало вака, морало така. Не си им во домот за да навлагаш во гореспоменатите детали. Повеќе ми изгледа на сопствено незадоволство.