Леле да непланирам да им се мешам, несакам ни со мене да живеат, реков ќе им готвам да се послободни АКО САКААТ. Бидеќи мене ми беше проблем пр. во сабота сакав да си излезам ама станвав рано да готвам па после излегвање а пак и секој ден си идам во 16ч. дали деца да си видам дали вкујна да готвам абе едни пиперки печени да имав доста беше.
Мене ручек ми прави мајка ми, татко ми да не слушне дека нешто сакам, одма трча да ми купи. Пари или намирници не прифаќаат. Им уплаќаме одмор или им купуваме нешто што знам дека го сакаат. И тоа е со 300 натегања. Да ми се живи и здрави уште 100 години, не дека ми прават ручек и мерaци туку дека ми се се во животов. Јас и маж ми сме сами и ретко кога ќе направам нешто. Свекрва ми, и таа да е жива и здрава, не не викнала на ручек откако ја знам, а не па да ни прави специјално за нас секој ден. Ми носеше по нешто симболично и тоа ми влагаше дома како фурија (два пати ме начека по гаќи), па откако се ставив под клуч требаше да тропне за да и отворам и изгледа и падна тешко и не ми носи веќе ни тоа што ми носеше.
Да, во право си за тоа сценарио што го опиша. Ама многу луѓе не живеат така, мене лично на пример ми е непознат овој начин на живот. Затоа велам, ако живеете заедно, односот е коректен, се има разбирање, нема ништо лошо ако еден ден еден готви, друг ден друг. Секако зготвеното да е нешто што сите го јадат, не да јадеш нешто на сила. Као, фамилија сте, не рендом цимери.
За наши простори непоимливо е да си во добар однос со родителите на мажот. Некои можеби мислат лажам. Ние одлично функционираме, не можам да опишам колку сум благодарна што 2 години не се одделив од син ми, не испуштам ни еден момент. Пред три недели почнав да работам, ни финансии не се проблем. Има кој да го чува синко кога треба да пазариме нешто двајцата и кога сакаме да излеземе да прошетаме. Моите го чуваат почесто затоа што се помлади и повеќе можат да трчаат по синко. Немам намера да глумам херој, кога имам прекрасни луѓе околу мене. На ручек одиме и таму и таму, во ресторан сите седнуваме еднаш месечно. Болни се некои ваши замисли. Кога ке ми текне дека вакви жени воспитуваат деца, и утре со некоја ваква ке биднеме сватови, се плашам.
Јас најмногу од се сакав да бидам блиска со нив, ги знам долги години ама кога дојде свадбата, луѓево се сменија или можеби си биле такви и пред тоа ама јас сум ги идеализирала. Не сме се карале никогаш, само се одалечив затоа што увидов некои работи.
Кај нас готви свекрива и нема проблем, јас не знам многу да готвам сите го знаат тоа, па не пита да направам. Ми има донесувано со чинија пита кога сум била на тераса, фала и. За тоа немам проблем. Јас ќе бидам свекрва еден ден ако даде бог, да и готвам на снаата не би и готвела. Би готвела некогаш за синко (ако се научам да кувам еден ден де )и ајде што има везе нека касне и таа, ама секој ден да готвам не.
Ако се живее заедно во заедница нормално е да се јаде заедно. Значи тој што е дома готви.. Тоа ич не е проблем, сигурно нема свекрвата да си одмара цел ден и да чека да дојди снаата па да готви. Кога бев помала мајками одеше на работа и баба ми готвеше за сите ама затоа што живеевме заедно, сега мајками си живеат сами и сама си готви иако оди на работа, не бара да и носи свекрва и во нејзината куќа. Исто би правела и јас ако имам некогаш снаа, ако сме заедно и ако таа сака
Iskreno.. 6 godini sum vo Brak i imame dobra komunikacija so svekrvata i se e ok.. Svekrva mi e mlada i so neja znam da pojdam i v kafic i sekade.. Posto ziveeme posebno koga i da mi zatreba doaga da mi gi cuva decata moite roditeli ne se vo gradov vo koj sum mazena zatoa pocesto ja vikam svekrvata.. I do sega bar se nemame naluteno iskarano.. Nekogas ke jade kaj naas nekogas ke ni nosi sto zgotvil.. I ete taka e kaj mene..
Едно е дс ти зготви, друго секој ден ручек да ти спремА. Какви болни замисли? Ручек за фамилија да си правиш? Извини, ама мене твоево ми е болбо. Здрава, права да чекам ручек од мајка/свекрва. И секако погодени ти се кога кажа дека самп дете гледаш, тие прават се. Кој знае другата страна какп размислува
Вауууу каков напад!!!! Кој очекува пари таа да ми даде??????? И секоја домаќинска куќа треба кога ќе им отиде гостин да му понудат нешто, или тебе кога ќе ти дојде некој на гости си носи и нешто за јадење???? Бог да чува!!!!!! Јас и син и живееме кај моите, и тоа е мој дом, тука јас варам кафе. И зошто таа па очекува тука некој да и го храни синот? Не се разбира поентата, туку само да се нападне. И одам двапати месечно зошто брат му БРЕМЕНА не избрка, му било тесно. Скандал направи, во 7ми месец да се тресам. Е затоа. Туууу што карактери лоши имало. П.С. Отворав фрижидер кога седевме два дена таму, а две недели кај моите...впрочем како и тој што отвора тука...со разлика што јас во тој фрижидер си имав и нешто мое оставено П.П.С. Јас не очекувам да ми прави свадба на МЕНЕ, туку некако да го потпомогне син и. Моите си имаа заштедено за моја свадба, плус и јас одвоив финансии, е нејзините синови бабите и невестите им направија свадби или се заглавени во кредити. И двајцата само ги родила, а не им обезбедила ништо, ни живеалиште ни ништо. Факултет им плаќал вујкото. Ама свеки одела по растурање магии и фрлала пари, маж ми со братучеди не зборува зошто мајка му му трубела дека фрлале магии, исто како и нас што не набеди
Не знам до што е, ама ептен се вклопиле хаха. Мене не ми е во ред пример јас нешто јадам сама и само да го фрлам тањирот во мијалник и да се понашам ко некој да е слуга. Имало ситуации кај што маж и ја тера да исчисти, во собите кај што седат тие. Кај свекрвата се готви, се јаде, по цел ден се тука и не знам како успеваат толку да извалкаат секаде, а само 1 соба користат. Никој ни свекорот не се замара воопшто со хигиена. Мислам да била помлада и поздрава свекрвата ќе чистеше секаде, пошто ваљда немаше да и смета на јатрвата, навикнати се др да им ги брка работите. Башка сум била сведок кај што и во нивна спална со чизмите од надвор си оди и си се соблака таму. Не само кај свекрвата. Мене тоа ми е незамисливо во ходник да стапнам со чевлите од надвор, не па во спална да идам.. А и кај мене чим дојдеа со чевли до дневна па од седнато се соблекуваа јатрвата и децата. Лош пример, децата не се криви, што гледаат тоа прават. Тогаш изреагирав, сега пред врата се соблекуваат. Не знам мене такви ствари мн ми пречат.
Свекрва ми моја ја опиша. Скроз исто се. Породена јас идам дома и свекрва ми и золва ми стигнале пред нас да украсат, изненадување, и ми вика леле сега да треба да имам бебе незнам како ќе издржам пак се. Доаѓа да го види, ќе го погушка, ќе го поигра и готово. Или да треба пола сат-сат да го причува, ако не можам да го носам со мене,ако е слободна јас да ја викнам. Мајка ми е во друг град, па мора таа. Готвење, чистење, се од прв ден сами. Може да ми пушти,а и јас неа, на пример торта ако правиме и толку. Ние кај нив одиме 2пати месечно за викенд на ручек, ретко остануваме со спиење. И ние сме рает и тие. Супер се сложуваме зошто никој на никого не му се меша. Со свекрва ми работевме на исто место, па и таму едно здраво како си и готово. И со заштедата што ја имаа и неговите за него и моите за мене, плативме дел за станот каде што живееме.
Јас сум од тие што ја чека готов ручек дома, во работни денови, скоро секој ден. Еве, да си кажам, ми одговара вака. Сѐ додека можат и сакаат старите, ич не ми смета, секако однапред се договараме што ќе се готви. Понатаму секако јас ќе си преземам, нема вечно да ми готват други. Колку значи готов ручек, многу, особено кога после работа не знаеш кај ти е главата. Не дека на почетокот на бракот се сложував со старите, особено со свекрвата, ама си легнавме и двете на брашното со тек на време. Таа си збори, јас си терам по мое секако. Не ми се меша, не ми чепка иако порано знаеше и да ми пере алишта, ама откако едно перење утна и ми избои бели алишта, нема фатено ништо воопшто. Фала му на Бога, ич не можам да се пожалам, наредено ми е. Нека ги поживее Господ, само тоа имам да кажам.
Ако вие имате потреба да покажувате колку сте силни и моќни со тоа што сами ке си правите ручек, имате некој голем комплекс во однос на свекрвата. Јас не барам ништо, ни даваат со љубов. И јас знам да правам ручек, и правам кога свекрва ми не може. Се можам сама, и не е нормално да одбиваш ручек од мајка и свекрва а си се породила царски пред недела дена. Во мојот свет свекрва ми не ми е противник. Не сум приметила ни трунка злоба ни префрлање затоа што ни помагаат. Додека средувавме стан татко ми дојде да работи барем 20 пати. Можевме да викнеме мајстори, ама прифативме помош и го послушавме за се што не советуваше ова вака тоа така, купете тоа а не тоа итн. Мене ми е убаво, вие сте полни со негатива.
Се е супер, јас не гледам ништо проблематично во оваа состојба. Има разлика од свекрва до свекрва. Има некои готват ама префрлаат за тоа, има некои готват, збор нема да кажат. Има и такви што не сакаат обврски. Мојата е таква. И тоа не е лошо. Ќе зготви за нас само ако сме кај нив. Децата не живеат со нив, луѓето цел живот работеле, обврски околу децата,домот. Сега едноставно си сакаат да се рает барем од тоа што можи. И тоа е океј. Мене ми одговара вака, нив им одговара и се е супер. Вас така ви одговара и нема кој што од страна да кажува.
Во суштина не знам што ја нападнавте членката. Таа си направила свој живот како што и одговара и не се жали. Дали е животот што јас би го сакала за себе? Не. Дали тоа значи дека членката треба да си го смени животот зошто некој рандом лик на форум мисли дека стапуваш во брак за да се осамостоиш преку правење ручек? Исто не. Темава ви е сфатена како тема за оговарање, исто и онаа снаа и золви. Ако вие не сте наишле на разбрани луѓе, а упорно не се одделувате и се смеете на тие што земале кредити за да се одделат, и очекувате свекрвата да ве сака вас повеќе од ќерката или очекувате да биде само по ваше без никакви прилагодувања, не значи дека другите треба да ги проценувате на темава. Ај малце видете си го својот живот.
Познавам фамилии што и после 10, 20 или 30 години уште јадат со старите секој Божји ден а имаат услови посебно да си готват. Се е ок, очигледно така им одговара, задоволни се, но мене само помислата во депресија ме фрла. Колку и да се добри, фини, културни, да сакаат по газ да ми одат, нема да дозволам. Некој да готви, да ме чека за јадење, да се договарам што ќе се јади...не е тоа живот за мене Јадам кога сакам, што сакам, не планирам, не давам отчет можам или не можам, сакам или не сакам. Плус ќе имам чувство дека нешто должам, дека на одреден начин треба да се понашам пошто нели некој ми готви секојден. Зема дел од слободата таква поврзаност. Давам и барам помош или услуга кога стварно треба, вакво давање и земање секојдневно е премногу за мене. Колку и да нема што да работи свекрвата, да речеме во пензија е, се досадува и задоволство и е да готви и да јадеме заедно, сори, ќе мора да си најде друго хоби.
Со каква? Со некоја шо сака сама да си прави ручек? И ако имаш ќерка, шо ќерка ти нема секој ден да ја чека ручек пред врата од мене (нас) пример? Правилно ти е тебе да си дома 2 години и ручек друг да ти носи поголемиот дел од месецот? И јас бев со син ми до 2 години дома, неколку пати имам зготвено за сите, неколку пати она. Тоа е по мое правилно. А не некоја да се кичми за мене посебен ручек да прави, а јас ни на работа да не одам и да не одвојам 1 саат во денот за ручек за мене, мм и детето. Толку
Не знам дал да се пожалам или да ја послушам @MilaSs12. Прееска кафе ми се истури на постелнината додека се спремав да одам на гости, немав време да ја променам се брзавме. Кога се вратив дома чистиа нова постелнина променета. Ама вака порано не се понашаше свеки, сега нешто многу помага.