Добро жени сами ли живеете со свекрвите? Зошто само ти и сверкевата да правете ручек за цела куќа каде се мажите, зошто се на страна аман веке од вакви стигматизација само го засилувате тоа. Не дека сум хардкор феминистка ама стварно глупи маабети се радувала оти и помагала свекрвата а мажот дека е или дига нози на масата со пивото во рака..
Според мене во врска со правењето ручек неможе да се каже како е правилно зошто секое семејство си е своја приказна, со свои потреби услови итн. Не гледам место за осуда и ако им прават ручек ниту ако не им прават. Како им одговара така. Лично мене не ми одговара, барем не секој ден зошто прво сум специфична во однос на храна, си имам свој режим и намирници кои ги јадам и како е зготвено. Отстапува од стандардното македонско мени и не сакам да наметнувам на други. Можни се исклучоци ама генерално НЕ. @MilaSs12 пак ќе те спомнам, ама зошто пишуваш упорно во оваа тема. Значи за проблеми е, за добри односи има посебна тема. Ти имаш супер однос со свекрвата, не ми е јасно зошто си во оваа тема.
Во ред е тоа. Неутралност не е лоша работа. Јас не зависам од никого. Не чекам, не барам, сами даваат. За мене не е доказ дека сум жена мајка кралица ако направам ручек. Јас не сум наредила никоѓу да се кичми. Се е нивна воља и фала им. Јас не гледам ништо лошо. Ако не ти се меша во бракот зошто ти е проблем? Ако не ти префрла, не се жали, итн. Не си во тек. Накратко долго време во врска бевме останав бремена и живеевме 2 години заедно. Станот беше купен во градба и затоа а не беше во план. Сега живееме одделно. Свекрва ми сака да ни готви и секој ден ни праќа ручек. Некогаш кај неа одиме ама најчесто маж ми го зема јадењето. Не сум била остамосталена затоа што некој друг ми правел ручек. Маж е друга тема и од него немам поплаки. И ние бираме што ке јадеме, не не прашува секој ден ама готви тоа што јадеме. Испровоцирана бев дека нема шанса свекрва да сака снаа. Свекрвите ги мразеле снаите и крај. Од таму дојде до овде. Проблеми има затоа што ем живеат во заедница, лошо им е, не се делат, сакаат свекрвата да се прилагоди сосема спрема нив. Има и со проблеми ама често и се преувеличува.
Незнам како да ти објаснам, имам две жени во фамилија, исти ко тебе, дури и децата им ги гледаат, а снаиве нозе у вис. Незнам како немаш желба денес ти да направиш ручек за сите и да и однесеш? Незнам како немаш желба денес ти на маж ти да му направиш ручек..... сама кажуваш секој ден ти прави ручек. Не дека јас некого терам и терав да ми нуди ручек вчера, денес, утре, ама мене едноставно ми смета да јадам нивно и со нив секој божји ден. Шо знам јас. Сакам детето утреден да памти дека мама му правела вакво гравче, таква пица, а несакам цел живот да знае дека 7 пати сум му направила јадење, ептен кога баба му неможела. Сакам детето да ми рече "мамо твојата мусака ми е најубава", а не да му направам нешто и да ми рече "несакам да го јадам ова, баба поубаво ми го прави". Think about it
Критикувате жена дека не готвела. Ниту присилува некој да и' готви, ниту има некаков проблем. Мислам дека е срамота да се водат вакви дискусии во денешно време. Доста со идеализираната жена домаќинка која постојано се наметнува на девојчињата како должност уште од мали години!
Ако немуготви ручек на мажот можи му прај вечера можи меси, прај благо. Од така јас можам и сакам еве после 20 г.останав со тенџерето враце (додуша и никој не се понуди да прај). Ако ви се нуди помош прифатетеја.
Да, по тоа ги памтиме мајките, по мусаките само. Џизс Крајст. И ние сами си правиме јадење, не ни сме во брак уште. Ама да се докажувам која правела поубава мусака бе, дали сте озбилни?
Да озбилна сум. Само пример дадов. Зошто секојпат кога ќе помислам на леќата на мајка ми, душа ми се стоплува. Ни сама неможам така да си ја направам. Едно од многуте работи по кои ги памтиме мајките. Нигде не пишав за докажување која правела поубава мусака, еден прост пример го вртите како ви одговара. Едноставно ЈАС сакам детето да е навикнато на МОИТЕ ЈАДЕЊА и кога ќе му текне после 30 години на мусаката на мајка му, да му е како мене со леќата со мајка ми. А не да помисли на било кое јадење и да нема еден топол спомен од мајка му поврзан на таа тема. Ајде сега пак изврти и преувеличи, изволте. Па незнам како да ти кажам, дискусијава сама си ја начна, со тоа што во едно така подолгичко мислење, не осуди нас шо си готвиме сами, као "шо жени воспитуваат деца, шо сватови ќе имам" бла бла. Као ние сме незнам какви шо си готвиме сами, ама она е најдобра на цел свет што чека на друг. Нејзин живот, нема потреба ни да се правда, ни објаснува, а уште помалку да ги вреѓа тие шо не тераат исто ко неа. Да се едитирам одкога и го препрочитав мислењето: Болни замисли сум имала за животот, зошто имам желба да готвам за маж ми и за детето. Ја боли шо утре ако има ќерка може ќе и се падне свекрва што нема да сака секој ден на ќерка и да и остава јадење по желба пред врата. И секако свекрвата ќе е крива за неа, зошо пази се плаши што сватови ќе и се паднат чим не имало вакви.
Ок, неубаво од нејзина страна доколку ве критикувала, како што не е ок критикување кон неа, така не е ок и тоа од неа. Ама зошто девојчињата (како што го кажа примерот за ќерката) да бидат оптоварувани со тоа да бидат "добри домаќинки" цел живот? Времињата се менуваат, светот се модернизира и софистицира, никој не е должен да знае да готви при толку други можности за набавка на храна. А притоа ако веќе толку се инсистира за таква припрема нека се вклучуваат и машки деца. Критиката ми беше упатена за застарените стереотипи во општеството дека мора САМО жената да се грижи за домот, да готви, да пере. Често некоја која не ги прави тие работи е осудувана како недоволно грижлива или на девојки кои не ги имаат тие вештини им го наметнуваат тоа како срамно. Време е овие стереотипи да исчезнат.
Па не пишав ништо во врска со мажот, зошто сама си кажува дека неможела да се жали од него. Иначе далеку од тоа дека женските деца на све домаќинско треба да се учат, мислам дека доста се искорекува тоа. Секое дете(човек) треба да знае да си направи јадење во животот, да знае да исмука и една машина да пушти. Јас не викам дека мора да готви она или јас, ама уште првото мислење и беше напад и шо очекуваше? Ќе ја тапшаме по рамо? Што мора па свекрва и да се мачи? Маж и незнае да и рече на мајка му јас денес ќе направам јадење? Ама она се труди овде нешто да идеализира, а уствари и одговара така. Да ја прашаме свекрва и сиурно не е нешто пресреќна, ама ја нашло.
Значи треба да имам исто мислење како сите за да биде се добро? Треба да ја мразам свекрвата затоа што е свекрва? А не жена која го воспитала маж ми во прекрасен племенит човек со кого имам син? Желба за правење ручек за поистовети со секс. Како да е нормално некој да сака и обожава да готви. Мене син ми ке ме памти како мајка кога секогаш била до него, го водела на секакви места и авантури и го знае лицето а не грбот од што готви во кујна. Шмрц. Кажав јас дека е комлекс они да се најдобри домаќинки, барем за влакно подобри од свекрвата. Дискусијата ја начнаа кога кажаа дека сите свекрви не ги сакаат снаите. Тоа не било возможно. И да знаеш дека маж ми прави јадење. Утрово му направи супа на син ми, мене ѓумбир со лимон затоа што држам диета. Така ме најдоа, не ми даваат да пријдам во кујна.
Гледаш како упорно "навредуваш"? Среќа син ми само со свртен грб ме памти во кујна и нигде го немам изнесено, авантури немаме ние никакви. А па да не зборам како влијаеш на мајки шо мора по цел ден да се на работа и пак мора ручек да спремат, децата им растат, а они не ги гледаат. Ама ок, ти си најмајка шо дремеш дома и кога и да рече син ти едно "м" си нацртана пред него. Ние ќе си поседиме со свртен грб во кујна, јадници.
Децата да ме памтат по компирите шо сум ги лупела у кујна. Јеј, свашта! И шо мажот фатен е у раце па да му готви некој треба, мора или како? Кај го пишува тоа? Вие сакате така, друг сака поинаку. Толку е тешко да се разбере ова? Вреѓала бе еј. Овации и аплаузи за вас по ова: мрза била, готованка, несамостална, искористувала, добиено и течело по гаќите, дозволувала други да ја перат, свекрвата не ја сакала, ами напротив, ова само глума било, требало да се срами и бла бла натаму. А зошто? Затоа што кажа дека и готват. Толку. Мила дури и фина е за вакви навреди, не знам што очекувате да одговори по ова. И јас богами би се плашела од вакви свекрви за ќерките.
Се прекршил. Син ми нудли сам си прави на 2 ипол години. Немајка, си го мачам детето. Епа син ми и по јадењата ќе ме памти и по авантурите со мене и по тоа дека мама не дреме дома дур друг и готви, туку оди на работа и мама и тато се организираат за детето да има ручек. И многу добар и здрав пример е ова во неговото растење и развивање. Да знае дека треба да е способен се сам да си направи, а не да чека на трет.
Јас да ви кажам, правеле или не јадење, биле или не на работа по цел ден, ако имате нормален и здрав однос со детето, никој ама баш никој нема да може да е повеќе од мајката во очи на детето. Ниедно дете нема да рече мајка ми ја сакам заради кариерата или мајка ми ја сакам заради мусаката. Џабе сите натпревари која е помајка, секоја нормална мајка која е посветена на детето е најдобра мајка во очи на детето. А објективно, не постои најдобра мајка, на глава да се превртиме, пак негде ќе згрешиме со децата. Вие само по едно нешто ви е запамтена мајката? Само по еден аспект?
Срамота е ова што го пишувате, возрасни жени. Натпревар која е помајка, оти готвела, перела, чистела, одела на работа. Да, вас ќе ве памтат децата, различните од вас нема да ги памтат и они не се помајки од вас. Ок е сега? Само немам орден да ви дадам. Ја исповреѓавте членката, што е најтрагично, не можете ни да забележите дека вреѓате од нивото на егоцентризам за себе истакнување.