Не сум видела. Да се разбереме, не дека имам нешто против тоа, секој си знае како му треба. Но, не може да се каже дека некој е лош, злобен, се одвојува од фамилија и т.н и т.н само зошто си сака независност и сака сам да си прави било што од обврски. Затоа велам, не зборувам општо за сите, туку конкретно за членката, заради мислењата погоре.
Не може да напишеш - свекрвата ни готви секојден и да не очекуваш коментари. Да напишеше некоја - готвам секојдневно веќе со години за маж, деца, свекор и свекрва, ок ќе беа коментари како она не е слугинка и зошто само жената/снаата да готви, ама штом е свекрвата тогаш е ок, си ја наредила и останатите само љубоморни се
Како тоа не чини да живееш под исти кров со свекрвата а чини да ти готви секој ден? Истата членка која вели дека за чепкањето по долен веш единствена опција како решение е само посебно, во сопствен стан а од друга страна во тој твој сопствен стан добредојдени се манџите на свекрвата. Само мене ли тоа не ми е логично а и практично неизводливо еве не знам.
Мене ми ги избриша прозорите додека не бев дома Баш така. Не сакам да ја гледам а сакам да ми носи готови манџи дома. Штом веќе се одвои сите обврски си се твои.
Да и децата не памтат по завртени со грб спрема нив, пикнати во кујна по цел ден, неизживеани и неизлезени од кујничето.
Шо ве болат таквајте која готвела, која не? Не е то ваша работа. Глејте си за вас. Тие шо не идат за мене, не идат ич. Оти не ги канам.
Не е наша работа, ама изнесе мислење на форум. Не и отидовме дома. Ние сме со болни размислувања шо сакаме денес да јадеме пржени јајца за ручек исами да си ги направиме, ама нејзиното задоволство дека денес јадела месо и компири од свеки и секој ден така, не е болно размислување. Ич. Ако нејќе да ја судиме, нека не суди.
Ниту се критикуваше, ниту имаше вреѓање од страна на членката. Ако се препрочиташ може и ќе ги видиш сите предрасуди што ги наведе во последниов пост. Излегува дека ве навреди тоа што не сакавте да слушнете. Еве пак сами се навредувате, патем измислувајќи работи кои членката никогаш не ги кажа за вас, а вие за неа доста кажавте. Целата дискусија произлезе од постот на членката каде си кажа дека НЕМА проблеми и конфликти со свекрвата, толку ве вознемири таа реченица, не ми се верува што сѐ прочитав тука од вчера. Муабети од типот, сигурно ти е вака или така дома, демек неприфатливо е да има добар однос меѓу снаа и свекрва за вас. Моментот каде напаѓате и судите според тоа како некој живее, т.е не по ваши стандарди не е нешто што ве засега а уште е неприфатливо да ја вадите сета злоба и омраза од вас.
Шо стори море? Кај ви се валкаат толку садови и облека? Машина за перење најчесто 2 неделата пуштам... некогаш 3, ептен ретко 4.
Кај мене ручек еден ден свекрвата еден ден јас. А сме 3 жени у куќа. За жал, золвата станува при завршување на ручек или доручек или било што, остава како што ќе најде. На готово. Ма да отрпнав више па што испрљам сама ќе измијам. Кој што пие јаде сам нека средува. Се коментира за џогирање чистење ово оно, а тој шо највише коментира не фаќа ништо освен позиција у кревет и лаптоп. Објаснував погоре негде каков ни е односот. И да ви кажам дистанцата било лекот. Помирна сум, знам ме зборат позади грб ама помирна сум. Ќе си зачистам кај што седам, ке си средам а др сакал чистел сакал коментирал не ме интересира и онака ме зборат и овака нека ме зборат. Како викаат,има дана за мегдана па ќе видиме кој и што па и како . Пошо увидов дека здравјето на моето сеуште неродено бебе и моето здравје е побитно, се дистанцирав максимално. Само тоа бил лекот. 5 пари чини. Буквално.
Криво ли ти е? Каша попара ја направи темава, ко божем и влезе дома и ја фати за коса да и кажеш “Не смееш да зимаш ручек од свекрва ти,ме разбра?!”. Еве вака звучиш. Само твоите ставови ги оправдуваш и цел ден тоа го верглаш на форум. Нели имаш маж,дете, обврски што ти знам јас таму…или се е само патолошка лага.
Не можам да се спуштам на ваше ниво. Немам потреба да се препуцавам со анонимуси кои изнакажаа толку ниски муабети, срам ми е во ваше име. Сите муабети ги извртевте како ви одговара. Можеби и не разбирате, не знам. Мило ке ми е ако сте си го нахраниле вашето остамосталено его со тоа што пишувате што ке ви падне на памет. Комплекси, фрустрации, оговарања, видете си какви се глупости пишувате за родители и роднини на мажот. Јас би ве исфрлила од дома, а не да се пазам снаата да не се навреди. Има ли поента напишаново? Јас свекрва ми ја сакам и почитувам. Не сум се одделила од што ми броела гаќи туку затоа што имаме услови да се шириме. Вие што се жалите дека свекрва ви ви брои гаќи, треба да си размислите зошто сте дошле на тоа дереџе. Мене ке ме памти како мајка која не прави јадење, ти прва кажа? Изгледа нудли правиш да можеш да шириш отров на форум.
Нас ни готват само по потреба и кога чистачката ни е дома за да не се направи одма лом a и не знам, повкусно ми е ние кога ќе си направиме сами. Се знае јасно дека ние сме си посебни фамилии веќе и не сакаме никакво мешање и така сме си во супер односи. Ако сакаат да помагаат нека дадат пари, не мора да ми готват и купуваат
А свекорот како е, уште ли се мачи ја дниот, неиспеглан и неиспратен на работа пошо свекрвата нејќела да си даде отказ за да го тимари, или му пораснаа раце и нозе?
Не кажувај дека имаш чистачка дома, сега ќе те направат недомаќинка. И тоа ќе засмета тука всушност на поединци се им смета тука. Ќути си подобро.
Не сум го прочитала ова, доста се дискутирало, но ја направија немајка, неспособна, сто претпоставки и предрасуди околу нејзиниот живот и што не, не ми се навраќа наназад. Сепак мислам и од двете страни треба да се припази на нивото на дискусијата.
Абе не мора да им се правдаш. За вреѓање на форумов, не ми кажувај... Тебе ако ти е погодено, ич да не те боли патиката шо мислеле другите.