^Не ме сфаќајте погрешно, никој не приморан да обезбеди станбено прашање, доколку се може и кога веќе се обезбедува да не биде тоа само за синот туку и за ќерката. Според мене обврски на секој родител се да го сака своето дете, да му обезбеди храна, дом, детство какво што заслужува и колку се може нели, да го воспита, образува и изнесе на правиот пат. Кај нас на Балканов родителите се тие кои прават неверојатни жртви за своите деца, и не само до моментот на "изнесување" на прав пат туку додека се живи, штедат и се ускратуваат себе од се и сешто за да на "децата" кои се зрели мажи и жени и имаат свои семејства им го дадат максимумот. Мојот став е дека она што претходно го набројав е обврска на родителот, се друго како купување станови, коли, финансиска помош е добра волја доколку за истото се има финансиски можности. Муабетот ми беше ако се купува или на сите исто или никому ништо. Не го подржувам ниту западњачкото сфаќање дека после полнолетство децата треба сами да се снаоѓаат, многу ми е безосечајно јас да седам и гледам како децата мои студираат, работат и одвај врзуваат крај со крај а да не помогнам, доколку можам. Се согласувам и со Нена за муабетот за мажењто млади и префрлање на вината на родителите, иако и јас се верив мала не очекував неговите родители морално да му обезбедиле, но ете они игра на случај во Македонија дошле на 23/4 години со двегодишно дете и биле буквално на улица, иако имале роднини никој не ги прибрал после долги години под кирии решиле да создат свое, поучени од својата приказна се задолжиле повеќе од потребното и направиле плус спрат, нормално спратот е карабина сеуште, но јас и Петко сме им многу благодарни што ете се ускратиле од многу нешта, но мислеле и обезбедиле колку можеле. Можеле на пример да купат станче или помала куќа да направат, но не сакале и Петко да поминува низ истото што и тие. И сега ужасно дрско и безобразно би било јас да очекувам да ми го средат спратот или да помогнат, напротив ко што кажав ние сме им благодарни за тоа што му го овозможиле на Петко и тоа што ни го овозможија откако се веривме зошто буквално не издржаваа т.е. и сеуште но се надеваме дека што поскоро ќе најдеме работа и ќе им се симнеме од грбот и сега кога веќе ги завршиле своето како родители да уживаат во животот, доволно се мачеле и штеделе сега е времето кога ние треба да си мислиме за себе а не да се потпираме и очекуваме од други.
Гледам дека имаш 24 години. Јас драга моја на 24години не ни мислев да се мажам, а камо ли да раѓам. Не осудувам секој со своето, ама додека и моите од генерација туркаа колишки јас учев и магистрирав. И не, немам кој знае колку голема плата, ама од многу удоства се имам откажано, за да си имам нешто мое. Па ако требло и дупло сум работела, и часови на средношколци сум давала, ама ете, вредеше за да си имам нешто мое. И дури сега, на 34 години сум спремна и сакам да оформам семејство.
Од овој аспект се согласувам со тебе, но сакам да се надоврзам за нешто друго. Во тој случај родителите cе должни да направат нешто друго. Да го учат уште отпочеток за важноста на парите и создавањето пред расипништвото. Како што кажуваше ти, тебе ти ставале кочници, на тој начин и те воспитале да создаваш, да не чекаш од друг и после работа да си влезеш низ врата и со полно срце да извикаш „доме слатки доме“ без некој на тоа да ти одговори „е не е баш така“. Не оставиле маката да те натера да почнеш да создаваш. Така требало да прават и другите. Затоа што многу е полесно доколку така си воспитан да размислуваш пред да се појават проблемите. Благо те оттурнале од гнездото за да научиш да леташ и да создадеш свое, како што го прават тоа птиците. Воспитувањето од родителите, колку и да е навидум минлива фаза од нашиот живот, си остава доживотни последици. Пример од аспект на образование. Имам еден другар од мали што се слагаме ептен, значи тој нема факултет, неговите такви, саможиви, забушанти цел живот на муфте им поминал. Колку ги колне денес тој тие родители што на времето не му разбудиле интерес и дале поддршка да запише факултет, туку повеќе им одговарало да го с'скаат да работи и да ја цепи снагата уште од млад по цели денови за да можат тие доживотно да кркаат, пијат и живеат, a не да го поттикнат барем едно собиче да си створи кога веќе од дете работи како мазга. И со право си им благодарна за тоа што не си го добила станот на послужавник. Само ќе те осакателе, мислејќи дека ти прават добро, затоа што знаеш како велат „Патот до пеколот е поплочен со добри намери.“
Точно сум имала среќа да се вработам, инаку и јас сум дете на разведени родители ( моите на стари години се разведоа ама тоа е друга тема). Те сваќам и тебе, но мојот пост се однесуваше на оние кои по дефаулт сметаат дека свекотор и свекрвата треба да им обезбедат све, од стан до кола до све по ред. За нив се однесуваше. Што мислат дека кога ќе дојдат во семејството треба сите да им се покорат а тие кралицити удобно да живеат.
тоа не сум видела Tака е. далеку од тоа тоа да очекувам, па може и неговите немале како моите и он сакал да створи ама не можел.затоа си седам под кирија здравје чекаме стан од двете страни постои можност и никого не осудувам дали ми дал или не.сами се бориме за нашето ново семејство.
Значи никој тебе не нападна дека врска немаш туку ти беше таа која напаѓа , а ние само ги побивме твоите напади. Ти беше таа која излезе со напади , а всушност не ни беше, а и се` уште не си компетентна за тоа од три причини 1. Не сте спечалиле, туку сте добиле стан на готово, не знаеш и немаш искуство во печалење, творење и тргање на страна. Значи ти кажуваш дека мажот треба да биде маж во секоја смисла на збоот и да обезбеди покрив на глава, а не ни имаш ти воопшто таков маж и не ни знаеш каков е ТОЈ МАЖ ВО СЕКОЈА СМИСЛА НА ЗБОРОТ кој е способен да спечали стан. Огромен апсурд 2. Не живееш со свекрва и според тоа не знаеш како е да се живее со свекрва, така што и тука не си компетентна да збориш и да браниш свекрви, да напаѓаш снаи....значи и ова беше млатење слама на празно. 3. Се` уште не си мајка, немаш никакво искуство во мајчинството и однапред не ни можеш да знаеш колку и на што си способна и да објаснуваш кој, кога и како да се бања. Кога ќе искусиш дел од мајчинство, кога ќе осетиш дека и те како е битно да се избањаш баш во оној момент кога ќе посакш т.е. кога ќе осетиш дека имаш потреба од туш, тогаш ќе бидеш компетентна да зборуваш и на оваа тема. Затоа всушност и сите твои напади беа и се` уште се неосновани. И немој ни да помислиш дека ако упатиш како вчера некоја навреда кон мене или ако напишеш да не ти се обраќам, јас ќе се повлечам . Еве однапред ти кажувам -нема, затоа што ова е јавен форум и дека се` додека има мислење на кое можам да наведам контра аргументи јас ќе наведувам, не заради терање инат туку заради текот на дискусијата. Немам ништо лично против тебе, ниту те знам ниту познавам.
Сите сум ве исчитала, кога спие бебе како романче ми доаѓате...ова во позитивна смисла. Читајќи се запрепастувам колку многу екстрени случаи има низ нашиве фамилии...да бркаш син/ќерка од дома, да не си го видиш внучето од раѓање...тоа за мене е непоимливо и не можам никако да сфатам дека некој си наоѓа оправдание за таквото однесување. А за останатите проблеми од типот ти си на ред да миеш садови, или јас купив последна кило шеќер а оваа свекрва ми нон стоп кафе пие а не и текнува да купи (познавам конкретни примери) ќе кажам само дека немаат реални проблеми во животот па си ги создаваат. А две жени во една кујна колку инает можат да водат и две магаренца ќе ни подзавидат. Конкретно јас имам помош од моите родители секогаш кога сум побарала но им викам да сте ми свекор и свекрва до сега 100пати ќе се скаравме. Прво секој пат ги прашувам дали ќе можат и се најавувам саати или од вечер за следниот ден дали ќе можат да ја почуваат (најчесто за викенд) а они знаеа да ме прашаат а ти што ќе правиш сега кога ќе ја оставиш, не со некоја лоша намера но ете така им доаѓа најверојатно Еднаш на шала на маж ми му викам ако уште еднаш ме прашаат што ќе правиш од кога ќе ја оставиш кај нас ќе им кажам идам да се сексам со маж ми . А не дека им е тешко да ја чуваат, ја обожаваат но ете си дозволуваат и вакви прашања. Свекор ми и свекрва ми се со многу нарушено здравје и иако живеат под нас во куќата ним им треба наша помош а не да бараме ние од нив, а би ми било многу полесно да можам да ја оставам кај нив место да ја разнесувам натака навака ама сега тоа е.
Аууу, ама се разгорела темава. Ме нема ден-два и оп десетина страни сте испишале . Нејсе, сакав да ви кажам неколку работи: * Родителите на мажот немаат обврска да му го решат станбеното прашање на синот, и тоа не треба од нив да се очекува, како што не треба да се очекува ни од родителите на снаата (невестата). Би било ептен убаво доколку од било која страна (машка или женска) се добие ваква помош, но не е задолжителна. * Не е ни обврска на мажот пред да се жени да си го реши станбеното прашање (сам), иако повторно би било многу убаво доколку си го решил станбеното прашање. Мислам на следново: Напротив! Сопружниците заедно треба да си створат место за живеење. * И не е во ред ни тоа што nena2010 ги нападна оние кои сеуште не се осмелиле да подигнат кредит за да си купат стан. Да беше тоа така лесно никој немаше да живее во заедница. Како прво потребно е учество, што не се стекнува за 2 години работен стаж на било кое просечно работно место (па дури и да си факултетски образован како јас и мојот сопруг), второ за да добиеш станбен кредит потребно е да имаш Договор за вработување на неопределено време, а тоа ти е научна фантастика за 80% од луѓето кои работат во Македонија, и трето потребен е залог, односно хипотека (при купување на веќе изграден објект тоа е лесно, но доколку ти треба кредитот за да изградиш нешто, многу е потешко). * Во врска со тоа дали свекрвата треба или не треба да го почува бебето/детето, мое мислење е дека не мора ако не сака, но како ќе си постелиш така ќе си легнеш! Ако свекрвата сака да има добри одоси со синот и снаата и ако има време за гледа турски серии, треба да најде време и за внукот/внуката, доколку не, тогаш во иднина не треба ништо да очекува од нив. Секоја мајка може сама да се снајде. Можела мајка ми, можела сестра ми, ќе можам и јас, но тоа не е начин. * Јас не сакам свекрвата постојано да ми готви, чисти, пере, поставува маса, раскрева маса, мие садови... едноставно не сакам. Јас се чувствувам доволно способна за самата (односно со помош од сопругот) да го направам тоа за мене, за сопругот и за нашите деца (кога би ги имале). Мене ми е многу поважно сопругот да ми помага, отколку свекрвата. * А за тоа дали lolyta777 треба или не треба да се бања од сабајле или навечер - тоа си нејзина работа. Важно е, јас да сум на нејзино место, со таква свекрва, намерно ќе се бањам и ќе тропам кога таа спие. Има да го колне денот кога решила да ми биде противник. Извинете на сите што ве спомнав во постот (а и на тие што не ве спомнав), сакав само да бидам појасна. Не сум против никоја од вас, ниту пак сум целосно согласна со некоја од вас. Во секој пост што го прочитав најдов макар едно зборче или една реченица со кое/која се согласувам, но и такви изрази и мисли со кои не се согласувам. Како и да е секоја од нас си е приказна за себе.
Midnight убаво кажа Него сакав да спомнам да ја не помешавте лепадама со MrsH ? Таа на никој не му се дурна да му кажува како треба да си ги бања децата . Си изнесе став дека е презадоволна што и дале кров под глава , и дека од никој не очекува помош за децата а ако некој и ја даде ќе биде благодарна а ако не и ја даде нема а се лути , мислам дека малку премногу ја осудивте И гледам се спомна за тоа кој треба да обезбеди ако се нема , во никој случај не е мажот , здрави прави и двајцата ќе си спечалат .. А во врска со поделбата на синот куќа на ќерката клоца среќна сум што моите родители не гледаат вака , што вели мајка ми сите сте ми исти деца
Читам,читам и гледам дека речиси сите маки за кои пишувате сега во моментот сум ги поминала и јас ,не така одамна ама доволно за да ги подзаборавам. Е сега некои работи не се забораваат,болат,посебно кога децата не ти ги третираат ниту половина од тоа како се третирани децата од золвата,ама ,фала Богу пораснаа и моите без помош од свеки и свекор. Што се однесува до стамбеното прашање,не кривете ги мажите,повеќето од родителите уште од мали нозе ги навлекуваат синовите со констатацијата-Синко,па ние за кого сме се мачеле,за тебе,ова куќа за тебе ,накриви си капа и свиркај,имаш кров над глава.И...ден по ден 100 пати кажаната мисла се всадува во глава.Момакот кога ќе реши да се жени ,си знае,тато и мама куќа му направиле,ќе живеат сите среќно и весело како едно семејство. Поминува свадбата,куќата од 300 м2(онаа која е на синот?)одеднаш станува тесна ...Снаата и синот добиваат 1-2 соби од можните 12 кои се во куќата,ама снаата треба сите 12 соби да ги чисти. . Минува година,две,снаата „отвара “очи и почнува да негодува.Одеднаш снаата е мрзлива,непедантна,неодговорна,а таа душата незнае од каде ќе ја испушти од многу обврски. ..................... .......... Неможам да пишувам понатаму,ми навираат спомените,сепак не сум заборавила иако поминало многу време од славното делење на спратовите(и тоа се покажа како неуспешно-си влегуваа,излегуваат,изнесуваа како на пазар да се,без никаква срам),одење под кирија и последно ,конечно и најправилно ЗЕМАЊЕ КРЕТИТ И КУПУВАЊЕ НА СОПСТВЕН СТАН. Прво се збореше по народ дека јас сум лошата,при толкава куќа сум им го извадила синот под кирија,сум го заглавила со кредити.Потоа нив ги зборуваа-дека од благи колачи никој не бега. Како и да е ,ние конечно почувствувавме што значи да си самостоен во секој поглед-колку имаш-толку трошиш,што ќе ставиш во фрижидер -тоа ќе го јадеш. Збор ми беше дека се поминува,здравјето не треба да го трошите на некои глупи дофрлувања од страна на свеки.Знам,сега не ви изгледаат глупи,ама ќе помине време,па како јас сега што си викам колку сум била будала,сум се нервирала за глупости,така и вие еден ден ќе се свестите. Важно ,со мм поминавме и добро и лошо ,и со пари и без пари знаеме.Ама токму тие проблеми не зајакнаа ,научивме да се бориме,научивме да почувствуваме кој е правиот момент за драстична промена-како излегувањето под кирија. Е сега,мм да ми е жив и здрав,знаете што вели-кал од под нокти ќе вади,ама ќерка си нема да ја пушти во заедница да живее.Истото важи и за синот.Го боли,знае низ што поминавме јас и тој па несака децата негови низ истите перипетија да поминуваат. Ајде,толку од мене,одам да го доправам гравот,петок денеска.
Како си ме изнасмеала.... Имам потреба да се дообјаснам. Не ми е мене таа противник, но не ми е ни сојузник. Едноставно си е таква вук самотњак и прво си ги гледа своите потреби и интереси без никакви отстапки. Не и гајле за другите т.е. неа не и` е гајле за сопственото дете, а камо ли за мене ....и јас (еве ќе си се наречам ГЛУПА ) очекувам да се загрижи за мене и моите (за мене обични, основни) потреби, а за неа длабоко нарушување на текот на денот за нејзините потреби ( кои според мене можат за 20 мин. да се одложат). Очигледно гадно сум се за*бала. Е па се извињавам г-ѓо , нема веќе да ве реметам за вакви баналности како бањање Мимиии не не, јас не ја помешав Лепадама со никого, јас точно си знам со кого си се допишувам , врати се наназад неколку страни и ќе ти се разјасни. едит Еве ги сите реченици на Лепадама кои мене ме испровоцираа да го напишам тоа што го пишав. Добила финансиска помош која се состои од решено станбено прашање, посебно живее без свекрва, нема се` уште деца, а напаѓа, осудува и пишува страшни небулози. Така што, јас не сум ја помешала дефинитивно со никого.
Се отвори Пандорина кутија за едно бањање Јас ја разбрав убаво Лолитка, од што и стана толку тешко на душата, и како мене така да ми направила таа жена ми стана некако кога ја прочитав, а јас не сум ни мајка. Баба, колку да си ја мрази снаата, и колку и да почнала да го презира син и покрај снаата кој до вчера и бил окото, се понесела на таков начин, да ја мота снаата, не да рече не можам или не сакам, еве има право да одбие никој не и оспорува, во ред, ама да и обеќа дека ќе го почува внучето, те сега, те уште малку, за да на крај и се обрати на снаа и така, како да и побарала снаата гаден тоалет папир да подржи за пола саат а не внуче?! Која жена е таква? Па после ајде дај го детето. Да, сигурно. Јас како што не трпам, ќе сум ја оскубала на место. Очигледно Лолита е многу помирна жена од мене, да и после таков однос да трпи и да си го чува тој фокус за иднината која си ја гледа за својата фамилија. Изгледа тоа е жртвата на мајчинството. Станови, куќи, делби, машки деца, женски деца, пари, стабилност, самостојност, кирии, мажачки, млади, стари, инати, карактери дрн дрн јариња. Се знаат условите во Македонија. Некој може повеќе, некој не, некој се снаоѓа побрзо, некој преживува друг живее, трет лежи и чека. Ама не те кошта еден денар да бидеш човек.
Не мислев на твојот пост Лолита , видов дека наназад ја спомнуваат лепадама ама дискусијата за бањање ја започна друг и даваше правила кога и како треба Мислам глупост за дискутирање , уште за во вц кога да се оди да се делат правила Него ај да нема рчки А лепадама си изнесе став , дали од памет си зборува не е мое , таа си кажа што мисли вие дебатирајте си не се мешам А тоа што некоја баба не сака внучето да си го причува не можам да разберам ни јас .
Imelda, што се вели, за навек ме купи со реченицава. Respect . A за се друго, не е само стандардот кај нас проблем, исто толку е и менталитетот, на сите, и на старите и на (по)младите. По потреба сме и традиционални и модерни, денес сум традиционална снаа и сакам помош од свекрвата затоа што, побогу, ми следува , утре сум модерна и ќе види таа . Не сакам стан/помош од нив, ама срам да им е што не му купиле на синот, не биле домаќини (а ние сме домаќини, ама ете, ние не сме купиле заради реални пречки...) . Имам ептен блиска личност мажена во странство, со странец. Никогаш не сум ја слушнала да рече „Леле свекрва ми...“ или „А таа јатрвата...“ Никогаш. Кој на кого колку и како му дал, ама ич не се замара, вика „Не е моја работа, што е нивно, на кого сакаат ќе даваат“. И крај. Има другар (исто странец) кој кога купуваше стан доби ЗАЕМ од родителите, а за да им го враќа, високообразуван, талентиран итн. работеше ВТОРА работа навечер, во ресторан! И како размислуваат неговите-пак тие пари нему ќе му дојдат (и на сестра му, има и 1 или 2 сестри) во наследство, никој не ги однел на оној свет, ама треба да ја разбере и да ја почитува вредноста на заработените пари. Не го казнуваат на тој начин, го воспитуваат. Јас се самопрекорував кога ќе ми дојдеа такви мисли, зошто неговите или моите ова или она направиле или не направиле. Треба човек да работи на себе за да напредува, за сите полиња во животот важи тоа. Нормално е можеби додека еволуираме во зрели луѓе да потклекнеме некогаш на стереотипите, ама секој еднаш МОРА да порасне и да сфати некои работи. Прво заради себе, а дури потоа заради било кој друг,
Јас си стојам на тоа дека пред да се земат младите ( односно пред да им се згеши и да остане трудна девојката, што во денешно време и методи на контрацепција не ми е јасно како успева ) треба убаво да се размисли што значи поимот брак!! Не е само свадбата опа иха и све е среќно и весело. Дали ќе се живее или не во заедница и колку е тоа возмжно е многу битен муабет. После нема враќање. Јас мојот пост го напишав за оние кои со прст не мрднале, и мислат дека кога ќе одат во друга куќа треба нив да им прпадне све. Овде гледам многу паметни и пожртвувани жени, кои за иднината трпат сега, но има и такви а богами и мажите им се такви кои подобро ќе си седат дома во 50 квадрати стан 3 фамилии само да не се осамосталат. Зашто нели мама си е мама, а жената е за секс. Нвечер ќе се секса со жената, сабајле мама лепчиња ќе му испржи. И за него е ТОП. Сан снова. А тоа што жена му пропаѓа психички секој ден помалку зашто од милната мајчинска насмевка кога тој си оди, излегуваат вампирски заби за цицање крв на снаата, нема везе. Е за тоа зборував јас. За тоа јас си купив сама, со помош на моите. За да не доживувам она што го доживувате овде. Несудената свеки ми рече еднаш, ќе се промениш ти со тек на време, единствено што променив е дечкото.
Лелее...тешко си на таа која ќе се излаже нејзе да и' биде снашка...а за син и' ... искрено не знам што ќе прави кога еден ден мајка му ќе ја нема (ко шо си кажувала и тој по нејзин памет)...тек тогаш ќе се до-изгуби тек тогаш скроз на скроз.
Ептен ме нервира ова во врска со годините. Луѓе сватете едно нешто ако се сака се се може. Јас не можам да завршам факултет ако сум во брак и имам дете? или ако имам 19 години. Искрено некој е дете и на 25 години и годините мене апсолутно ништо не ми значат, ако некој/а се домаќини, знаат да штедат , знаат да внимаваат на парите ќе знаат и на 18 и на 28. Заборавив да кажам дека нас воопшто не ни ни рекоа да живееме кај нив, туку рекоа уште ќе живеете во овој стан или ќе барате поголем. Мм им рече дека ќе живееме кај моите. Исто и јас се нервирам што сум се нервирала и сум се замарала со глупости, не сум живеела со нејзе ама толку многу ми идеше на живци, прво зошто ми се правеше лизна мазна а позади грб ми збореше, второ сакаше да ме скара со мм, и трето кога се породив ниту ми се јави и не дојде да ја види внука и , и јас и мм и да сакаме ова никогаш не можеме да го заборавиме, не можам да го заборавам моментот кога му се јави на мм од др земја и му кажа јас сум таму и таму , работам - чувам деца, очите му се насолзија и и спушти.И пак јас ги смирив не сакам некој утре ден да ме колне и да каже дека пак јас сум крива дека јас сум ги скарала, иако после тоа мм и одговара само со Да и Не. Не ми ни треба помош од нив еднаш побаравме ни требаше за плац да земеме на лицитација, го викнавме и дома и татко ми се убаво му објасни на свекор ми , а он како и секогаш ке ви дадам не е проблем и потоа беше недостапен цел месец. Иако се работеше за некои 100-200 евра , моите се ми дадоа и ние се што имавме дадовме ни остана уште малку и ништо не направивме , затоа од тогаш не ни бараме. За разлика од девер ми и јатрвами нив секој месец им носи пари ама јас кажав и пак ќе кажам никогаш нема да дозволам да речам дека детето ми е болно(а да не е ) и да барам пари заради тоа, ако треба и боса ќе одам. И не не сум љубоморна баш ми е гајле ама не е убаво така за едниот син татко за другиот очув. Моите ми имаат речено колку што можеме ќе ти помогнеме, ако еден ден почнеш да правиш куќа никогаш нема на цедило да те оставиме па ако треба и кредит би земале. Благодарна сум им и што отвориле штедни книшки за мене и сестра ми и на двете ни дадоа подеднакво откако се омаживме , јас мојата сеуште не сум ја земала и се правам како да не постои. Нема којзнае колку пари ама ете кога некогаш би направила куќа би ми биле доволни да уредам една соба и тоа за мене е премногу. И задоволна сум За разлика од родителите на мм што не ги ни интересира , ама он си ги знае какви се не им се ни нервира.
Прочитав секакви ставови и лични убедувања и ме инспириравте да ја споделам мојата животна приказна, бидејки често наидувам на вакви осудувања или пак зборување за идеални услови, кои за жал во реалноста се многу ретки. Спојлер И јас бев со тој цврст став дека дури не го завршам фалкутетот и не си го решам стамбеното прашање нема да основам фамилија.Но животот ме дведе до искушение и ме донесе пред две одлуки од кои која и да ја изберев ке беше жртвена. Од кога ја завршив првата бруцошка година одлучив да барам работа за да останам и преку летниот период, покрај тогашниот дечко, сега маж.Нормално, не очекував од моите да ми ги плакаат трошковите за кирија и живот и во летен период во друг град.Најдов доста добра, платена работа со можност за бакшиш и бонуси, уште првиот месец стигнав до плата 30.000, наредните месеци не беа толку добри но никогаш не бев испод 18000-20000, што за нашето поденбје е солидна плата.Кога требаше да почне новата академска година се најдов пред искушение или да ја продолжам да работам, а фалкутетот да го ставам во мирување, или да дадам одтказ и да го завршам факсот.Студиите да ги терам порај работата немаше можност, бидејки се работеше за напорна работа во три смени, исцрпувачка, и психички и физички, а фалкутетот е еден од потешките и бара добра концентрација и посветеност.Одлучив да продолжам со работа, а фалкутетот да го завршам во некои подобри времиња, прво ради состојбата во нашата ни држава, од 15 вработени во фирмата во која бев, 9 беа со завршени фалкутети од различни струки - економски, технолошки, правен, најстарата ни беше девојка со завршен фалкутет за професор по хемија и 10 години не можела да најди никаква работа, а друга ствар беше што моите беа во недобра финансиска положба, но правеа жртва за да можат да ми обезбедат студирање.Искрено, требаше да бидам будала да ја оставам работата и да го продолжам фалкутетот, за по некоја година од кога ке завршам да си ја акам главата како 70 % од малдите кои ја добиле дипломата. И така со мм, тогашниот дечко си живееме еден комотен живот - двајцата вработени, под кирија. Како и што пишав во некој од предходните постови по две и пол заеднички живот, ме запозна со неговите - веднаш по неколку месеци почнаа да ни вршат притисок да сме се земеле, сме живееле заедно, зошто да не го направиме тоа, ова не би го ни коментирала, мислам дека е јасно од каде потекнува. Е сега моментот контрацепција.Жени, не секој може да ги пие тие анти бејби пипули, како и секое друго апче си имаат нус појавии не секој ги поденесува, мене лично ми ствараа тешкотии во желудникот, како подуена се осекав,а има и жени кои имале многу посериозни последици до згрутчување на крвта.За други опции не ни размислував поради наши лични убедувања и одевме на стариот добро познат метод. Јас бев една од тие ретките кои и покрај вниманието, забременив.Кога го направив тестот, имам пишувано во друга тема, се убив плачејки. И што сега? Се најдов пред еднаш тешка одлука - од една страна го имам личното убедување и став, а и на моите исто така до тој момент, дури не завршам фалкутет и не си го решам стабеното прашање, не оформувам фамилија, а од друга страна долги години живеам со човекот кој го сакам и знам дека ке го поминам остатокот од животот со него, и двајцата сме вработени, а плус таткото на партнерот боледува од тешка болест и секој ден му се очекува крајот(од кога дознаа дека е болен уште повеке вршеа притисок да се земеме, да го видел и другиот син како му прави свадба - а тоа што немаа никакви финанси за свадба, тоа е друга работа)Ако се одлучев за одлуката да ги следам моите лични убедувања требаше да си го убијам сопственото дете во уторбата кое беше непланирано, но плод на љубов. Од мм ја имав подршката за што и да се одлучам.Татко ми ме праша - керко, ти се осекаш спремна да бидеш мајка - немав представа што може да ме очекува во однос на спремност кон мајчинство, но предчуствував дека тоа е инстикт кој самиот по себе ке се развива и така и му реков, едниствено што ме загрижува е финасиите и условите во кои се наогаме, а татко ми, ми рече - ако чекаш идеални услови да се наместат, цел живот ке мислиш дека коцките не се наместени, ние сме ти родители, тука сме, ке помогнеме, а детето е дар божји кога ке дојде на свет,ке донесе позитивна енергија и полека ке почнат да се местат коцките. Тука да го кажам мометот дека татко ми одамна живееше во Скопје и од кога почина и баба ми ја продаде куката во родниот град, со цел тука да купи стан или земјиште да правиме кука, но да биде несреката уште поголема, парите му пропаднаа во стан на превара, човекот кој ја изврши е моментално во затвор и парите највероватно нема да можеме никогаш да си ги повлечиме. Која одлука ја донесов можете да видите, и беше најправилната одлука која ја имам донесено во животот, свадба не направивме, мал прием на најблиските луге и венчавка, за жал таткото на сопругот не го дочека тоа. Е сега мометнтот стабен кредит - оние кои немаат представа, за стабен кредит да крениш прво и најосновно двајца кои се во брак треба да се кредиотно сопособни, односно пријавени на минимум 300-400 евра за да можат да кренат еден скормен кредит од 30-40000 евра, за да земат стан и тој стан да биде под хипотека, тука исто така треба да се има учество од едно 7-8000 евра. Е тоа драги мои во нашава Македонштина е многу тешко.Прво фирмите во кои се зема 800-1000 евра плата и се пријавува на исто толку се бројат на прсти(предпоставувам како случајот на нена2010 зашто за да ти даде банката сама да отплакаш стабен кредит, треба минимум толку палта да земаш) Ние со мм каде што сме работеле одреден период не сме биле пријавени, а останатиот период пријавени како во 90% од фирмите во Македонија на минимално пријавување од 10.000, а со ваково пријавување банката не може да ти даде стабен кредит, или ке ти одбри некоја смешна сума каде не можеш да земиш стан.А друга ствар е, што овде лугето најчесто се на преживување и ретко кој има има 7-8000 евра на страна. Тоа е болната вистина, таква е ситуацијата во државата и за жал ретко може лугето да дочекаат да се створат идеални услови. Тоа што некој од вас спомна, што се мажила млада со толкав стомак наместо да го заврши фалкутетот, по некои морални вердности треба да биде точно, но тоа што фалкутетот денес воопшто не е мерило дека човек ке има работа е за жал реалноста. Затоа, не судете ничиј живот, живот не е едноличен и нема две страни, многу покоплициран е, и секоја животна приказна е приказна за себе, за жал веке работите не ни може да се генеразлизираат. Сето ова оди во споилер, бидејки не е поврзано со темата, но се надоврзувам на дискусијата која ја направивте.
^ DeMelo, ептен се согласувам. И во претходниот мој пост испуштив да искоментирам за планирањето на семејството. И јас си мислев дека најдобро е прво да завршам факултет, да се вработам, да решам станбено прашање, да се омажам па да раѓам деца. Арно ама есапот дома и на пазар не е ист! Завршив факултет во нормално определено време, но не можев да најдам работа цела година и кусур. Кога конечно се вработив, тоа ни од далеку не беше работа соодветна на моето образование и со плата од 200 евра, но ми беше многу мака да седам дома и да барам пари од моите за што и да ми треба, па ја прифатив работата. Денес работам нешто друго (повторно нема врска со моето образование), пријавена сум како среднист а платата ми е исто така мала. И воопшто не сум задоволна, но немам ИЗБОР. Кога со тогашниот дечко, а сегашен сопруг, видовме дека работите не се одвиваат по план, решивме дека ќе се земеме (заедно бевме скоро 10 гоодини, а имавме по 27/28 години). Станбеното прашање не ни беше решено, изборот беше следен: - да живееме со неговите (во нивната куќа, која впрочем гласи на име на сопругот); - да одиме под кирија (имавме пари за да плаќаме кирија- но ништо повеќе, за никакви планови за во иднина немаше да можеме да тргнеме на страна); - да живееме со моите (а тоа скоро и да не беше опција, со оглед на примитивното општество и со оглед на, за мене изненадувачкиот, став на мојот сопруг). Ја одбравме првата опција. Уште првата недела од веридбата јас и‘ го видов вистинското лице на мојата свекрва која и не била баш така фина како што ја знаев со години. Уште не беше поминат цел месец, жената успеа да ме расплаче како мало дете и тоа на мојот роденден (ама и торта ми направила - најгорчливата во мојот живот!). Тогаш помислив и му реков на сопругот дека не е возможно да живееме во заедница, ајде да одиме под кирија или да одиме кај моите. Да живееме со моите родители не беше прифатливо за него (многу ќе се навределе неговите), да одиме под кирија- нема никогаш да купиме нешто наше. И така си останавме со неговите еве веќе година и повеќе од 6 месеци, штедиме за УЧЕСТВО за да си купиме свој стан, или куќа на старо (бидејќи градење на куќа е невозможно со нашите примања - барем не во наредните 10 години, што за мене е преееемногу долго). Спојлер Сакам само да ви појаснам дека свекорот многу се вознемири и налути кога слушна дека ќе сме купувале стан/куќа, а камо ли да чуе да одиме под кирија (срамота било ), тој си замислил дека ние треба цел живот да живееме во заедница, дека ова било наша куќа. А уште кога им соопштивме дека ќе се вериме, тие и двајцата ни кажаа дека ова ќе е наша куќа и мене ми рекоа да се чувствувам како во своја куќа, да си живеам како сакам...но факт беше дека кога ќе отворев фрижидер свекор ми трчаше да провери што ми треба, да ми помогнел . Ако (при бришење прашина) разместев некоја рамка за слика или вазна со цвеќе од веридбата (онака како јас мислам дека е подобро), свекрва ми трчаше по мене да преправи - да врати по старо...и ред други СИТНИЦИ кои укажуваа на тоа дека јас баш и не можам да се однесувам како дома. И нормално, тоа не е моја куќа, туку нивна. И одлуката за селидба беше уште поцврста. Нејсе, бевме решени да не раѓаме деца се додека не го решиме станбеното прашање. Но, годините си минат, ние си старееме, станбеното прашање се уште не ни решено, па одлучивме ќе ги тераме двете работи паралелно (бебе и дом). Арно ама, еве веќе 6 месеци како се обидуваме и НИШТО. Ми се чини дека попрво ќе го решиме станбеното прашање отколку што ќе добиеме бебе. А најверојатно ќе треба да бркаме инвитро, како што има многу случаи околу мене. Така, драги мои феминки, во животот ретко кому работите му одат по план. Тешко дека во некој момент од животот сите коцки ќе ни се наместат. Животот е полн компромиси. Од нешто ќе се откажеш за нешто друго да добиеш. Изборот е најчесто тежок, но секој сам бира. И никој не треба да биде осудуван.
'За бебушот ке биде мила, верувај сето тоа е на психичка база.Имаме пријатели кои беа три години во брак, поради истите стресови со свекрвата, на психичка база жената не можеше да остане. Што не пробаа и каде не беа.Се откажаа, кренаа кредит и доправија во куката уште две соби за нив - една од нив - нивна спална.Два месеци од кога спиеа на нивна спална, девојката остана трудна - уште тогаш и велев се ти е на психичка база.И сама ми кажува, си ја стегав душата си мислев што ако останам, каде бебето, каде кревтчето. Е сега, уште еден момент кој не е баш добар - за да се створат идеални услови , дипломирање, работа, магистратура, свој дом, жената ја поминува 30 година, а сите знаеме дека како што поминуваат годините, плодноста се намалува..И веке понатаму можни сценарија не би ни сакала да пишувам, зошто на никој не му го посакувам тоа. Кога ке раздлабочат работите никако не е човек, но затоа ни треба да се суди ничија судбина секој си знае како му е во кожата, секој со својата животна приказна.