А некиј да размислеше да ја остави свекрвата веќе живот да живее да оди да шета да ужива во животот кога веќе си ги израснала децата? Бракот е да си живееш вој живот и домашните обврски да се поделат да се стекне навика. Утре еден ден свекрвата ќе ја нема кој ќе прави јадење, а кој ќе му посветува внимание на детето кога мама ќе готви. Готвењето и чистењето не одземаат време воопшто (нормално зависи кој како си го сваќа). Колку и да ми се нуди да ми помогне нема да прифатам помош ниту од мајка ниту од нејезе нивно време е да одмараат ако треба и по цел ден да лежат зошто заслужуваат. Истото и за мене ќе биде здравје кога ќе остарам сакам да шетам, а синот и фамилијата нека си поставуваат правила дома кој што како да прави и нека си го организираат домот, одморот, финансиите итн. Нема детето да биде по паметно или по учено ако мајка му е 24/7 до него.
Не се правдам никому, кажувам како функционирам. Ама тешко им е да разберат. Или не сакаат. Мене и не ме боли ни ме погодува. Ни навредите не ми пречат, тоа за секоја посебно кажува што сорта е.
Едно е да имаш чистачка што ќе ја плаќаш, а друго е на една личност маста да и искача. Ако е така одете на работа за беспари зошто брате по платена работа.
Што те погоде тебе? Што не ти е јасно од делот “кој како сака ќе си го организира животот?” Ако свекрва ѝ на Мила сака да и носи ручек, нека и носи. Тој е нејзин избор. Не дошла да те праша тебе за дозвола.
Аман бе луѓе. Значи Мила сигурно не ѝ ставила нож на врат на свекрва ѝ за да им прави јадење. Еве кажува со ќејф им готвела. Ако они се разбират меѓу себе, свекрва и сака на тој начин да помогне, што ве вас интересира друго? Ја направивте немајка оти на детето не му правела ручек. Вашите деца само еднаш ли јадат? Еве погоре една беше пишала ако сакаат да помогнат нека дадат пари. Да ѝ даваа пари место да ѝ прават ручек, гарант немаше да ја нападнете.
Баш истово шо го пишав се нејзини зборови, не мои. Прочитај ги убаво мислењата. Све од наведеново. Мм е повеќе дома, со детето од мене. Успива, прави јадење, го бања кога сум втора смена, го шета сегде дур сум на работа, ако сум до покасно он го легнува. Пелени менуваше, сега веќе го одучивме од пелени. И да, од 3/4 машини неделно он ги пушта 2 минимум.
Еве да те просветлам…колку те боли вистината,ја уби од вреѓање и се уби од фалење. Океј, ти си најдомаќинка у темава. Доста буцкаш со груби муабети.
Првите две навреди беа од неа, извини. Види ги нејзините мислења и реплики. Не ми се напнувај мене. А баш памтам една членка шо не работеше и се пофали дека си е со детето по цел ден и све сама прави и неа и се нафрливте, дека не била најмајка шо е дома со детето, да си нашла работа, ама оваа ако вреѓа мајки шо прават сами ручек и се грижат за детето и немаат време да имаат недивени авантури ко неа со детето, у реди е. Убаво и пишав како ќе се осеќа самохрана мајка да го прочита нејзиното мислење, ама и неа и тебе не ви одговара да го прочитате тоа, а и да одговорите.
Мене не, ама како да сфатите дека она беше иницијатор за дискусвијава дека ние сме болни? Не не прочита. Неа детето ќе ја памтело дека била по цел ден со него, ќе имале авантури, а нема да ја памти во кујна со свртен грб. Јас ова го сфаќам ко детето мое да ме памти во кујна со свртен грб. Или просветли ме ај
Како да те просветлам кога она тоа што го кажа за неа не е навреда кон тебе, освен ти што тврдиш дека е. И не заборавај, да не те цитирам ти почна со муабетот дека нема ништо помајчинско од готвење за деца. Стварно како може нечиј друг живот тебе да те вреѓа?
За глупости се расправате.. стварно. Ај готово, доста е... кој е овде модератор бе? @Sesil @referentka ај заметете тро
Што сакаш друго да ти каже од ко и се напна? Абе жено,криво ти е што не ти готви тебе свекрвата, не работиш ништо и имаш вишок време да дремеш на форумов. И уште нешто ќе те прашам: Што имаш ти да ја прашуваш нејзинава свекрва дали е пресреќна и која си ти да поставиш такво дрско и безобразно прашање? Детето кога ќе порасне нема да се сеќава на твоето готвење,него ќе очекува од тебе нон стоп да му даваш да јаде. И не може секој да готви и не,нема време за готвење како ти што мислиш. Жив и здрав да е оној на кој му носи јадење дома за кога ќе дојдеш од работа да го наполниш мешето и да ти е убаво на душа,а не да ти се бркаат мачки унутра зашто не знаеш што попрво да фатиш,дал да си легнеш,дал да се избањаш или пак да правиш ручек, а за дете да не зборам. Но,очигледно ти појма немаш како тоа изгледа бидејќи седиш дома, не работиш и се фалиш на темава како си најдомаќинка и како другите се недомаќинки.
Не си ги троши нервите на мене. Прва кажа дека сум требала да размислам што детето нема да ја памти мојата мусака/ леќа/ грав или што и да е. Јасно ти е сега? Ако треба ке вратам наназад да цитирам.
И се напнавте на @MilaSs12 до крај. Дека е немајка испаѓа целиов муабет зашто не готвела на детето, туку од свекрвата ручек секој ден. И мене ми готви свекрва ми ручек секој работен ден, и тоа зашто она така сака, не дека е морално.Секогаш ми се јавува што за ручек. Сум и рекла ке зготвам одвечер, она вика не не јас што ќе правам ако не ручек за нас и вас. Јас сум и најблагодарна за тоа. За вечера,викенд што и да зготвам , прво на нив носам и со најголем мерак го правам тоа. И наместо да трчам од работа за ручек, јас доаѓам на раат ручам и си завршувам други работи. Не велам дека ова ќе е вечно, знам да зготвам се , ама додека свекрва ми со мерак ми прави ручек и со мерак ја реди масата за ручање, така нека биде.
Не одев на работа и свекрва ми ни готвеше првите неколку години. Немајка на векот! *А и не живеевме заедно.
Како да не. Кога почнавме сами да готвиме, цела недела готвевме паралелно два ручеци, затоа што не сакаше да престани.