Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Па да де мама знае најдобро и најубаво да готви :). Јас неам некој поголем проблем со свекрвата и мојава се понуфила али знае кога ќе кажам НЕ и така стојам на зборот знаејќи колку е тврдоглава го почитува барем тоа и крај краева има свој живот она зошто да и поминува времето самоо готвење.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Нема врска со тоа како готви, таа не сакаше да престани, син и' не јадеше од нејзиното.

    Вие не знајте како изгледа да живееш на рает, а?
     
    На Anturium и Осе им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Зошто да не знаеме фино лепо одам еднаш неделно на ручек и топ е. Сега баш по раат не може ни да биде. Сега дури и јас и праќам некогаш нешто ако направам ;)
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Да и' праќаш.
    Оти, шо ќе речат комшиите инаку?
    А и таа ќе ти е благодарна, оти не си цело време инает (како што спомна)
     
  5. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Па ако немаат пари тогаш како ќе готват за 5 души?
     
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Изгледа не ви се јасни некои работи, или не дочитувате, или не ви се чита, или некој комплекс е во прашање. Јас колку што разбрав, а разбрав како што е напишано, нејзината свекрва им готви од пусти ќеф, љубов, внимание, како год кажи го. Не и е зададена таа задача, туку сама сака. Кој дел од тоа не е јасен?
    Има родители кои, по твоето осамостојување, едвај чекаат да живеат втора младост, има родители кои сеуште се ангажираат околу семејството, претпоставувам така сеуште се чувствуваат битни и сакани. Ако родител не помогне, сигурно нема комшијата. Зошто да се одбие помош, ако е дадена алтруистички?!
    Друго, јас после работа сакам да се фрлам од зграда, не па да готвам и чистам. Едноставно сум мртва прекапана. И те како добро би ми дошол топол, тазе ручек. Затоа, искрено и љубоморам.
    Готвењето и чистењето, одзема време.
    Друго, свекрвата ако утре ја нема, ако не ти се готви сеуште, ќе си нарачаш деливери, имаш еден тон избор.
    Кај пишува дека мора некоја навика да се стекне, барем во денешницава, толку е олеснет животот, за ти само да си го живееш. Ќе си викнеш сервис за чистење, ќе си нарачуваш храна. Ако на некој му е ќеф после работа да готви и чисти, алал му вера, рака му давам. Еве во моментов се мислам што да нарачам, бидејќи ме мрзи да мрднам од кревет, не па јајца да сматам.
    Ништо не мора, мора само да се умре:)
     
    На Anturium, mila89, Chanell* и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Ај ок тебе те научивме дека ако некоја седи на форумов, по твое не работи ништо и лаже. Уживај, ти ми носиш финансии мене дома.
    Ама ич не ми е криво шо не ми готви свекрва ми, ми прави услуга. И баш јас бев таа шо пиша дека детето со мене спрема нудли и уште од мало се трудам да му створам некакви навики во животот (прилагодени на негова возраст) и дека со мм барабар си ги вршиме обврските во домот.
    Ама исто така и те научив дека напаѓаш без основ и од читано-недочитано.
    Нема ја шо тебе да ти се правдам дали работам или не и дали сега седам на стол на работа и пишувам на форумов. Не е твој проблем тоа.
    По твоево детево на членкава цел живот ќе чека баба му јадење нонстоп да му дава.
    Башка шо незнам кај прочита да се фалам али у реду е рандом бубаче
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Исто така не е твој проблем животот на Мила и дали свекрва ѝ е пресреќна. Не е читано-недочитано, ти самата си го кажа тоа, да те цитирам пак сакаш или ќе се просветлиш сама?
    Не ти е убаво да ти брцаат у животот,а убаво ти е да брцаш у животот на другите и да кажуваш правила.

    @GrimTheReaper Џабе објаснуваш, таа е најдомаќинка овде, другите се несамостални и недомаќини.
     
    На MilaSs12, Lianna Anna, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    Океј, навистина е доволно од оваа дискусија, да се вратиме и задржиме на темата за проблеми со свекрва, дискусијата во оваа насока не води никаде. Ве замолувам да не продолжувате со истото за да не ве бришам.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1627316701022.jpg
     
    На gjoker4e, Skorpija25, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    12.129
    Пол:
    Женски
    На Господ бељата сме ние жениве. И после оти снаа и свекрва се с'скале, ами две жени се, што да се очекува :smirk: По малку скоро секоја брцна во животот на другата, и тоа само преку претпоставки за потоа цело време да си ја истакнува својата домашна атмосфера и мајкинлук.
    Дали има рецепт за пријателски однос меѓу нив две? Постои прирачник за однесување?
    Јас немам претстава за убав однос и рецепт меѓу снаа и свекрва. Како ќе тргне односот зависи од нив и од нивните карактери, ама и од другите членови. На едната ѝ е во ред да ѝ прави ручек, да ѝ ги помага обврските во домот, на друга ѝ пречи плеткање; една свекрва почитува граница, друга не знае за НЕ... И што има да се длаби зошто како дали каков треба да биде животот и секојдневието?
    Јас со мојата свекрва имам ок однос (дан ме избркате од темава :worried: ). Живееме одвоено :angel:: не ми се меша во животов, не ми го дрибла маж ми против мене, ручек прави еднаш неделно, не ми претура по работи, ама таков ѝ е карактерот - се погодила. Еднаш дури бевме на одмор со маж ми, им оставивме клуч да дојдат дома да проверат ситуација. Јас имав цакум-пакум направено 8) и дошла и таа заедно со свекор ми да видат во станот кај нас. Кога се вративме и низ муабет спомна дека и таа била, јас онака реков аха ок, ама некако непријатно ѝ падна да не помислам дека чашитувала. Следни одмори не доаѓаше :smirk:. Ручек сакам да прави кога може, за возврат јас можам да ѝ помогнам во чистење, иако не се натураме една на друга. Сум се понудила да ѝ чистам, сум чистела и тоа е толку. Ме изнервирала онака во неколку наврати со некои коментарчичи ама главно не е зачин тип. Важно знам дека ако има проблем, маж ми ќе си ги доведе кајшто треба, јас не преземам такви функции. Всушност за било каков проблем и пречка, мажите треба да се медијатори, зашто кај тие што ќутат мажите и се правата на друга планета, жените се најдени во небрано.
     
    На Skorpija25, RAK91, Ivan4e04 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Изначитав се на темава :D
    Мојот однос со свеки е ОК.
    Уште кога бевме во врска со мм живеевме заедно на почетокот не ни доаѓаше кај нас, за ручек невикаше за викенди некад идевме некад не, се по договор.
    Па правевме свадба уште толку се пддели од нас, почна и викендите да не не вика зашо деугиот син уште живееше со нивпа девојка му беше постојано кај нив и со нив си тераа работа ние ко тринаесто прасе бевме не не фермаа.
    Се земаа тие отидоа да живеат во друга населба нејзе срце и се кине по нив и уште е со чување на нивното дете со ручеци ги пегла пере им чисти....
    Ние сме во иста населба ме остави сама со 15 дневно бебе дома, мм си одеше на работа.
    Бебе за некој ден ке направи 8месеци да е жив и здрав, се занимаваме по цел ден, кога можам јадење ќе направам, ако не ќе нарачаме или купиме готово од маркет, за чистење исто кога можам претежно викенди со брзинна на светлината го поминувам станот (подот ми е најбитен бебе почнува да лази), пеглање и све остало навечер кога ќе заспие. Кога беше помал неможев да фатам ред и бев во очај, сеа веќе имаме фатено неккава динамика и тераме така.
    Искрено и подобро што си седи настрана зашо ептен се терсене луѓе, и само се лутат за нешто.
    Вака имам мир (fingers)

    Да се надополнам знае кога ќе искочиме да го прошетаме малиов ај во тинех или рамстор да влеземе и пазари све за нас не гледа ни цени ни ништо самл зимаме, или пред да дојде кај нас ќе иде до аптека ке купи памперс или што и да треба за детево и ќе донесе.
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На Anyshka, Skorpija25, Hortenzija и 8 други им се допаѓа ова.
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Ме збуни малце, те оставила сама со бебето?
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам кога пишуваше дека не и помагала кога се породила.
    Мислам дека тоа мисли.
    Мојата сакаше да помага ама јас не давав. :D
    Сега некако си имам чувство дека сама си го израснав до 7 месеци и тоа чувство е најубаво на свет.
     
    На Snowflake92, wannaBeMomma, Camille84 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Живееме под кирија, сами со бебка.
    Пред да се вериме, станот што му беше ветен на мм се продаде ( он така сакаше, знам зошто така сакаше и во потполност се согласувам со одлуката). Кога се веривме, ни го дадоа парите од станот за да си купиме друг. Се договоривме и моиве да ни помогнат за да не заглавуваме со кредити (парите од продажбата на станот не беа доволни за да купиме и опремиме стан како што сакаме).
    Муабетот беше моите да ја доправат викендицата во село, со сите услови за живот, па да ја продадат куќата во град и тие пари да ни ги дадат нас.
    Арно ама, корона, светот застана во март 2020.

    Во меѓувреме добив голем, неочекуван бонус од работа. Се договоривме да им ги дадеме парите на моите за да се средува викендицата, да не глават моите со кредити. Меѓудругото, утре, кога моите ќе ги нема веќе, таа викендица за нас ќе остане.

    Ги дадовме парите - лично мои пари, во договор со сопругот, секако. Свекорот почна да драми, сме ги лажеле, парите од станот сме ги потрошиле (каде еве не знам), тоа малку што останало сме дале на моите за да се продаде куќата за да се одглавиме, ниедна фирма толкав бонус не давала. Триста филмови!

    На мм му пукна филм, богами и на мене, само се обидував да останам смирена поради мешето. Си разговаравме со мм, решивме парите од станот да ги вратиме. Нешто ние штедиме, плус со продажба на куќа, секако ќе се има за учество и нешто плус, јебига, ќе земаме станбен тоа е...

    Ги вративме парите, подзинаа. Убедени беа дека тие пари ги имаме спичкано (пак ќе кажам, не знам каде, посебно во време на пандемија). Ама не, ама ние не мислевме така, ама ние само сакаме стан да си купите, ви се одолжи работата ( да повторам СВЕТОТ ЗАСТАНА), тие пари алал ви беа дадени за да се одомаќините ( видовме колку алал).

    Им ги оставивме парите и си заминавме.

    Се породив. Знаеја дека ако го продолжат муабетот нема да ја видат внуката. Си ќутеа.

    Во меѓувреме, ние почнавме да идеме по банки, да прашуваме за опции за кредити, хипотеки и сл. Најдовме стан, се пазаривме и отпочнавме постапка која уште е во тек. Неговите не знаат ништо. Ако им кажевме, пак ќе почнеа со парите, па пак со неверување (постапката од необјаснети причини долго трае од страна на банката), пак че беше лажеме, па каде е тој стан, па зошто тој, зошто таму, зошто таков, зошто толку пари, свекор ми ќе се пуштеше, ќе им отидеше на луѓето сам, непријавен, да се ценка за пониска цена и сл.

    Моите знаат од причина што во целата постапка за станбен кредит и куќата е во игра.

    И така ние сега си чекаме...

    Идеме во недела на ручек, да ја видат малата а и ние да го видиме внукот од сестрата на мм. Они цели радосни, спремен лаптоп на маса не чека.. Ни купиле стан!!!!!!!

    Маж ми се исклучи.... си го земавме детето и си заминавме..

    И знам сега, кометари од типот, ете ви купиле стан, вие неблагодарни бла бла. Стан на 7ми спрат, зграда без лифт, добро знаат дека син им има страв од височина...да не набројувам. Кога се веривме бевме многу јасни што сакаме и зашто сакаме така и дека не прифаќаме ништо помалку и дека од тие причини не купуваме одма стан, ќе почекаме.

    Што ќе прават сега со станов не знам, не ме занима, не е мој. Јас за мојот стан сеуште чекам у банка.

    Дома со денови чуриме. Разбирам да сакаш да помогнеш ама целото наше искуство со тие пари беше се освен помош... И на крај кога рековме имаме начин како и без тие пари да обезбедиме стан, они што направија? Купија нешто, да се има, за роднините веќе да не ги прашувале зашто живееме под кирија. Па и ни се чудеа како тоа никој нас не не прашал зашто живееме под кирија.

    Постов лом, раце ми се тресат додека го пишувам од нервоза.
     
    На LucyLu, Ivan4e04, elenaklasik и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Па јас со царски бев и само 15 дена доаѓаше и после почна да си го чува другото внуче
    Штета со мојте не сме во ист град претешко ми беше на почетокот со ужасни болки што ми се смирија пред 1 месец :|

    Си запомнила :D
    Но сосема си во право за чувањето сеа веќе сум горда на тој момент
     
    Последна измена од модератор: 27 јули 2021
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Убаво тоа од нив., али ако веќе му дале пари на мажот ти тоа се негови и толку али он ќе ги троши на шетање или стан ќе земе или кола не е битно ако веќе ги даваат. Истите луѓе се и на мм неговите јас ќе ти дадам се ќе направам ама утре по нос ќе ти ги мавам цело време. Такви пари фала ама не. И ако веќе купиле стан зошто го купиле на 7ми без лифт со кој памет не знам. Треба ствари да се внесуваат кој ќе ги носи тие работи? Дали они би живееле на 7ми без лифт. Океј супер им била намерата ама кога знаеш и дека некој има фобија... Сте требале да кажете дека сте започнале постапка веќе и дека не ви тееба ништо од нив.
     
    На Anyshka, Milkiway, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    @Bicka77 мој совет, прифатете го станот, издајте го под кирија, со парите од киријата ќе си покривате дел од рата за вашиот стан што го сакате и на крај ќе имате два.
    Јас така би изиграла
     
    На kukla21, Skorpija25, ALISA0000 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ама после проблем пак нема да чини ќе викаат зошто ви го купивме станот, ние за вас го купивме а вие не сакате да живеете таму. Ќе отидат да проверат не се секирај.Крај краева на гости ќе им отидат ќе видат дека не живеат таму :)
     
    На Anyshka, Skorpija25, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Лелеее јака ви душа:x
     
    На Luna91 и elimkd им се допаѓа ова.