Кога друг купува куќа/ стан многу работи се чинат јасни и лесни а не се. Ке испадне членкава лаже, ко што лажам јас дека свекрва ми ме сака. Ако се странски газди и странска фирма и те како е можно да дадат голем бонус.
Они во сам старт зависеле и од парите на неговите и од парите на нејзините родители, јас како што ја разбарв ги чувале подарените пари од неговите да ги спојат со парите од продажбата на куќата на нејзините и да уплатат одма цела сума за стан кој го планирале, не сакале да зимаат станбен кредит. Ама откако се испонашал свекорот вака ги вратиле парите и останале само со планот во иднина парите од продажбата на куќата на нејзините да ги искористат како пари за учество и со нивните пари и со тие од плати што ќе ги вадат да отплаќаат кредит. Првично не бил планот да подигаат кредит, ама се изјаловиле плановите и сега наместо да зависат и од парите на неговите, претежно зависат од парите на нејзините и нивната лична заработка, така да у право си од чии пари претежно зависат, ама финтата е што не наведе досега дека нејзините и пререкувале за финансии во врска со ова. Нив не им ни сметало да ги земат парите од неговите родители, др. е проблемот. Така да не е до тоа од кого се дадени парите, туку начинот како се дадени и со какви муабети тоа дарување е проследено. Мене не ми делува неверојатна ситуацијава, често се случува, ем младиве со стариве ќе заладат односи, а и на ќерката како и е кога ја гледа ваквата ситуација при нејзино нерешено имотно прашање за брат и дреме празен стан што да помисли таа, ама старите многу непромислено и избрзано постапиле. После фамилијарни расправии меѓу син-родители, ќерка-родители, па ете и нејлошо сценарио меѓу брат-сестра.
Да ама на сестра му не и треба за 30г. Требале по пола да им поделат од парите, а на нив срамота дека синот живеел под кирија... Иначе @Bicka77 ја капа симнувам на мм а и општо двајцата многу разумно сте постапиле
Сестрата ќе го добие станот во кој живеат сега. Патем, продадениот стан беше идентичен со тој во кој што се. Кога им ги вративме парите, маж ми им кажа, правете шо сакате ама можда најпаметно ќе биде да ги дадете на сестра, нека земат они стан или направат куќа, па овој стан ако толку сакате нека остане за мене, ако сакате и тој нека го наследи она.
Затоа и прашав чудо она да не се побуни или место да купеле стан. по пола и на двете деца ќе им помогнат па кој што сака нека прави со парите. А тоа што го земале на 7ми без лифт од трчање купиле сигурно прво што наишло
@Bicka77 Скроз исто би постапиле, конечно да прочитам членка со малку повеќе гордост и без алчност за материјално.
За ќерката, додека се гради куќата, план им беше на младиве под кирија. Стариве им понудија ќерка со бебче да поседи некој месец додека се прави куќа ( стара е и зетот си менува се ново, со ќејф ја прави). Прифатија и сега за сега така тераат. Што се тиче мене, парите на нив требаше да им го дадат кога ги вративме, зетот ќе си ангажираше мајстори и до сега се ќе беше направено. Ама не сум компетентна за нивни пари да кажувам... Мм им кажа, они не го послушаа....
Едни кукаат зашто старите ни соба не им даваат, други кукаат зашто им купуваат станови без да ги прашаат. Наравоучение ќути си трај си пошо и кога даваш и кога не даваш секако не чиниш. Пс. Јас не би одбила куќа/стан некој сега да ми даде па макар била и во Сверипичино на 100ти кат. Од имот зијан нема.
Живеам во Скопје и тука планирам да останам. Куќата не е во Скопје туку во мојот роден град. Не сакавме да земеме станбен, за да можеме да земеме автомобилски и потрошувачки кредит за сопствен бизнис. Сега тоа секако пропаѓа во вода. Можда и ние премногу сакавме, ама од "како ќе кажете деца" до мешање у огромна одлука како купување имот има голема разлика.
Слободно нека ми го вадат додека си ја ладам во нов стан/куќа/викендица/кола. Од едно уво ми влегло од друго ми излегло, пошто тој што решил да трие сол на глава тоа ќе го праи без оглед на се. Мислиш дека вака нема да им тријат од нос како овие двоеле за да им учинат/поклонат а младиве глумеле курац ипол и не ценеле што се прави за нив. Вака кога веќе решиле да зборат барем да не сум зијан.
Знам дека се принципи у прашање, ама јас би го прифатила станот, би го издавала и би си купила стан според мој критерум. Таман олеснување за рати. Но секако е невкусно да ти каже еј стан ти купивме, онака, мислиш чоколадо купиле па ај дај што даш. Околу становите да се надоврзам, свеки викаше, да бил татко и жив ќе и купел стан, па немало цел живот свекрва да чува. А снаа у куќа земала замисли.... Јас па никогаш не би рекла така.. многу невкусно звучеше, као сеа он крив шо починал а она нема стан... Ма благодарна сум што имам кров над глава кај и да сум. Многу мразам такви муабети... Сите сме се соочиле со некоја ситуација у животот, ама нели секогаш има некој на кој му е најтешко и потешко и другите не знаат како е. Стручно знаат да се умешаат кај што не им е место.. Ама тоа мешање у вкус и желба за ваква битна работа не можам да сфатам. Ние требаше да зееме стан, нешто се изјалови ама пари си стојат па ќе бидне некад, ама они ме убедуваа,да не е голем(мак65кв ќе е толку се има), и 45 да е таман ни е нас, дневна и спална, по ќе ни се повеќе соби, здравје утре ини ќе иделе у тој(а мајка ми ќе го плати), нас ќе ни го дале нивниот големиот.... Па до таму шо ќе ни е голем, они немало да се вечни, ко ја побогу да сакам да умре некој за да живеам у голем стан. И вакви проблеми мал милион... Кај сите, кој не дава домазет синот да оди , кој не дава да се реновира, кој е вака одлучува за стан. Зошто? Толку ли им се полни егото?
Правилно сте постапиле. Не е да се купи што било да се одреди ред, за живеалиште станува збор, ако не ме бендисува влезот на зградата не го купувам, а камоли на 7 спрат без лифт. Уште па и да ми пререкуват за дадена помош и неправедно да ме обвинуват под претпоставки, за така фала, ама не фала на таква помош. Луѓето изгледа се малку тешки за комуникација и штета ќе биде да си замерите, ради ова што они го сфаќаат како одбивање подарок, а уствари не ви врши работа.
И јас не би прифатила "подарок" од ваков вид ако претходно не се консултирале со мене и маж ми.. Мајка ми пред неколку години ми даде една сума на пари на подарок.. епа и ден денес ми ги пререкува, а свекрвица тоа никогаш не го направила на мојов.. Имам за да и ги вратам, не се милиони, ама не и ги враќам после сите стресови што ми ги направи со оставинската.. Од такви подароци подалеку, ни лук јал ни лук мирисал.. Способни млади, разумни..кои си ги поставиле целите и приоритетите во животот не треба да прифаќаат ништо помалку од тоа што го зацртале се додека зацртаното е во рамките на нивните можности... И мојата викендица сега пропаѓа само затоа што мајка ми била пази молимте..газдарица. Не дозволувам мојов ни да оди да искоси а не па повеќе.. Исто би било да е таква работата и од страната на свекрвата..
И за членката, која и да беше.. камо среќа со бебево да имам време да си измислувам вакви приказни. Дојдов и од мака си се пожалив, а не од досада да ве подбуцнам да си пишувате Се врати инаку мм од работа. Се слушнал денес прво со сестрата па со зетот и им кажал да го искористат станот како сакаат и умеат, макар го рентале. Он не планирал да се замара веќе со стариве, ќе си го тераме ние нашиот план па ќе видиме до кај ќе стигнеме. Стискајте палци пред следниот роденден да станам сопственик на недвижност
Јас ги разбирам родителите на сопругот од кој аспект реагирале. Им дале пари за стан, ,,децава" решиле туѓа викендица да реновираат. Останало простор за сомнеж. И јас би се налутила, на сватовите викендица да реновирам, со пари наменети за други цели. Барем тие тоа така си го сфатиле, иако финансиите биле од друго потекло. Едноставно настанало недоразбирање. Друго, јас проблем не гледам никаков. Се заблагодаруваш за станот, не ти се свиѓа, го продаваш, купуваш друг по мерак. Ја објаснуваш причината и готово. Не е мала помош некој да ти понуди стан. Воопшто не е убаво чувството да должиш на банка. Подобро од родители, ќе прифатам било каков поклон, него на банка да должам, со хипотеки, со камати. Зошто си го комплицирате животот со проблеми, кои еве конкретно јас сакам да ги имам. На 15ти кат, нека ми дадат стан, руиниран, ќе му го најдам чарето.
@GrimTheReaper кој знае што е се посреди. Вика дека и заглавиле во банка работата, ако има добра кредитна основа нема да запне. Друго не ми е јасно, луѓево им дале пари, овие корона било светот застанал.. Како да не бе. И станови се купуваа и се реновираа и плус со тие пари како учество да ги дале за стан, сигурно побрзо ќе земеле кредит, помал износ, полесно отплаќање па после затвори кога ќе продадат нејзините куќата. Ама овде е его некое на синот кон неговите. На 7 ми спрат бил станот бре. Е па должете на банки, плаќајте кредити кога сте будали.