Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    После 20 години исплаќање на кредит и кога ќе видиш всушност дека првите години само каматата си ја плаќал, а ни 2% од имотот, меѓувремено, зависно од големината на станот, 300-400 еу рата кои патем на годишно ниво доаѓаат над 3000-4000 еу, нема баш да ти биде сеедно. Јебало те гордост, со тие пари ќе пушам пури на Јамајка. Буквално од гордост не се живее, ама со заштедата, наместо уплатата на рата, и те како.
     
    На WarriorAngel, baby-star, VDT2906 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    Баш.
    Тоа подоцна се сфаќа.А гордоста не е позитивна особина.
    Наместо да пропаѓа,разберете се каде е проблемот.
    Никаков ќар нема од пропаѓање.
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На baby-star, elimkd, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Да ама шо ако цел живот живеат со муабет ја ти го купив станов, ја ти го дадов станот? Башка нигде не прочитав да пишува на чие име планираат стариве да е станот. Ако сакаат да не му го префрлат уште полошо од заедница е работата.
    Стан не се купува без консултација, башка прво преречи за парите па ај после купи им стан. Чим за парите се изназбореле можам да замислам за станот што ќе им зборат. Ако нешто даваш дај, а не ко кравата со млекото.
     
    На Anyshka, Annath, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Нека ми го препишат, ќе му го нам чарето, одма
    А зборањето нема да им го врати назад станот.
    Може само да останат без ќерка/син.
    ... да сум јас.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.869
    Допаѓања:
    173.445
    Пол:
    Женски
    Кој бре Косми се разбрал со неразбран човек?
    Откако умре татко ми, ја почнавме оставинската и ми рече - "Јас цел живот стварав со татко ти, јас сум газдарица!" А она во жовотот само сопки му правеше на татко ми...Јас ја прашав дали може да ја одржува викендицата и се останато што ќе и остане од татко ми, она рече - МОЖАМ!
    АМА она не може ни по скали да се симне за некој да ја однесе до таму.
    Јас го платив погребот, јас ја платив оставинската, она си зема се.

    После тоа и понудија пари колку за еден 70 квадратен стан во аеродром ама она не продавала...! И понудија да и ги купат двете коли кои уште малку 6 месеци ќе стане како дремат на паркинг, ама она не продавала.

    Никој ни за пари не и се нафаќа да оди да ја одржува, има јаболка за кроење, има лозје 80 метри по цела страна на оградата..има двор огромен за косење, за полевање ехее
    3 пати влегоа крадци, си дадоВ над 1000 евра за камери и алармен систем само за да не морам ЈАС да се кренам од Берово да дојдам на секое јавување на комшиите дека некоја врата е отворена или некој прозор скршен..

    И така.. Алек зошто не дојде да искоси? Затоа што мајко ти си газдарица, јас еден ебан процент не наследив..Затоа што немав време и нерви да се карам и да бидам пречекана секогаш на нож..
    Зошто Алек не дојде да ме однесе во викендичката? Затоа што алек си има работа..
    Зошто алек не оди да навади? Затоа што јас сум му рекла да не оди..

    А кога ќе и речам ајде кај нас во БЕ, не знаела како ќе се вклопи, не можела да живее во куќа на зетот..бла бла..
    И јас нема да можам ако и го направам тоа на ќерката..|(

    Не е оваа тема за моите проблеми, немам со свекрвата проблем:D ама да сум на местото на мојов и те како ќе имам проблем со бабата8-| :rofl:
     
    На Anyshka, kukla21, TeddyGrey и 20 други им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Нека зборат, устата за тоа е наменета. Јас поклон не враќам, ниту пак му наоѓам маана, особено таков дарежлив поклон, да е ситница, добро.
    Не знаеме на чиво име ќе биде, ако е на синот, уште повеќе нека зборат, не ме тангира. Битно сум си ја наредила и нема утре да неспијам, да се плашам за финансии и дали ќе имам пари да го исплаќам станот на долг рок.
     
    На WarriorAngel, baby-star, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Свежо и' е и тешко и' е да се оддели од било што, што ја поврзувало со него.
    Знајш дека можи заради то вака да се понаша...
     
    На mal.ecka, Cosmi, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.869
    Допаѓања:
    173.445
    Пол:
    Женски
    Знам..
    Затоа нека си газдува а мене нека ме остави да си ги бркам работите..
    Мајко, да плаќам жена да иде секој ден да ти зготви, да исчисти, за друштво малку ..да ти купи што ти треба...
    Нееее никако, јас жена дома не сакам

    Епа ете..јас се ебавам 7 дена БЕ 7 дена СК за да ми стојат сите работи..
    Ејј ако не сака со нас, ќе и изнајмам посебно куќа или АПТ.. или ние ќе се иселиме а она нека седи кај нас.
    ....поарно ќе било алек да најдел работа во Ск.. и јас исто..
    И така ќе работиме за 20000 "среќни и весели" додека тешки пари губиме онаму..:sweat: :rofl:
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На happygirl, mal.ecka, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Тато ко падна, секој ден ја слушав мајка ми кај шо се жали колку и' било тешко да го крева со раката (дека извадена и' е градата).
    Им реков на двата да земат жена да им помага, ќе ме заколеа чоек :worried:
     
    На MilaSs12 и Dust им се допаѓа ова.
  10. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Да ти нацртам? Ајде ќе нацртам. Татко ми, без кола, чекаше да помине зима, за на пролет да почне да иде на викендица и да работи. Во април ли требаше човекот да влезе во автобус за да оди на село? Ќе дојдеше некок да му помогне да залепи плочки? Безбедно беше да иде да купува материјал. Јас, лично јас, строго му забранив да го прави сето тоа додека не потстивне лудилово. Така да, светот запре.

    И да, ќе должиме на банка, го одбравме подолгиот, потешкиот пат. Ако, нека, способни сме, ќе заработиме.

    И моја грешка е што на време не си сменив личен банкар и ми остана тој од родниот град. Затоа е цела процедура зарупена. Поднасаш во еден град, станот во друг, проценителот 2 месеци го немаше нигде... Сега газдиве од станот на долг одмор, ќе ги чекаме да се вратат. Така да, не секогаш има кредитна историја улога.

    Ама ако, будали сме, будали ќе си останеме ;)
     
    На Ivan4e04, elenaklasik, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Има една изрека - ни старите, ни парите.:)
     
    На Anyshka, Zumbulche, LucyLu и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.427
    Допаѓања:
    125.500
    Пол:
    Женски
    Абе ако земај кредит, ја ти кажувам со парите кога ви пререкле сте си избрзале што сте им вратиле. Тоа е. А за банките како работат не ми кажувај мене јас у банка работам многу добро знам. Јасно ми е се, ама дека сте избрзале со враќање пари сте избрзале. Доволно ќе било да им покажеш книшка, ли пари ли и ќе се смирело. Има нешто друго тука, ти си знаеш што. Само да ти кажам, дека и сега ако ти помогнат само твоите, охо има да се изнаслушаш муабети од свекор и свекрва.
    Ама штом имаш ти личен банкар во банка, не си зависна од тие пари.
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На VDT2906, Bicka77 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    За ова во право си.
    Тие шо префрлат, за се' ќе ти префлрат.
     
    На Осе и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.427
    Допаѓања:
    125.500
    Пол:
    Женски
    Па така е. Они уште од сега се нашле повикани да кажуваат зашто ќерка дала пари на мајка и и татко и, кои ги заработила и ако сака во Вардар ќе ги фрли, а не за друго.
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не се живее од гордост ама се живее од парите што ќе си ги заработиш. Нема послатко.
    Различни луѓе сме, на некои мирот им е priceless.
     
    На Cka, Brpbrp, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    Колку што се сеќавам на Бицка и сметаше и зошто свекорот и свекрвата му купиле кутија Аптамил на бебето,ама немаше замерки на луѓето.
    Дека се слаби со финансии и дека свекорот работи како чувар,но дека не трачарат по луѓе.
    Значи луѓето тешко заштедиле да им дадат пари.
    Е сега станот не им се допаѓал.
    Толку можеле,толку дале.

    @Dust
    Свежо и е, добро ти вели @WildMk
    Дај и време.
    Сака да биде газдарица ,нека биде.Ќе и помине, ќе се смени.
    Не сака тебе да ти одземе,сака да биде поврзана со минатото со сето тоа што го створиле .
    И тетин ми ист беше кога умре тетка ми.
    Ништо не продаваше,не им даваше на децата првите две години,две куќи,нива,викендица,сето тоа стоеше.А сите го гледаа, тинтраа,не давал и продавал дур е он жив.После се смени, им треба време да одболуваат, биди трпелива.
    Одете средете тоа јаболката таму и не фаќај кусури,ќе продаде и колите и викендицата, ќе видиш,ќе си дојде се на свое место.
     
    На hello-kitty.90, mal.ecka, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Ама читате убаво или? Значи им пререкле за парите кај се шо се и се изназбореле, па после зошто криви ај стан ќе им купиме.
    Никој не им барал, па да е колку можеле толку дале. Прво изназбори се па нати. Не фала.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    18.775
    Пол:
    Женски
    Ако префрлаат подобро нека не даваат. Како на дете кога му даваш 50 денари и велиш еве ти да си купиш чоколадо.
    Плус си кажа жената дека способни се сами да си спечалат.
    Го третираат како коцкар или дете, не знам што е полошо. Ти дадовме пари ама стан не видовме.
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Пак можеш да имаш мир.
    Ако крекаат, нема да комуницираш со нив и ај со здравје.
    Не ми е проблем да прекинам контакт со било кого, вклучувајќи ги и моите родители (сега само мајка ми).

    *btw не ни пререкле ни едните, ни другите
     
  20. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Затоа така мислиш затоа што не ти пререкле
     
    На Idedemja, WildMk и Осе им се допаѓа ова.