Искрено членката и сопругот многу избрзано донеле некој одлуки. Ви дале пари значи ви ги дале на вас ич уво нема да ме боли што ќе зборат старите сте имале за стан или поголема сума за учество. Сте ги вратиле овие купиле стан сте требале да го прифатите ( ако е на ваше име, ако е на старите и јас не би) ама ако е на ваше име до утре нека зборат, продадете го или издавајте за да можете ратата од кретитот за другиот стан да ја плаќате и вашите плати да останат чисти. Вака сте ни ваму ни таму ќе ги заглавите и твоите. Сте пропуштиле добра шанса според мене.
Не може никој да купи стан во туѓо име без полномошно..значи станот си е купен на име на старите. Домашниот есап на пазар не излегува..сигурно и на нив не им е сеедно да плаќаат рати за кредит ама вака си се поспокојни @Cosmi и во право си и не си.. Мене не ми треба ништо, јас имам тон работа мојов исто. Ние немаме време за 2 декари да трчаме секој викенд за ск кога онаму 50 хектари чекаат некого...плус неговата работа, плус мојата работа.. Едноставно мора човек да има приоритети во животот.. не може јас се да правам а за мене од трите подолгото. Ниту коли ми требаат ниту викендици ниту пари..за себе и повеќе од доволно имам. Што вика оној мојон.. имам премногу покриви, само да ги поминам ми треба една недела..а не па да потфатам нешто секаде. Така да..јас кренав раце.. помирна сум
А бре мене татко ми низ нос ми вадеше се што ќе ми купеше, а не па свекор/свекрва. Што ви е на вас бе. Сакате идилични односи како во рекламине? Ај малку бидете реални. Сакате се на тацна да ви се даде, не сакате да се пререче, зашто купила ова зашто купила она. Аман олабајте се, за глупости нерви трошите. Каква мака имаше мајка ми од свекрва и не сте виделе проблеми па затоа сега се жалите на глупости.
Aма сте ја искомплицирале у пм.... станови, викендици, кредити, човек глава да не знае кај му е. Ама вие сте криви кога не сте искрени со постарите, а и они се криви што ви се мешаат. Јас да сум ќе ви ги дадам парите алал и прајте шо сакате - нели ваши се. И не им го оставај станот, за вас купен, ваш си е. Ќе го продадете - ќе имате пари за новиот или, ќе го издавате ќе имате рата за кредит.
А бе глупости. Не им е дојдено до тие пари вервај ме штом таа има личен банкар (услуга што ја нудат банките само на оние кои имаат огромни примања), затоа вака скока. Инаку да видиш како одма друга песна ќе било. Збеснати си бараат проблеми кај што нема.
Јас не би го прифатила. Не може друг да ми наметнува каде и како ќе живеам. Не се сложувам со постовите погоре за гордост и глупости. Не е тоа гордост некој да те тупне да живееш каде не сакаш. Затоа не сакам чекање од родители, секогаш настанува некоја збрка, колку и да се со добра намера. Евентуално, зошто ја оставаш одлуката на маж ти, кога би одлучил да го задржи, би го дала под кирија и би ги користела парите за отплаќање рати за кредит за стан кој ми е погоден.
Не. Вака мислам оти за се' што ми пререкле, по нос добиле. И мајка, и татко, и свекор, и свекрва и сите... па да видиш после како се мирни ко бајчиња. Принципот ми е: Не ти се мешам - Не ми се мешај. Ми требаше време да научам, ама научив!
Јас на таа што ми беше свекрва у покушају, кога дојде во станов ( мој личен од моите добиен како поклон од моите на мое име) и почна да ми кажува дека не и е практична кујната, и реков: па нема ти да живееш овде. Кога рече: ќе се навикнеш на наши правила и плеснав на 29 години мајка ми не може да ме смени па ти ќе ме мењаваш, таа сум каква сум ко воли нек изволи. Ама бидејки синко мама си ја слушаше, прекинав хорор на време.
И мојот слушаше на почеток... Јас помалку, ама и јас слушав. Се погазував себе си за туѓи желби. Како минеше времето, ми се ску*чи искрено и почнав да пружам отпор за се' што не ми се бендисва. Едноставно, не комуницирам и прам по мое и кој ги тркала. Башка, скоро секогаш им го кажував тоа што ми смета. И сега знат шо можат да изгубат... дека можам да живеам без да ги видам и чујам никогаш. Ни едната, ни другата (татковците ни починаа). Сум повеќе од фер фер, ама неќам да ме прат будала. За ништо.
@WildMk јас бидејки бев сведок на глупостите баба ми што и ги правеше на мајка ми, и татко ми пикоен никогаш не се смени, и до развод дојдоа моите и какви не гомнарии се правеа, одма знам да вратам и не трпам. Може затоа не сум мажена ама богами имам искуство да проценам одма. Болести настави мајка ми од луциферон, е јас нема. Инаку во различни градови живееа, еден телефон доволно беше да се направи дома хаос. Јас знам што имам трпено, и мене што ми е велено така да.. стан не им се допаѓал, им фаќала, не знам што им правела, чистење.. а бе глупости.
@Dust Знам јасно ми е тоа ама ако старите го префрлат на синот тогаш зошто да не го прифатат, зијан нема да имаат. Ако бидее на име на старите тогаш ги разбирам зошто не прифатиле.
Маж ѝ има страв од височина,а тие купиле стан на 7 спрат во зграда без лифт. Тој страв и стан во зграда без лифт не идат заедно. Ги обвиниле дека ги потрошиле парите. Ем на ви пари,ем кривење...Купиле стан без да ги консултираат.Ем мешање,ем наметнување. А,по реченициве се гледа дека и членкава и маж ѝ си знаат што им одговара,а што не им одговара и имаат донесено цврста одлука. Како уште не ви е јасно зошто не го прифаќаат станот?
Не можеш да кажеш има гладни во Африка, ќути и радувај се на јадење. Ако не им одговара нема да трошат живци. Не се глупости ако го реметат мирот. Ден по ден нервози на 45 почнуваш со лекови за смирување. По бел свет живеат втора младост кај нас со свекрви се расправаат затоа што им е дадено.
Taa услуга исто се нуди и на сопствениците на приватни фирми. Еве и јас имам, заради фирмата, а платата ми е минимална.
Муабетот не е за да се скараш и очи да не си видиш така е најлесно. Очигледно тоа они пробале да го одложат, најлесно ќе беше да прифатат и после кој ги врти. И нај јако фобија од височина има човекот, а му купиле стан на 7ми .
Мојата банка колку што знам нуди лб за лица со примања над 30к - ова мене ми е далеку од огромни примања. И да, платата ми е сосема ок ама расходите ја си ги знам. Како и да е не е дека не можам да се носам со стабен кредит ама не е и дека парите ќе беа одвишок. Само што повеќе беа тежок товар и обврска отколку алал дадени како што се тврди секогаш. Пред да ги вратиме свекрвата со месеци прашуваше уште колку ни останале додека свекорот беше убеден дека сите се потрошени. Бројките на м банкарство не му значеа ништо, сме можеле да ги менуваме... Фала богу дека ќе ги вратам макар имала само 200 евра плата.
Мојот свекор за 100те евра што ги дадоа за роденден на малата двапати повтори дека ќе сме ги истрошеле без да и купиме нешто . Ептен се налутив тогаш и реков да не праќаат воопшто но пак пратија. Едвај чекам да си одиме мк и со тие пари да и купиме нешто и таму ќе го оставам, за спомен да им е. А не пак некоја поголема сума да ни дадат. Има низ нос да ни ја извадат. Од такви што ќе пререкуваат цело време не, фала, ништо не сакам, ма ниту еден денар.
А што ако е на 7 ми? Па и јас имам фобија од висина па секогаш сум живеела на 4ти, 5ти, спрат. Што ќемправимон ќе оди по гелендер на балкон? Само на 7 ми без лифт.. која е таа зграда колку што знам во скопјево сите над 4 спрата имаат лифтови. Инаку да тоа е зезнато. На крај краева ете средиле ќе си купат каков сакаат и готово.. Не гледам тука проблем со свекрва за да се трашти толку. Средена работа.
Абе ако имаш да бираш, ќе си тераш како што ти е најзгодно. Да немаш избор, друго е. Само не ги разбирам овие пребацувања и препирки околу пари со сопстените деца! Не, не, не разбирам. Знам дека парите го вртат светот, ама да си родител и пак парите да ти се поважни од среќата на сопствените деца, стварно заебано.