Не ве разбирам. Минимум 40к да дадам некому, под претпоставка, да не говорам за повеќе, со намена и цел, ќе прашувам деноноќно, зошто досега не е купен стан. Лични, заработени пари. И ја би низ нос да ги вадам. Не се работи за украс или облека, туку недвижнини. Глупи биле они што воопшто се понудиле, да дадат толкава огромна помош, пушти ги таму, нека се снаоѓаат. Туку претпоставувам има и друга позадина, а ова е капак. А и како што пишува @nena2010, која зграда во Скопје е 7 спрата, можеби и повеќе, без лифт. Оние пред земјотресот се по максимум 5 ката што немаат лифт, а тие не дека ги има во изобилие.
Карактер бе. Не гледаш се дрзнал да бара отчет зашто ќерка на мајка и татко дала пари кои ги заработила!! па очи ќе мумоткорнам бе со кое право ти свекре мене ми се мешаш во финансии. Ако сме се договориле со мажот ми тебе ич да не те боли. И за нивни пари нема да им преречат!! Тие за 10 денари би оререкле. Такви се. @GrimTheReaper може немаат доверба во синот. Од кај ја знаеме цела ситуација. Кој знае што тип е он и како се понаша.
Ако ги даваш како дел што го следува детето ти, и да не ги вложат во некретнина не треба да ти е гајле каде ги потрошиле. Ако ги вадиш низ нос значи дека не веруваш во нив, секако освен ако досега се покажале како такви (се коцкаат, фрлаат пари за глупости, не знаат да си го водат домаќинлукот и сл.). Како тоа кипиле стан за НИВ без да ги прашаат и да се консултираат дали станот/локацијата/условите им одговараат? Луѓе продаваат постоечки некретнини за да купат друга што им одговара а не пак да купуваш ново на слепо.
Ако им е убаво објаснето зошто уште не е земено, што има тука напнување? Како што разбрав, вели дека се чекале од нејзините останатите пари. Стан не е чаша, па купи ради реда што било.
Не ја знаеме другата страна. Но, штом се напнува, има зошто. Пари кога даваш некому, имаш право да прашаш, кога и зошто ќе се потрошат. Должи на банка, ќе молиш татко ти да те замара кога ќе купиш стан. @mKdevojce Парите и недвижнините заработени во животот, не мора да следат на детето. Ако сакаш може и во добротворни цели да ги дадеш, твои се, што сакаш ќе правиш. На детето ништо не му следува, останува на волја на родителот. А друго, им дале пари не купиле, им ги вратиле. Претпоставувам биле цврсто решени да се купи стан, а со оглед на нивната нерешителност, очигледно морале да купат. Не е дека немале претходно избор. Само не знам, зашто се толку будали да купуваат, оди на крстарење, животот да си го поживееш, колку што си преостанува. Молиш да дадеш имот, никогаш и никаде.
Ништо не морале.. Нерешителни може да се затоа што сакаат во конкретна населба, со конкретен распоред а не со ходник од 20м2 а спална од 6м2.. да нема носечки стубови сред дневна итн Ете пријатели мои таков бараа и најдоа. Ама после 2 ипол год... И да...има 7ми кат т.е поткровје без лифт
Живееме во Македонија, било каква помош е добредојдена. Каков сака распоред нека има, ако во моментот немаш. И ќе сум благодарна, семејството мое и на мм, не ни се непријатели, нема ни да бидат. Кога даваат, зошто даваат, кога имаат, а не даваат, зошто не даваат....И така.
Секако дека има зошто се напнува. При стан (продадениот), син им живее со жената и детето под кирија. Сите им се посмејале. Ете го зоштото. Парите се знаеше за што ќе се потрошат а и кога, чекавме само да се создадат условите. Чија нерешителност се спомнува? Знаевме од почеток во која населба сакаме, каква спратност, колкав стан, каков распоред, стара/нова зграда, со/без паркинг. Си гледавме огласи повремено, почнавме од оваа пролет поимтрнзивно, па и на лице место да идеме, и погоди што, најдовме точно она што го сакаме за 2 месеци. Ние сме си одлучни ама не како нив што им одговара и покрај првичното "како ќе кажете деца".
Си го зеле делот и старите И мене некој да ме обвини дека сум му ги СПИЧКАЛА парите на глупости (без притоа да разговараме) и јас ке му вратам одма.Нит пари сакам од такви нит ништо.Недоверба покажале спрема детето нивно пред се. Друга раб…знаете ли шо значи стан на 7 ми без лифт.Со дете со колица,со багаж..оди макни се минимум 2 пати дневно.Толку мозок не уклучиле??А ако го продадат верувам пак ке има пререкување во стилот Кај им дададовме па не го бендисаа… Иначе @Bicka77 со парите шо сама ги заработуваш можеш шо сакаш да праиш.Отчет на свекор ти не треба да даваш.Штом маж ти нема против да им помогнеш на твоите онда тука проблем нема.На крај секако вложуваш во нешто што ке си остане само на тебе(викендица). Секое давање еден ден ќе биде извадено низ нос .Пошто нашиот менталитет е таков.Јас те хранев,јас ти пораснав децата,јас те перев,јас ти купив Нема послатко од тоа кога сам ќе си овозможиш.Колку е толку е..мое си е.
Во нова зграда кај брат ми, во Аеродром 7 катница беше без лифт може 2 години. На раце све носевме кога се вселуваа,5 ката. Иначе причина - лифтот им се искриви и остана заглавен. Може некоја ваква ситуација е.
@joy1 мене тоа што за нејзини пари се пререкло ми крена косата. Аууу. Боже сачувај. @Bicka77 сега ќе си уживаш во баш стан, а ако навистина земале на 7 ми без лифт јадни тие од инает заробиле пари. И да го продаваат кој ќе им го купи!!! Ете им колку им сече. Немаш потреба да се нервираш.
Па при стан, да живееш под кирија е смешно и небулозно. Не ради комшиите, туку ради логиката. Парите, ете наместо за ваши интереси и цели, ги давате во неповрат, во воздух, прашина, ветер и магла. Пак вината е кај вас. Јас кога барав стан, секојдневно висев по огласи, за два месеци најдов, можеби и помалце. Ако се сака, се наоѓа. Цело Скопје, раскопетина, никнуваат згради ко печурки, немало. Туку, зависи кои ви биле приоритетите и колку цврсто сте биле решени да најдете. Нема везе, вие си знаете. Но, да се окривуваат родителите и да се гледаат низ призма на штета, за подадена рака, сметам дека воопшто не е соодветно.
@GrimTheReaper мене небулоза ми е да продавам стан и да одам под кирија, ама они си знаат. Можеле комотно да седат таму додека најдат асолен стан. Ем парите ќе си биле нивни, ем станот и немало да полнат џеб на туѓи газди. Ама тоа е. Некогаш се влечат погрешни потези. А имаш право. Во Скопјево за 2 месеци се наоѓа стан.
Шо и се напна толку. Нејзини пари нејзина работа. А баш тоа што никнуваат згради сегде, баш повеќето се квантитет, не квалитет. Повеќето се гипс картон, да пуштиш телевизор погласно, ќе му сметаш на комшијата. Не зборете за стан купување ко за патлиџани на пазар. Да се едитирам: и моите и брат ми, по скоро цела година бараа стан.
Па не биле нејзини пари реално, туку поклонети. А дека е нејзина работа, е. И не се сите гипс картон, има и одлични градби. Ако сакаш врвен квалитет, ќе се преселиш во Јапонија. Муабетот ми беше, сите ги нападнавте родителите на нејзиниот сопруг, како мислиш којзнае што им згрешиле. Дај боже, мене да ми грешат вака, не еднаш, по два пати
Пред да се продаде станот мм, тогаш дечко, седеше неколку месеци таму, додека да се продаде. Татко му му идеше на кафе секој ден, неповикан. Мајка му му праќаше пораки во 21 часот затоа што тв-то било прегласно пуштено. Он ќе излезе, мајка му ќе се симне за да раскрева, а нема ништо за раскревање. Заминавме на одмор, они ставиле туш кабина - ова беше во обид да го разубедат од продажбата. Ќе се собереме друштво, чула жената, доаѓа да се види со луѓето. И што требаше? Да се земеме уште тогаш, на секој плач на бебе да се јавува по телефон што му е( бидејќи на бебе апсолутно мора нешто лошо да му е штом плаче), да ... не, не сакам ни да замислувам како ќе беше ако таму се удомевме. Не издржа маж ми, ми се јави еден ден на телефон додека бев на работа и ме праша дали да дојде да живее со мене под кирија или да си бара и он некаде привремено. Така да, за раат и не е небулозно.
Јас за под кирија едвај најдов нормален стан, а не за купување. Некои луѓе имаат повисоки критериуми, не се сите дај шта даш. Особено па, да се погазам и да прифатам стан на 7ми кат, памет да не ми застанал. Како што искачаме секој ден со малиот по 7 пати, со количка и играчки мене треба нозете и рацете да ми паднат пошо родителите купиле ради реда, колку да се каже дека купиле стан. Пример, му доаѓа како да уплатам одмор на Зрче на семејство со бебе. Тотален промашок ама хеј, ти платив одмор во Зрче.
Поидиотски муабет од ова нема. Како божем они ми го хранат детето и купуваат памперси, козметика и алишта и што све не. Еве сега затоа му отворија сметка, нема да слушам вакви мудри муабети. Нека нема детето што да јаде, битно парите се безбедни. Прости луѓе..
Епа баш заради тоа треба да бараш, за да најдеш одлична градба. Не секој сака да живее во гипс картон. И да, верувам дека доколку би го прифатиле станот, старите нема да застанат тука. Ќе доаѓаат кога ќе им текне, ако не отвараат, зошто не отварате ние ви го купивме, ако уште кога е купен дупликат клуч е кај нив, ќе си отвараат кога не се дома, па ако се трудат да им објаснат дека така несакаат, ќе има пак расправање и трн во здрава нога ти е тоа. Иначе се гледа дека се такви, по последново мислење на членката. Овие се во стилот на свекор ми - лопатче и гребле за на плажа од 300 ден шо он ги купил, кога дошле гости со деца ги скрил за да не ги скршат, зошто он ги купил нели, ама тракторот што ја му го купив од 3500 ден, оставен да го трескаат деца од 30+ кг. Ама јас ги купив тие ми рече. Затоа му ги оставив и му купив нови на син ми, за овие од дедо му и баба му да се чувани. Како ја што си знам со какви си имам работа, така и членкава си знае зошто нема прифатено. А башка со мало дете, 7ми спрат,без лифт....