Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    12.145
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со тоа какво било земај и ќути. Човек ете во моментот на одлука, се двоуми, нешто му вика да не прифаќа, треба да се слуша и разум и интуиција. Зошто по секоја цена да се одбере нешто што не е по ќејф, за после пак да се менува. Поарно почекај размисли, зашто сепак се недвижнини и погоре ти рече "не се работи за украс или облека, туку недвижнини" Е па токму дека се недвижнини, не се брза, и јас не би да го гледам животов ко ајде земај дури ти се дава, во Македонија си, немаш избор. Да, можеш да имаш избор и да си одбереш подобро за себе. Па и да сфатат дека згрешиле, бар самите да се виновни, а не друг да е крив.
    Изгледа на свекорите им се брза да се згодат младиве во стан, не под кирија, така сфатив од претходно шо кажа Бицка. Можда од тој синдром леле срамота шо ќе речат станко петранка, ги оставивме младиве под кирија, и брзо-брзо со парите шо им ги дале да се купи. Арно ама недоверба неразбирачка, комплекси, сомнежи, држење под контрола...шо и да е во позадина не знам, не треба да се брза за вакви одлуки, како шо нејќеле ниту членката со маж ѝ. Кога виделе дека не преземаат чекори, можеби се створило нетрпеливост и кавги. Е сега некои ќе ги држат парите, овие одлучиле да ги вратат. И јас не знам дали тоа е паметно зашто тука се различни карактери и сплетки, затоа овде ќутам.
    Па после си рекле можеби, дај ако не ние да им земеме стан негде, дури ги тераме нив, ние да ја завршиме работата, па како подарок да биде. Можда е поевтин на 7ми кат, па и без лифт :^) Замисли и без подрум да е, па количката со бебето до 7ми тегни ја. И јас мразам кога се даваат работи/пари па катаден истото па истото да се пререкува. Знам, старите сакаат да се сигурни, ќе прашаат, ама притискање не смее.
    Не се избрзува со вакви одлуки, и малку потивко со суетата и нетрпеливоста.
     
    На Annath, Осе, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    За со лифтот не знам што да кажам, не стигнавме до толку да разглабаме. Дали зградата нема лифт воопшто или едноставно не работи, не знам. Лаптопот беше отворен, да, спремни слики, видовме 2-3, прашавме што е ова, ни рекоа "вашиот стан, ви го купивме. Е сега на 7ми е, малце незгодно без лифт"... ама џабе беше објаснувањето веќе ни беа споени жичките. Ја одма почнав да се пакувам, мм се исклучи скроз и си врзуваше патики во ходник.

    Не знам зошто толку сакате да се убедите дека ова е измислица. Прво бонус таков кај нас во државава немало, сега зграда таква немало... следно ќе биде ја не постојам и сум обичен бот :)
     
    На Sexybaby86, mal.ecka, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Никој не вели дека мора да следат на децата, тоа е сосема друга тема. Тие самите сакале да дадат, никој не им барал. Морале они да купат како да купуваат за 13 годишни деца а не за возразни кои стврориле фамилија и одлучиле што сакаат во животот. Или во Македонија е нормално така да се третираат децата без разлика дали имаат 12, 9 или 40 години.
     
    На Idedemja, Осе и Mnik им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Муабетот на свеки, како смеела снаата на Петкана да ја смени бравата од станот па свекорот кога отишол не можел да отклучи. Секако, станот на негово име па синот и снаата треба да се спремни и во 12 вечер да го пречекаат султанот. (facepalm)
     
    На Anyshka, mal.ecka, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Па ова е она најтрагичното кога ќе ти дадат. Они дале, нивно е.:swear:
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.978
    Јас не знам што е со повеќево стари. Како малоумни:worried:
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.432
    Допаѓања:
    125.515
    Пол:
    Женски
    @Bicka77 штом биле стан до стан арно што сте го продале. Не кажа претходно. И јас не би сакала такс исто како во заедница па и клуч ако имаат и ако немаат осет за приватност...
     
    На mal.ecka и Bicka77 им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    18.775
    Пол:
    Женски
    За поголемиот дел од нашиот народ е незамисливо да имаш бонус или покачување. Ама странски газди од месец во месец ти качуваат плата и даваат бонуси. Знам примери од мои блиски и знам дека може бонусот да биде голем. Кај нас се што се спечали се стиска, на многу други места даваат како блегодарност за да спечалат уште повеќе. Ама ако немаш допирна точка со друга позиција освен администрација на државно, тогаш лага се чини.

    Лифтови се прават во последни 15 20 години, пред тоа пешки додека можеш.
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.428
    Допаѓања:
    90.775
    Пол:
    Женски
    Да ти дадат прво стан,не им чинел блиску биле старите,идел татко му секој ден на кафе :headbang: ,го продале,па пари за стан/учество,и тоа не чини,па да ти купат стан во време кога квадрат стан стана 1400 евра ,на 7 спрат бил,па ти уште демонстративно да се спакуваш и да се лутиш е чист збеслук.
    Многу грев направиле.
    Се вика благодарам на вашата помош,но во моментов сметаме дека е подобро да го поклоните на сестра ми.На нас не ни треба.
    Без драми.
    Ама кога се драми за кутија Аптамил што купиле старите за бебето,не е чудно ништо.
     
    На WarriorAngel, christinnn, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.432
    Допаѓања:
    125.515
    Пол:
    Женски
    Немаат мака видено во животот па досадно да не им биде си прават драми.
     
    На baby-star, elimkd, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Мхм :nod:
     
  12. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Свекрвата знае да каже "ама се имаше". И викам еднаш, што се имаше, ќе функциониравме како заедница. Ќе ја слушаше бебе кај вреска у сред ноќ и? Наместо да ја смирувам неа, ќе те смирував тебе- "да така е, ја ќе си плачев, многу се вознемирувам таа кога плаче"..

    Не беа стан до стан, еден под друг во зграда со многу лоша да не кажам непостоечка звучна изолација.

    Како и да е, не го спомнав ова затоа што бевме дечко и девојка, без посериозни муабети за иднина кога се продаваше тој стан. Ако недај боже, мм го задржеше тоа живеалиште до сега 10 пати ќе бевме одродени од неговите...
     
    На mal.ecka и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Кога веќе сте имале опција дда бирате и се купувало можеле да се консултираат со вас. До бебе и на 7ми без лифт многу ме интересира како ќе ја носиш таа количка. Секако имате финансии и за под кирија не зависите од нив и ич да не ви чуе. Кога маж ти не се замара ти па ич!!
     
    На Mnik и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  14. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Два дена ве читам и се запнавте на женава со анализи, со истражувања, со сомнежи. После она немала друга работа, проблеми си наоѓала.

    Мајка ми се понуди да ни купи нова гарнитура за у дневна. Отидовме у еден салон и она вади метро да мери таму, кажува каква боја да биде, па ако не петтосед да било. Се изнервиравме со мм и и рековме фала нетреба, повели у кола дома ќе те носиме. На оставање дома ни рече: У инаетот сте ко брат и сестра еве ви ги парите, изберете си сами, ве сакам, чао.

    А овде се работи за стан. Со тој стан старите буквално одлучиле за нивниот живот понатаму. Каде ќе живеат, каде децата ќе пораснат и ќе се школуваат итн.

    Јас лично би го прифатила и веднаш би го продала. Но бидејќи ми е кристално јасно за каков калибар на луѓе станува збор, целосно ја поддржувам членката за постапката.
     
    На Anyshka, WarriorAngel, flawless. и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Ама што ви е вас бе луѓе. Јас имам познаници(куќни пријатели) на моите, два сина имаат. Едниот се снајде си купи стан, стариве закрпија нешто, нешто продадоа, да купат стан за нив и да му помогнат на другиот син со учество. Најдоа два стана еден под друг, снаава несакаше да биде со нив во иста зграда, кренаа нос стариве, не им ги даваат парите, им ги чуваат за да не ги потрошеле, мажов и женава искарани се, секој роденден на ќерка им идиотов од маж оди со детето кај мама и тато и му го слават роденденот на девојчето без мајка му. Толку заслужила, така и рекла свекрвата на мајка ми. За што? Зошто несакала во иста зграда со нив. Трагични се овие работи.
    Ја незнам како не разбирате дека даден стан или стан до стан или слично е скоро исто ко во куќа со нив да си.
    Некои луѓе сакаат самостојно да си направат нешто во животот и вие одма ги осудувате. Да се жалеше од свекрва дека во заедница е, ќе и викавте оди под кирија, сега викате зошто станот од свекрвата не го сакала. Само контра да им одите на луѓево
     
    На Anyshka, flawless., emiliana и 15 други им се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Морав да го најдам тој пост. Запрепастена сум.
    Со првото дете тенки бевме со финансии и од сам старт беше на ад. Камо да се сетеше да купи кутија или пакет пелени..
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.200
    Тој и да сакаат да го издаваат кој би го зел. Само не знам да има згради толку високи без лифт. Знам тие што беа стари градби без лифтови беа до 4, 5 спрата. Како тие што ги викаа руските.
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.428
    Допаѓања:
    90.775
    Пол:
    Женски
    Тоа е мое мислење,дека се работи за чист збеслук.
    Ти си имаш свое мислење.
    Имаме и ние пријатели со два сина,ги купија становите кога децава беа мали.
    Пораснаа децата,се оженија, си живеат едни на 3, друг на 4 спрат.
    Становите можеа и можат да си ги продадат.
    Благодарение на обезбедено станбено прашање, во меѓувреме си купија и вила во Грција,заедничка ,поделена вертикално.
    Ама кме кме за неговите родители кои со слаби финансии им дале пари,стан, немој молим те.
    Никаков грев немаат неговите.Пробале да помогнат.Не сакаат ,ќе си тераат сами или Бицка од своите ќе чека да ја продадат куќата.
    Па и јас бев,како може некој за тоа да замери,затоа ја запаметив.
    Тоа да замериш е чисто цепидлачење.
    И сега со станов е исто.
    Место да рече фала макар бил и на 15 спрат, тие се спакувале веднаш да одат,лути.
    Не е во ред такво однесување.
    Ко на дете кога нема да му купиш играчка што ја сака.
    Незрелост.
     
    Последна измена: 28 јули 2021
    На baby-star, ALISA0000, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Ама ја незнам како не разбирате дека луѓето си имаат зацртана цел за што сакаат и смрдените пари низ нос им ги имаат извадено и едноставно не го сакаат тој нивни стан? Очигледно знаат со што луѓе си имаат работа и крај. Незнам што толку ја нападнавте. Јас им се дивам на гордоста и одлучноста.
    Кој им побарал да им купат стан? Никој. Кој им рекол било што? Никој.
     
    На Anyshka, Sexybaby86, Ivan4e04 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.428
    Допаѓања:
    90.775
    Пол:
    Женски
    Тоа не знаеме дали било така како што кажува членката,и низ нос им ги извадиле.:mm:
    Луѓето го продале првиот стан,што овие не го сакале.
    Да биле такви ко што ги опишува,не би го продале.
    Не барале стан,во ред.
    Дали треба да бидат неблагодарни и да побегнат па и лути додека стариве со радост им го покажувале?
    Тоа е начин?
     
    На baby-star и GrimTheReaper им се допаѓа ова.