Незнам дали е начин, зошто не знаеме точно каков однос имаат и што точно (све) е последица на таа реакција. И золва ми вика дека не е начин да и се дере мм на мајка му ко што и се дере на моменти, ама јас и мм си знаеме зошто е тоа така и што допринело. Неможеме да судиме стално, не ја знаеме големата слика. А иначе мислам дека го продале првиот стан зошто виделе дека нема да им седат таму. Да живеам во различни станови и да ги гледам секој ден ми е too much.
Не, требаше да останеме, да се расправаме при штотуку породена жена со хормони до плафон, при новороденче што не се навикнало на светот надвор и при 6 месечно бебенце. Оти расправија секако ќе беше, кога се пари во прашање, свекрвата си плаче, свекорот си вика по неа дека она е крива а синот вика по стариот затоа што за мајка боли. Али да, ние постапивме како деца, што фино лепо се изземавме од таа равенка
Бицка со станот како ја со ручекот. Исцепидлачивте до крај. Како зрели личности со гордост, Бицка и маж и го вратиле парите дадени за стан. Да сакале да ги изненадат, пред да направат свадба ке им подареле клуч и да кажат од нас толку, за повеќе вие печалете. А не откако имало перипетии да им купат стан кој не е ни близу она што го бараат.
Јас со мојава завршив за век и векови. Едно здраво само и толку. Последниве неколку месеци ептен се "спријателивме" дека сум нон стоп дома, па кафиња, муабети и некако опуштено се осеќав за разлика од порано. Нели, ајде да не правиме проблеми од ништо но некогаш ќе ти препукне. Децава ми беа со вирус, маж ми зафатен со работа, јас со деца трчај сама по болници. И реков за денес ако сака да дојде со мене да ми помогне и таман и викам може и да ги прошетаме ддцава или кафе ќе пиеме. Супер рече може. И вчера уз муабет вика додека сте вие на контрола ќе направам нешто за ручек. И викам не доаѓаш со нас и таа ааа не не по топлово сега не можам. И ок. Не е ни должна нели тоа е обврска на маж ми прво. Денес се спремам да одам, едно дете плаче, на друго му се спие, спремам колички, торби и ми препукна се изнервирав и викам за мм значи ич не е заинтересиран за деца, за жена, само сама одам се мачам. Леле кога го крена носот. За синот златен не смее жалби да има. После поручекта мислеше дека спиеме, а јас бев станата и ја слушам надвор со свекор ми зборува коментира за мене сум се налутила јас веќе не можела повеќе главата и пукнала. Морам да напоменам дека свекор ми е со краток фитил, избувлив е и така чека да го боцне за расправија да направи. Мене ова воопшто не ми смета, ако нема попаметна работа нека си зборува, нека коментира. Мене ме " заболе" тоа што ако свекор ми или некој друг коментира за јатрва ми таа одма скока да ја брани, се кара со него, не дозволува да се зборува, а уште помалку да и се жали јаѕрва ми лд маж и на пример, а свекрва ми да ја прекаже на свекор ми. Тоа нема шанси. Тоа само за мене. А со мене живеат, од мене и ручек и кафиња, и со нив седење, муабети. Другава си е раат едно здраво и толку. И пак и се плашат, а менена глава ми се качија. Плус уште повеќе ме изнервира што спомна дека татко ми вчера бил дојден кај мене, ама таа била легната горе... не можев да сфатам што беше муабетот зошто тивко зборуваше и зошто го меша татко ми. На мм му кажав вика ќр ја прашам јас што зборувале. Абе ич не ја прашувај му реков сама ќе сфати од денес дека нема повеќе да бидам истата. Значи Господ 100000 пати ми ги има отворено очитеа јас како некоја будала попуштам, ги служам, ги почитувам ( иако не сум почитувана ни јас ни моите ни децава) се е само глума пред мене а после ме оговара со свекор ми или со комшивки по телефон. Јас легни со децава таа го зема телефонот , се сместува во двор и почнува. Нејзин живот што сака нека си прави ама ме нервира што ништо лошо не сум им направила ни јас ни моите. Мливе посебно не сака да ги завиди, и се познава во фацата дека не ги сака кога ќе ги види.
Јас едно не сфаќам?! Имаш маж кој според тебе не бил заинтересиран за жена и деца,ама тоа не ти е приоритетен проблем,него свекрвата и свекорот???И до сега ти место да пиеше кафиња со свекрвата можеше да пробаш да го решиш проблемот со мажот и да му објасниш дека бракот е институција создадена од две особи маж и жена,и дека вие сте тие кои мора да се грижите за децата. Знаеш како викаат кога не можеш по магарето удри по самарот.
Многу се замарате и навлегувате во детали излезете си на пијачка негде лабаво малце што си тупите глава
Просто едноставно не си и по ќејф. Да те засака не можеш, да можете да се тргнете на страна да гледате и нервозите ќе ти ги снема. Тогаш нема ни да ти доаѓа на гости или можеби еднаш месечно. Глеј си твоја работа, ако не сака да помогне утре нема ни ти да и помагаш и готово за ништо не си должна. Во заедница има кавги стално освен ако едната страна не попушта и да си трпи. Не знам дали треба да бидеш среќна што не си гги вика комшивките на кафе секој ден и галама да прават, а ти да и миеш садови(има и вакви не се секирај)
Има такви. На моја свеки нејзината живеела спроти нејзе и не сакала да и ги причува децатани од градинка да ги земе ги носела со чистачката да седат од сабајле додека да дојдат учителките
Луциферон на мајка ми а по биологија моја баба, ме нема видено ни побарано 25 години, а и претходно само со сила беше односот. Последно беше кога ми кажа дека не сум ќерка на татко ми. Ист однос со братучедите мои од стрико ми ама затоа за внуците од тетка ми (ќерка и) душа дава, пари им дава, за неа се и беа се!! Од деца не делеше, никогаш љубов како од баба не осетив од неа, за разлика од баба ми од мајка ми која беше баба во права смисла на зборот, и према мене и према братучедите од вујко ми, не не делеа никогаш. Луцифер е уште жива, два сина закопа во година дена ..
Не сакаш да знаеш.. Замисли се татко ти на операција на срце и она ти вика дека ти и мајка ти сте го разболеле и од нас ќе умре. Јас имав 19 годими тогаш, и од тогаш имам панични напади, анксиозност. И после овие имале мака со свекрви. Алоо, во два различни града живеевме, душа вадеше.
Наравоучение: Со свекрва не се садат краставици. Особено не смееш нешто против синот да речеш. Го утепа од жалење синчето што работело ден и ноќ, а јас што немам 2 минути за себе, освен кога детево спие мајка сум била така требало. Башка он работел. Да, јас не работам и не плаќам од мојата плата станбен кредит. Па уште еднаш месечно кога е мм слободен и ќе го однесе бебе кај нејзе на гости сам, се буни зошто ја не сум дошла кај нејзе. Што ќе сум правела дома. Најчесто чистам, ама не дај боже да и рече на мамичка и овој жена ми заслужува време за себе да и ја затне таа устата. Свекрва никогаш нема реална да биде, затоа што подалеку тоа подобро.
Мм во 6 сабајле излегува од дома и се прибира во 23 часот. За спиење. Едноставно кога си сам мора со некој да сврзеш два реда муабет и кафе да испиеш. Но ете уште еднаш ми се докажа дека со овие луѓе не можам ни со убаво ни со лошо. Мм не го ни комемтирам, посебна прича е он. Страв му е да се посвети на нас од татко му, го бара одма ако го види со мене.... немам зборови. Така. Не ги поднесува. Знаеш кога по фацата на некому му се гледа што му е мило а што не? Другите внуци кога ќр ги видат окезени се од 6ка до 6ка, на моивр како со сила им зборуваат. Не знам можеби грешам, Господ нека ми прости ако грепам, ама познавајќи ги знам дека за сопствените деца немаат љубов не пак за мене или моите деца. Еве пример од денес. Му вика детево на дедо му не те сакам тебе само другиот дедо го сакам(за татко ми). Лелел кога се намурти, не му збори на детево замисли. Лут е. Ај тоа ќе речат мајка му така го учи. И сега детево му зборува тој го игнорира. Да ми кажуваше некој дека постојат вакви луѓе немаше да верувам ама ете... Демек ќе.се делевме ќе градевме куќа ама местото е на свекор ми и замислете сака да градиме заедничка куќа со деверот пак. Цел живот се обидуваат да не зближат, да сме заедно, ај ние во една куќа туку и децава наши замислете сака во иста куќа да ги стави. Први братучеди. Му кажав на мм нема шанси јас деца мпи да обврзувам да живеат со први братучеди. Браќа не се сакаат не пак братучеди. Полудена сум. Кога ќе ми текне со кого живеам ми иде да си скокнам од 5ти спрат. И ве молам немојте да кажете разведи се зошто не е толку едноставно. Не дека немам причини. Имам милион. Но не е толку лесно посебно не со две деца.
Ама како не го коментираш маж ти,он бил посебна прича.Он е главен во оваа прича.Пробај да се договорите да одиш да работиш ти он да намали на раб саати во денот,а децата во градинка.