Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Самата се цитирав и сакам да посочам Што со тие мајки кога синовите им помогнале кога им било најтешко а кога им треба помош на синовите ги тераат од дома или ги делат :swear:
    nena2010 со тоа што јас се мажив на 24 години е друга приказна, а инаку работам од мојата 17 година сум учела средно и работев две години значи трета и четврта, а ко почнав да студирам сезонски до четврта година, а притоа имам и две сестри кој едната поголема другата помала истото го правеле и они.
    Прво и прво јас го завршив факултетот, а со тогашниот дечко сегашен маж се разделивме од ко го завршив факултетот затоа што бев од друг град едно извесно време, а јас да седев во градот и да плаќам кирија само за да бидеме блиску беше невозможно и трошење пари, исто така да седевме разделени тој во својот град јас во мојот исто така ке имавме трошок околу патот скоро секој викенд ке сакаш да дојди или да одиш да се видиш, ние решивме да се вериме само за да седиме заедно и тоа кај неговите оти тие така сакаа и да си најдам јас тука работа, но не излезе баш така, некоја си стабилна работа не ни најдов а и тие работи што ги работев беа по 6000 ден плата, па после година ипол ние решивме да направиме една скромна свадба колку да се знај кој сме и што сме во тие година ипол јас добро живеев со свеки но од кога ја направивме свадбата и си ја реновиравме собата што нормално беше дозволено од нивна страна и од кога останав бремена свеки го крена носот нагоре и си го покажа вистинското лице :fubar: И јас небарам од нив да ми го решат стамбеното па ниту нивниот син го бара тоа од нив иако тие како што кажа stetoskop они се тие кој му викале на својот син "ние за тебе работиме за кого друг, за на вас да ви помогнеме" дури имаме кров на главата ние да подигнеме станбен кредит и да си го отплаќаме а они од кој двајцата работат да ни помогнат, не околу плаќање кредитот него дома сметки, јадење и нешто слично, а ние треба самите се да правиме затоа што нивната помош ја нема. И едно викам јас можи мене ако сака ич нека не ме сакаат мене син им е тој кој ме избрал но да си го делата сопственото дете некако не ми е во ред
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Некој погоре спомна дека прво треба да се заврши факултет, па да се најде работа, па да се реши станбеното прашање,па потоа бебе. Ама сте се запрашале ли дека и од како ке ги средите овие работи и кога ке дојде време за бебе од х причини бебето да не дојде?????
    Сите сме сведоци и овде на форумот читаме колку феминки неможат да добијат бебе па така да и ова не држи баш место
    Баба ми вели на кој кога му е пишано тогаш ке биди или кога ке куцне слепиот саат. Па не е можно сите да се мажиме на 30 години ,некој ке се мажи на 18 ,некои на 25, некои на 30
    Едноставно кога ке биде тогаш
    И според мене побитно е да си добијам бебе отколку еден помочан стан или кука габе ми е стан и кука кога нема кој да ми трча во него и на кој да го оставам
    Еве пример од моја 1 братучеда
    Кога јас се омажив на 19 ми се смееше како сум можела толку глупа да бидам и да се мажам мала.Ок си реков
    Таа имаше дечко и за неа не беше сватливо да се мажи без да има плата и кука или стан.(во врска беа некаде околу 9 години)
    Заврши средно ,факултет медицина најди работа земаа стан на кредит дел со учество и за неа коцките беа склопени и решија бебе.Ама по божја воља бебето еве го 6 години го нема у мегувреме правеше 3 ин витра неуспешни(а проблем нема ни кај него ни кај неа ) а неа годините и поминаа и што она тоа успеа во нејзиниот живот?
    Можда има успеси во работата во станбеното прашање ама дали е успешна и на емоционален дел од животот?????
    НЕ сега се свести и вика не требаше да се чуваме требаше да пуштиме кога ке се случи тогаш другото сето ке се среди и работа и стан
    Затоа ке замолам да не се поставуваат некои критериуми од овој вид бидејки не знаеш во животот што те чека, не знаеш дедо боже каков план има за тебе???
    Да нагласам дека не сакам и немам намера да навредам никој со овој пост а ако некој се најде навреден однапред му се извинувам но ова морав да го пишам бидејки е вистинита животна приказна од моето пошироко семејсво
     
    На Anyshka, blagica1991, Filiposka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.522
    Допаѓања:
    115.097
    Пол:
    Женски
    Гледам овде и Ин витро почна да се споменува. Ева11, братучетка ти си има проблем кој и онака ќе го имала, може не се компатибилни со партнеот
    ( да да и ова го има од искуство на моја блиска пријателка, која со мажот и 4 години не можеше дете да има, а све беше во ред и кај него и кај неа, се разведе, и сега со новиот маж има 2 деца !! А и она се залета да се мажи на 20 па на 26 беше разведена и сега на 31 го роди првото, а на 35 второто.)
    така да тоа со годините и раѓање деца не ти држи. Ако одиме по старски сите треба до 22 години да изнародиме деца!! Кој како сака нека си живее ама нека не кукаат кога уште се деца, а отишле во друга куќа и свекрвите се вакви свекрвите се такви. Многу бре се најдовте засегнати од мојот пост! И искрено не се надевав дека барокниве фасади ќе влијаат и со мислењета и со ставовите во животот некој да остане во барок!!
     
    На drugarka, baby-star, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    нена 2010 тоа беше мое мислење и случај кои лично го знам
    среката во животот не е само станот и парите иако и без нив не бива да признаеме значи за да имаш добар брак и срекен живот вилијаат и љубов и здравје и станбено прашање и потомство
    И тебе не ти држи вода мислењето дека ако ете имаш твој личен стан и не седиш со свекор и свекрва дека ке имаш срекен брак
    П а не е среката да си седиш самостално (иако признавам дека е поубаво) што ако и си сама па со маж ти немаш слога или недај боже не добиеш бебе од х причини ?????
    Тогаш што ке ти вреди станот или куката???
    Да не се сватиме погрешно јас сум и тврдам дека за успешен брак а со тоа ке имаш и успешен соживот со останатата фамилија се здравје слог а и љубов со мажот и потомство па во втор план ке дојде стан или кука оти еве види колку по форумов живеат сами со партнерот па пак доаѓа до развод
    И престани да ги осудуваш тиа што решиле да се омажат на 18-19-20 години така решиле така сториле и да кукаат по форумот ние ако можиме да помогниме ок а не уште да му попуваме
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Колку е лошо на некој во маката да му кажеш -Што мајка си барала да се мажиш на 19 години, нормално ќе имаш проблеми, што очекуваш... исто толку е лошо на друг да кажеш -Ете, џабе толку чекање, факултет и стан кога не можеш дете да имаш. Безвезе.
    Ако може да се помогне со некој збор-арно, ако не-нема потреба од расфрлање на едните со своите станеви или факултети, а другите со своето потомство пред нос на оние кое нешто од тоа немаат...
     
    На drugarka, AIT, DeMelo и 13 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.522
    Допаѓања:
    115.097
    Пол:
    Женски
    А каде јас спомнав имање дете, немање дете? Очигледно некој не го сватил мојот пост па го користи да си ја ишка мувата од капата. Детето е непроценливо богатство за мене. Мојот пост беше за оние кои со прст не мрднале ни се потрудиле во животот туку живеат на девизата лежи лебу да те јадам, а очекуваат дека родителите на мажот треба да им пружат све и да ги третираат како кралици. За нив се однесуваше ова!!! Читајте малку повнимателно а потоа коментирајте. Не се сите свекрви лоши, не се ни сите снаи ангели, ама ниедна (па ни јас) не може да очекува кога ќе дојде да живее во заедница да биде како она што сака, да биде како што било дома и да ја сака свекрвата како што ја сакала мајка и. Сакала да е мажена, нека си биде мажена а со тоа да си ги земе обврските на сопруга ( под ова не мислам само секскот со мажот). А не да ми седи по цел ден на интернет, да не фаќа ништо по дома, да чека свекрва и како на кралица да и носи све на послужавник, и после не чинела свекрвата. Е па извини ако сум јас таква ни мајка родена нема да ме трпи под покрив а не па свекрва.
     
    На drugarka, Nati.P, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Мислам дека само без потреба ја изполнивме темата последните 10 тина страни (има и искучоци нормално)
    па така да им овозможиме на тиа девојки или жени што имаат вистински проблеми да си се искажат и ние ако сме со добра волја да има помогнеме па така да понатамошна дискусија не е потребна мислам
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Премногу лично се сватија некои коментари.

    Еден кажа еден случај, друг кажа друг случај...правило нема, ниту шема. Никој не знае што носи иднина.

    Или оние млади што се омажиле да се држат ко слеп за стап за прикаската дека тие што се стремат кон кариера и финансиска/стамбена незавиност ќе го испуштат возот за раѓање деца.
    А оние што уште штедат за стан и се во триесеттата и без деца да нагласуваат како далеку е медицината а оние првине немаат образование ниту стан :^)

    Има и такви и такви случаеви, сите сме свесни што носи едното а што носи другото. Но тоа туку воопшто не беше ставено во прашање. Споменување на лично искуство и не треба да биде ништо повеќе, оти секој организам и секоја врска се различни од тие предходно споменати.


    Сите се сложија дека љубовта и разбирањетона партнерите се најважни, никој не го негираше тоа.
    Овде станува збор за веќе постоечки брак кој е релативно успешен, и како стамбеното прашање може да влијае на врската.

    Гаранција нема доколку се чека икс години дека посакуваната работа или стамбена/финансиска стабилност ќе дојде. Некои се подготвени да го презедат ризикот, некои не.

    Но факт е дека на 18 год. повеќето од личностите кои стапуваат во брак не ја поседуваат истата. Доколку за некој единствена цел и најголема среќа е да биде само мајка ок е и тоа.

    Се сложувам со нена2010. Не навреди никого, постот и се однесуваше за оние готованите.

    И не е најголема среќа да имаш дете.
    Она што ти ќе го пружиш(духовно, културно, материјално..) на едно дете е најголемо богатство.
    И лесно е да се сака свое дете, посебно кога цел свој живот си го ставил на стенд бај само ради него.
    Но постојат и далеку похумани а подеднакво вредни ситуации кои можат да исполнат нечие срце и врска.
     
    На drugarka, thinkerbell, artemidis и 8 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.522
    Допаѓања:
    115.097
    Пол:
    Женски
    :bow: :bow:
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    35.516
    Пол:
    Женски
    Не е битно кој кога и како се омажил, битно е да си ги сноси последиците од своите одлуки (добри или лоши) и да сноси одговорност за истите, а не овој е крив, оној е крив итн. Кога веќе сте се решиле за мажачка и за живот во заедница, сте биле свесни што се носи тоа, така? Епа сега, живејте со вашите одлуки, ако не има решение и за тоа, живот под кирија и мирна глава. И не се согласувам со тоа дека не секој може да живее под кирија и да штеди за сопствен дом. Може, ако се сака. Кога јас со либето мое успеавме да опстанеме под кирија и плус да заштедиме нешто ( а не сме во постојан работен однос, туку работиме на проекти и хонорарно) може секој.
    А муабетите од типот должни се да помогнат и сл. искрено ми се смешни. Родителите се законски обврзани да го издржуваат своето дете до полнолетство или додека заврши факултет и толку. Се останато е добра волја на истите.
     
    На AngelOfArh, baby-star, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Јас не видов ништо лошо и омаловажувачки во постот на нена. Јас сум млада мажена, па ете не се навредив. Тоа што сакаше да го долови немаше врска со осуда. Или во една реченица: Кога самиот не знаеш да се грижиш за себеси и да се справиш со тоа што доаѓа како резултат на твоите постапки, како очекуваш некој друг да го стори тоа? А тоа што не' има супер-жени овде со деца, дипломи и кариера, тоа е факт и воопшто не се тие тема на осуда, туку за пофалба. А некој само да седи, да не мрдне со прст за тоа домаќинство и да исправа криви дрини во него е стварно за срам. На тие и мислеше нена. За станот и за студирањето, ги посочи како нешто таа што направила со својот живот за утре да се заштити од вакви нервози.

    Колку луѓе-толку мислења, ако од секое кое не личи на нашето се вреѓаме, кај ќе ни' биде крајот...
     
    На drugarka, Nati.P, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Делумно се согласувам со тебе...но ,ајде малце да ја погледнеме и другата страна.Зошто мислите дека само младите се тие кои кога живеат во зедница дека само тие очекуваат да им биде сервирано се на на тацна...паричката има и две страни нели?Не значи секогаш дека младите се секогаш оние кои се виновни а ,не старите.Живеат во заедница а,свекорот да е себичен и циција,да не ја дава платата ни на сопствената сопруга,да си прави што сака...и воопшто да не го интересира дома дали има или нема за јадење.Тој таков ама исфрустрираната свекрва бетер,да си замислува дека со доаѓањето на снаата добила титула на кинеска кралица,дека треба само да наредува и команда што треба и како треба да прави снаата и нејзе да ја слуша.а, од толку многу што има слободно време да прави интриги,кавги и сплетки.Не велам пак и дека нема лоши снаи кои чекаат свекрвата да си дојде од работа за да им испрже компирчиња или некои кои се делени,седат во друга куќа и да се лутат зошто свекорот не им ги плаќал сметките.
    Во врска со имањето на потомство тоа е релативна работа..кога ќе сака господ тогаш.Знам примери девојки омажени на 20 год.ете сеуште немаат детенце.Знам и примери на40 год.што родиле,една дури и очекува и близначиња и тоа по природен пат.Тука нема правила.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве вака ,веќе ме фаќа страв за тоа каква свекрва ќе бидам :wasntme:
    Знам дека сум оф топик ама не издржав :lol:
     
    На AIT, Annath, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Јас знам каква ќе бидеш - секое сабајле вака ќе пиеме кафе, има бајче да си после цел ден :D

    [​IMG]
     
    На midnight.flower, AIT, DeMelo и 5 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    35.516
    Пол:
    Женски
    Во случајов што го кажа, младите имаат две опции, да седат и да трпат бидејќи се дојденци во туѓа куќа (колку и да звучи ова чудно) или да си одат. Очекувањата дека ќе се прилагодаат едни на други и ќе тече мед и млеко се благо кажано романтични. Не дека нема и такви примери каде што животот во заедница е идеален, ама за жал се побројни се оние останатите примери. Муабетот ми е, кога сам ќе бидеш свој господар ќе си создаваш свои правила, кога живееш со други ќе има прилагодувања и од едните и од другите, каде што последниот збор секогаш го имаат сопствениците на домот (во овој случај родителите)
     
  16. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Епа знаеш како велат рибата смрди од главата а, не од опашката...
    Тешко на таа снаа што ќе влезе во едно нефункционално семејство.Нерешените проблеми и конфликти на старите и тоа како можат да се рефлектираат врз бракот на младите.
    Понекогаш стариве не правилно го сфаќаат и практикуваат зборот заедница...значи заедно во се...а доколку не се спремни на таков чекор нека си кажат посовреме а,не после да се жалат дошла снаата и им го растурила редот.Е не може се да биде исто како претходно и тие треба да се свесни за тоа,значи прилагодување треба да има и од двете страни.Ама не тие не попуштаат со изговор наша е куќава,како сакаме така ќе правиме.Која си ти да кажуваш!!!!Ти вчера дојде!!!
     
    На Anyshka, anule88, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.522
    Допаѓања:
    115.097
    Пол:
    Женски
    @Ethrnity
    сакаш да кажеш дека синот пред да се жени не знаел како му се дома односите? Дека татко му е таков каков што е, дека мајка му е таква каква што е. Ма ајде те молам. Ти мачкаше очи ( ова мислам дека од твое искуство го пишуваш нели, за свекор ти зборуваш) дека кога ќе живеете заедно ќе биде како да сте излегле од бајка на Грим и се ќе биде млед и млеко?? А да почекавте да имате барем за кирија па да се земете? М? Толку е страшно? Потписот ли е доказ за љубов? Ако беше така разводи немаше да има!! А за тоа какви се што се тие му се родители, и сакале или не те гледаат како дојденка и без право на глас. Ја лично би ги линчивала таквите свекор и свекрва но реалноста е таква, а ТИ не можеш да смениш ништо. Зашто ти си снаа, а снаа како и зет е менлива категирија во очите на некои луѓе.
     
    На tessie, senza.parole, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Стварно ме вадат од кожа и нервираат луѓе кои викаат на снаа у стил „Ако ти чини арно, ако не иди си.“
    Ама ете, такви се. Нивното име го пишува на тапијата и што сакаат си прават. Сурово, но вистинито.
    Не затоа што сте снаи и дојденки, туку затоа што се такви. Не само зет и снаа и на сопствено дете штом е полнолетно може тоа да му го речат. Не е убаво, не е праведно, ама им се може и според закон и според се`. Ете такви се. Затоа и викаме дека сам како што може човек да си помогне/одмогне, никој не може. Помогнете си и размислувајте за да се заштитите од вакви нервози.

    А и до менталитетот си е. Нашиот менталитет малце хендикепира. На запад а станеш полнолетен го напушташ гнездото, работиш, учиш, плаќаш кирии/сметки и уопште не го сфаќаат децата тоа како неправда/навреда. Да, при своја куќа. Ни синот не очекува татко му да му обезбеди кров утре, а тек па снашката. Семејно наследство не ни е тема на муабет толку актуелна како кај нас. Може родителот комотно да си го потроши цел имот и да се пензионира на Флорида ако сака. Од друга страна пак, не е срамота и ако ги оставиш старите сами и да киснат во дом.
     
    На joelle, Ethrnity, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.001
    Да рибата смрди од главата ,ама се чисти од опашката :(
    Што се однесува до годините...На тие што се мажат помлади( сега од денешно време,гледам дека и јас се омажив релативно млада,можев уште да си ,,поседам,,)многу лесно и брзо старите можат да им ја скршат кичмата на снаата.Па уште ако снаата е невработена,готово...Многу лесно може да и се набијат комплекси на пониска вредност-снаата не работи,синот-мил на мајка многу се мачи,по цел ден е на работа...мора, што да работи,снаата не работи,не внесува во куќа.
    Ден по ден,снаата слуша секакви коментари,наведнува глава и рмбачи по куќата ,алишта ,ручеци... :@
    Мажето,под закрила на мајка ,трогнат од нејзините срцепарателни коментари за тоа кој како и што работи по цел ден,почнува да и обрќа очи на сопругата.
    А таа,сопругата незнае на која страна да се сврти.
    Ако се пожали на нејзините;
    1.ќе ги вознемири и нив
    2.Можат да и кажат дека сама си го одбрала сопругот,сама нека си го реши и проблемот
    3.Да и кажат да си молчи,нема вечно така да се однесуваат
    4.да застанат зад неа и кога веќе самата нема да може да се избори за своите права ,да и пружат секаква подршка.
    Од денешна перспектива гледано,со овој мој ум,не ми е јасно како се нафатив тогаш на заедница и како ,,паднав,, на муабетот за среќно живеење во заедница?Со овој ум,никогаш не би влегла во таква ,,ризична комбинација,,ама тогаш...љубов,не гледаш ниту кај одиш ,ниту во што влегуваш.Влегуваш со чиста душа и образ и мислиш дека и они се такви-чисти,совесни,благородни.Ама не било така.
    Е сега друга приказна е она кога девојките се мажат на 30 години.Таа кичма не се крши лесно(мое мислење)Нека дојде сега некој да ми се однесува како порано кога бев ,,млада снаа,,-очите ќе им ги ископам,а не да плачам по цели денови.Ама ,кичма си треба ...
     
    На belisima88, koritsaki, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Проблемот не е во синот, дали тој знаел или не какви им се односите дома...проблемот е што СНААТА не им ги знаела, па си мислела дека ќе живее како во бајка, како со мајка и татко :D
    Реалноста е таква, има милијарди луѓе на планетава, и уште толку карактери, ама во оваа наша закоравено-ментална средина не очекувајте дека не знам како ќе живеете во заедница. Овој проблем влечи долги корени, не почнал од вашата/мојата/нејзината свекрва, така да - бирајте си правила со мажот и терајте го патот по кој сте тргнале.
    Ви посакувам на сите мноооогу трпение, љубов и компромис, за да си го зачувате здравјето :f:
     
    На eli25, mimiiiii, Annath и 2 други им се допаѓа ова.