Извини ама муабетов со мт, страв му било да ви се посвети, одма свекор ти го викал за работа.... Свекор ми нека си вика, нека си збори, ние сме семејство и ние сме пред се, па после. Ај ако не мт нека не си ги види децата како растат заради татко му. Те разбирам, го браниш, маж ти е, му бараш оправдување, ама не е така. Се е до него, верувај ми. На мм и свекрва ми и свекор ми му се смеат и чудат за некои работи, колку уствари не си го познаваат синот. Чудно им е, посветен татко бил. Во нивно време тоа го немало. Кога почнав да работам и бев втора смена, свекрва ми се потепа да го зема со неа, мм и рече стој јас сум тука, ти си слободна. Веруваш дека подзината седеше? Чудно и било, дали можел да се справи, замисли. Колата на свекор ми му беше за поправање, мм цела недела му викаше земи дел, да го смениме, аха утре. Во неделата не гледа се симнуваме, спремни да одиме на плажа, свекрва ми му вика абе јас мислев колата денес ќе ја правите, што бараш на плажа и така мразиш да одиш. Мм ја изгледа и ништо не и рече, ко да не рекла ништо, ја и викам се правиш дека све знаеш, синот не си го познаваш. (Мм од вода неможеш да го извадиш на плажа ко мало дете е). Сакам да кажам дека се е до маж ти. Они ќе тестираат граници, ама маж ти им ги поставува до каде и што може.
Страв му е да се посвети на семејството? Не те разбирам. И решението е да излезе во 6 и да се прибере во 23?! Да не поминува време со семејството од страв да не го побара татко му...А куќа на исти плац се планира да се прави... Со сопругот треба да разговараш.
Со сопругот имаш проблем. Со него треба да разговараш за сето ова што го изнапиша тука. Не ти се криви ни свекор ни свекрва, само сопругот кој бега од дома, оти тоа му е најлесно. Да излегува во 6 да се прибира во 23:00? Испаѓа ко да си самохрана мајка.
Маж не е да носи само пари дома. Треба да се посвети внимание на децата и жената. И јас имам маж што некогаш и 12 саати знае да заглави на работа али после тоа ние сме му приоритет пиеме кафе шетаме, бања дете, рани дете, пресоблака итн.
Абе се е изговор. Маж ми работи 2 работи, па не му тешко прва слободна прилика да ги игра децава, да фати нешто по дома или да излеземе некаде. Од кога почна короната работи вака, па никогаш не сум осетила недостиг на внимание. Вакви мажиња ко на членкава не треба ич да се женат. Сериозно. Не секој е за брак. Страв му било да се посвети на семејството. Болна работа...
Да не му речат дека е папучар. И мојов пред мајка му не кажува дека пере садови, се пегла сам итн.. не е до старите, тие ќе пробаат све да си истераат, овие младиве 30+ без карактер да знам дали и кога ќе се заземат за себе до крај
И јас да си кажам... Навредени биле свекрвата и свекорот не сум ги викала мама и тато не сум имала респект...нивниот син моите веднаш баба и дедо им викал. 1. Никој ништо јас не терав!!! 2. Мајка и татко се едни, еве срцето не ми дава на некоја друга мамо да и викам, ќе се чувствувам како предавник, а и на маж ми му објаснив си имаме зборувано и од предходно. 3. Нема да барам ни јас ако имам снаи да ми викаат мамо... глупости И да снаата е крива за се по дифолт...
Зашто баба и дедо да ги вика твоите? Ти го роди па да му се баба и дедо? МАјка ми вика ако зет ми ми рече баба ќе го прашам, Нена мајка ти е? А бе си имаат имиња какви мама ,тато, баба, дедо.
Не значи дека вие сте ги родиле мажите. Се работи за традиција. Ако свекорот и свекрвата се конзервативни луѓе, не значи дека се глупи и прости. Ако вие сте модерни кажете јасно дека не сакате така да ги викате.
Грешка сте направиле што сте ги вратиле парите демек да докажете дека не сте ги потрошиле, а и не знам што воопшто сте се замарале со тоа што зборуваат. Јас не би ги вратила парите, напротив би ги изненадила сите со нов стан, наместо тие мене. Нормално е старите откако ќе дадат пари да реагираат ако не видат дека нешто е купено. Посебно па и дека сватовите ја прават викендицата и да се посомневаат дека парите се потрошени за нив. Сега золвата ќе си добие стан, ќе живее во него и после ќе го продаде или ќе остане за деца, а вие плаќајте камати. Не е тоа тегла ајвар, па ај ќе им ја вратам, па нека ја дадат на кого сакаат.
Тетка ми кога умре,баба ми во кола на мајка ми и рече: “Ти си виновна,требаше ти да бидеш”. Имав 15 години. Зло жена беше, те разбирам скроз. Кога почина не отидов на погреб,дури после 40 дена. Пред неколку години на слава кај нас братучедка ми не праша зашто немаме слика ставено од баба ми,јас тука пресеков реков “ставај си ти дома колку сакаш тебе повеќе те сакаше.”
Господ не ги зема и тие живеат до 90 години, а мисли дека ако им го земе најмилото овие ќе платат за се што имаат направено на други.
Ееее таквите живеат долго, добрите порано заминуваат. Нека ми прости Бог ама не е во ред. Делење,двоење,колнење,покажување со прст се тоа остава траума.