Абе сите за себе си мислиме дека сме добри, а други се лошите. Да ги прашаш 'лошите' и тие ќе речат дека тие се добрите, а ние сме лошите. Полека малку...
Не знам за во која тема е прашањето ама мислам тука ќе добијам најбрзо мислења. Поточно не знам дали имам прашање или само сакам да го извадам ова од мене. Забележав дека кога малиот поминува време со свекрва ми и свекор ми вечерта спие многу немирно, плаче, се буди со вриштење, преплашен е, се смирува дури откако ќе се разбуди скроз и ќе ме види. Ова го забележав 3 пати и вечерва е четвртиот пат со тоа што оваа вечер и јас бев присутна цело време, првите три пати го оставивме да го причуваат 2-3 саати. Значи прееска свеки ни беше на гости и уште кога влезе малиот се залепи за мене и го држев 2 саати во раце, не ми дозволи ни кафе да направам. Се опушти на крај ама пак со резерва. Инаку, свекрва ми ништо посебно не правеше со него, пробуваше да го заигра, го гушка и влече да го земе на сила ама тоа она секогаш го прави и покрај тоа што секогаш и викам да го остави. Претходните 3 пати не знам што би можело да се случи. Единствено што ми паѓа на памет од тоа што го знам за нив, можно е да имале кавга пред него, да урлале, па да се исплашил. Во несреќен брак се, стално имаат расправии за глупости, не ги интересира дали сме присутни или не. Сме збореле со мм за ова и него му смета истото, неколку пати и тој збореше со нив и им кажа пред малиот да се внимава како се збори, како се однесуваат. Од свеки секогаш имаме разбирање до следното нејзино избувнување, а од свекор ми добивам поглед и коментар дека моето дете 'било специјално и посебно' После тој трет пат што го спомнувам пак му кажав на мм, значи не му реков дека малиот има кошмари од неговите туку му кажав што приметив, што мислам и го прашав и тој што мисли. Им се јави и им кажа што се случува, им рече во смисла како можам да замислам што се случува кога сте сами со него, последен пат ви кажувам да припазите на однесувањето. Нормално, од нив имаме одговор дека се било како што треба, супер си бил, мирен, си играл, немало ништо такво. Стварно ми е непријатно веќе, родители му се, сакаат да го прошетаат, да го земат кај нив, а ич не ми се дава и не знам што да правам. Дали си умислувам, дали е случајност? Само знам дека не ми се свиѓа ова што се случува и не сакам син ми да биде изложен на кавги и викање кога ние дома вложуваме толку енергија да имаме хармонија. Имавме мал инцидент на последното гледање со свекор ми и мм збесна, му изнакажа сешто, дека треба да идат на предавања кај моите како се чува внуче и како изгледа среќна фамилија, дека се срами од неговите постапки и дека уште еднаш ако му се повтори истото нема да го види малиот. Инцидентот беше тоа што свекор ми се начука како магаре додека малиот им беше оставен на чување. Маж ми беше посрамен пред мене, со наведната глава. Хаотично семејство се, проблеми, немаат почит еден спрема друг, нема љубов. Не можам да се уклопам, среќа моја ни мм. Инаку, свеки колку и да си има проблеми со себе и со маж и, вака е добра особа, обожава деца и животни, не верувам дека би направила нешто погрешно освен што се претвара во хистерична лудача кога се кара со маж и без разлика кој ја слуша. Се изнапишав ама ова ми дојде од муабетот дека сака да го земе на спиење сега кога ќе биде на одмор. Искрено, ми се собра желудникот кога слушнав, и реков дека тешко зашто ќе плаче по мене ама нејзиниот аргумент е дека малиот беше на гости кај моите 3 дена, па зошто да не и кај неа Ќе речете мое дете е, мое право ама не ми е сеедно. Изгледа ќе му препуштам на маж ми да го истера ова.
Штом и маж ти признава и е свесен што се случува ќе разговарате и ќе му објасниш дека немаш ништо против да го гледаат час/ два или во ваше присуство ама за толку долг период не. Нема потреба да гледа и слуша детето такви сцени особено не пијанчење. Евентуално компромис да дојде само свекрвата кај вас на ден два на гости. Мислам дека ќе те разбере сопругот и ќе ти даде поддршка. Нека им каже јасно и гласно зошто не дозволувате, штом се караат пред детето и свекорот има такви испади ќе го гледаат само во ваше присуство. Јас не би дозволила мое дете така да го чуваат, ќе го гледаат кога ќе одиме заедно на гости и тоа е тоа. Баба и дедо се и се тоа ама здравјето на детето е најбитно, а што они не можат да се воздржат неколку часа од драми нема потреба да им биде оставено детето секако не им е на прво место.
Јас не би го оставила моето дете кај нив ни на еден саат без мое присуство. Штом и маж ти е свесен за проблемот нека им каже отворено зошто не го оставате и готово. Сигурно ќе се лутат ама требало да ја мислат кога правеле циркуси пред детето и стварајќи му трауми.
Претпоставувам малиот не реагира така лошо откако ќе поседи кај твоите? Можно е да не се ни караат, едноставно играта со нив да не му се свиѓа, поготово ако пробуваат нешто со сила да го играат? Прашувам затоа што завчера имав слична ситуација. Ја оставивме малата на неколку саати кај свекрва. Таа и постелила доле на под да си играат, ја заспала на време, и дала за јадење на време, се како што треба, ама кога ја зедовме, дома беше претворена во плачливо бебе и ноќта и беше многу тешка. Свекрва ми многу сака гимнастика да и прави на беба, а моето си е мрзливко за вежби. Ако сепак мислиш дека дете е потресено од нивното однесување еден спрема друг не им го давај на спиење. Да, таа ќе ти каже пак "ама 3 дена беше кај твоите" и на тоа само објасни и го ти или уште подобро маж ти, однесувањето на малиот после тоа, наспроти неговото однесување кога е со нив.
@Jana06 од старт да сечеш тоа мерење мои твои. Кај сакаш и колку сакаш ќе праќаш, без некому сметка да поднесуваш за тоа. Еднаш ако дозволиш, отиде возот. Уф што ме нервира тоа.
Кај мене може сличен проблем како и кај @Jana06 . бидејки мажми е син единец и мајка му е разведена нема сопруг живеме во заедница и во друга тема сум зборувала за себичност на мојта свекрва. Со сопругот имавме проблеми околу добивањето деца и после 5 години брак со инвитро останав бремена и сега имаме едно ангелче. Бабата за цело време си имаше некој план во главата дека јас ке родам и ке и го дадам нејзе детето да ми го чува, и сега кога не и успева планот ми прави само збрки. Имено упте додека беше бебнце керками таа се мешаше постојано као сум ја оставала гладна не сум ја гледала како што треба не сум ја оставала кај неа, ама тука сопругот и даде до знаење дека јас треба да се слушам кога станува збро акерка ми. Свеки дури се налути дека сме ја омаловажувале дкеа она исчувала деца само мајка ми ли знаела да ја чува дури и со моите се налути бидјеки проба пред нив да ме оцрни дека не ја гледам керка ми. Помина тоа и сега керка ми е 3ипол години. Сега две недели бев на одмор дома и нон стоп она си беше со мене си игравме се дружевме а кај баба и ке слегнеше на пола саати и се качуваше пак дома.во последните неколку дена приметувам како да манипулира о керак ми . Ке слегне керками кај неа пред спиење нда и каже добра нок таа ке ја наговори да спие доле со неа и кога сакам да ја земам керками се кара со мене и ми вика ке спијам тука кај баба, тебе не те сакам тука е поубаво, а во позадина свекрватарадост и блика од лицето. И ајде викам дете е нека спие една вечер кај баба и со што и напоменав дека не треба така да ме лаже дека треба да си се договареме прво каде сака да спие. Една вечер ја остави наредните три вечери пак истото ми го направи керка ми, а ос неа секогажш се договараме што да правиме и и велев дека не е во ред да ми каже дека ек оди кај баба да и каже добра нок а она останува таму јас да ја чекам дома за спиење. од таму додека јас разгварам со керка ми бабата се вмежува и вели нека си спсие детето тука кај мајакти како спие.. и и се завртев и и реков дека кај мајка ми спие за викенд и кога имам потреба да завршам нешто, а дека дома не сакам да ми створи навика секоја вечер со баба да си спие бидјеки тоа ми прави проблем околу редот на детето и станувањето наутро за градинка.ама свеки тоа не го разбира. третата вечер си ја убедив керка ми да си дојде дома да спие, а свеки го чекаше сопруго во 3 часот по полнок да му каже дека неможела да спие бидејки била нервозна оти не сум давала керками да спие кај неа. Па одозгора тој ме прашува зошто не давам..И со него се испокарав викам како ме прашував кога две вечери по ред спиеше доле, и кога знаеш дека цела зима се мачев да и ставам ред за спиење и одење на градинка па сега и текнало на бабата да си спие со внуката и да ми мене редот... исто во истиот двор живеме со вујко ми и неговата внукичка доага и со кекра ми си играат многу убаво кога ке се скарат ама важно е со дете и си играат. бабата и тоа и смета и гледам дека и зброува дека не треба со неа да си игра толку со баба и требало да си игра.. и еден ден керками и другарката кај мене се бањаа во базентот и не се ни скараа тој ден, а бабата кога се качи керками веднаш се смени и почна да говори ајде оди си на другарка и нејкам со тебе да си играм...и приметив дека тоа го збори како да се плаши од бабаи и дека и е зброувано нешто.. Бабата има манипулативен карактер и нензна мкако и успева тоа... Керками овие денови бидејки секој ден бара да спие кај баба и јас не дозволувам плаче преку вечерта и ја бара баба и а мене ссрцето ми се кине и незнам како да постапам . Пред некој ден бевме на гости заедно јас керка ми и бабата и требаше да ис одиме со такси ама бабата и покрај тоа што се жали од нозе реши дека пеш ке си оди а до дома иамвме околу 30 мин одење, а керка ми цел ден беше активна дента не спиеше и знаев дека ке и дојде премногу. И се договорив со керками да си одиме со такси но кога виде дека бабаи ке си оди запна пеш и и реков дека е преморана но баби рече внуко јас не ти бранам да си дојдеш со мене ама ја мајакти не ти дава. И пред сите и реков дека не сакам така да и говори туку треба да ме подржи и да каже оди си со мајактаи изморенка си. И пак попуштив си отидовме пеш и тоа за 20 мин стигнавме до дома. Па преку нокта керками плачеше од нозе дека ја болат ама битно кефот на бабата го направивме. Сопругот исто незнае да и каже не на мајкаму и морам за скеоја моја постапка да се оправдувам за да не ја натратиме мајка му... Стварно незнам како да постапам а да не излегувам јас лошата мајка пред керками дека не и давам со таа баба да спие и дасе дружи.
Мајки дај заштитете си ги децата и не дозволувајте да бидат манипулирани од посесивни баби, дедовци итд. Јас сум жив пример на дете растено во таква средина па ете ме до ден денес неможам да се оправам од ансиозност, стравови и секакви други подсвесни муки, сесии на психолог итд. Не сте ни свесни што такви нездрави средини им прават на Вашите деца. Се изначитав се и свашта по темава и неможам да разберам како прво вие живеете во такви средини, а после тоа и вашите деца. Ако немате друг избор и мора да сте таму кај што сте, па дај застанете цврсто на нозе покажете заби и недозволувајте никој да ве малтретира вас или вашите деца. Па макар и смртно се скарале со свекрвата и не правеле муабет, нека си лупа глава во зид ако незнае да биде нормално човечко суштество. @delvi читам манипулира со ќерка ти, ќе ја седнеш и ќе направиш муабет или ќе го промени однесувањето или никогаш нема да ја види веќе внука и. Па нека се налути, нека не ти прави муабет и што ли уште не. Ако сака да се дружи со внуката ќе има нормален однос, а посесивноста и манипулациите нека си ги празни на некој друг. Ако гледаш дека ништо не се менува, едноставно нема веќе да ја гледа внуката и твоето ќе биде последно. Заштити си го детето затоа што кога ќе порасне ти ќе лупаш глава во зид како не си завземала сега цврст став околу ќеркати и нејзиното воспитување. Исто и за членката погоре @Jana06 едноставно нема да го носиш повеќе твоето дете таму само, ако сакаат квалитетно време со нивното внуче нека поработат на нивното однесување во негово присуство. Ако не се способни за тоа тогаш не се способни ни да поминуваат време со внучето. Не дозволувај да биде изложено во такви стресни ситуации. Ако се лутат нека им стои. Бидете решителни во Вашиот став и не попуштајте, никогаш. Несакам некој да ме разбере погрешно, не ги напаѓам мајките. Ете ако даде господ и јас сум на пат да бидам мајка и знам дека по никоја цена нема да дозволам нездрава средина или нездрави луѓе околу моето дете, затоа што сега не сме свесни но последиците на долгорочен план за децата се големи. Донесете став околу Вашето дете и стојте цврсто на тој став по било која цена. На кој не му се допаѓа или се лути нека му стои. Секое добро мајки, Ви посакувам што побрзо хармонија
Целосно се согласувам со напишаново од збор до збор. Иако веќе сум возрасна се уште трауми имам од детството. Порано бев лута на баба, дедо, тетка итн. Кога созреав сфатив они ништо не ми се криви. Денес и се лутам на мајка ми и мислам никогаш нема да можам вистински да и простам што никогаш не ме бранела, никогаш не била покрај мене, никогаш од ништо не ме заштитила како дете и затоа сега јас како возрасна едвај се снаоѓам во животов. Се можам да сфатам, никој не е должен да ме сака ни баба ни дедо па ни татко ама мајка да не си штити и брани дете не можам да сфатам никако. За свое дете ништо не би толерирала, па макар и таткото да се однесува на некоја начин или прави нешто со што ќе го повреди, засрами или навреди. Возрасните знаат со секакви зборови да се обраќаат кон детето па дури и пред други луѓе и тоа знае да остави трауми и да го обележи. За ова со маж не би правела компромис.
Еден озбилен разговор со твојата свекрва и ако тера по нејзино изолирај дете скроз. Ова што го рекла на детето мајка ти не ти дава е огромен црвен знак знам, полесно е да се каже отколку да се направи посебно кога живеете во иста куќа АМА ако не заземеш поцврст став, денес се овие проблеми, утре уште поголеми ќе ти направи. Какво спиење, ако ти не сакаш да ка праќаш таму, седни со ќерка ти, на мирен начин објасни и дека децата спијат дома, дека ќе ви недостасува, сигурно знаеш пример што и е омилена игра и вечера, напрај ритуал секоја вечер, кажи и ти и јас ќе готвиме заедно, вклучи ја во правење палачинки нешто на убав начин некој ваш ритуал и земи пример некој микрофон кажи и дека ќе имате караоке. Напрај интересна игра да сака да биде дома тоа време додека не заборави на спиење долу. Во исто време објасни и на свекрва ти дека малата од сега ќе спие дома и да не и спомнува ништо, ќе знаеш ако и зборела и дека ќе има последици ако не го почитува твојот збор!! Сигурна сум дека пак ќе збпри и овде ќе имаш шанса да покажеш заби и став. И остани цврста на зборот. Еднаш ако го погазеш никогаш нема да те почитуваат кога брат ми бил 3-4 год, мајка ми тргнала ма работа, баба ми исто така еј јас дома каква градинка јас ќе го чувам. Си играле децата во маало, баба ми не го пуштала. Дома до неа да бил. Комшиката и кажувала на мајка ми дека брат ми ги гледал на прозорец и липал плачел за надвор. Баба ми ништо, седеле во собата го оставала да плаче. Мајка ми и кажала да го пушта и да не се повтпри да вреска дете за игра, а таа дома под клуч да го чува. таа пак по нејзино. И го запишала градинка и не збореле со месеци бидејќи “како тоа јас дома, што ќе кажат комшиите што си го пуштила во градинка” … Мораш да пресечеш. Ќерка ти е мала, гледаш дека на подмолен начин свекрва ти ја придобива, истото прај го и ти преку игра и милион др начини
Се. Ама ако детето сака нешто, ќе му дозволам. Освен ако не е случај каде бабата го тепа, или злоставува, запоставува... на било кој начин.
Aма ако бабата манипулира со детето и го врте сѐ околу неа да биде, тоа во ред ли е? На детето не му текнало само од себе да спие кај баба, туку она го лаже
Едно е детето да сака кај баба, деуго е бабата да му збори муабети од тип “јас ти давам, мајка ти не ти дава” Значи не може да ја прави мајката вештерка во очите на сопственото дете.
Не гледам потреба ти да се објаснуваш за своето дете, а уште помалку потребата од дружење, одење по гости заедно кога знаеш со каков човек си имаш работа.
Во никој случај нема да пушташ дете кај неа па ако сака на глава нека стои. Туку едно не ми е јасно од кај ги наоѓате маживе шо за сопствено дете немаат глас. Шо му е?? Дозволува детето да му е манипулирано и ќути за да не се скара со мамичка
Не сум за оставање. Немој, да не се каеш. Не за друго, ама штом не се стабилни и немаат осет еден за друг, батали чување дете. Ете доволно е сат два и чао тутти. Ако имаат акал, ќе внимаваат што прават пред детето. Знам дека малку е незгодно кога треба со вакви ситуации да се соочиме, ама мора. Директно можеш прво на маж ти да му кажеш, извини мене детево на прво место ми е, ако има непријателска атмосфера, не го пуштам, не им верувам... Зависи и колку имаш разбран разговор со маж ти, дали ги слуша зборовите правилно
Ве исчитав сите, фала ви за одвоеното време. Проблемот е што не можам да бидам сигурна дека нешто се случува, да зборуваше и да ми каже ок, а вака морам да се водам по знаците кои ми ги дава и интуицијата. Го гледам детето дека не е мирно и не сакам ни да помислам дека нешто се случило. Што вели @WildMk помислив и да не сум опсесивна ама не сум. Бев порано, бев голема кучка спрема мајка ми, љубоморна до бескрај од раце и го грабав и ми е криво зашто ми е најголема помош околу малиот. Да не давам со долги постови, ќе ја објаснам разликата во спојлер. Спојлер Малиот ми е преактивен, бара многу енергија. Моите живеат во куќа со голем двор, голем базен, мал базен за детето, третина играчки му се таму и многу му е забавно. Имаат кучиња и по цел ден се надвор. Татко ми му е омилен, плаче ако го изгуби од вид и во негово присуство мене не ме рецка. Строги се со него во смисла нема кршење, качување секаде, но презабавни се. Се спуштаат на негово ниво и си играат по цел ден. Надвор го соблекуваат гол и цел ден имаат активности, детето е насмеано и среќно. Спие со нив без проблем, јаде, ги обожава. Од друга страна, ги имам свеки и свекор коишто ете живеат во стан ама ги мрзи и до паркче да одат. Свекор ми е дибек кој лежи по цел ден и дава наредби за јадење и пиво, а свеки трча да го задоволи. Турските серии пуштени на најјако и по цел ден само за фирмата се збори. На детето му е ултра досадно и само привлекува внимание на негов начин, на што добивам коментари дека е размазен од мал и морам уште сега да му поставам граници со плескање по пелената. Јасно и гласно им е кажано дека не смее никој да го чепне. Искрено, мислам дека не се осудиле ни тие, колку што знам и нивните деца не се тепани, не ми личат на такви луѓе дека би кренале рака. Кога ќе им речам прошетајте го со количка ги мрзи. Уморни се, топло е... Што пак ми е во ред, јас секако го шетам секој ден, не очекувам од трети лица. Но, очекуваат дека 15 месечно дете ќе седне доле и цел ден ќе си игра сам. Можеби постојат такви деца ама ете моето не е такво и ако им е напорно не треба ни да се нудат да го чуваат нели? Знаат дека јас не барам помош, никогаш не сум побарала да го чуваат, секогаш било по нивна иницијатива да поминеле време заедно. Исто што ме вади од такт е дека воопшто не го пазат. Тој се качува на гарнитура, на маса, на столици и скока. Свекрвата поглед не крева од телефон и стално морам да ја потсетувам да го гледа. Јас сум pain in the ass знам, сите ми превртуваат очи ама не можам да се сменам. Се плашам дека глава ќе скрши и барам од луѓето да не тргаат поглед од него. Најверојатно ќе остане договорот со мм што го направивме кога е свекор ми дома да не го оставаме детето само без нас, со свеки не знам што ќе направам. И се ближи одморот, се мислам да и речам да го земе еден ден онака на неколку саати, а за спиење дека не можам да и го оставам, дека ќе плаче. Друго не знам што да направам, не сакам да ја повредам. @delvi За почеток мислам дека одма мора да прекине преспивањето, значи ниедна вечер. Друго, насамо нема оставање за да не може да и ја полни главата. Трето, со маж ти еден многу сериозен муабет да и го скрати јазикот. Во целост се согласувам со @Katerina94, направи и го домот најинтересното место за дружење за вас две да не помисли да оди на друго место. Држи ја цврсто до тебе додека не ја воспоставите пак врската. Каква жена. Се надевам не ме чека истото.
@Jana06 јас како мајка на пре активно дете кое патем не спие многу добро знам кој ти е стравот во врска со пазењето. Било кој да се понуди да ја земе малата макар и на еден час маж ми секогаш им вика не го тргајте погледот од неа буквално или воопшто не ја зимајте. Си го знаеш детето ако ти е стегната душата не го пуштај нека објасни маж ти ако се лутат нивни проблем.