Леле да, твоето е бетер со лудувањето. Ама оди објасни им, ми викаат многу му се тресам, а буквално секогаш знам што ќе направи следно и таму сум да го фатам. Е не, требало да го пуштам да падне, да го боли и да научи. Не можам. Трчањето по болници и стресот јас ќе го кркам, тие вечер мирно ќе спијат.
@delvi спасувај си го детето додека е со време.. Ова ти го кажувам поради тоа што имав баба и дедо манипулатори и поради тоа што тие ме "подучуваа" и се' ми дозволуваа, повеќе ги сакав нив отколку сопствената мајка. Кога пораснав сфатив што е,како е .. Ама којзнае колку пати мајка ми била повредена поради моето однесување кон неа.
Никогаш нема да можеш да им објасниш. Јас вакви коментари добивав од другарките на кои децата им се бубалчиња. Малата бега и ми викаат не трчи ке се врати а знам дека нема, децата во парк си седат во тревичка на лулашки во песок моево виси некаде се пентери како да ја оставам глава ке искрши. Ама секогаш јасно кажувам јас ке трчам по болници и јас ке се тресам. И ок е престанаа коментарите но пак не го разбираат моево оти не сетиле на своја кожа.
@Jana06 цица уште малиот? А да се вадиш на тоа дека цица уште, па не можам да ти го оставам? Ама пак спомна дека преспивал кај твоите... Со твоите не да му било забавно ехееее! Може да ме посвојат? Кај другиве ја нема таа поврзаност, а и децава страшно осеќаат енергија. Со сите не можат исто да се поврзат.
@Jana06 исто како моиве да ги опиша. По нефункционално, не сложно семејство, семејство без љубов без грижа, јас немам сретнато досега. Свекор ми како некој бег, легнал и само наредува, гајби пива пие секој ден и се дере, пцуе. Детево 3 години има пцуе како старец. 10000 пати досега било сведок на расправии, па целиот се пика во баба му и ја гушка а нему му вика. Јас која сум возрасна личност станав анксиозна, нервозна, се дерам по дете заради нив и после ми е криво. А замисли на децава како им влијае тоа. Плус многу прости луѓе се. Свекрва ми само со закани работи. Ако не јадеш не те сакам, си ги сакам само другите внуци. На моево децата од јатрва ми секој ден го тепаат тие ќутат и после пак јас се дерам по моево зошто ми е криво што е толку наивен. Оди детето од јатрвава кај баба му таа злато од баба, оди моево што е бре ти што сакаш. Детево на другите им ќути после мене ме мава вика писка. Немам живци веќе. Се плашам да не си го пореметам детето во ваква средина. Ве молам дајте совет како да си го подобрам односот со детето. Пред некој ден го удрија децата од девер ми и реков нема веќе дружење ао нив, нареден ден свекрва ми намерно го донесе кај нас. Секој ден детево ми плаче ми писка се нервира заради нив а кога ќр пробам да го земам кај мене писка вришти не сака да иде. И сега тие на децава збор не им велат, а свекрва ми се запнала за моево многу било бесно, требало ќотек јас сум била многу мирна, да била таа ќе му кажела како. И како утре јас дете со неа да оставам? Нема шанси.
Не е опсесивност, бабите не се нормални. Дете од 2 3 години лесно можеш да го изманипулираш. Ако возрасен не му назбори од каде ке знае такви работи? Има здрав однос баба дедо внук к нездрав. Нормално е да се дружиш со внукот и да кажува кај биле што правеле, а не да има стресови.
Леле леле жено! Ти беше со бебенцето, скалите, какаото? Нешто така ми остана во памет. И тогаш кога те читав и сега срцето ме здоболе за детето, а тек тоа малечкото во каква средина ќе расне. Значи аман, аман те молам седни го тој твојот маж, пред се татко на тие деца, дај му последна шанса да им обезбеди безгрижно детство или пакувај куферите. Кажи ми кое дете заслужува да расне вака? Ќе помине ова, ќе пораснат ама во какви индивидуи ќе пораснат? Те молам реши го ова најскоро што можеш, не само од љубов туку имаш одговорност да го решиш овој голем проблем. И наместо детето да те гледа како поддршка, заштитник, тој си го добива и од тебе. Жално стварно, ниедно дете не заслужува да расне во токсична средина.
Таа сум. И мене срце ме боли за децава. Згора на тоа јас станувам како нив. Јас викам по детево затоа што сум цел ден затворена во 4 ѕида и цел ден се расправам со свекрви јатрви деца. Коментари само за моиве деца се даваат. Зошто не јадело, зошто со цуцла било, зошто босо, зошто сок пиело, зошто играло со нешто што тие мислат дека не смее. Кој би останал при здрав разум со вакви да се расправа секојдневно? Мене ми е жал со каква мајка растат децава мои. Психопат.
Ти не си психопат само не си упорна. Си се предала на тие стоки. А зошто мораш по цел ден да бидеш дома затворена? Количка имате? Блиски луѓе имаш? Бебето во количка, малиот до тебе и во паркче, на лулашки да си игра со други деца. На еден ручек кај твоите, кај другарка и нема да трпиш срања. Е сега, ова не е решението туку привремен одмор од кавги додека маж ти најде стан под кирија. Планираш да разговараш со него или и тој е дел од насилничката група?
Имам количка. Шетаме секој ден. Лошото е што јаѕрва ми седи во двор и акп не види дека излегуваме и таа доаѓа по нас и се враќам уште понапната наместо одморена. Ај со децава што не знаат да се заиграат, се туркаат, се тепаат туку и таа со муабети ми ја пукна главата. Се враќам дома отепана и нервозна. Пробав неколку пати да ја одбијам,демек не ми се шета не сум расположена, неколку пати со мм излегов и пак не сфаќа. Нема со кој да шета и ме бара мене. Со мм е разговарано милион пати. Ветува а не остварува. Сеедно му е зошто не е дома да трпи и да гледа две деца плус. 2 дена ни ги посвети нам и татко му беше лут не си го имал видено синот. Замисли како ќе се дели тој од нив. Всушност јас воопшто немам време да седнам со мм и да разговараме. Еве колку е часот него го нема. Со татко му е.да надохнади за тие два дена. До 17 часот на работа, после пак по работљ, навечер со мајка му и татко му и кога да разговарам. Ова години е вака. Се чудам како сум уште жива.
Многу често маживе кај нас се ептен поврзани со мајките. Мм во една ситуација ко реков дека мајка му направила "инспекција" веднаш го крена носот. Вика ќе и речам дека забрануваш да влезе. Абе не и забранувам да влегува ко ќе сум тука, ама не сакам да нурка во мое отсуство. Некни кога си дојдов од болница со бебето требаше до аптека да појдиме, и бидејќи инсистирав да ја носам со мене за да не ја чува свеки (знаејќи ги нејзините хигиенски навики) ми вика што имаш против мајка ми За татко му и да речиш нешто не е проблем ама за мама неее
Зошто не ги запишеш во градинка? Таму ќе се дружи со други дечиња, ќе се научи на ред и дисциплина, ќе го научат што е добро а што лошо, ќе гледа од децата како треба да се однесува. А ти во меѓувреме ќе си најдеш било каква работа и тиа ќе се тргнеш од таа средина. Од работа ќе си ги земаш децата и со мажот негде на ручек, прошетка итд. Така и ти ќе си дојдеш на себе ќе имаш и друга занимавија освен 24/7 со нив да дремеш и да се оболиш психички. А да не правам муабет за последиците кои ќе ги имаат децата(извини незнам дали имаш едно или две дечиња). Не седи така ни еден ден, уште утре оди и запиши ги во градинка а ти најди си работа. Секое добро! И седни си го маж ти на добар квалитетен муабет!
@delvi Читам и се препознавам за некоја година како ќе ми биде,познавајќи ја мојава. И "натпреварот " меѓу госпоѓата баба и мајката ( што логично е невозможно баба да го сака повеќе детето од мајка му ) која повеќе го сака детето,ми е јасен ,не го оправдувам не го ни разбирам всушност - ми е јасен Спојлер и сама доживеав да ми каже дека таа повеќе го сака моето дете а јас само трауми сум му правела Она што ми го привлече вниманието во твојот случај е забранувањето да си игра со девојчето како и реакцијата на ќерка ти во однос на девојчето во близина на свекрва ти. Тоа никако не смеете да го дозволите ,значи жената ти го учи детето да прави разлики меѓу луѓето (децата). Ова мораш да го пресечеш во корен бидејќи прераснува во карактер. Нешто што се формира тој период и останува засекогаш. Во однос на спиењето ,пробај вака кажи и на малата дека кога ќе сака да остане долу ,треба да се качи да ти каже прво а друго ,правиме договор ,ако спиеш денес таму утре ќе спиеш горе. Неколку пати така ,потоа пополека и воопшто. Мора се тоа на малата со разговор да и се објаснува и што помалку препукувања меѓу вас две пред неа да го решите. За да не може да и рече еве мајка ти забранува , бидејќи детето нема да слушне што сте кажале. И се сложувам дека наместо да те гледа бесна и исфрустрирана треба да гледаш да и го направиш времето поминато со неа што позабавно и поквалитетно.
Во врска со сакањето многу пати кога нешто нема да направиме по нејззно мислам на бабата а керками или плаче или не и е по кееф ке ми каже дека така не се сака дете и дека да она ја сакала повеке од мене ако била баба. јас на тоа се нервирам сопругот не гледа причина за нерова и само ми кажува дека премногу ја мислам ... и дека мајка му не мисли ништо лошо... ама од него не очекувам многу бидејки е растен брз татковски пример и цел живо со неа и тоа е... а пробувам сега така постепено да ја одвикнам од желбата за баба, повеке игра дружба а и помалку време дома минење со баба и ... А за другарите тоа да не дозволувам никакви делби дете со дете си расте и не сакам никакви дискриминаторски теми тоа било такво вакво дете се додека самите деца си наогаат заеднички јазик ке се дружи со тоа дете...
Знам истото го преживувам јас секој ден. Де не се воспитува така ,де не се сака така. Ама се уште е мала мојава (1г.) и не разбира ние што зборуваме ,иако е мала кога слуша повишен тон се нервира и вика по нејзино ,рачунај да разбира што би било со тоа дете. Затоа и ти реков да не дозволиш да ве слуша. Кај мене мм и кажа пред детето збор да не чујам ако не можеш излези надвор и викај си и мене истото ми го кажа. За ова со детево мислев да зборнеш со мт да му објасниш кон што води. Малку да изреагира.
Леле сегде исти или слични муабети. Кај нас мм му викаше пред некој ден на детето и свеки ни повикана ни ништо трча како спасител "што го карате детето? Дете не се воспитува со викање." Ама мм не ја трпи многу многу и ја мафна по брза постапка. И да, бабата повеќе го сакала внучето од сопственото дете, а воедно и подебилно бабата го сакала внучето, повеќе од мајката што го сакала.
Мојата пак на секое плачење на бебето на кое е присутна прашува зошто плачи. Друга работа се нејзините хигиенски навики. Некни фрлаше нешто во кантата за ѓубре што стои во двор и директно се залета да ја погали малата. Извини и викам ама фаќаше во кантата немој. Госпоѓата после тоа цел ден не ми зборуваше.