Па уште и лута. Наместо да се извини, ќе глуми лудило. Гордост пред здравје на дете, е не можам да разберам. Сега ти биди и лута што се налутила за тоа што си го штитиш детето. И седи си раат.
Скроз си во право Знаеш не сум да се претерува со стерилност ама пак ова ми е недопустливо. Не само за бебе, и за возрасен не треба така да се однесува.
И мене ми се лутат за истото, ја само додавам " ја ќе шетам по болници кога лицето или телото ќе му се исфрли нема вие" и после ја не праам муабет цел ден па кој више ќе додржи
Така де. И јас ја опоменав свекрва ми кога од автобус дојдена, без да измие раце се залета да го земе. Леле извини вика, се исклучив. И отиде изми рацете. Нит се налути, нит ништо.
Најмногу ме изнасмеа еднаш свеки ко ја коментираше некоја пријателка која не била воопшто по чистењето, а за себеси вика јас ептен педантно држам. А самата знам во која ситуација го затекнав домот кога почнав да идам. Нашиот дел го средив ама нивниот дел си е во иста состојба. Не планирам да и се мешам оти е витална а целото време го троши во крстосување по куќата и дворот. Плус ако се мешам кај нив ќе се меша и таа кај нас а тоа не сакам. Пак ќе речам, не сум за стерилност ама па не можам и ко неа да функционирам.
Мене стварно не ми се јасни ваков вид на свекрви, не разбирам во кој филм се влезени со муабетите дека они повеќе ги сакале децата од мајка или дека се знаат и разбираат?!?! Јас би ја измарширала мојата така да ми каже, па цел живот нека се лути (секако дека истото се однесува и за мајка ми).
Зошто на пример? Да е еднаш ок, ама вака да ја трпам секој ден да ми се качува на глава како што прочитав на последните две страни, па чекај бе и јас знам да кажам нешто.
Не се шали, за мир во куќа, особено ако маж ти не те поддржува ќе си ќутиш. Само ова ќе ви го кажам на сите што се нервирате на свекрвите: ако имате можност бегајте од таму. Свашта преживеав јас со мојава додека бевме заедно, ама среќа сите бевме свесни дека заедно не можеме да функционираме. Откако сум надвор, што сака може да збори, и збори. Не сме го воспитале детево (година ипол има, важи), таа највеќе го сакала, нејзин бил, веќе и заборавам што лупета. Не и одговарам ништо, не ме засега што збори. На мажите мора да влијаете, здравјето ми се врати откако не живеам со нејзе.
Јас сум поборник за тоа дека мир во куќа не се постигнува со ќутење. Напротив, треба да се направат неколку скандали за секој да си го знае своето место.
Мојата првиот ден ко се вратив од болница со бебето требаше до аптека да одиме и ми вика абе леунка си кај ќе одиш. А таа пак што е по адетиве дури ич. Ама битно да кажи кој како треба.
Точно. На тоа мислев. Еднаш ќе им го покажеш местото и после нека си ќутат они. Да ми зима некој здравје за да си ги лечи комплексите не дозволувам па не знам што да е.
Леле кога ќе ми текне колку сум била наивна кога сум ќутела, да ми е овој памет.. Не дека сега се карам, јас само ќе и укажам, а мм ќе ја испее после ако претерала. И почнав да држам лутина, денови или недели. Не може да се преминува преку лични граници и да не се почитува приватност не оди тоа така. Четири години не се научи, тогаш не ми е проблем да и кажам и да си го кренам носот, како што рекоа ако треба и скандали ќе има, отколку ние со нарушено здравје, поради свекрва. На свекрва не се ќути, ќутењето ствара тензии, незадоволство на двете страни. Не сум идеална ама ми чепне ли некој у приватност, како што жива ја фатив како се качува горе мислејќи дека сум излезена и почна да кажува смешни изговори, е тогаш сум ѕвер.
Таа ништо не чепка ама знае кај стои се, дали имаш алишта за перење, ѓубре за фрлање, што имаш постаро во фрижидер итн Мојава изгледа ме слушаше кај што коментарам гласно на телефон за тоа што прави и сега попрекината е со тие работи. Барем не заприметувам дека прави нешто. Плус изминатиот период почнав да ги заклучувам собите ко ќе излегуваме. И да пробала да влези ќе види дека не е добредојдена а потоа и да сака не може да изреагира оти тогаш ќе беше запрашана што потреба има да влегува во наше отсуство.
Кај многу членки сум прочитала дека свекорот и свекрвата им влагаат дома, им прередуваат, им тарашкаат. Сакам да прашам зошто имаат клуч? Зошто може да ви влезат кога сакаат?