Зошто тогаш настапува мажот со изговор нивна куќа е што сакаат можат да прават ако сакаат можат и нас на улица да не исфрлат. Или повеќето живеат во една соба. Ги копка да не има милијарди под кревет, а они да не знаат. Се ќе разберам ама внукот да си го викаш СИНЕ нема никогаш да го разберам
Мене ме вика сине ептен блиска другарка на мајка ми што премногу ја сакам и што знам, никогаш не ми сметало ваљда навика.
Откако се породив и почнав моето да го викам сине, ми иде и на сите други дечиња на блиски луѓе да ги кажам така ма да мислам дека успевам да се исконтролирам и до сега не ми излетало од уста колку што се сеќавам. Мајка ми знае да каже сине, па се препнувам, мислам мене ми збори на момент оти досега на други деца така не им викала. Не ми смета само збунка ми прави. Свеки ја вика бабино ама па и ја немам чуено на друг да каже сине освен на син и понекогаш. Вујко ми и вујна ми оној пат ја видоа на камера за прв пат, вујче си ја кажа сине, не ми засмета. Али ок, различни луѓе сме, различни ситници и банални ствари ни сметаат. Мене секако ме иссфиркаа на форумов за АД купување што ми сметало, тебе сега за сине и така
Врти сучи мажот е тој-главниот што треба да реагира. Ама па да му *бам матер, нели им е срам да буричкаат во туѓо? Мора ли да им каже некој дека не е убаво така? Стварно не ми е јасно што луѓе се.
Ама не можат ни они да реагираат ништо немаат на свое име може од дома да го избрка и око да не му трепне. Старите не се должни никого да трпат. Во ред направиле ете го изгледале го израснале, школувале и толку од нив. Не се должни куќата да му ја препуштат нему. Ниту пак се должни да ја трпат снаата, затоа посебно се живее и когаќе дојдат на гости вие сте тие што ќе можете да ги оставите пред врата и веќе дане ги примите. Ние пред да се одселиме од кај свеќи кажав досаѓање нема ако сте нападни како тука и ѕвоните на телефон и ненајавени доаѓате прво што ќе биде ќе смениме броеви или на син ти ќе му го скршам бројот, а друго ако доаѓате не најавени нема да ве примам дома, а ако сте упорни ќе одам во полиција и забрана за приближување ќе ставам. Нормално мм ништо не кажа на тоа си ќутеше, а он викаше не не нема да дојде до ттолку. И така и испадна еднаш во месецот доаѓаа зимоска сакаа и повеќе ама не може доволно беше толку(нормално толку заслужиле за нивното однесување додека сме живееле заедно) и сега и е криво.
Абе и да е запрашана што бара тука во наше отсуство, јас немам доверба веќе дека пак нема да ја копка да се качи кога ќе биде сигурна дека сме испаднале некаде. Затоа сега камери и менување на брави. Спратот е со внатрешни скали и она ги вадеше цвеќињата додека бевме на одмор, остај тоа, па и ми чистела и викнала гости кај нас на тераса. Знае дека мразам да ми чисти, башка и гости бе, да ми минат низ соба за на тераса. Т.е знае дека ништо не треба да прави без прашање, ама си прави и кажува уште за гостите. Она се качи ден после одморот, многу кеси донесовме, гарант сакала да види што е купено, што уште толку ме исфрустрира. Случајно она да не ми даде пари за да гледа. Многу некултурно. И се тоа ме разлути многу, знаејќи ја каков тип е сигурно пробуричкала и по фиоки и шкафови. Ми се извинуваше после, немало веќе да се повтори, ама џабе доверба се нема ич сега. А кога сме дома не се качува воопшто, освен ако не ја викнев за кафе, и мм не и ќути има страв од него. Он вика да не се лутам толку, си ја научила лекцијата демек сега, ама додека не ставиме камери не сум мирна. Тешко е со стари, ние сме уште без деца, затоа и сакаме да се тргнеме од куќава, не знам тогаш какви мешања ќе има. Да седи мирна, како што вика дека ќе була глувонема не можам да верувам. Не е она таков тип.
Не им е срам. Мојата и во вешот ќе видеше, да ми кажи дека имам за перење ко јас да не знам, и прибираше алишта од мм, се на едно место и носени и чисти, и во фрижидер ќе отвореше итн. Гледам на голем дел од мажите очигледно не им смета тоа мајките да им се мешаат во домаќинството. Навикнати се на тоа од ко биле ергени и воопшто не им смета и ко ќе се оженат.
Така е ама ако си пораснат со тоа нема да ти биде чудно. Еве сега се сетив дека и баба ми некогаш не вика сите внуци сине. Свеки му нема кажано, а и да му каже нема да ми смета. Би ми сметало во ситуација ептен да ми се меша, да му се прави мајка, па 'сине' ќе ми ја прелие чашата. А вака немаат никаква конекција, малиот бега од неа и на моменти ми паѓа жал, па 'сине' нема да ми смени ништо.
Мојата свекрва на мојот син му се обраќа со мајко! Ајде мајко (мисли бабо) да јадеш! На ти мајкице кифличка! Можеш да ме замислиш тазе породена, со хормони до плафон како ми било кога прв пат му рече Го подбрав мм, да си ја искара да се изразува правилно, тој вика е добро што ти смета . Како што ми смета ЈАС сум му мајка на детето После тој разговор ја немам слушнато така да се обраќа.
Хахахахахаха или сине или мајка или ајде мајкин дојди кај мене. И после на странците им било тешко да го разберат нашиот јазик. Не е до нив до нас е сите се синови и мајкини било женско, машко да е
Just saying, мене моите ме викаат сине цел живот, иако сум женско Имаат и син, така да не е комплекс по машко ваљда Порано тетки чичковци знаеле со сине да се обратат и мене би ми сметало само што вика Јана горе, ако глуми мајка на детето, па меѓу другото и тоа да ме нервира. Не знам кај прочитав на форумов пред некое време, душко дека ги викале нагалено Мислам дека е многу тривијална работа за замарање ова.
Не смета тоа е точно само си имаат имиња реално за тоа се кристени веројатно. И не конкретно за свекрва општо има и млади што имам начекано на бебево да му викаат кај си мајка ти, добар ли си сине изгледа треба јас да ги прашувам, а вие добри ли сте
На мажите ако не им смета треба да знаат дека сега имаат жена на која и смета. Додека не бев уште вселена на спратот кај маж ми, свекор ми си бараше што му се јаде кај нас во фрижидерот, си се качуваа кога сакаа без да тропнат, а камоли да се најават дека сакаат на кафе да дојдат. Ај си мислам не се навикнати, ај мерак им е, ај ова, ај она, им барав оправдување што нормално не го најдов Бевме долго време во врска, ме знаат и мислев дека ќе им биде јасно што сакам што не сакам ама само јас така си мислев Клучот на врата ми заврши работа. Сега сакаат или не, мора да тропнат ако сакаат да влезат, мораат да ме прашаат дали имам нешто што им треба, а не само да влезат и да си земат.
Сине, душко...се тоа се зборови од милост. Добро она мајкин а е баба е дискутабилно, ама и све наброено и ненаброено обраќање ако ви смета ќе си кажете на дотичните не сакам да се обраќаш така кон моето дете. Ако ве почитуваат ќе го почитуваат и вашето мислење или ако не ви се така изградени односите сами да си кажете тука е мажот доколку имате недоразбирања со неговите, членови од негово семејство. Мене мојава ни се обраќа име мое, име негово мама да ти каже, мама каков ручек спреми, мама за вакцините да ви каже... Клуч сме и оставале за ако додека сме на одмор нешто се случи да има кој да изреагира, цвеќе да навади, ама си буричка таква е, епа затоа мајка ми иде последниве години таков карактер е што буниште да има ако не и кажам не го чепка. Друго за буричкање кога е заедница во прашање тие не сметаат дека не е нивна собата, катот, кесите со продукти и мене тоа ме иритирало. Сега кога одиме на гости и сме пазареле и за нас и за нив обавезно да види што од каде за колку е купено, колку и да ме нервирало се навикнав па и ќе си домуабетиме и она ќе ми каже кај набавиле нешто по која цена а уз пат ќе изнаслушам 100 лекции за колку нездрава храна сме купиле, каде поздрава да се набави и како да ја готвам И така кога ќе ме изнервира си одам горе во соба и ја игнорирам, сфаќа дека претерала кога ќе се спуштам долу е како ништо да не било и од моја и од нејзина страна или понекогаш приметувам во однесувањето дека не и е сеедно што сум ја изигнорирала ама ете такви се толерираме. Порано ќе сум и се замрала, ама сега веќе ја имам научено и ми е сеедно, не ја провоцирам со ништо иако сама си наоѓа дека е испровоцирана и ми манифестира хипер-реакција ама кога сум порасположена игнорирам, ќе се насмеам кога не сум ќе и преречам да и кажам до каде се границите и толку. И друго најдобро е одма расчистување на недоразбирања од ќутење, трпење и собирање нема аир, може полошо само да си направите, бар во мојов однос со неа така било, затоа сега одма расчисти се и раат сме.
И добро, ако му препуштиле две соби на неодреден или одреден период додека младите да се снајдат со живеалиште, што треба, да им се се@ат на главата??? Што е толку тешко да почитуваш нечија приватност? И ако тоа се вика родители, да јас на 30+ години се тресам да им преречам кога НАВИСТИНА не се во право за не дај Боже не ми се заканат со нешто, тогаш не, тоа не е родител!
Ама кој има мир вака? Ти се јадеш жива одвнатре, таа кажува секој ден некоја нова глупост. Тоа не е мир ако едната собира во себе, па ќе пукнеш еден ден бре жено. А мажот е посебна приказна, треба да му се каже се што мислиме и како се чувствуваме додека мајка му зборува така. Ако сака да бидеме семејство треба да свати дека жена му се нервира постојано и да ја поддржи, а доколку дојде до одбирање страна можеби не заслужува да има семејсто туку да си остане со мамичка засекогаш.
Кај мене сите го викаат сине, мајка свекрва бабите мои. Сине дојди кај баба. Тоа е дете на нивното дете, и огромна љубов. Не ми смета ама сите други работи се на место.