Абе нивна куќа е што сакаат ќе прават разберете. Ти ако сакаш да попуштиш друг некој не попушта. Едни што ги знам во гаража седеа, соба не им дадоа и мораа да земат стан ама дали ќе ги примат тие родители после тоа во станот нивни е прашање.
И тоа родител е кажи ми? Не можам да замислам јас да, се ширам, а детето да ми спие во гаража. На комшијава ќе му помогнеш кога е потребно, не на свое дете. И овие што им даваат и после што ги малтретираат, ужас. Остави ги да дишат, дај им приватност. Гледај си своја работа. А нивна куќа, големи м..а. Направиле 3 соби За 50 години, некои и не ги направиле ги наследиле и ќе изиграваат богови. И 100 стана да имаат вакви особи е џабе, кога ко прво не научиле да се луѓе.
Па тоа не се родители шо ќе дозволат детето да седи во гаража. Нека се нивни и 100 куќи, џабе им е. Ова не значи дека јас не сум за самосталност...не, напротив. Ама па родител така да ми гледа сеирот, е не знам што ќе се случи. За било какви моменти во животот, дали среќни или несреќни а посебно несреќни, ако моите ми се непријатели, ич да не се!
што се нема по светов. Имам пример во блиска фамилија. Кога некој е себичен и гледа за себе, детето страда.
Свекрва ми ми вика 'сине'. Навика е то. Сигурно не сака да и' го узурпира мајчинството на мајка ми, ниту пак сум јас 'син'.
Врска нема едно со друго. И мене мојата пред луѓе ме викаше така па сега очи не сакаме да си видиме. Тоа од милост сигурно не беше. Не се сите исти. А на син ми му се има обраќано неколку пати во женски род и да, ми сметаше многу. А сине секогаш го употребуваше. И можеби и немаше да ми смета да беше жена на место, да бевме во добри односи, да не ми го грабаше детето од раце и на секое плачење да трчаше да го смирува таа. Не мора секогаш да се бара оправдување за нивни постапки а како на нас снаите се ни смета. Да си го знаеше местото немаше секоја "ситница" да ми смета.
Имаат клуч за да ми ја хранат мачката и да ни уклучат клима и бојлер кога се враќаме од некаде, па ако најде нешто растурено нека среди, не ми смета
Добро и они велат сине на баба, мило на баба итн. Кога се е во ред со односите во фамилија, ословување не смета.
Искрено, и мене се' ми сметаше кога бев 'свежа' мајка. Сега не ми смета, не се караме, ептен убав однос имаме. Блиска ми е ко мајка ми.
Свекрва ми ја почитувам, ме почитува. Отвореност со неа се знае до граници. Блиска ко мајка ми не може никогаш да ми биде, со мајка ми се отворам максимално и знам дека секогаш ќе е на моја страна, додека пак свекрва ми на прво место и е син и. Сѐ со граница.
Зависи за шо. Поблиски ставови и размислувања имам со свекрва ми, отколку со мајка ми. Мајка ми е конзервативна до даске и тешко ми е со нејзе да најдам компромис. Пример...
Мене па од такт ме вади кога ќе му рече на бебето мајкино, не му е мајка, ајде да му рече бабино, чедо, мило...ама мајкино...И го истренирав маж ми кога ќе сака нешто по свое да му направи на детето без да праша, само го погледнувам остро и тој скока како попарен и и' вели да не се меша.
Зависи за шо. Има работи кои можам да ги зборувам само со свекрва ми и има работи кои можам да ги зборувам само со мајка ми. Една е мајка. Си има посебно место. Без разлика колку mother figures ќе сретнеме во животот.
Ајде кај мене мајкино, ајде мајка, ај мајче, мајка мајка мајка Па кога ќе каже некоја дека и' пречи, опсесивна е. Бабиве што глумат најмајки не се опсесивни. Знам и таква што ги караше внуците ако и' речат бабо. Ако имате ваков случај остајте ги, нека се радуваат. Сигурно нема да се збуни детето. Ама случајот погоре со манипулирањето на детето, тоа веќе ги минува сите граници. @Bicka77 скроз те сфатив тогаш за АДто. На тој стрес, хормони вријат, ти се пикаат во се' и те спречуваат барем тоа што можеш да го сториш - ти за своето дете.
Можно е да се налутат оти го разбираат како личен напад. А може и да не се налутат, ама по навика да си продолжат по свое. Мојата беше од вторите
Свекрва нема шанса да ми биде било каква мајчина фигура или поточно блиска како мајка ми или ако со мајка ми немаме слични ставови за нештата а со свекрва да имаме, да речам поблиска ми е од мајка ми Мене лично ми е ова размислување, а верувам и на повеќево жени е исто вакво. Можно е во ова што имаше пишано за доживување на свекрвата (мајчинска фигура, блиска како мајка или поблиска од мајка) да поверувам дека е во случаи да некоја жена нема мајка од х причини и со свекрвата исто од х причини си развиле таква некоја слична како мајчинската блискост. Свекрва може да се почитува или да се има мир и разбирање ама да речам дека ја рамнам или гледам како мајка не се согласувам. Еве пример и со мојата свекрва во одреден домен ( бидејќи имаме слична професионална наобразба) имам повеќе теми за дискусија и до некаде слични и гледишта ставови и професионални и општи отколку со мајка ми (со оглед дека таа имала сосем друга професија од нас двеве) , еве и карктерно за нешто ми прија повеќе свекрва ми отколку мајка ми, ама таа слобода на говор, прифатеност па и опуштеност партали да се направиме и после буквално да е како ништо да не било ја имам ексклузивно само со мајка ми. Точно една е мајка