Нема врска. И тетка имам која ми е мајчинска фигура. Луѓе кои ги сметаш за авторитет и кои заземаат мајчинска улога кон тебе, им веруваш итн... ти се мајчински фигури. Модели од кои учиш. И наставничка може да ти е мајчинска фигура, покрај мајка ти. Не е статичен животот. Се менува низ искуствата. Учиме цело време, од секаде. И ние се каравме со свекрва ми на почеток... и тоа многу. Ужасно. Ама после се научивме какви сме вистина по карактер и сфативме дека имаме многу заеднички размислувања... едноставно, се спријателивме, станавме поблиски. Реков, мајка ми ќе ми биде мајка, татко ми ќе ми биде татко. Дури сум жива.
О за мене има и те како има врска, во ред е за тебе да нема врска, јас никаде не ти го оспорив тоа, така да пожелно е и ти да прифатиш и јас, а и повеќево нема шанси да ти ги проголтаат одма твоиве изјави без да осетат кнедла во грло, ако им значиш и им значи тоа што го кажуваш, ако не нема ни да обрнат внимание што зборуваш Факт е дека е чудно некоја да ти каже блиска ми е како мајка, поблиска или ми е мајкина фигура, еве јас не за тебе, за некоја која не ја познавам доволно да ми се избаци со овој муабет ќе речам суши лаже, е сега пишав во која ситуација безрезервно би и поверувала иако и во таква може да ме мафта. п.с. може има врска тоа што не почитувам било какви авторитети, особено наметнати, а незаслужено-неоправдано авторитативни ликови
Затоа што мајка ми е тип на човек што кога ќе види дека згрешила знае и да се извини ,нормално истото ме научиле и мене и да го поправи нештото. Додека свекрвиштено е кретенски карактер Прво ќе ти глуми не разбира што си и кажала ,ако види дека повторуваш и настојуваш се кара ,па два дена ја нема(ова нема е буквално) или не збори на почеток се нервирав вака кога правеше посебно кога беше за нешто што не ни знаев дека сум "згрешила". ИИИ најлошото од се третиот ден почнува да си го тера истото, дури и полошо. И уствари што направив јас со кавгата ? Само дупло се нервирам... И со сите е таква. Не ,објаснив погоре Па меѓу другото е мир во куќа да ама еве објаснив и погоре како оди. Кога гледам со некој не можам да се разберам не се ни обидувам оти на крајот јас само се јадам. Абе правени се скандали ,ѕверот од мене го извади последно ,да не можам да се исконтролирам да морам да удрам негде оти толку. И знаеш колку време беше без проблеми и префрлање ? Два дена ! И тоа тие два дена уствари не ни разговараше. Третиот истото!
Не е до кондицијата моја... Ја знаеш поговорката ,,теле се учи вол не " ? Е до тоа е ... *И што секој втор ден ќе се карам , наместо да уживам во најубавиот период од мајчинството ?
Епа нека трае незборувањето подолго и свиркај си. Она ако ти се обрати прва, мавни и игнор. Така со месеци ако треба. Да видиш како ќе се замисли после тоа пред да каже нешто. Изгледа тешко, ама делува. Го имам дадено истиов совет и сум спасила блиска особа од слична ситуација како твојата. Има навика, ама има и одвика. Можеш да ја решиш само треба да стиснеш заби.
Место ти да се нервираш, префрли топката. Јас не би дозволила да ми де качи на глава. Третиот ден тера по старо, кажувам. Четвртиот кажувам. Не играм на карта дека нема да се оправи. Така и чини. Знам не е лесно. Има многу тешки луѓе и карактери. Ама не давам да ме под@бава никој. Ако треба јас да ја трпам, е ќе ме трпи и она. Не е ден, два. Па ти жено 20-30 години треба да го трпиш тоа!
Имам кај моите но само на поседок. Имам пишувано претходно дека не подржуваат развод (доаѓало и до тоа, но немав подршка). Јас сум на породилно затоа сум дома и децата ми се дома. Инаку планирам поголемиов да го запишам во градинка пред да тргнам на работа. Со мм невозможно е да се разговара. Значи така ме има сфатено дека на празно си зборувам се жалам, си вика ќе и помине за 2 дена и пак по старо. Мене веќе ми препукна да се жалам секој ден, а и што да зборувам кога му кажувам како се чувствувам и дека не ми е добро ни психички ни физички а од него не добивам повратен одговор. Игнорира едноставно и си тера по свое. Јас берам, јас се нервирам, јас седам секој ден со ненормални луѓе, јас се дерам по деца. Само знам дека не можам повеќе да издржам немам сила веќе. Сега поголемово беше кај јатрвава и ја слушам му вика ајде гитла дома главата ми ја пукнавте. А јас бев тргната да го земам. И свекрва ми беше таму и ја му викам на детево те избрка стрина ти и свекрва ми ааа не не на нејзиното му викаше. Ха ха ха. И реков слушнав се. Толку. Значи секој си има право да каже што сака, да вреѓа деца мои и да ги брка , а јас не смеам и морам се да трпам Затоа полудев.
[QUOTE п.с. може има врска тоа што не почитувам било какви авторитети, особено наметнати, а незаслужено-неоправдано авторитативни ликови[/QUOTE] Лав си во хороскоп? @Idedemja
Прибери сила колку можеш и заземи се за твоите деца прво. Ако ти се однесуваш лошо со нив, не очекувај други да им покажат милост, а децата не се криви затоа што се родиле и живеат во таква нехумана и безмилосна средина. Сепак ти си таа која треба да ги заштити. Ситуацијата не ти е безизлезна, но не треба да паѓаш на провокации. Ако ти делуваат луѓево вака, изолирај се од нив, намали ги контактите на минимум и само службено со нив. Не се сеќавам убаво дали ти беше што шеташе јатрвата со тебе, но не си должна никому лице да правиш на сметка на психо-физичкото здравје, твое и на децата. Ќе тргнеш на работа, децата во градинка, подобро ќе ти биде и ќе ти се разбистри умот. Ако и понатаму домашната ситуација не ти биде добра, ти во меѓувреме работи, штеди за тебе и децата. Многу подруго ќе ти биде кога ќе знаеш дека имаш излез, тоа е сигурно.
Лав си во хороскоп? @Idedemja[/QUOTE] кај ме најде лав, ама вака кога ќе размислам па и не би ми било лошо да бев roar Не е карање ако и ги заобиколуваш поровокациите и ја игнорираш, а и убаво ти пишаа кога таа третиот ден си ја тера истата песна ти само културно си го кажуваш твоето гледиште и после си тераш по твое, без да и паѓаш на зборовите и без да и се потресуваш. Додека гледа дека ја слушаш и и реагираш ќе прави така, кога ќе види не ја фермаш ќе прекине.
кај ме најде лав, ама вака кога ќе размислам па и не би ми било лошо да бев roar Не е карање ако и ги заобиколуваш поровокациите и ја игнорираш, а и убаво ти пишаа кога таа третиот ден си ја тера истата песна ти само културно си го кажуваш твоето гледиште и после си тераш по твое, без да и паѓаш на зборовите и без да и се потресуваш. Додека гледа дека ја слушаш и и реагираш ќе прави така, кога ќе види не ја фермаш ќе прекине.[/QUOTE] Абе јас не и покажувам колку се нервирам ,ама се нервирам после мм и ќерка ми нервозна ме гледаат. Во тоа е проблемот.
А штом така многу грешиш, испаѓа нервозава она што ти ја предизвикува ја пренесуваш т.е. ја осеќаат твоиве. Вака сега ќе ја седнеш убаво во 4 очи да направите муабет и се ова ќе и го кажеш, ме нервира ова, ова и ова од твоја страна, не ти покажувам ама после чурам и поради тоа не се осеќаат убаво покрај мене син ти и внука ти, ти слободно продолжи така ама последиците се тие и каква мајка и баба си ако тераш и понатаму така, нели секоја мајка си мисли најдобро за своето чедо? А ако си и го кажала и ова или мислиш и да и го кажеш нема фајде сепак на крај до тебе е да не покажуваш нервоза на маж ти и ќерка ти, како што се воздржуваш неа да не и покажеш, глеј и нив да ги поштедиш од ова. Зошто според мене најлошата опција е оваа, она те нервира, ти не и покажуваш ама после твоиве те гледаат како чуриш, па ако е веќе така она нека те види нервозна, врати и. Поарно неа да и вратиш, отколку на маж ти и ќерка ти да им чуриш, иако најубаво никој да не те види нервозна, да најдеш начин да ја истуриш и истрошиш, дали ќе свртиш кругче да прошеташ, дали точак ќе возиш 10мин, нешто ќе си најдеш, некој продуктивен начин на неутрализирање на нервозата. Не е убаво и по твоето здравје, а особено по најблиските да трпиш толку стрес или им покажуваш само нив нервоза, тие се најмалку заслужни, особено детето.
Ти си во право ,со убаво со неа нема ,ама може треба да го пробам ова уствари еднаш зборувавме демек. Само што не и спомнав за нервозата туку како не ми е јасно што маани ни најде се што и смета ,одма најдов работа (од Др град сум девојче) парите се трошат рационално ,сметки се плаќаат навреме ,двајцата не се пијанчиме ,секогаш прво за дома се гледа ,за година дена средивме работи низ куќата што маж и и таа 50 години не ги фатиле (како нашла така оставила буквално) и пак и пак нешто да се вика по цело време. Не се ни сеќавам што ми одговори , сигурно некоја глупост и нормално пак по нејзино си тераше .. Инаку врз детето не искалувам нервози ,нема шанси тоа побрзо неа ќе ја убијам !