Ја почнав сама да си преземам контрола. Да му кажам на него да ги превоспитува и да им збори толку беше. Родители му се. Им збори не дека не, ама ја сум погласна и веќе сфатија кога ќе кажам НЕ и не е. Секако он стои зад моето не. Ама стално му викам ако не кажеш ти ја ќе кажам. Работам заработувам,финансиски не ме издржуваат да ми расклатуваат мир. Како што постапувам со мојте така и со нив. Ааа па добра бев фина на глава ми се качија. А за детето и ќе почнам да гризам ако треба Е сеа мојте проблеми се капка во однос на тоа што читам овде...
Сега бев излезена да фрлам ѓубре и врват две жени и еден маж шетаат куче и едната " Да и ебам матер на онаа дома цел ден седи, ништо не фаќа, куќата ќе заоди, се на мене чека, мамицата да и ебам у курац". Пардон мај френч. Ама ечи улицата!! Ко ме фати една смеа..
Пиши може ќе се препознаеме Еве свекрва ми се работи ,се разбира кога таа знае најдобро која сум јас да и се мешам во домаќинлук...
И викаше другарка и потифко ма, оваа не можам веќе, преку курац ми е дојдено, во фаца се ќе и плеснам, ништо не ме занима веќе. Си викам кој знае што мака си има женава...
Искрено јака ви душа. Кога ве читам овде ми иде да отворам една куќа за засолниште на малтретирани снаи. Сериозно. Она што го трпат некои членки тука е рамно на тероризам.
Ај и јас да си се пожалам ама од свекривот хах.. мислам дека ок е да пишам во темава малтене ист нарав се. Со свекрвата ок сум, нервира ама генерално фина е со мене нормално си го фаворизира синот како и секоја мајка за своето дете, немам посебен проблем со неа АЛИ свекоров за се што ќе кажам обично одма контра ми враќа свекрвава гледа да неутрализираа за се се прави паметен за детето поготово откако стана дедо сум требала поголеми алишта да му облакам да му било комотно, за спиење во едноделни шпихозни пошо кога спиел со маица и долни му се голел стомакот итн. Мене прво ми е смешно што е таков”грижлив” ама станува иритантен, а најмногу ме нервира кога збори “ајде кај тато, ајде со тато, кај е тато” како мајкава да не постои. Свекрвава еднаш до душа му кажа ти твоите деца не ги гледаше дур растеа сега изненадуваш. Он мисли дека ете ме советува како “правилно” требам значи пресмешно е да ги слушам неговите совети. Ма јас знам и големата да ја направам ама глупаво е да се испокарам не е до толку
и мојата беше иста на почетокот и си мислев ме штеди ме жали.. а она да ти зборувала на другите дека не сум чистела убаво не сум знаела како треба кај мене дома било нечисто... епа подобро да ми е нечисто токолку кај неа дека пензионерка и нема што да работи освен да направи ручок и цел дена на фб си игра игрички и чисто и е ама па затоа никој не и влегува дома. кога ке се собереме кај неа со братучеди сите со мали деца само вика по децата д апазат да не извалат..па ако сите треба да пазиме да не ти извалиме што викаш на гости седи си сама во 4 ѕида.
Вака и свекрва ми прави, на камера кога го гледа. Кај мене се јавува оти јас сум дома со детето и кога ќе почне кај е тато, шо прави тато, тато, тато. Јас сум само обичен држач на телефонот додека го гледа. Скоро кај нив кога бевме, беше смешна многу. Малово седи со сите ама штом ме види мене одма почнува да плаче да го земам. И она пак : ах штом ги видиш мајка ти и татко ти одма плачеш по нив. А татко му ни нос не појавил во моментот а и онака само по мене плаче кога ќе ме види ама ајде де . Туку имаат ли вашите свекрви против татковците да ги држат децата, да ги занимаваат. Мојот сопруг е одличен татко и ужива да го забавува синко ама секогаш во тие ситуации свекрвчето ме гледа мене попреку. Еднаш кога имавме гости ми рече пред сите што било тоа место да седел он дете нишкал. Викам татко му е ќе го нишка. Мајката била за тоа или кога имало баба немало што таткото да го нишка. Викам јас со бабата не правев дете. Не и ќутам ништо.Не се карам само одговарам со истата доза на боцките.
Ма немој молим те. Мајката за нишкање а таткото за седење со гости. А да не треба мајката нозете да му ги мие на таткото во леген кога ќе се врати од работа? Наместо да и биде мило дека син и не е отсутен татко како што претпоставувам дека нејзиниот сопруг бил... ама ако, убаво си и кажала ти
Она за се има мислење, поточно кажано школо за нас на 30+, во се се меша буквално за банални работи во секојдневието иако не знае позадина за нештото пример ама ќе мрмори. Секој ден бевме со гости кај нив кога бевме, голема фамилија се и за повојница идеа. Јас бев должна да купам, да послужам пошо кај мене иделе де, ама за дискусија на маса она и свекорот беа главни. И обично ќе му се приспие на синко јас одам го успивам она ќе остане ќе си се накрка и муабети. Следна случка по тој муабет, со маж ми се договорив он да го успие јас да јадам оти немав јадено и да се видам со една од роднините. И он го успива јас седнав со пиво и скара си ставив. Леле леле кога се затемни темен облак, кога се намурти само белките и се гледаа, страшна за гледање беше. Ама кој ја врти, си има право на мислење како и секој човек на планетава
Хаха ја гледам некогаш на фох и кога ќе се зачекам со мм заедно да ја гледаме и само му правам ,мајка ти ...од кај ми е познато ова и сл хсхахс И јас си мислев ме штеди ,па и незгодно ми беше ,сега по не се замарам ,знам да се изнервирам пак ама не толку. Сум пишувала мојава не ни јаде од мене зготвено прво беше као ти цел ден на работа уште да готвиш јас и со свекрва ми така бев таа готвеше јас работев и јас ај ок ,ко останав дома гледам едно не јаде ,друго не јаде .. желудник ја болело... Исто за чистење ,јас сум дошла од работа сум седнала минута од патот што се вика да одморам она трчи мие ,џогира и викам остај јас после ,ааа не ти уморна си. Тап ќерка и ми кажува се жали се она работи... Ај нзс ?! Се избаци еднаш мојава со мене ми ја зимаш на мт му ја даваш(врска немаше таа ми ја подаде а јас станата бев по нешто и мм ја зема ) ја гледам ,викам дали си свесна со кој се споредуваш моментално ? Исто зошто ја заспива мт,дај ми ја мене... Тој и вика дека ми е мерак ај сега чао хаха
Ти како што кажуваш по муабетиве, ко свекорми да го опиша буквално е така слично е кај мене. Свекрвава е помека не ми смета кај неа ништо сега за сега во иднина незнам. Што да кажам се прават паметни дека се знаат, а уствари изводат пред народот внучко на дедо и баба од тато мислиш мм сам го направил детето
Исто и на моја другарка сопругот замина во странство и дури се отсели комплетно и другарката поминаа може две години. А свекрвата и вика еднаш дури беше сеуште овде другарката абе да си родевте дете ќе го одгледавме дури да си појдиш и ти. Другарката и вика абе се омажив со мажот ми дете да гледам не со баби и дедовци.