Леле сите исти. И ние кроиме планови за во странство и свеки почна од муабети "ехеее вие нигде не одите дур не го пораснеме детево" па сега на крај да ми збори "еее дур се среди све со одењето уште 5 години сигурно ќе поминат, роди второ да го пораснеме". Ја и реков "не раѓам". Зошто она појма нема ни кога ќе одиме ни ништо, не е свесна дека ситно броиме. Одела по куќи зборела "еве сега има поубава работа, ќе си остане трудна пак", а таа тетката што зборела кај неа, во странство се, беше на 1 месец тука и ми вика "ако вистина доаѓате кај нас, не раѓај второ сега, претешко ќе ти е". Ја незнам шо се занесуваат, не ги гледале своите, па сега комплекси лечат на нашите.
Ваљда ќе треба да ја земете со вас па да си го исчувате детето заедно . Значи стварно се фаци свекрвиве, како може да има вакви жени еве не знам .
Аааа тоа обавезно. Немало да можеме без помош. Дека овде многу користиме помош нејзина, па таму ќе ми е неопходна.
Ова со свекоров ме изнасмеа. Ова што го пишувам не е жалење, туку како смешка зашто е преглупо и пребанално. Откако и јас отворив уста за сите неправди и нели сега сум лоша, гледаат за се' нешто да преречат, па дуууури и за...седиме на тераса јас, маж ми и свекривиот и лета една оса околу маж ми. Маж ми замавнува, ја мава и јас дека имам многу страв од инсекти му викам леле немој да ја убиваш (нели ако ја закачкаш може да те касне). Таман реков: ,,Немој да ја убиеш осата", кога ми се сврте свекривиот: ,,А, зошто да не ја убива?!!!?". Слатко се изнасмеав. Наравоучение: Ако некој сака да ти пререче и за ситница ќе ти пререче.
Хахаха....во иста позиција сум. Пред еден месец само што дојдов кај сопругот. Имаме едно дете . Додека бевме дома не ни спомнуваа за второ , а сега само тоа е муабетот. Хахаах ајде уште едно па да дојдат баба и дедо да го гледаат , вие ќе работите , а ние ќе ги гледаме . Ма како да не . Дома многу помош имавме , па и овде да се напикаат.
Мојата на пример сака да владее со сите комплетно. Сака сите да ѓи врти околу неа. Да командува со нашите животи , што треба да правиме , па тоа е исправно тоа не . Моето дете да го воспитува како она наумила , а не јас . За овој месец ,откако се тргнав од неа сватив под каква тортура сум живеела сите овие години. Можам да кажам дека конечно дишам
Леле иста како мојава. Се таа знае најпаметна е и на маж ми му кажува како да постапува, а тој па за се е слуша и често ни прави кавги. На различен спрат седиме и на почеток кога појдов кај нив ми звонеше на телефон наутро да ме разбудува демек да ме научела домаќинка да бидам. Често зборува како тие имале најголема куќа, за таа куќа требало одма деца да родам и на маж ми му е полни главата за 3 месеци во брак што сме одма деца да сме правеле...
Молим? Значи ти таму си за со деца да ги снабдуваш, куќата да им се пополни. А да им купите некој фиокар, комода, украс, било што, да зазема простор, да ја пополни големата им куќа
Ма само колку се слични. И ние сме на два различни спрата. Мојата ми вели , ајде нели сукаш јуфки ? Еве на таа и таа снаата веќе усукала И јас и се завртувам и и велам: Јас не сум домаќинка како неа Ни сопругот ѓи сака , ни јас ,ани па детето . И за кого да сукам ? За комшиќите да кажат каква домаќинка сум . Не ми е битно што сакаат тоа нека мислат .
Иста мојава... Среќа мм не ја слуша мноогу многу. Дури и ја сече најчесто ама тоа не ја спречува да почека да излезе тој па мене да ми збори...
И мојот не ја слуша , иако нејзиното мислење сака да ни го натури , тој вели како ние сакам и сме замислиле така ќе си правиме. Имам среќа што мојот ме подржува , инаку незнам како би било сиве овие години. Знае да и се спротистави , кога гледа дека веќе ептен навалува за нешто , а на нас тоа не ни е во план. И јас , она си зборува јас само аха и повторно си правам по мое.
Абе мажи ве има на сите теми на форумов ама тука некако слаби сте со коментари. Дајте да прочитаме нешто од ваша гледна точка за односите снаа-свекрва, оправдајте се малку
И то шо викаш. Немој да ја нападнат мајка, после кој ќе им праи такви прекраснотии од сарми, ручеци. Ко на мама сармите немало чунки