@Rincee Ринче душо, те читав и во брачни совети. Не знам зошто си го прифатила тој прстен, ама бегај Каква свадба, какво дете со таков....
Па повеќе е разговорот демек како се женел деца да има, не дај боже да се загрешело нешто и кај нас па ќе ни поминеле годините, најверојатно е голем стравот да не се случи истото и кај нас. А верувајте никој не зборува на тема регистрација, свадба, само тема е деца. Свекрва ми одма вика свадба оваа година нема не барајте. Нели тоа дете кога ќе се роди треба презиме да има, не регистрирани како вонбрачно ќе го водам!? А мојте ме прашуваат ајде кога свадба планирате ли?
Нивниот страв е да не случајно те земе за џабе ако не можеш деца да имаш, па сакаат на сигурно, као не плаќаме однапред прво треба гаранција. Девојче, главата ми е во рацете. Седни го и прашај го дали сте само вие двајца за во брак/врска или ќе бидете сите на куп, па ако е второто, утре задутре ќе те читаме како не ти даваат бебето да си го гледаш туку они ќе знаат сѐ наместо ти. Ти си таа која треба гаранции да бараш.
Малку сте ги измешале брзините. Свекрвата сака дете ама свадба сега не, твоите сакаат свадба, маж ти сака да ја исполни желбата на мајка си а воедно и да испита дали имате проблем со зачнување и бременост, ти сакаш свадба и не сакаш одма дете. На се ова, он е болно љубоморен, недомаќин (имаш пишано дека ја троши платата за неколку дена и останувате на твојата, благодарение на тебе), ја слуша мамичка и не му е гајле како ти се чувствуваш (да му е ќе ти рече во ред, штом не си спремна, ќе почекаме за дете). Сигурна си дека сакаш свадба? Да разговараш со твоите за ситуацијата и да побараш нивен совет може најпаметно би било.
@Rincee Зошто си со него?Го сакаш?Страв ти е да го оставаш?Убав ти е вака животот?Срам ти е што ќе кажат луѓето?
@Rincee по се што прочитав во брачни совети, колку е болно љубоморен јас не знам зошто си ти сеуште со него, па дури и свадба планираш со таков човек, те молам не си го упропастувај животот и не си го троши на таков човек, ако направите и дете тогаш е крај, ти и да го оставиш пак ќе мораш целиот живот да го гледаш поради детето, затоа на време спаси се.
Абе ти си таа што и' ги проверуваше мажот картите од автобусот и кога си кај мајка ти мисли дека си со швалер. @Rincee ај врати си се дома. Нека напрај тој нов план со мајка му. Не му требаш ти. Него му треба робинка.
Апропо муабетов за деца, имав познаници што ги учеа синовите додека не направат деца да не се женат. Трудна да била прво, ако не раѓала не им требала. У 21 век ова постои, и да, најверојатно овие ги послушаа родителите зошто двајцата се женеа со трудни жени до заби.. Светов кај отиде, ние у Македонија со што се бавиме
А не, не, не. И да е до нив проблемот, не е до нив проблемот! Прво им требаат некои 40 години да сфатат дека синот им проблем. И пак жената е крива на некој начин што он не може деца да има.
Бегај што подалеку од човеков колку што те држат нозе. Те читав и во брачни совети, имаш премногу прецрвени знаменца. Ова неговото не е љубомора, болест е. Остави го и продолжи си со животот како никогаш да не постоел.
Штом се спремате за свадба, а гледаш дека тој е мамин син, размисли си двапати дали сакаш да има свадба. Мојот додека бевме во врска глумеше независен, и оп во брак фатен за сукњата од мајка му. Кои стресови сум ги имала...Да знаев имаше да бегам додека нозе ме носат
Еден другар на маж ми раскажуваше како му се одвивала врската со жена му. Раскажа како и дал прстен а после додаде "добро, она секако беше 3ти месец трудна, јас на несигурно не правам ништо"
Знам за еден пар не можеа да имаат деца, женава пропадна психички зашто неа ја кривеа. Синчето немало шанси да е криво. Дури и типот се разведе зашто мама му кажа Што ќе ти е јалова. Синчето два пати се женеше после тоа. Нема деца. Жената де премажи, има 2 златни дечиња.
Ова ме потсети баба му на маж ми кажуваше, имало некој комшија кога била помлада бил женет немал деца. Ја оставил жената и со друга се земал и со неа немал он и неговите упорни дека не е до него дека " жениве се јалови него магии му правеле" , се оженил и по трет пат и со таа немал деца жената си заминала овој останал сам и сеуште бил убеден дека деца нема зошто магии му правеле да зема " јалови жени". Никогаш во мажите не е вината...
Абе мојов месец пред свадба ми бараше согласност за дете, а една година бевме верени. Еве три години од тогаш па ништо. @Rincee ако не ги гледа, слуша и почитува твоите потреби и мамичка му е пред тебе ќе си имаш големи проблеми жено, отварај очи додека е време.
Маж ми никогаш не ми правел притисок за да имаме деца....додуша само што ми стана маж но кога се зедовме јас не бев бремена бидејќи и не сакавме деца....од кога се веривме се решивме и ете сега за скоро ќе имаме едно мало бебе,се зедовме од љубов и почит а не ради деца ...