Нема што да извинам. Јас се згрозив на коментарот. После 10 години врска, он на сигурно идел... Наспроти тоа, со мм седнавме, разговаравме и се договоривме дека сакаме да имаме дете на било кој начин. Ако случајно испадне проблем со едниот или другиот или двајцата, ќе бараме алтернативи. Битното беше заедно да основаме семејство. Овој муабет се направи веднаш кога он ми предложи брак. Среќа имавме, се излезе како што треба.
Колку само вакви случаеви знам, тип со три жени се зима и се разведува бидејќи не добива деца, за конечно да реши да се провери и да сфати дека во него е проблемот. Друг неќе ни да слушне да се провери, јер нема шанси во него да е проблемот, бидејќи мажиште нели, се разведува со жена му, она си оформува семејство со друг, а типов си останува сам.
И секогаш имаш МАМА фактор: Сине она е крива ти си ми плоден, јунак мајкин. А он пука ќорци. И имаш малтретирање на снаата од свекрвата: Ех да си ја земеше... сега деца ќе си имаше. Ене на си шета детенце. А тоа детенце го направил некоj друг.
Да да, душата на снаата ќе и ја извадат, ќе ја малтретираат психички константно, ќе и препорачуваат разно-разни бајачи и надрилекари, а синот пука од здравје, нема шанси нешто на него да му е, иако уролог не видел цел живот.
Ее си мислат свекрвите на тоа кога снаите треба да раѓаат. Мојата: доста ми било една година продилно, две или три биле многу оти па до тогаш уште едно бебе ќе "бидело". Замисли таа си планира а јас поима немам за тие планови.
Си одам утре Македонија ич не сакам ама тоа е. Свекрва и свекор леле бебето го немаме видено многу време е 4 месеци што го немаме видено. Разбирам баба и дедо му фали ја немаат видено никогаш,НО си одиме тие наредниот ден на викендица ќе оделе. Како бе нели ја немаш видено многу време сме овде ? Не заинтересирана скроз. Дури и гости 14 души ми покани за наредниот ден, а ние претепани ќе бидиме, во 6 на утро ни е летот до Грција и од таму со кола,ама она важно гости дома. Убаво кажав НЕ треба да реновирање потоа гости. Не се разбираше па му се јавивме на гостите за една недела подоцна да дојдат. Значи толку е безобразна чудо некое, тука сме со татко ми и мајка ми незе тоа и е болката. Како и да е си одам и со душа чекам да си заминам( одиме здравје боже декември Германија) како ќе ги издржам овие месеци не знам. Дете ред си има тука се( пред 4 дена и го расипа и тоа по телефон редот ја разбуди- проблем е дури да заспијам потоа жива музика ако има нема да се разбуди. Цел ден беше кемкава и ништо не и беше погодено така и наредниот ден бебе плачи јас со неа) а не па Македонија во иста куќа па ќе ме полуди. А за детево мн мн не ја интересира(не е машко и тоа е болката најголема ) Јас да си се поплачам само јас
Не може свекрвата да ти е крива затоа што телефонот не си си го ставила на сајлент. Ако ти ѕвонеше мајка ти или било кој друг, ќе се изнервираше? Мислам ептен се претерува, ти си нервозна од неа, бебето е нервозно од тебе, а изгледа ништо не ѝ кажуваш и така во круг. За гостите најлесно решение има денес: ПАНДЕМИЈА ИМА, нема тука што да се расправа и крај.
Маж ми ме го стави мене секогаш ми е на сајлент. Мајка ми никогаш тоа време нема да ми се јави тоа е време за одмор 4 за ручек. А и за ова за пандемија таа е со верување дека нема корона ... Па оди објаснувај
@Kittycat дај бе не се нервирај уште не тргната за мкд. Што сака нека си планира, нека шета тамам ти рает ќе си, нека кани гости, ти излези си, па нека ги пречекува, шо сака нека си прави. Сечи од почеток в корен, маж ти за рака, детето в рака и чао. Ене кај е декември. И нема да дозволуваш да и се расипува редот на беба. Штом треба да спие, си ја земаш и си ја носиш на спиење, па не таа сакала да си поигра, па не бил некој дојден, ич да не ти чуе, бебето е најважно.
Како бе 14 души ти поканила без да праша преку 1000 случаи има дневно болни, преголем ризик е тоа за бебето и за вас. Ние само со моите и неговите се гледаме и тоа баш ретко. Плус ние прележани, нашите се вакцинирани со по 2 дози, па не ми се ризикува. Сум поминала знам која мака е, не е обично вирувче. Она ако не верува, нека не верува за неа. Ама вас да ве става на ризик. Тука одма сте требале да и згрмитр да откаже скроз гостите, а не да одложувате. Мое мислење. А тоа со ѕвонењето и не е некоја проблем. Ставаш мобилен на сајлент и решен проблем. Колку ми вртат да знаеш и од работа кога спие бебе, ама не кревам кога не сакам и решен проблем. И не верувам дека за тоа била кенкава 2 дена, така и се погодило.
Како тоа не е машко? Што се не ќе прочитам… Кити ако имаш родители од твоја страна оди кај нив, овие воопшто немој да ги рецкаш. Штом не е машко по нивен ќеф нема потреба да ја гледаат. Немој да им дозволуваш ни да ја допрат. Срам и арам да им е.
Демек вакцинирани ај да ја вида беба оти за брзо пак заминуваме. Ни јас не сакам да ризикувам тука се на се само со мајка татко брат и тетка ми што ја имаат видено во 4 месеци сите вакцинирани и пак ми е страв а не Македонија со 1000 на ден ..... Мајка ми и татко ми остануваат овде така да немам решение кај нив да одам не е многу период 3 м Макс 4 ама и за тој период можи да ме избудали. Пека за машко дете кога се роди беба на маж ми му вика синко сега одма невестата си иди и второ одма да прајте машко ова да биди .... И што да и речам не се расправам нека зборува ама во бременоста толку ми падна тешко како ова женско ме се смета...
Леле муабетиве и те како ми се познати. Детето со мајката, татко му работел. Јас на породилно тогаш бев, ама ај. Гости идат, слугинка сум го направила. Секогаш кога идеше имаше некој коментар, сва среќа што на време пресеков се и додуша е разбрана. Ама муабетов баш ме потсети.
Ужас. Такви коментари, па и од жена. А второто ако не е машко да го фрлите Не се расправај, ама не ни ќути. Боцкај ја. Речи и сакам да имам две нареден пат и двете женски да се. Голема желба имам за 3 девојчиња. Избудали ја малку
Ми рече детето кој збор ќе биде прв мама тато пр такво ќе е второто и бебе рече маааааамаааа и и викам кажи сонце како рече маааамаааа аууу синко и второто женско
Леле се пресмеав Па и второто ми е женско ете третото ми е машко па што ? Немам делба сите исто ми се Леле овие стариве се циркузи
@KittyCat:) Ама зошто си трошиш нерви на вакви ниски коментари, едноставно игнорирај, не спаѓај на нејзино ниво. Се нервираш за навистина непотребни работи, што сака нека си зборува, ти од едно уво влегло, од друго излегло. Во моментот кога зборува, пробај да се воздржиш, колку и да те нервира, исто како ништо да не си слушнала. Со вакви луѓе нема излегување на крај, само игнорирање.