Кажи и' и тебе ли не те сакале кога мајка ти те родила.. Зошто да те повредуваат нејзините зборови, она машко е?
Во бременост хормони и реагирав на секоја ситница бурно, сега оттрпнав веќе. А сега кога ќе си појдам кај ми е претешко дека си заминувам има да и кажам се многу убаво ако почни бла бла бла. Не сум зависна од неа имам куќа од мајка ми во која никој не живее така да .... Фала ви на сите за мислењата ми требаше да се олеснам Бе гушкам и од утре ќе бидам најактивна во оваа тема сигурно
При празна куќа идете да се пикате кај неговите, зошто сопругот да се лути? Никогаш не би прифатила освен викенд, да делам вц кујна дневна со свекор свекрва.
Истово го помислив, ама ајде си викам секој си знае какви му се околностите. Кога се нема избор, разбирам. Ова е ставање трн во здрава нога. За неколку месеци заедно може да си набијат тензија и да се замразат. Вака кога би биле во различни куќи и би си иделе по гости би останале во добри односи. И ова маживе бог да чува. Како да оди во друга куќа при мајка татко? А жената нека пука од нервози и нека се секира како ќе се вклопи.
Јас денес експлодирав зошто веќе илијадити пат е кај што ми вели дека се што и оставам за малото да јаде ( пошто јас се и носам, она нема обврска да готви за малото ) дека ништо не јадело. и во лице и се развикав како може се да јади со мене што спремам, а штом се качи горе со тебе ништо не јади од моето јадење.?????Плус никогаш во две години што ја чува не сум и рекла ништо и покрај што ја рани како сака прептоставувам зошто на секое земање прашувам што јадела и одвај изговара.....вриев вриев вриев и денес експлодирав и заминав и се осеќам во бед ако не прашам нема ни збор да ми каже . и сега сум bitch оти покрај фактот што ми ја чува као и приговарам за храната.....иако сама се и спремам и оставам
Немам избор работам по 10 , 12 часа ја носев од лани во градинка, донесе КОВИД, после ја вратив ПНЕУМОНИЈА, и од некни пак почнавме ама само по еден час ке оди две недели на адаптација,како и да вртам одредени часови во денот и натаму ќе зависам од неа и тоа е
Не си требала да и се раздереш поготово ако си зависна толку од неа. Тоа е ако не јадела не јадела. Ако и дава глупости пак ќе и дава. Не треба ама они се сите исти и нема никад да се сменат. Се дури зависиш од неа ќе се нервираш.
Не секако,ама детето нејќело да јаде цел ден и што треба со сила да и бута. Тоа е и во градинка цел ден може да не јаде. Реално ако не ми одговара и ако прај глупости ќе се снајдам ама она нема да го чува
Мене ме иритира друго. Моја блиска роднина се лутеше оти таа не ги чувала внуците туку ги носеле кај другата баба. После почна таа да ги чува па се жалеше како и било тешко. Значи ем нема сила да ги чува а се лутеше оти друг ги чувал.
Познавам и јас случај на мои роднини малото несака залак да касне кога го чува бабата, сирота жена се изеде од нервози, а со мама детето буквално се си јаде, тоа е некој вид на протест зошто мама не е тука, така да тоа твое дерење и не е баш во ред од твоја страна
Ако си сигурна дека и дава друго што не би требало, а не твоето тогаш донекаде и ок ти е постапката. И мојата е таква, ќе и кажеш со убаво, она пак користи прилика и си тера по нејзино. Едноставно, на некои мораш да им се развикаш за да разберат. Ама провери ја добро ситуацијата, да не излезе на крај дека детето стварно не сака од баба.